Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во селекцијата на кратки филмови беше прикажан македонскиот филм „Нова енергија“, а денеска на прес конференција дел од тимот кој работеше на филмот проговори за предизвиците и начинот на снимање. Режисери се Сара Климоска и Радован Петровиќ и тие проговирија за предизвиците и начинот на снимање, а кинематограферка е Бојана Андриќ -Посебно задоволна сум од екипата со која работев и квалитетот на филмот се должи токму на тимот со кој ...
Денес во Битола во рамките на третото коло од групаната фаза од Лигата на Шампиони екипата на Еурофарм Пелистер го пречекува данскиот првак ГОГ Гудме. Петар Атанасијевиќ вели дека сака нов триумф, овој пат за навивачите „Чкембари“ кои го слават 40. роденден. -Се подготвуваме максимално. Играме против млада екипа која што игра скандинавски ракомет. Сме се соочиле со такви екипи, и сме минувале и добро и лошо. Ќе го дадеме нашиот максимум, ...
Филмот „Одмаздничка“ (Vindicta) го снимав со Alexa 35. Се чувствував комотно со сензорите, снимен е во голем формат. Овој филм има многу убавина во него, оваа камера беше одличен избор, а главната причина зошто ја одбрав токму неа, е заради опциите на леќите. Едноставно, знаев што сакав да работам. Ова го истакна денеска директорoт на фотографија Дејвид Мекфарланд, кој сподели увид од неговиот најнов долгометражен филм „Vindicta“, интензивна ...
Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола оваа сезона започнува со продажба на сезонски влезници, кои се со симболична цена од 1.000 денари за целата сезона. Пелистер Волеј за секој натпревар ќе пушти во продажба и дневни карти по цена од 100 денари. Капацитетот на салата во медицинското училиште е лимитиран на 400 седишта и очекуваме истиот да биди исполнет во целост, затоа што овие девојки заслужуваат огромна почит и заслужуваат да ...
Еурофарм Пелистер соопшти дека сите влезници за утрешниот натпревар против данскиот тим ГОГ Гудме, се целосно распродадени, а во Битола владее голем огромниот интерес кај битолчани за овој важен натпревар. Се очекува неверојатна атмосфера во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а Гудме ќе биде на мака во салата со единствен ракометен амбиент, а на ова ќе ја додадеме и прославата на 40 години “Чкемабри“. Победа против ГОГ Гудме би ...
Денес го имаме првиот есенски ден, откако вчере есента започна во земјава и на северната хемисфера во 20:19 часот. Денес битолчани имаа преубаво време, сончево и топло, време идеално за прошетки, за работа надвор од домот, за пиење кафе на Широк Сокак… Љубителите на фудбалот во Битола имаа посебна прилика на реновираниот стадион под Тумбекафе, на северната трибина, кој е на сонце, да гледаат фудбал и да уживаат во прволигашки фудбал. Се беше ...
Пелистер – Башкими 1:2 (0:2) Екипата на Пелистер во рамките на седмото коло од Првата македонска фудбалска лига е поразена на свој терен, на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола со 1:2, полувреме 0:2 од Башкими. Гостите од Кумановчани ја имаа иницијативата во првото полувреме, Пелистер беше подобар во второто полувреме, но не успеа да спаси ни бод, откако промаши и пенал. Со овој пораз, четрвт по ред “пелистерци“ имаат лоша губитничка ...
Битола за првпат ќе гледа европска кошарка во спорската сала “Боро Чурлевски“, а Пелистер ќе настапува за прв пат во Европа Купот, но за прв домашен натпревар битолчани ќе мора да го чекаа второто коло. Пелистер по поразот од Реџо Емилија во квалификациите за Лигата на шампионите кои се играат во Самоков, Бугарија, се пресели во Европа Купот на ФИБА, каде што игра во групната фаза. Противници на „зелено-белите“ ќе бидат екипите на Керавнос ...
Бимилк годинава ја продолжува својата мисија на поврзување со културата и заедницата преку поддршка на еден од најзначајните културни настани во регионот – Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Во чест на фестивалот, компанијата реализираше уникатна фото-кампања инспирирана од првите филмски кадри на браќата Манаки и од наследството на Битола како град на филмот. Едиторијалот, снимен на автентични локации, оживува ...
