Белата куќа соопшти дека САД ќе одржат директни разговори со Иран, и покрај продолжените борби на Блискиот Исток, обележани со израелски напади во Либан, кои се закануваат да го нарушат кревкиот прекин на огнот во шестнеделниот конфликт Портпаролката Каролин Левит изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе ја предводи делегацијата во Исламабад, во која ќе бидат вклучени и специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Првата рунда ...

Западните производители на автомобили во последните месеци ги намалуваа плановите за електрични возила поради послабата регулатива и побарувачка, што натера многу купувачи да се запрашаат дали нивниот следен автомобил воопшто ќе биде електричен. Сепак, новите случувања - растот на цените на бензинот предизвикан од војната на Блискиот Исток - ја менуваа таа слика. Претходните енергетски шокови секогаш силно влијаеле врз автомобилската ...

Македонија е шеста земја во Европа според високиот раст на цените на становите во последните пет години. Ако растот на цените се приспособи на инфлацијата, земјава се искачува две места погоре, четврта е во Европа, покажуваат податоците на меѓународната веб-страница специјализирана за недвижности globalpropertyguide.com. „Пазарот на недвижности во Македонија останува жив, поткрепен со силна побарувачка, раст на станбената изградба и поволни ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, соопшти дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе ја предводи американската делегација во Исламабад, во која ќе бидат и специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, на првата рунда разговори со Иран која ќе се одржи во сабота наутро по локално време во Вашингтон. Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ги обвини САД за прекршување на двонеделниот договор за ...

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ги обвини САД за прекршување на двонеделниот договор за прекин на огнот веќе по првиот ден. „Длабоката историска недоверба што ја имаме кон САД произлегува од нивното постојано прекршување на сите видови обврски - образец што, за жал, повторно се повтори“, изјави Галибаф во соопштение објавено на социјалните мрежи. Три делови од иранскиот предлог за прекин на огнот во 10 точки ...

Претседателот Доналд Трамп ќе разговара дали САД да го напуштат НАТО кога подоцна денеска ќе се сретне со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, изјави портпаролката Каролин Левит. Говорејќи пред новинарите на брифинг, Левит рече дека НАТО „беше ставен на тест и не успеа“ во текот на конфликтот со Иран. На прашањето дали САД би размислиле за повлекување од НАТО, Левит одговори дека „тоа е нешто за што претседателот разговарал и ...

Обложувањата за прекин на огнот меѓу САД и Иран насочија повеќе од 170 милиони долари преку Полимаркет (Polymarket), што претставува еден од најголемите геополитички облози во кратката историја на пазарите за прогнозрање. Сега исходот ја отвора истата дилема која со месеци ја следи оваа платформа: дали корисниците тргуваат врз основа на внатрешни информации и дали платформите можат јасно да исплатат договори за кои посредуваат. Серија ...

Прекинот на огнот меѓу САД и Иран, објавен синоќа, донесе краткотрајно олеснување за глобалните пазари, но конфликтот во регионот продолжува. Според најновите извештаи, израелските напади врз Либан создадоа тензија околу тоа дали примирјето се однесува и на кампањата против Хезболах, милитантна група блиска на Иран. Пакистан и Иран тврдат дека договорот го покрива и Либан, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот ...

Ова беа 24 бурни часа за аналите на војната и мирот. Во САД започнаа со тоа што водачот на слободниот свет се закани со извршување на геноцид. Еве што претседателот Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Трут (Truth Social) рано во вторникот: Зборовите се излишни. Сепак, нешто повеќе од еден час пред истекот на неговиот зададен рок, следеше бран активности. Посредникот Пакистан побара прекин на огнот, по што Доналд Трамп го откажа ...

Клучниот нафтовод на Саудиска Арабија во правец исток-запад беше нападнат денеска, со што се наруши пазарниот оптимизам по најавата дека САД и Иран постигнале прекин на огнот. Два извора запознаени со случајот за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) изјавиле дека пумпна станица долж нафтоводот долг 1.200 километри била погодена околу 13 часот по локално време во средата. Нафтоводот пренесува сурова нафта за извоз од Персискиот Залив до ...

Како актуелниот американски претседател би можел законски да се отстрани од функцијата? Повеќето луѓе слушнале за постапката на импичмент (англ. impeachment), овластување со кое располага американскиот Конгрес, иако ретко се користи. Но постои и 25-тиот амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави, кој овозможува претседателот да биде сменет во вонредни околности. Расправите за активирање на овој амандман нагло се засилија како ...

