Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
– Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4,47 милијарди евра, потоа следи на Босна и ...
– Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска ќе се одржи официјална инаугурација на Шведско-македонската стопанска комора, по нејзиното успешно отворање во Стокхолм во октомври годинава. Како што соопштуваат од Комората, на инаугурацијата ќе присуствуваат високи претставници од Министерството, како и претставници од Амбасадата на Кралството Шведска во земјава, каде претседателот и извршен директор на Комората, ...
Царинската управа ќе промовира Систем за податочен склад и анализа на ризик, реализиран со грант од Република Кореја, во висина од 4,75 милиони долари. Системот на прес-конференција во Царинската управа во Скопје ќе го промовираат директорот Бобан Николовски и Ли Мијонг Ку, директор на Царинскиот сервис на Република Кореја. – Прес-конференцијата ќе се одржи веднаш по состанокот на високо ниво на кој присуствуваат претставници на државно ниво ...
Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ ги претставија Кумот и Здравичарот за Бадник 2026 година. За кум е избран македонскиот претприемач Зоран Кондратенко, а здравицата ќе ја каже нашиот истакнат музичар Јаков Дренковски. Зоран Кондратенко е македонски бизнисмен од Скопје со повеќедецениско искуство во приватниот сектор, особено во областа на енергетските системи, инженерингот и трговијата со ...
Руски научници успешно тестираа прототип на навигациски систем „Аријадна“, кој не бара сателитска врска. Овој систем за позиционирање и навигација, без потреба од сателити, ги заврши своите тестирања и е поднесена патентна апликација, информира Фондот за технолошки иновации на Русија. Технологијата се потпира на копнени базни станици, односно радио предаватели, кои емитуваат координати кон приемници на беспилотни летала и други возила. ...
Инвестициите во дигитализација, декарбонизација и зајакнување на производственото портфолио базирано на зелени решенија, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година. Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација, што е една од клучните определби на компанијата. Како резултат на конкурентноста на зелени еко ...
Детали за резервација на авионски билети на веб-страницата на Визер Мрежата на авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје е побогата за уште една нова дестинација од денеска, 15-ти декември 2025 година. Виз ер попладнево почна да лета на новата линија од Скопје до Прага со првиот лет кој од Меѓународниот Аеродром Скопје полета во 14:20 часот, додека подоцна вечерва во 19:25 часот авиокомпанијата ќе ги обнови летовите до Келн. Со заедничка ...
Европскиот Совет денеска донесе одлука за вклучување на дополнителни 12 лица и два субјекти на листата на санкционирани поради нивна поврзаност со манипулации со информации и кибер напади кои ги спроведува Русија. Оваа одлука исто така го проширува опсегот на казните мерки против Белорусија, со цел да се опфатат и нејзините хибридни дејства насочени против земјите членки на ЕУ. Советот одлучи на листата на санкционирани за активности ...
Во присуство на македонските ракометни репрезентативци, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и компанијата Пивара Скопје денес на свечена церемонија потпишаа Договор за спонзорство и одбележаа на 45 години партнерство. Продолжувањето на соработката беше поздравено од Огњен Лазиќ-генерален директор на Пивара Скопје, Александар Стефанов претседател на РФМ и Филип Миркуловски – спортскиот директор на машките репрезентации. – Оваа ...
Делегација на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од претседателот Панди Јани, денеска престојуваше во Кичево, каде оствари средба со градоначалникот, Александар Јовановски. -На средбата разменивме мислења по повеќе прашања по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и ...
Иранската валута риал денеска забележа рекорден минимум и еден американски долар се менува за 1,3 милиони риали. Иранската економија со години е под меѓународни санкции, посебно откако американскиот претседател Доналд Трамп во неговиот прв мандат, во 2018 година ги повлече САД од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. Според договорот потпишан во 2015 година се ограничија иранските резерви ураниум во замена за ублажување на ...
Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 73 денари за ...
Официјално е отворена новата шопинг дестинација на југот – Гевгелија Мол, која ги обединува шопингот, забавата и моментите за релаксација под еден покрив. Во саботата, на отворањето на кое присуствуваа стотици гости и партнери на Молот, како и љубопитни граѓани и шопингхоличари, беше збогатено со забава и изненадувања за сите генерации. Дедо Мраз ги развесели и ги анимираше најмладите, музичкиот дел беше резервиран за Лара Иванова и Trinity ...
Во пресрет на свеченостите за Нова Година, како дел од иницијативата #ИнфлуенсериЗаДобро, организацијата СОС Детско Село и оваа година ја стартува емотивната добротворна кампања предводена од инфлуенсери, под наслов „150 желби за 150 деца без родителска грижа“. Основната цел на кампањата е 150 истакнати личности, јавни фигури и поддржувачи да упатат новогодишна порака, специјално адресирана до 150 деца на возраст до 14 години, кои се лишени ...
Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска официјално го објави новиот состав на чешката Влада, на чело со лидерот на партијата АНО, Андреј Бабиш. Во кабинетот се застапени министри од коалиционите партнери: партијата АНО, Слобода и директна демократија (СПД) и партијата „Мотористи“. Основната цел на оваа коалиција е спротивставување на климатските политики на Европската Унија, како што пренесува Радио Прага. Од вкупно министерските позиции, ...
Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во ...
Централната банка на Русија официјално поднесе тужба против клириншката куќа со седиште во Брисел, „Еуроклир“, барајќи надомест од 18,2 трилиони рубљи, што се рамни на 200 милијарди евра. Оваа информација беше објавена од страна на белгиските медиуми. Во рамките на тужбата, поднесена до Судот во Москва, Банката бара споменатата сума како компензација за претрпените финансиски загуби. Тие произлегле од замрзнувањето на нивните средства, кои ...
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ...
Новогодишниот базар во Скопје Сити Мол повторно го носи празничниот дух, претворајќи го приземјето од трговскиот центар во атрактивно, колоритно и креативно место, исполнето со локална уметност, автентични производи и уникатни празнични подароци. Од 16 до 31 декември посетителите ќе имаат можност да прошетаат низ најголемиот празничен базар, каде 50 современи занаетчии од целата држава ќе изложат рачно создадени изработки. На базарот ќе може ...
Сто штипски пензионери со најниски примања ќе добијат финансиска поддршка од страна на Општина Штип, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. -Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов денеска оствари средба со Вивиен Аисен, амбасадорка на Израел во Северна Македонија. Како што соопштија од ДСЗ, на средбата се разговарало за досегашните билатерални активности во доменот на заштитата и спасувањето и кризниот менаџмент, како и за можноста за нејзино унапредување, посебно во делот на превенција и справување со пожарите. Исто така, се разговарало и за ...
Декемврискиот Самит на Европската Унија, закажан за 18 и 19 овој месец, заедно со плановите за постепено откажување од увоз на руски природен гас и зајакнување на европската одбрана, ќе бидат централни теми на седницата на Европскиот парламент која ќе се одржи оваа седмица во Стразбур. Ова е последната средба на Европскиот парламент за тековната година, а во нејзините рамки ќе биде доделена и Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ за 2025 ...
Централниот настан посветен на еден од најзначајните македонски книжевници ќе се одржи утре Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги чествува јубилеите 75 години од раѓањето и 50 години од објавувањето на првата книга на еден од најзначајните македонски канонски автори на XX и XXI век – поетот, антологичар, есеист, критичар и книжевен истражувач и преведувач Раде Силјан. Централниот настан по ...
Интервју со м-р спец. фарм. Татјана Стерјева, сопственичка и генерален менаџер на Еурофарм Дооел и една од првите основачи на синџирот аптеки Еурофарм. Еурофарм слави четвртина век постоење. Како се гради компанија што 25 години расте со просечна стапка од 20% годишно? – Кога започнувавме во 2000 година со една аптека, никој не можеше да предвиди дека за 25 години ќе изградиме национална фармацевтска мрежа со 123 аптеки и организација од ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека утре ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство. Филипче вчера во изјава за централниот дневник на „Сител“ рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе. – Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите ...
На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром – Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ...
Министерството за финансии денеска организираше собир насловен „Зајакнување на институционалните капацитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Северна Македонија“. На овој собир ќе бидат презентирани досегашните и идните заеднички активности меѓу Министерството за финансии и Трезорот на Соединетите Американски Држави. Свеченото отворање на настанот ќе го извршат вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски, министерката за ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека буџетот е ликвиден и дека сите обврски се исполнуваат тековно. Тој објасни дека датумот 15 декември бил одреден како рок за институциите да ги достават сите свои тековни трошоци, со цел навремено да се реализираат исплатите и да не останат незавршени обврски кои би се книжеле во следната година. Иако е пожелно институциите да го почитуваат овој рок, Мицкоски нагласи дека доколку некој се јави и по ...
Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на Макстил, ја информираме јавноста дека пожарот не се случил во објектите на Макстил и дека компанијата нема никаква поврзаност со настанот. Пожарот се случил во друга компанија која се занимава со преработка на дрво, која се наоѓа во поширокото индустриско подрачје на Железара, но не е дел од Макстил ниту од неговите капацитети. Сите производствени ...
Меѓународниот Аеродорм Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и број на нови понудени места, се вели во најновата анализа на специјализираниот веб сајт за авиосообраќај – „exyuaviation.com”. Како што соопшти Министерството за транспорт, за првиот квартал од 2026 година скопскиот аеродром нуди 316 528 повеќе седишта споредено со истиот квартал од 2025 година, што го прави апсолутен лидер во регионот. Зад Маѓународниот Аеродром ...