Вора рамките на пионерска лига од шампионатот на Македонија екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола има 100 процентна успешност. Пионерите забележаа победи над Младост Богданци со резултат 19:8, против Преспа 10:0, Илинден Вардар 25:24.Исто така и во младинската категорија Еурофарм Пелистер 2 победи забележаа против екипите на Пролет со резултар 31:28, против Алкалоид 29:28.За издвојување е победата на нашите кадети, кој што се ...
За еволуцијата на снимачките алатки од времето на новиот бран на француската кинематографија, зборуваа денеска француските кинематографери Жан Мари Дружу, Денис Лениор и Паскал Марин, во киното „Манаки“ во Битола. Работилницата беше одржна во рамки на 46. Издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржува од 20 до 26 септември во Битола. На работилницата пред публиката беа прикажани снимки од филмови ...
Отворањето на изложбата „Ехо на вековите: Од Курбиново до модерна Италија“ ќе се одржи на 23 септември 2025 година во 20 часот, во свечената сала на Офицерски дом – Битола, во рамки на 46-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Изложбата претставува уникатна синтеза на уметничко создавање и историско истражување, родена како природен исход од проектот „Ехо на вековите: Од Курбиново до модерна Италија“. ...
На 21.09.2025 во 17:09 часот на ул. „Крушевска Република“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М. (71) од Битола. При радарска контрола, полициските службеници утврдиле дека тој управувајќи патничко возило „голф” со германски регистарски ознаки се движел со брзина од 105 км/ч на место каде дозволено е 50 км/ч. По документирање на настанот, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело ...
Пелистер Волеј – УГД Штип 2:1 Во спортската сала на медицинското училиште во Битола се одигра традиционалниот одбојкарски турнир кој го организира Пелистер Волеј, а домаќините за прв пат го освоија турнирот, после победата во финалето на екипата на УГД Штип со резулат 2:1 по сетови 25:13, 21:25 и 15:10.На турнирот Пелистер Волеј кој за прв пат се претстави пред битолската публика како прво лигаш со своите засилувања одигра два одлични ...
Луѓето кои претерано размислуваат (Overthinkers) често се обземени од нивните мисли, тие можат да заглават во нив, а тоа може да им одземе часови од денот. Ова не само што остава помалку време за други активности, туку и ги прави да се чувствуваат исцрпени и емоционално истоштени, што може да има значително влијание врз нивната работа и личен живот. Го зафаќа секој сегмент од животот. ДАЛИ СТЕ OVERTHINKER? Треба секој да знае ако : ...
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 33:33 Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер по голема битка и неизвесност, заврши со нерешен исход, со резултат 33:33, полувреме 15:14. Првото полувреме мина во блага иницијатива и контрола на домашните играчи. По пет минути игра Алкалоид имаше плус три (7:4). Битолчани во 20 минута од мечот прв пат израмнија, а истото им успеа и во финишот на првиот дела, на полувреме Алкалоид замина со гол предност 15:14. На ...
На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С. (68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.188 ст.1 „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“ од КЗ. Според пријавеното, тој го сторил делото во хотел во Битола врз 12-годишно девојче. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 20.09.2025 во 18:30 ...
Денес, понеделник, 22 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде по свежото утро, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 28 степени. Утре, вторник, 23 септември, во Битола, времето ќе биде наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 28 ...
Вечерва со баклијата “тешја балкијата“ покрај реката Драгор во Битола од мостот кај Судот до Црн Мост најстарата навивачка во Македонија “Чкембари“ од Битола ја навија прославата на 40 роденден. Големата “баклијада“ вечерва ги обедини сите генерации и ќе ја најави големата прослава која следи, а голем број битолчани беа сведоци на пиро спектаклот.На “баклијадата“ беа присутни и освовачите на навивачката група “Чкембари“ кои во 1985 година ...
-Пред 30 години, во 1985 година, со “одењето“ на мајсторката Пелистер -Партизан Бјеловар, мајсторка за опстанок во прва Југословенска лига и организирање на караван од 21 автобус од Битола се упатува за Белград да даде поддршка на ракометарите на Пелистер, започна организираното навивање во Битола, а од тогаш е постоењето на навивачата група “Чкембари“ од Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на ...
