Израелскиот премиер Нетанјаху е новата пречка за мировен договор меѓу САД и Иран. Израелската воена ескалација против Хезболах во Либан поттикна телефонски разговор меѓу Трамп и Бенјамин Нетанјаху. Велат дека имало и навреди за време на телефонскиот разговор. Епизодата повторно го стави во фокус елементот од војната што Трамп во голема мера одбиваше да го признае: САД и Израел имаат многу различни идеи за тоа како треба да изгледа крајот на ...

Претседателот Доналд Трамп со месеци проектира самодоверба дека договор за завршување на конфликтот со Иран е на дофат. Решеноста на Израел да продолжи со сопствените цели ја нагласува неговата кревка контрола врз исходот на кризата. Најновиот дипломатски раскол следеше по деновите на израелска воена ескалација против Хезболах во Либан, што поттикна телефонски разговор меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Лидерите понудија ...

Акциите на производителите на полуспроводници скокнаа во вторникот, додека софтверските паднаа, со најголемата разлика меѓу двата потсектори на технолошката индустрија досега. Philadelphia Stock Exchange Semiconductor Index порасна за 4,5 отсто, додека iShares Expanded Tech-Software Sector, ETФ - фонд што се користи како показател за секторот -падна за 4 отсто. Таа разлика од 8,4 процентни поени е најголема досега, според податоци собрани ...

Поранешниот шеф на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека тензиите меѓу САД и европските сојузници во НАТО се „потешки за управување“ сега отколку кога ја напушти алијансата во 2024 година. „Не сум повеќе оптимист сега отколку пред две години, напротив, работите се движат во уште полоша насока,“ изјави Столтенберг во интервју во Осло. „Сè уште верувам дека задачата е да се обидеме да ги задржиме Северна Америка и Европа заедно, но постојат ...

Албанскиот премиер Еди Рама вети дека ќе продолжи со проектот за луксузен ресорт вреден 4 милијарди евра (4,7 милијарди долари), поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предизвика сè поголеми протести. „Нема ниту една шанса да биде запрен додека сум јас тука,“ рече Рама во вторникот за време на заедничка прес-конференција во Тирана со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Ова беше втората ...

Компанијата „Спејс екс“ (SpaceX) на Илон Маск преговара да плати минимални надоместоци на фирмите од Волстрит кои ја водат нејзината иницијална јавна понуда (ИПO) - но банките сепак веројатно ќе заработат околу 500 милиони долари од рекордното излегување на берза. Конгломератот на Маск преговара да плати помалку од 0,75 отсто за 75 милијарди долари што планира да ги собере преку ИПO овој месец, според лица запознаени со прашањето. Дури и со ...

„Уникредит“ (UniCredit SpA) обезбеди обврски од акционерите кои ќе го подигнат неговиот удел во „Комерцбанк“ (Commerzbank AG) значително над 30 отсто, според лица запознаени со темата, што дава нов импулс на неговата понуда за преземање на германскиот ривал вредна 38,6 милијарди евра. Акционерите, во рамки на понудата на „Уникредит“, предале доволен број акции за директниот удел на банката да се зголеми од 26,8 отсто на повеќе од 30 отсто, ...

Персискиот Залив, познат по својата сушна клима, тешко дека може да се смета за житница на светот. Сепак, конфликтот во регионот предизвикува потреси во глобалната прехранбена индустрија — од земјоделците до компаниите за пакување и дистрибутерите — со значајни последици за безбедноста на храната и животниот стандард. Војната ги прекина важните извори на енергија и ѓубрива кои се клучни суровини во производството на житарки, зеленчук и ...

Претседателката на Федералната резервна банка во Кливленд, Бет Хамак, рече дека е разумно засега каматните стапки да останат непроменети поради неизвесностите околу економската перспектива, но официјалните лица можеби наскоро ќе треба да преземат мерки за да се справат со високата инфлација. Хамак изјави дека е повеќе загрижена за инфлацијата, која е над целта на Фед од 2 отсто повеќе од пет години, отколку за пазарот на труд, кој останува ...

