Во Германија од денеска на сила е новата регулатива за формирањето на цените на горивата на бензинските станици, по остриот раст на цените по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Според новите правила, бензинските станици смеат да ги зголемат цените само еднаш дневно, и тоа напладне. Целта е да се ограничат ценовните флуктуации и да се обезбеди поголема транспарентност. Намалувањето на цените и натаму ќе биде дозволено во секое време. ...

– Резервоари за гориво на меѓународниот аеродром во Кувајт беа цел на напади со дронови, што предизвика пожар на локацијата, соопштија аеродромските власти рано утрово. Властите наведоа дека Иран стои зад нападот, додавајќи дека службите за итни интервенции се распоредени на терен. Според првичните наоди, гранатирањето предизвикало само материјална штета и нема извештаи за жртви. Израел и САД го напаѓаат Иран од 28 февруари, при што Иран ...

Војислав Димитровски е ветеринарен доктор од Северна Македонија, кој важи за долгогодишен професионалец со искуство во областа на заштита и третман на животните. Својата кариера ја гради како активен застапник за хуман однос кон бездомните животни, ветеринарна грижа и унапредување на условите за нивно згрижување. Тој е познат по својата поврзаност со Јавното претпријатие Лајка во Скопје, каде што и претходно бил ангажиран и има искуство во ...

Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање. Ова ...

Во февруари, просечната каматна стапка на сите одобрени кредити достигна 4,73%, задржувајќи го нивото од претходниот месец. На годишна споредба, оваа стапка забележа пад од 0,45 процентни поени (п.п.). Според информациите од Народната банка (НБ), просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен пад од 0,01 п.п., додека на годишно ниво остана непроменета, изнесувајќи 2,19%. – Во февруари, просечната каматна стапка на ...

Судирот на Блискиот Исток има широкопојасни импликации врз енергетиката, трговијата, глобалните ланци на снабдување и финансиските пазари, претставувајќи значајно оптоварување за светската економија, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Во својата објава на блог, ММФ го опиша овој конфликт како „шок“ кој е „глобален, но нерамномерно распределен“ и кој дејствува главно преку три правци: цени на енергијата, трговија и финансиски ...

Европската комисија денеска ги повика земјите-членки навремено и координирано да се подготват за да обезбедат сигурно снабдување со нафта и да избегнат мерки што би можеле да ја зголемат потрошувачката на горива. „Сигурноста на снабдувањето на Европската Унија останува загарантирана. Но мора да бидеме подготвени за потенцијално долготрајни нарушувања во меѓународната трговија со енергија. Затоа мора да делуваме веднаш. И мора да делуваме ...

Во Народната банка се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 13 години. На оваа сесија беше претставен научниот труд „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од авторот Кирил Симеоновски. ...

Доналд Трамп изјави дека војната нема да трае долго, нагласувајќи дека очекува брзо решение и намалување на тензиите. Неговата изјава доаѓа во контекст на актуелните геополитички случувања и зголемените меѓународни напори за деескалација на конфликтите. Според него, постојат начини и политички решенија кои можат да доведат до брз крај на воените дејствија. Тој укажа дека продолжувањето на војната носи сериозни последици, не само за ...

Европската комисија треба да престане со барање алтернативни решенија и да ја принуди Украина да го овозможи протокот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо по заедничката седница на словачката и чешката влада во Нова Хорка. Според Фицо, ова е единственото решение за стабилизирање на пазарот по кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток и тензиите во Ормуската Теснина. Тој ги ...

Криптопазарот денес е во позитивна зона, со најголемите дигитални валути кои бележат раст и зголемен интерес од инвеститорите. Најголемата криптовалута, Bitcoin, порасна за 1,76% и достигна вредност од 67.791 долари, што покажува стабилно закрепнување и одржување на силна пазарна позиција. Уште посилен раст има Ethereum, кој скокна за 3,22% и се искачи над 2.090 долари. Овој раст често се поврзува со зголемена активност во DeFi секторот и ...

Глобалните берзи денес бележат силен раст, при што водечките индекси во САД и Латинска Америка завршија во „зелено“, поттикнати од оптимизам кај инвеститорите и зголемена побарувачка за акции. Најголем раст има технолошкиот сектор, каде Nasdaq 100 скокна за 3,16% и достигна 23.678 поени, додека поширокиот S&P 500 порасна за 2,65% на 6.511 поени. Инвеститорите покажуваат зголемен апетит за ризик, особено во компании поврзани со ...

Девизните пазари денес покажуваат умерени, но значајни движења, при што европските валути бележат зајакнување, додека доларот има мешани перформанси во однос на другите светски валути. Најзабележително е зајакнувањето на еврото. Парот EUR/USD порасна за 0,72% и се искачи на ниво од 1,1545, што укажува на зголемена доверба во европската економија и потенцијално намалување на притисоците од инфлацијата. Во однос на јапонската валута, USD/JPY ...

Нов скок на цените во Хрватска повторно ја става земјата на врвот според инфлација во рамки на Еврозона. Според најновите податоци, стапката на инфлација достигнува околу 4,7 до 5 проценти, што е значително над европскиот просек и сигнализира дека ценовниот притисок сè уште не се смирува. Главен двигател на поскапувањата остануваат енергенсите. Зголемените цени на нафтата и гасот директно влијаат врз транспортот, а со тоа и врз цените на ...