Дарија Крстевска од тлетски клуб Олимп од Битола го продолжува победничкиот низ. По триумфот на 5 километри на градската трка „Трчај бе“ минатиот викенд, таа викендов во Скопје блесна и на Купот на Македонија за младинци/ки. Крстевска освои две златни медали – на 800 и на 1500 метри – и ја исполни нормата за бодување, со што донесе значајни поени за својот клуб АК Олимп на табелата за пласман. Младата атлетичарка ќе го продолжи своето ...
Епикондилит е често сретната проблематика која се карактеризира со болка во областа на лактот, поточно во екстензорната група на мускули во подлактицата. Болката е типична при притисок – палпација. Во надворешната страна на лактот, може да иритира долж мускулите кон дланката при движење со затворена дланка или циклични едноисти движења со раката. Тенис лактот доаѓа како честа повреда кај тенисерите и од таму доаѓа и името. Мошне често ...
“АБЦ Дојчиновски“ од Битола компанија која е етаблирана и реномирана за продажба на пелети започнува со продажба на пелети рати. На потрошувачите “АБЦ Дојчиновски“ им нуди голем избор, десетина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1. Пелтите се со висок квалитет и прифатливи цени, секако со бесплатно чување до идната грејна сезона и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ веќе работи за идната грејна сезона, а ...
-Збор има филмската светлина: Отворено 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, врачена наградата “Златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија на Семи Капланоглу Филмот создава магија пред која зборовите исчезнуваат. Седум дена фестивал, седумдесет филмови и повеќе од 400 автори, уметници од сите меридијани ќе чекорат низ Битола, градот што овие ноќи ќе сонува низ светлината и сенката на платното.-По точно 19 ...
Фестивал на филмската камера во Битола “Браќа Манаки“, кој се отвори вечерва по 46. пат по ред, како и секој филсмки фестивал, секако покрај наградите, е познат и по црвениот тепих, кој беше поставен пред Центарот за култура во Битола. Пред свеченото отворање на фестивалот на црвениот тепих поминаа добитникот на “Златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија на Семи Капланоглу, новиот директор на фестивалот Димитрија ...
Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 46. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура –Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија е Јане Ќортошев. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, ...
Guinot VAR е најновото „skin tech“ чудо кое го донесовме во “Боди М“ третман што ја менува цврстината и сјајот на кожата за само 30 минути. Ова не е уште еден facial апарат. Ова е Visible Age Reverse – нежен, неинвазивен и клинички прецизен третман кој користи напредна микростимулација и активен серум за регенерација на кожата. Резултатот? Помалку линии, повеќе цврстина, видливо посвеж изглед… уште по првиот третман. Пак ќе се погледнеш во ...
По 46- ти пат „Браќа Манаки“ во Битола ќе ја отвори својата врата за светлината на камерата. Овој фестивал е повеќе од традиција, тој е жив организам, пулс на едно општество што сака да биде витално, храбро и отворено за промена.–Целосно подготвени и возбудени го започнуваме 46. издание на првиот и најстар фестивал на филмска камера во светот, во полн сјај. „Браќа Манаки“ и Битола, една недела ќе бидат центарот на филмски случувања во ...
Пелистер – Реџо Емилија 99:87 Кошаркарите на Пелистер се елиминирани од квалификациите за Лигата на Шампионите откако попладнево во квалитетен дуел загубија од Реџо Емилија со резултат 99:87. „Пелистерци“ и покрај проблемите и неиграњето на двете американски засилувања се прикажаа во добро светло, храбро парираа на противникот на долги периоди, но сепак немаа сила за сензација на почетокот од турнирот што се одржува во Самоков, Бугарија. ...
Вкус, музика и страст – сè во едно попладне Во недела, 28 септември, од 12:00 до 16:00 часот, ресторанот Gold Felicia – Битола ќе биде домаќин на едно несекојдневно гастрономско доживување. Еден од најпознатите шефови во Македонија – Mark de Jong, ќе готви во живо пред публиката, претворајќи го просторот во динамична гастро-сцена исполнета со мириси, вкусови и енергија. „Сакам храната да ја раскаже приказната на Gold Felicia,“ открива шеф ...