САД разговараат за олеснување на санкциите за Иран и ќе работат со земјата на отстранување на закопаниот нуклеарен материјал, изјави претседателот Доналд Трамп, признавајќи едно од клучните барања за примирје од Техеран. „Ние сме, и ќе бидеме, во разговори за царинско и санкциско олеснување со Иран,“ рече Трамп во серија објави на социјалните мрежи. Иран е под тешки економски санкции откако Трамп се повлече од договорот за ограничување на ...

Европските акции скокнаа најмногу во една година, откако инвеститорите се нафрлија на купување по договорот меѓу САД и Иран за двонеделно примирје во замена за повторно отворање на Ормускиот Теснец од страна на Техеран. Индексот Stoxx Europe 600 порасна за 3,8 отсто, што е најголем дневен раст од април 2025 година. Акциите кои најмногу паднаа за време на војната забележаа најголеми добивки. „Изи џет“ и „Туи“ скокнаа за повеќе од 10 отсто, ...

Цените на становите во Скопје во првиот квартал од годинава се зголемиле за 16,7 проценти на годишна основа, а за само 0,1 процент во однос на претходното тримесечје, покажува индексот на цени на станови што го изработува Народната банка. Станува збор за забавување на годишниот раст на цените на становите ако се земе предвид дека во последниот квартал од 2025 година тој изнесуваше 25 проценти. Битно е да се нагласи дека индексот на цени на ...

Надежите за силен раст на кинеската побарувачка за течен природен гас бледнеат, и покрај примирјето на Блискиот Исток, бидејќи аналитичарите предупредуваат на продолжени ризици во снабдувањето и повисоки цени. Кинескиот увоз на ЛНГ минатата година падна за 11 отсто, на 68,4 милиони тони — редок пад по скоро две децении речиси непрекинат раст. „Блумберг НЕФ“ (BloombergNEF) очекува ново намалување во 2026 година, на 62,3 милиони тони, додека ...

Сопствениците на бродови брзаат да ги разберат деталите од прекинот на огнот меѓу САД и Иран, кој би можел привремено да го деблокира Ормускиот теснец и да овозможи излез за повеќе од 800 пловила заглавени во Персискиот Залив. Овој клучен воден пат практично е затворен од крајот на февруари, кога американско-израелските напади го поттикнаа Иран да ја засили контролата, предизвикувајќи невидена криза во снабдувањето со енергија. Оневозможени ...

Нафтата падна најмногу во речиси шест години, а акциите нагло пораснаа откако САД и Иран се согласија на двонеделно примирје, давајќи им на пазарите одмор од турбуленциите предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток. Американската нафта падна за 19 отсто откако претседателот Доналд Трамп се согласи да го суспендира бомбардирањето на Иран, потег кој ќе помогне да се обнови протокот на нафта низ Ормускиот Теснец. Иран соопшти дека безбеден ...

Доларот падна во однос на сите свои главни конкуренти откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот, намалувајќи ја побарувачката за валутата како засолниште. Мерачот на „Блумберг“ за доларот се лизна за дури 0,9 проценти на четиринеделен минимум, бидејќи договорот ги намали приносите на државните обврзници, дополнително намалувајќи ја побарувачката за валутата. Доларот најмногу ослабе во однос на неговите конкуренти ...

Европскиот природен гас падна откако САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот, кој би можел привремено да го отвори виталниот Ормускиот Теснец и да ги ублажи затегнатите глобални енергетски пазари. Фјучерсите со референтни цени паднаа за дури 20 проценти, на најниско ниво од почетокот на војната. Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го прекине бомбардирањето во замена за Иран да дозволи безбеден премин низ ...

Администрацијата на Доналд Трамп предупреди дека сајбер-напаѓачи поврзани со Иран ја таргетираат критичната американска инфраструктура, вклучувајќи ги системите за вода за пиење и енергетскиот сектор. Нападите се насочени кон технологијата што се користи во водоводните и канализациските системи, заедно со владините објекти и услуги, соопштија Агенцијата за заштита на животната средина, ФБИ и други агенции во заедничка изјава во вторникот. ...

САД и Иран договорија двонеделен прекин на огнот што се очекува да ја запре американско-израелската воена кампања, во замена за повторно отворање на Ормускиот теснец од страна на Техеран. Овој потег што навестува привремена деескалација, додека пошироките тензии може да останат нерешени. Американскиот претседател Доналд Трамп го објави договорот во вторникот на социјалните мрежи, само неколку часа откако Пакистан, посредник во разговорите, ...