Претседателот Доналд Трамп сè уште е оптимист дека САД наскоро може да постигнат привремен мировен договор со Иран, откако Исламската Република се закани дека ќе ги прекине преговорите поради засилените напади на Израел во Либан. „Мислам дека зборувате за следната недела,“ изјави Трамп за „Еј-би-си њуз“ доцна во понеделникот, мислејќи на меморандум за разбирање со Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец. Одделно, тој рече дека ...

Инфлацијата во еврозоната за првпат во повеќе од две и пол години надмина три отсто, зацврстувајќи ги очекувањата за зголемување на каматните стапки кога Европската централна банка (ЕЦБ) ќе се состане следната недела. Цените за потрошувачите пораснаа за 3,2 отсто на годишно ниво во мај, наспроти 3 отсто претходниот месец, соопшти во вторникот „Евростат“. Тоа е во согласност со медијанската процена во истражувањето на „Блумберг“. Основната ...

Индустриското производство во април 2026 година е зголемено за 7,6 проценти во однос на април 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Оттаму информираат дека индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во април 2026 година бележи пораст од 4,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 6,8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, ...

Инфлацијата во еврозоната за првпат во повеќе од две и пол години надмина три отсто, зацврстувајќи ги очекувањата за зголемување на каматните стапки кога Европската централна банка (ЕЦБ) ќе се состане следната недела. Цените за потрошувачите пораснаа за 3,2 отсто на годишно ниво во мај, наспроти 3 отсто претходниот месец, соопшти во вторникот „Евростат“. Тоа е во согласност со медијанската процена во истражувањето на „Блумберг“. Основната ...

Русија изврши масовен напад со дронови и ракети врз Украина, при што загинаа најмалку единаесет лица, меѓу кои четворица во Киев, а повеќе од сто се повредени. Ноќните напади оштетија повеќе станбени згради во главниот град, а една од нив делумно се урна, соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку објави на социјалните мрежи. Остатоци од проектилите предизвикаа пожари во клиника, бензинска пумпа и на други нерезиденцијални ...

Компанијата „Алфабет“ (Alphabet Inc.), сопственик на „Гугл“, собира 80 милијарди долари преку пакет понуди на капитал, вклучително и инвестициски договор со „Беркшир Хатавеј“ (Berkshire Hathaway Inc.), додека компанијата бара средства за своите амбициозни планови за инвестиции во вештачката интелигенција. Аранжманот вклучува програма вредна 40 милијарди долари за продажба на акции на пазарот во различни периоди, почнувајќи од третиот ...

Повеќе кинески универзитети и истражувачки институции поврзани со одбранбениот и воениот сектор се обидуваат да обезбедат пристап до најнапредните чипови за вештачка интелигенција (ВИ) на американската компанија „Енвидија“ (Nvidia), покажуваат податоци од јавни набавки и документи анализирани од „Блумберг“. Според извештајот, најмалку седум кинески универзитети кои соработуваат со вооружените сили и одбранбената индустрија пројавиле интерес ...

Во текот на првиот квартал од 2026 година, вкупните странски директни инвестиции во Македонија бележат нето-приливи во износ од 218,6 милиони евра, што е зголемување од 46,7 проценти во однос на 148,9 милиони евра регистрирани во истиот период претходната година. Според податоците на Народната банка, зголемувањето е резултат на нето-приливите кај реинвестирањето на добивката (165,5 милиони евра), должничките инструменти (34 милиони евра) и ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изрази загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата, оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. „Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот што ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран за привремен мировен договор „ќе завршат добро“, иако воените сили на двете земји повторно се судрија во близина на Ормутскиот Теснец. Но, навикнати сме веќе Трамп едно да мисли, друго да зборува, а трето да прави. А многу често неговите дела, или пак само зборови, прават хаос на светските пазари. Па дури и стари видеа со негов настап може да ги кренат акциите нагоре, ...

Среброто од јануарскиот рекорд до крајот на мај изгуби речиси 40 проценти од својата вредност, откако цената падна од околу 118 долари на околу 74 долари за унца. Овој стрмен пад го поставува прашањето дали пазарот конечно почна да се враќа во реалноста или е само прашање на одмор пред нов раст? За разлика од златото, кое и покрај значителната корекција (-20 проценти) задржа поголемиот дел од својот претходен раст, среброто ја покажа ...

