Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаел Багаи, денеска изјави дека „непријателот мора да се покае за своите постапки“ за да се стави крај на војната, објавија иранските медиуми. Иран бара „крај на наметнатата војна, со гаранција дека овој штетен циклус нема да се повтори“, рече Багаи, додавајќи дека гаранцијата е дефинирана како „да се покае непријателот за своите постапки до тој степен што никогаш повеќе нема да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот предлог за постигнување мир е „значаен, но не и доволно добар“, додека паралелно се водат разговори преку посредници за можен договор. Според информации од медиумите, САД и Иран разгледуваат повеќе опции за прекин на конфликтот, вклучително и можност за привремено примирје како дел од поширок договор. Американската страна бара сериозни отстапки од Техеран, меѓу кои ограничување на ...

Европските берзи денеска се движеа нерамномерно, при што дел од водечките индекси завршија во минус, додека други забележаа умерен раст. Лондонскиот FTSE 100 оствари добивка од 0,69% и достигна 10.436 поени, додека францускиот CAC 40 се намали за 0,24%. Германскиот DAX забележа позначителен пад од 0,56%, а сличен негативен тренд имаше и кај паневропскиот Euro Stoxx 50, кој ослабе за 0,70%. Холандскиот AEX исто така заврши во минус со пад од ...

Екипажот на „Артемис II“ го сруши рекордот за најдалечното човечко патување од Земјата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од мисијата Аполо 13. НАСА вели дека „Аполо 13“ достигнал растојание од 400,171 километри од Земјата во 1970 година. Тие додаваат дека „Артемис II“ ќе достигне максимално растојание од околу 406,700 километри, надминувајќи го рекордот за околу 6,600 километри. Зборувајќи за рекордниот подвиг на мисијата Аполо ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран може да биде „уништен преку ноќ“. Тој додаде дека тоа може да се случи „уште утре вечер“, додека зборуваше за операцијата за спасување на двајца американски војници кои се катапултираа од авион Ф-15. Трамп, исто така, рече дека САД „постигнуваат огромен напредок“ во операцијата „Епски бес“. „На ниво што никогаш порано не е видено“, рече тој. Трамп изјави дека користеле измама за да ги ...

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола за нов претседавач на Советот ја избра Жанета Ристевска – лиценциран психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, за заменик претседавач избран е Митко Бошевски од адвокатската комора, додека за секретар избрана е Силвана Дејаноска – судски администратор во Основен суд Битола. Новото раководство на Советот на конститутивна седница усвои Деловник за работа, кој ...

Цените на нафтата на светските берзи денеска се движат нерамномерно, при што референтниот Брент бележи раст, додека американската ВТИ нафта останува речиси непроменета. Суровата нафта ВТИ за испорака во мај се тргува по цена од 111,52 долари за барел, што претставува минимално намалување од 0,02%. Во текот на денот, цената се движеше во распон од 108,95 до 115,37 долари. Од друга страна, Брент нафтата за испорака во јуни достигна 110,75 ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека целосно се реконструирани шест операциони сали во рамки на Клинички центар „Мајка Тереза“, кои наскоро ќе бидат ставени во функција. Тој најави дека во наредните неколку месеци се очекува да бидат пуштени во употреба уште четири дополнителни сали, со што вкупниот број ќе достигне десет современи и високо опремени операциони единици. „Со ова практично го заокружуваме процесот на ...

Иран го достави својот одговор на предлогот на САД за прекин на војната преку Пакистан, во кој го отфрли предложеното привремено примирје од медијаторите и ја нагласи потребата од трајно прекинување на непријателствата. Одговорот на Иран се состои од десет точки, вклучувајќи прекин на конфликтите во регионот, протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и реконструкција. Претходно, портпаролот на иранското ...

Научници развија нова технологија со која значително се продолжува рокот на траење на свежото месо од живина, што би можело да придонесе за намалување на отпадот од храна и на трошоците во прехранбената индустрија. Свежото месо е лесно расиплива намирница која во фрижидер, зависно од видот, може да се чува најмногу два до три дена. Експертите препорачуваат потрошувачите строго да се придржуваат до упатствата на производителите, особено во ...

Од вечерва на полноќ стапуваат на сила нови цени на горивата, при што дизелот ќе поскапи, додека дел од бензините ќе забележат намалување. Според најновата одлука на регулаторните власти, цената на дизел горивото ќе се зголеми, што ќе влијае врз транспортните трошоци и цените на услугите поврзани со него. Истовремено, кај одредени бензини ќе има корекција надолу, што делумно ќе го ублажи ударот врз буџетот на граѓаните. Овие промени доаѓаат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп не го одобрил предлогот за 45-дневно примирје во конфликтот со Иран, јавуваат американски медиуми. Според изјави од Белата куќа, предлогот бил само една од неколкуте опции што се разгледуваат, но засега нема официјална согласност за прекин на огнот. Во меѓувреме, се појавиле повеќе дипломатски иницијативи – меѓу нив и план во две фази кој предвидува прво итен прекин на борбите, а потоа постигнување ...

Иран остро ја критикуваше Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) поради тоа што не ги осудила нападите во близина на нуклеарната централа Бушер. Во писмо до генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, го критикуваше дека не го осудил доволно силно последниот напад. Таквиот пристап може да ги охрабри „агресорите“ да ги повторат нападите, напиша Еслами, пренесе ...