Доцна синоќа американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека води „жешки преговори“ поврзани со војната со Иран, откако посредникот Пакистан побара двонеделно продолжување на рокот за Техеран да го отвори Ормускиот теснец. Коментарите дојдоа кратко откако пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф на социјалните мрежи објави дека разговорите „напредуваат стабилно, силно и решително“ и дека неговата земја побарала од Иран „да го отвори Ормускиот ...

Стапката на инфлација во Македонија во март изнесувала 4,9 проценти, што е значително забрзување во однос на претходниот месец кога таа изнесуваше 2,9 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика откриваат дека во март годинава поскапувања имало кај сите групи производи и услуги. За забележување е што растот на трошоците на животот се уште не ги вклучува целосно ефектите од потресите на нафтениот пазар предизвикани од нападите на САД ...

Цената на алуминиумот минатата недела се искачи на највисоко ниво во последните четири години. Причина за растот беше нападот со ирански ракети и дронови врз најголемиот производител на металот на Блискиот Исток од Абу Даби. По ова, напад пријави и производител на алуминиум од Бахреин. Блискиот Исток во целина произведува околу 9 отсто од глобалната понуда на алуминиум и игра клучна улога во снабдувањето на пазарите во Европа, Азија и САД. ...

Седум и пол години откако пазарната капитализација на компанијата „Епл“ (Apple Inc.) ја надмина границата од еден билион долари, инвеститорите се навикнати големите технолошки компании на јавните пазари да достигнуваат 13-цифрени вредности. Тој тренд ќе продолжи. „Спејс екс“ (SpaceX), компанија за истражување на вселената под контрола на основачот на „Тесла“ (Tesla Inc.) и најбогат човек на светот Илон Маск, најави дека планира огромна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека води „жешки преговори“ поврзани со војната со Иран, откако посредникот Пакистан побара двонеделно продолжување на рокот за Техеран да го отвори Ормускиот теснец. „Не можам да ви кажам, бидејќи во моментов сме во жешки преговори“, рече Трамп во телефонско интервју за „Фокс њуз“, запрашан за пакистанското барање. Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит претходно изјави дека Трамп „е ...

Државните обврзници на САД паднаа поради растот на цените на нафтата во пресрет на рокот што претседателот Доналд Трамп му го постави на Иран да ги прифати условите за прекин на американските напади доцна во вторникот. Падот ги зголеми приносите за до пет базични поени, при што најмногу пораснаа приносите кај долгорочните обврзници, а десетгодишните и триесетгодишните достигнаа највисоки нивоа во текот на сесијата, во услови на спротивставени ...

Русија и Кина ставија вето на резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, која требаше да ги поттикне земјите да ги координираат одбранбените напори за повторно отворање на Ормускиот теснец, поради загриженост дека индиректно ќе се одобри воена акција во водниот пат. Резолуцијата доби 11 гласа „за“, но не помина бидејќи Русија и Кина — како постојани членки со право на вето — беа против. Гласањето следеше по неколкудневни ...

Како наближува рокот за американски напади врз иранските нуклеарни постројки, нуклеарните експерти предупредуваат на можност од радиолошка катастрофа во регионот доколку Израел или САД ја погодат нуклеарката во Бушер. Единствената оперативна нуклеарна централа на Иран на Персискиот Залив, свртена кон соседните арапски држави, би можела да стане цел доколку Техеран не го исполни ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин ...

Милијардерот и инвеститор кој активно влијае врз управувањето со компаниите, Бил Акман предложи понуда за „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group) – најголемата музичка компанија во светот, под чие крило се ѕвезди како Тејлор Свифт, Дрејк и Сабрина Карпентер – со цел да ги зголеми приносите од една од најголемите позиции во својот хеџ фонд. Неговата инвестициска фирма „Першинг сквер капитал менаџмент“ (Pershing Square Capital ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
84%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.69
69%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
70%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.45
79%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
58%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Паладиум

49215.93

Иридиум

253540.09

Родиум

324722.54

Сребро

2840.84

Платина

66712.80

Цинк

3.44

Калај

49.88

Злато

166450.52

Бакар

12.14

Кобалт

45.39

Рутениум

55395.74

Алуминиум

3.53