Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со младите боксери Ален и Адриан Рустемовски од Битола и Јоаким Јовановски, тренерот Јове Петровски кој е и тренер на БК Пелистерски јунак од Битола и со претседателот на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, по успешниот настап на македонските претставници и двата освоени медали на Европското првенство во бокс (У23) што се одржа во Ереван, Ерменија. Ален Рустемовски го ...
На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 20 годишник од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишна девојка од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во ...
Кошаркарите на Пелистер од Битола продолжуваат со европските предизвици, експедицијата на битолскиот клуб денеска во Словачка, со почеток во 19 часот ќе му гостува на тимот на Приевидза. Словачкиот тим е едиствениот што Пелистер го победи во ФИБА Европа Купот, на дуелот во Битола, а избраниците на тренерот Даскаловски веруваат дека со добро издание повторно ќе можат да го совладаат овој ривал, со што би останале во игра за второто место во ...
На 13 ноември со почеток во 20 часот во Центар за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар ќе одржи нов голем концерт насловен „Take Five – Биг Бенд приказна“. Битолчани кои ќе дојдат на концертот ќе уживаат во фанк и џез инструментални композиции во изведба на Битолскиот дувачки оркестар и познати светски евергрини во изведба на Јасна Димитровска, чиј препознатлив глас и шарм повторно ќе донесат посебна атмосфера на сцената, затоа не ...
Тренерот на Еурофарм Пелистер од Битола – Рубен Гарабаја, ги изнесе своите очекувања за денешниот предизвик против ПИК Сегед, во рамки на седмото коло од Лигата на шампионите на ЕХФ, во кое “пелистерци“ ќе се обидат да ја запишат втората победа. Унгарскиот претставник во Битола доаѓа со фаворитската улога, а Рубен Гарабаја за вечерашниот натпревар вели: -Ни следи нов тежок меч во Лигата на шампионите, Сегед е одличен тим со неверојатни ...
Денес, среда, 12 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, четврток, 13 ноември, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 15 степени. ...
Утре во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ги продолжува натпреварите во Лигата на Шампиони, по репрезентативната пауза. Противник на домашните ракометари е тимот на ПИК Сегед, а за овој претстоен натпревар зборуваше голманот на Еурофарм Пелистер, Саид Хаидарирад, кој врати во тимот после повредата на задната ложа. Суперлигата, Голманот Саид Хаидарирад зборуваше за тешкиот дуел против Унгарците и најави ...
СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против 54 годишник од Прилеп и 31 годишник од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а ...
Денес, 11 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, 12 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Битолскиот театар својот 81. роденден ќе го слави со премиера на на “Макбет” во рамките на 11. издание на Битола Шекспир од 14 до 21 ноември, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола. На сцената на театарот ќе оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир во интернационален театарски дух на претставите од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија. На програмата се претставите “Дванаесеттата ноќ” на Драмски театар ...
Еурофарм Пелистер 26-28 Еурофарм Пелистер 2 Во натпреварот меѓу младинските екипи на клубот, поуспешен беше поискусниот и повозрасен состав на РК Еурофарм Пелистер 2, кој во неизвесна завршница успеа да стигне до победа и да ја продолжи својата одлична серија без загубен бод. Со овој триумф, Пелистер 2 останува лидер на младинската табела и ја потврдува одличната форма во досегашниот тек од сезоната. Состави Еурофарм Пелистер: Васили ...
Во организација на Сојузот на училишен спорт Битола во стрелиштето на градскиот стрелачкиот клуб Пелистер се одржа општински натпревар по спортско стрелаштво со воздушна пушка 4,5 м.м. калибар, а натпреварот беше организиран по повод 4. Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.На натпреварот учество зедоа ученици вкупни 55 основци и средношколци од основните и средните училишта во Битола.Во женска конкуренција, кај основните училишта прва ...
Ален Рустемовски член на боксерскиот клуб Пелистерци јунак од Битола е поразен во финалето на Европското првенство во Ерменија за млади сениори до 23 години, и од таму во Битола се враѓа со сребрен медал. Битолчанецот во финалето во категоријата до 57 килограми, имаше пред себе силен противник Лурли Аветијан од Русија. Борбата беше рамноправна, можеби пресудија побрзите контри на противникот, а Ален покажа техничка подговтеност дека и со ...
Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоцијата на необјавени дела од легендарниот Васил Иљоски, а настанот беше посветен на книгата „По трагите на македонскиот непребол“, која содржи необјавена драма „Смрт за живот“ и необјавена поезија од Иљоски.Приредувач беше Валентин Тасески, а промотор м-р Марија Трифуновска Тасеска, рецензенти на делото се Билјана Котевска – Димко и Никола В. Ристевски.Свое обраќање имаше и ...