Азиските берзи денеска се движеа нерамномерно, при што дел од индексите забележаа раст, додека други завршија во минус под влијание на внимателноста кај инвеститорите. Најголем пад имаше австралискиот индекс S&P/ASX 200, кој се намали за 1,06%, додека хонгконшкиот Hang Seng ослабе за 0,70%. Негативен тренд беше забележан и кај FTSE China 50 (-0,75%), како и кај малезискиот KLCI (-0,87%) и тајландскиот SET (-0,80%). Од друга страна, ...

Исплата од близу 94 милиони денари денеска е реализирана кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, информираа попладнево од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Потоа, 3.313.888 денари по мерка 7 – финансиска ...

Извршниот директор на „Џеј Пи Морган Чејс“ (JPMorgan Chase), Џејми Дајмон, предупреди дека конфликтот со Иран може да предизвика долготрајни шокови кај цените на нафтата и суровините, што ќе ја одржи инфлацијата на високо ниво и ќе доведе до раст на каматните стапки. Во своето годишно писмо до акционерите, Дајмон посочи дека геополитичките тензии, вклучувајќи ја и војната во Иран и ефектите врз Ормуската Теснина, создаваат ризик од ...

Советот на странски инвеститори ги поздравува заложбите на Владата за разрешување на предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери поради новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС). Особено е позитивна веста за одложувањето на примената на овој систем за македонските превозници до 30 септември, што го најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Советот на странски инвеститори информира дека внимателно ја ...

„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја“. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“. Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на ...

Иранските власти одобрија премин за турски товарен брод, кој транспортираше сурова нафта од Ирак кон Малезија, низ Ормуската Теснина ноќеска, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу. „Три турски пловни објекти успеале досега да ја поминат оваа критично блокирана поморска рута, откако актуелната војна започна на 28 февруари“, рече Уралоглу. Тој нагласи дека пред овој премин биле водени „интензивни дипломатски напори“. Уште ...

Со особена чест и задоволство објавуваме дека Комерцијална банка по јубилеен 15-ти пат е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2026 година“ од угледниот финансиски магазин Global Finance. Оваа престижна меѓународна награда за Банката претставува силна потврда за континуираниот развој, стабилноста, иновативниот пристап, високата грижа за клиентите и значајниот придонес за домашната економија. Со ова признание, Комерцијална банка се ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека денес се очекуваат нови цени од Регулаторната комисија за енергетика на горивата и каков ефект се очекува од намалување на акцизата на горивото, изјави: „Па ние со вчерашната одлука на Влада, практично овозможивме да Регулаторната комисија денеска ги намали акцизите за дизелот од 4 денари по литар, а за ...

Во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), на 19 мај во хотелот DoubleTree by Hilton, конференцијата ќе ги обедини лидерите од бизнис заедницата околу темата „Money. Mind. Influence.“ и клучните предизвици поврзани со финансиското одлучување, менталната издржливост и влијанието во современото работење. Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) ја најавува петтата, јубилејна конференција ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека денес се отвораат нови хируршки сали во склоп на здравствениот систем и за тоа каков е планот за најавените вложувања во образовна инфраструктура, изјави: „Па би сакал да кажам дека, исто така кога станува збор за здравството, имаме синергија и со образованието. Во тек е процесот, односно нашето барање како ...

Иран нема повторно да ја отвори Ормуската Теснина во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот. Функционерот потврди дека Иран добил предлози за итно примирје и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да не се согласи со роковите и да донесе одлука. Пакистан изготви рамка за прекин ...

Како одговор на актуелната меѓународна флуктуација на цените, компанијата ОКТА го пролонгира времетраењето на намалувањето на цените за дизел гориво и бензини, наменето за веледрогериите и дистрибутерите, сè до 30 април 2026 година. Попустот за набавка на дизел изнесува 3 денари за литар. Паралелно, намалувањето на цената за бензин со 95 и 98 октани останува 2 денари по литар, според информациите добиени од компанијата. Од компанијата ...

GoDigital, со поддршка од Visa и во соработка со HalkBank, објавува отворен повик за компании за доделување бесплатни дигитални алатки и решенија, со цел да се зајакнат дигиталните капацитети на македонските компании и да се поттикне користењето на современи дигитални финансиски услуги. Повикот е наменет за компании кои имаат до 100 вработени, се во домашна сопственост, имаат позитивен финансиски резултат во последните две години и бележат ...

Дваесетина млади лица добија дводневна интензивна обука за бизнис вештини базирана на светски признатата ЦЕФЕ (CEFE) методологија што во организација на Ротаракт клубот „Кочани-Виница“ се одржа во Феникс центарот во Кочани. Станува збор за интересен и интерактивен пристап кој се базира на искуствено учење. Младите не учат теорија за бизнис, туку како да се размислува претприемачки. Учесниците влегуваа во симулации, во различни реални бизнис ...

Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта. Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за која повеќе од очигледно не ја разбира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, од ...

Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола викендов во реонот на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино постави 40 камери за мониторинг на истоимениот национален парк. Од ЈУНП „Пелистер“-Битола информираат дека активностите се во функција на системите за заштита и следење на природата, преку примена на современи методи за мониторинг и научно истражување. -Во рамки на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со ...

ОПЕК+ донесе одлука за умерено, речиси симболично зголемување на производството на нафта, испраќајќи сигнал за стабилност на пазарите, но без значително да ја промени глобалната понуда. Иако формално се најавува раст на производството, аналитичарите оценуваат дека реалниот ефект ќе биде ограничен, особено во услови на продолжени геополитички тензии и воени конфликти кои го нарушуваат снабдувањето. Клучен фактор останува влијанието на војните ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
89%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
90%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.02
65%
1013
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.85
50%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
83%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
68%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.7
67%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.76
59%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.02
64%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
51%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
1.78
63%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15