„Антропик“ (Anthropic PBC) доверливо достави нацрт-документација за јавна котација, потенцијално претркувајќи го долгогодишниот конкурент „Опен еј-ај“ (OpenAI) во трката за берзанско деби на Волстрит уште оваа есен. „Бројот на акции што ќе се понудат и цената сè уште не се утврдени“, соопшти компанијата во блог пост во понеделник. „Антропик“, некогаш сметан за аутсајдер во однос на „Опен еј-ај“, во последните месеци се истакна пред ...

Нова Љубљанска банка (НЛБ) објави дека ќе ја зголеми цената во својата доброволна јавна понуда за преземање на австриската „Адико банка“ (Addiko) на 33,5 евра по акција. Новата цена е за 26,4 проценти повисока од понудата објавена од „Рајфајзен Банк Интернешнл“ (RBI) кон средината на мај, што дополнително ја заостри трката „НЛБ“ да ја преземе „Адико“. Словенечката банка вели дека нивната понуда им обезбедува поголема јасност и сигурност на ...

Видео старо речиси шест месеци, на кое Доналд Трамп го фали извршниот директор на „ИБМ“ (International Business Machines Corp.), ги зголеми акциите за речиси 9 отсто во понеделник, 01.06., додавајќи повеќе од 24 милијарди долари на берзанската вредност на компанијата. Кога претседателот првично го пофали Арвинд Кришна од „ИБМ“ како „легенда“ за време на настанот во Белата куќа во декември, имаше мала непосредна реакција на пазарот. Но, во ...

Дизелот од вечерва на полноќ ќе поевтини за 6,50 денари за литар, а бензините ќе поскапат за половина денар за литар. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која е речиси идентична со најавата од вчера на премиерот Христијан Мицкоски за новите цени на дериватите по намалување на акцизата и попустот кој го дава „Окта“. Од 2.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен ...

Во првото тримесечје од годинава во Македонија имало 10.247 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на слободни работни места во овој период изнесува 2,07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.346, има во петтата група занимања: работници во услужни дејности и продажба. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,28 проценти. Највисока стапка на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран за привремен мировен договор „ќе завршат добро“, иако воените сили на двете земји повторно се судрија во близина на Ормутскиот Теснец. Во објава на платформата „Трут соушл“ доцна во неделата по американско време, Трамп рече дека постојаните шпекулации за тоа дали ќе се согласи на договор, кој најверојатно ќе доведе до продолжување на прекинот на огнот за околу два ...

Цените на куќите во Велика Британија паднаа со најбрзо темпо за речиси една година, според еден од најголемите британски хипотекарни заемодаватели, што укажува дека порастот на трошоците за позајмување предизвикан од војната во Иран претставува притисок врз потенцијалните купувачи на куќи. „Нејшнвајд Билдинг Сосајети“ (Nationwide Building Society) соопшти дека просечната цена на куќите се намалила за 0,6 проценти на 278.024 фунти (374.400 ...

„Нова љубљанска банка“ (НЛБ) до македонската Комисија за заштита на конкуренцијата доставила известување за коцентрација со која НЛБ ќе стекна самостојна контрола над австриската „Адико банка“. Од КЗК информираат дека НЛБ следи универзален банкарски модел кој опфаќа малопродажно, корпоративно и инвестициско банкарство, како и управување со средства, банкарско осигурување и лизинг. „НЛБ е водечка банка во Словенија со, според Народната Банка ...

Русија го забрани извозот на гориво за авиони до крајот на ноември за да избегне недостиг дома откако Украина ги интензивираше нападите врз рафинериите во земјата. Одлуката, која ќе има мало влијание врз меѓународните пазари на гориво, доаѓа откако нападите со беспилотни летала врз рафинериите ја турнаа стапката на преработка на сурова нафта во Русија на најниско ниво за повеќе од 16 години. Во обид да го ограничи протокот на петродолари во ...

Европската централна банка повеќе не може да го набљудува инфлациското влијание на војната во Иран, бидејќи ценовните притисоци се шират надвор од енергетскиот сектор, а ризикот од несидрирани инфлациски очекувања се зголемува, според членката на Извршниот одбор, Изабел Шнабел. Штетата врз енергетската инфраструктура и глобалните синџири на снабдување веќе ја промени динамиката на цените на потраeн начин, што значи дека креаторите на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39