Неизвесностите од глобалното окружување и нивното негативно влијание врз македонската економија, тековните економски показатели и можните мерки коишто во иднина ќе треба да се преземат од страна на Владата, а се во интерес на приватниот сектор и одржување на економската активности, беа теми на состанокот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и членови на Управниот одбор на ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата. “Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти”, истакна Савески. Амбасадорот Рокас му го честиташе изборот на една од највисоките ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати повик до државите што не дадоа поддршка при акциите на САД и Израел насочени кон Иран, да ги купуваат американските нафтени производи и да се упатат кон Ормускиот Проток, „едноставно сами да ги обезбедат“. Тој конкретно ги посочи Обединетото Кралство и Франција како земји кои не придонеле во едногодишниот конфликт, кој предизвика турбуленции на светските пазари, доведе до пораст на цените ...

Управата за јавни приходи денска реагираше во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, нагласувајќи дека е потребно транспарентно информирање на јавноста и студентите, со цел да се избегнат несоодветни толкувања на нејзините активности. -УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара ...

По повод празникот на правосудството, во Основен кривичен суд Скопје денеска беше склучен Колективен договор со судската администрација, а истовремено беа врачени признанија на вработените кои заминаа во пензија во 2025 и 2026 година, информираат од Судот. Претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, истакнувајќи го значењето на овој датум, нагласи дека без посветената и стручна работа на судската администрација, ...

Стапката на инфлација во еврозоната забележа значителен пораст, директно поврзан со скокот на цените на нафтата, што произлезе од конфликтот меѓу САД и Ирак против Иран, според извештајот на ДПА. На годишна основа, трошоците на мало во март бележат зголемување од 2,5%, како што покажуваат прелиминарните податоци објавени од статистичарите на Евростат во Луксембург. Ова е пораст во однос на претходниот месец. За споредба, стапката на ...

Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт – прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие моменти се доказ за напредок. И токму тука започнува приказната за „NLB Next“. Во време кога Генерацијата Z активно чекори кон независност, нивните очекувања од финансиските институции го надминуваат ...

Безбедносниот комитет на иранскиот парламент го одобри нацрт-законот за воведување систем на патарини за Ормуската Теснина и предложи ограничување на пристапот за бродови поврзани со земјите што воведоа санкции врз Иран. Предлогот ќе биде поднесен за дебата и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари. Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и земјите што воведоа санкции кон Иран во последните години ќе им биде ...

Првиот вицепремиер на Владата, Беким Сали, денес зеде учество на 10. Состанок на верските водачи од земјите на Балканот, што се одржа во Скопје. Средбата беше организирана на покана на Реис-ул-улема, Шаќир еф. Фетаху, на која присуствуваа претставници на верските општества од различни држави од регионот, информираше кабинетот на Сали. Во своето обраќање на состанокот, Сали истакна дека присуството на учесниците од повеќе земји е потврда за ...

Алказар Енерџи ја објавува Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ESIA) за ветерниот парк Штип и ја става на јавен увид, што претставува значајна пресвртница во развојот на проектот кој треба да стане најголемиот проект за обновлива енергија во Северна Македонија. Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност ...

– Вкупно 130 казни, поголемиот дел за поминување на црвено светло и неносење кацига од возачите на мотоцикли, биле регистрирани и испратени за два дена со помош на камерите со вештачка интелигенција поставени на осум локации во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во десет автобуси со цел да „ловат“ сообраќајни прекршоци, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерствата за дигитално управување и вештачка интелигенција, за заштита ...

Од 1996 до 2025 година авиокомпанијата на оваа рута превезе 2,4 милиони патници Аустријан ерлајнс денеска одбележува значаен јубилеј на македонскиот пазар – 30 години од воспоставувањето на авиолинијата Скопје – Виена и почетокот на успешната соработка со Меѓународниот Аеродром Скопје и ТАВ Македонија. На Меѓународниот Аеродром Скопје со церемонијален воден мост по слетувањето на авионот, беа пречекани патниците, кабинскиот персонал и ...

Ве известуваме дека преку ESG Комисијата при Македонската Банкарска Асоцијација, со решение од Македонско Кредитно Биро, изработен е првиот унифициран национален ESG Прашалник наменет за сите компании во Република Северна Македонија, кој ќе се применува од утре, 01.04.2026 година. Овој Прашалник претставува значаен чекор кон усогласување со современите стандарди за одржливост и унапредување на транспарентноста во деловното работење. Неговата ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати силни пораки за улогата на инженерите во развојот на државата, со посебен акцент на младите и жените како ...

Цените на благородните метали утринава бележат раст, при што среброто води со значително посилна добивка во однос на златото. Цената на златото за испорака во јуни 2026 година се зголеми на 4.589,51, што претставува раст од 0,70%. Во текот на тргувањето, златото достигна максимум од 4.649,26, додека најниската забележана вредност беше 4.510,55. Во исто време, среброто бележи значително посилен раст од 3,57%, достигнувајќи цена од 73,085 за ...

Распуишан е Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2026 година, соопшти Министерство за култура и туризам. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 април 2026 година. Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1012
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
91%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.47
67%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
59%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.39
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
67%
1009
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
54%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
67%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Калај

53.60