Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Вчера на ВОЛ СРИТ, индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво, како и Nasdaq, што главно се должи на растот на цените на акциите на технолошките компании, додека податоците за инфлацијата беа во согласност со очекувањата. Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 38.996 поени, додека S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 5.096 поени, а индексот Nasdaq 0,90 отсто, на 16.091 поени. Новите рекордни височини на S&P 500 и Nasdaq индексот ...
ГОЛЕМИТЕ европски берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и раст на цените на златото и пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.643,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.643,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.972,64 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.227,0 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на ...
Синдикалната група која ги претставува здравствените инспектори на Бразил кои ги надгледуваат фабриките за месо, рече дека ќе продолжи со протестот. Причина за протестот се условите за работа до новата рунда преговори со владата. Протестите на ревизорите го попречуваат издавањето меѓународни здравствени сертификати, што го попречува извозот на бразилско месо. Британската агенција наведува дека протестот започнал на 22 јануари, а ...
The Body Shop објави дека ќе затвори 75 продавници низ Велика Британија и ќе отпушти стотици вработени. Оваа компанија планира да затвори 489 работни места во следните шест недели, објави Гардијан. Тоа значи дека низ целата земја, од Свонси до Глазгов, речиси 800 луѓе ќе останат без работа, кога ќе се земат предвид и 300-те отпуштања во седиштето. Сепак, The Body Shop сè уште ќе задржи 116 продавници во Велика Британија, соопшти ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши исплатата на директните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на финансиската поддршка е 600 денари по пчелно семејство. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го оддржувале бројот на ...
Скопје, 1 март 2024. – Регионалниот самит „Раст и конвергенција за Западен Балкан“ кој се одржа во Тирана, ги собра лидерите на економиите од Западен Балкан, претставници на релевантни организации и клучни актери во процесите на пристапување кон ЕУ со цел да се направат конкретни индивидуални и заеднички чекори кон исполнување на двата главни столба на новиот План за раст за Западен Балкан. „Новиот План за раст за Западен Балкан обезбедува ...
Познато е дека милијардерот Џорџ Сорос наскоро би можел да преземе голем удел во втората по големина радио компанија во САД. Така, тој би ставил под своја контрола повеќе од 220 станици низ земјата и би добил контрола над медиумските содржини. Сепак, AllSides Technologies, Inc., компанија за технолошки решенија посветена на „одржување рамнотежа“ во медиумскиот простор, ќе се обиде да го спречи во тоа. Имено, тие нудат решение за радио ...
Групацијата Подравка во 2023 година оствари приходи од продажба во износ од 713,8 милиони евра, што е за 46,7 милиони евра или седум отсто повеќе од претходната година. Раст на приходите е забележан и во двата сегменти во кои работи Групацијата. Приходите во сегментот Исхрана се зголемија за шест отсто и достигнаа 553,7 милиони евра, додека приходите на Белуп, кој го опфаќа сегментот Фармацевтски производи, се зголемија за 10,5 отсто и ...
Мерката “Гарантирана цена” завршува денеска, а од утре маркетите ќе може слободно да ги формираат цените на основните продукти. Токму поради ова се јави и страв кај граѓаните од можно големо поскапување на основните продукти. Сепак Државниот пазарен инспекторат денеска најави засилени контроли со цел да се спречи драстично зголемување на цените на основните производи. Граѓаните кои ги анкетиравме се жалат дека трговците прават профит на грбот ...
Просечната нето плата во Црна Гора во јануари изнесувала 819 евра. Ова е за 8,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани и за 0,6 отсто повеќе во однос на декември, соопшти денеска црногорската управа за статистика Монстат. Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јануари 2024 година се зголемени за 0,5 отсто во однос на декември 2023 година, произлегува дека реалните плати во Црна Гора бележат пораст од 0,1 отсто во истиот период, ...
Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за февруари од петок, 01.03.2024 година, соопшти Комерцијална Банка. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 01.03.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.03.2024 година ќе може да ја ...
Според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Германија паднала од 2,9 отсто во јануари на 2,5 отсто во февруари, објави денеска Дестатис. Според оваа проценка, инфлацијата во Германија сега е најниска од јуни 2021 година. Цените на храната во февруари пораснале за 0,9 отсто на годишно ниво во однос на јануарските 3,8 отсто, додека февруарските цени на енергијата паднале за 2,4 отсто на годишно ниво. Инфлацијата во ...
За околу 35% ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). „Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1 200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20% од ...
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во јануари 2024 година, во споредба со јануари 2023 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4.4 %, а реално за 0.8 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6.4 %, а реално за 2.3 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво ...
Соопштение на ХАЛК БАНКА: Почитувани пензионери, клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки се изврши денес 29.02.2024 и средствата Ви се на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје, преку банкоматите, ПОС терминалите кај трговците и преку употребата на електронско и мобилно банкарство. Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна ...
Во четвртиот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции изнесуваат 210.604 милиони денари, што претставува квартално зголемување од 9.295 милиони денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 19,6% во средствата на финансиските институции. Анализирано по потсектори, најголемо учество во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови со 65,9%, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество ...
Coinbase, најголемата берза за криптовалути во САД, вчера доживеа прекини и дефекти што предизвикаа некои кориснички сметки да покажат салда од 0 долари, а сето тоа се случи набргу откако вредноста на биткоинот се искачи над 60.000 долари, што е највисоко од 2021 година. Корисниците почнаа да пријавуваат прекини вчера околу 12 часот, веднаш по историскиот скок на биткоинот. Coinbase во изјава за Форбс рече дека клиентите сега можат повторно ...
Dogecoin се зголеми за повеќе од 25 проценти во однос на американскиот долар. Го скрши нивото на отпор од 0,120 долари и може да продолжи да расте кон нивото од 0,132 долари. DOGE е најголемиот добитник на најдобрите 20 дигитални монети и токени. Подемот на Bitcoin го влече и остатокот од пазарот заедно со него. Порасна за околу 14 проценти за само еден ден, што го прави најголемиот добитник во последните 24 часа од најголемото дигитално ...
Главните европски берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и раст на цените на златото и на пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.643,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.643,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.972,64 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.227,0 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во четвртиот квартал од 2023 година во однос на истиот период од 2022 година е зголемена во сите жупании. Најголем пораст е забележан во Пожега-славонската и Вуковарско-сремската жупанија по 17,1 отсто, а најмал во градот Загреб за 12,3 отсто. Државниот завод за статистика соопшти дека највисока просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица во четвртиот ...
Работодавците во Германија ги намалија плановите за вработување и во февруари, а можни се и отпуштања во наредните месеци. Индексот на вработеност на институтот Ифо падна во февруари за 0,6 поени во однос на јануари, на 94,9 поени, објави во вторникот институтот. „Економијата е толку летаргична што компаниите го одложуваат вработувањето на нови луѓе“, рече шефот на истражувањето на Ifo, Клаус Ворабе. „Веќе не може да се исклучат ниту ...
Советот на Народната банка, на вчерашната редовна седница, ја усвои Одлуката за задолжителна резерва, којашто предвидува сет од сеопфатни мерки главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација во банкарскиот сектор и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Воедно, мерките овозможуваат и поедноставување, модернизација и усогласување на системот на задолжителна резерва со поставеноста во еврозоната. Во ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 % и изнесува 4 185 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња. Природниот прираст е ...
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на ...
БРИСЕЛ – Повеќе од 30 медиумски куќи, вклучително и Аксел Спрингер и Шибстед, денеска ја тужеа матичната компанија на Google Alphabet за отштета од 2,1 милијарди евра, поради претрпените загуби во врска со практиките на компанијата во дигиталното рекламирање. Поради тоа, акциите на оваа американска компанија паднаа за повеќе од два отсто. Медиумските куќи кои го тужеа Гугл се лоцирани во Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, ...
Германските компании се помалку се подготвени да вработат нови работници, се вели во новиот февруарски извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Индикаторот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 95,5 поени во јануари на 94,9 поени, објавено е на веб-страницата на IFO. – Економијата се развива бавно и поради тоа компаниите го одложуваат вработувањето на нови луѓе – коментира шефот на ...
Мејси затвора 150 продавници со слаби перформанси. Како што е најавено, 50 ќе бидат затворени до крајот на 2024 година, а останатите 100 во следните неколку години. До 2026 година ќе има само 350 продавници. Друга одлука на оваа компанија е дека ќе се фокусира на своите успешни брендови Bloomingdale’s и Bloomery – луксузни продавници кои го надминаа брендот Macy’s. Ќе отвори повеќе, помали верзии на тие продавници во следните неколку години. ...
ДЕЛХИ – Дизни објави денеска дека има намера да ја спои својата подружница „Стар Индија“ со медиумската компанија „Виаком18“ поддржана од Мукеш Амбани, „Рилијанс индустрис“, во зделка вреден 8,5 милијарди долари. Reliance ќе го води новиот бизнис, а партнерството би можело да прерасне во една од најголемите медиумски империи во Индија, објави Би-Би-Си. Амбани, најбогатиот човек во Азија, има намера да ги реши проблемите на стриминг ...
Само три проценти од германските компании користат вештачка интелигенција (ВИ) како главна алатка за нивната секојдневна работа. Ова го наведува дигиталното здружение Битком, повикувајќи се на своето истражување. Уште шест отсто од анкетираните компании планираат да почнат да користат апликации како ChatGPT оваа година. „Секоја компанија треба да размисли за употребата на вештачка интелигенција и да ги искористи можностите – од поголема ...
Шведската компанија за финансиско работење Klarna користи четбот напојуван со вештачка интелигенција за да се справи со две третини од барањата за услуги на клиентите. Оваа работа вообичаено ја вршат 700 вработени со полно работно време, во компанија која главно се занимава со услуги од одложено плаќање. Klarna има 150 милиони корисници ширум светот и соработуваше со Open AI за да создаде апликација за разговор за услуги на клиентите ...