Сергеј Андреевски – живописец на вечноста, пророк на тишината, апостол на бојата. Во петокот, на 7-ми ноември, во духовното светилиште на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, не се отвори само изложба, туку се отвори момент на вечност кон другиот свет, кон оној внатрешен и невидлив свет во кој бојата станува молитва, а тишината – сведоштво. Тоа не беше настан, туку обред, евхаристија на светлината, литургија на духот. И името ...
Кога детето расте во средина каде што недостига емоционална сигурност, топлина или поддршка, развива стратегии за да преживее. Самостојноста тогаш не е зрел избор, туку механизам кој служи за заштита: „Ако не се потпрам на никого, нема да бидам разочаран/а.“ Но, кога некој многу рано научил дека не може да се потпре на другите, со текот на времето се развива внатрешна недоверба. Многу луѓе кои денес делуваат независни, самодоволни и ...
Утринските часови се најпродуктивни. А кога се споени со совршено подготвен појадок – добивате рецептот за успешен ден. Во AURUM Kitchen & Bar, појадокот е повеќе од оброк – тој е искуство што се памети, и простор што инспирира.Ако барате место за утрински состанок, вип просторија, тишина за работа или едноставно начин да си го започнете денот убаво – AURUM го има сето тоа.На менито ќе најдете внимателно избрани комбинации за енергија и ...
Денес, понеделник, 10 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, вторник, 11 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
На 79 годишна возраст во Битола, по кратко боледување, почина димп. арх. Димитар Ивановски – Митац. Димитар Ивановски е роден во Битола, се школувал во родниот град, а градежен факултет заврши во Скопје. Во својот работен век прво работел како професор во Долната гимназија “Брача Миладиновци“ во Битола. Најголем дел од својот работен век помина во Заводот за урбанизам во Битола, каде работел, планирал и изработил голем број на капитални ...
Во организација на ОФФ Роуд клубот „Пелистер“, денес се одржа Офф Роуд тура, како дел од програмата за одбележување на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.На стартот, кој беше поставен пред зградата на Општина Битола, присуствуваа и градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, кои ги поздравија учесниците и им посакаа успешна и безбедна тура низ битолските прекрасни предели, ...
На 09.11.2025 во 02:19 часот на ул. „Новачки пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.М. (19) од село Логоварди, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со битолски регитарски ознаки, при што било констатирано дека А.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта. А.М. бил отстранет од сообраќај и по ...
Пелистер – Брера Струмица 1:0 (1:0) Фудбалерите на Пелистер по пауза од осум кола, дома, во Битола ја победија екипата на Брера Струмица со минимални 1:0. Пелистер уште на стартот на првиот дел се наметна и ја имаше иницијативата и топката, а како резултат на тоа ја имаа и првата прилика за гол, кога ударот со глава на Петар Петковски по центаршутот на Мрмачовски го префрли голот на Илоски.На средина од првиот дел Пелистер поведе откако по ...
-Со концертот во Битола на светски познатата музичка ѕвезда со англо-египетско потекло, Наташа Атлас, која беше специјална гостинка и главна ѕвезда, успешно заврши седмото годинашно издание на Фестивалот на музика од светот, што се одржа во големата концертна сала на Центарот за култура во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Битолчани имаа ретка и единствена прилика ја ...
Денес, недела, 9 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 16 степени. Утре, понеделник, 10 ноември, во Битола времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во ...
Пелистер – МЗТ 72:67 -Во меч со многу тензија и чуден судиски критериум „пелистерци“ по голема борба беа поразени од актуелниот шампион, а како резултат на таквото судење Пелистер поднесе официјална жалба до федерацијата поради начинот на кои арбитрите ја делеа кошаркарската правда.Кошаркарите на Пелистер не успеаја да ја продолжат победничката серија во Супер-лигата откако во шестото коло загубија во дербито со МЗТ Скопје со резултат 67:72. ...
Еурофарм Пелистер – Куманово 45:20 (20:8) Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во Битола лесно го победија тимот на Куманово со убедливи 45:20 во единаесеттото коло од македонската Суперлига. Шампионот настапи без голманот Никола Митревски, а во првото полувреме меѓу стативите беше Саид Хеидарирад. Повеќето ракометари на битолчани беа на располагање за стручниот штаб, па така Куманово немаше многу шанси за било какво изненадување во ...
Жанета Ристевска Игор Трајковси Фоја – автор, визуелен уметник, писател, поет, драмски автор и културен активист, кој во изминатата година реализираше низа значајни акативности и дела со кои даде извонреден придонес на полето на кутурата, е добитник на наградата за годишни остварувања во културата, по повод Денот на ослободувањето на Битола, а тоа беше повод за разговор со него… Игор, најпрво честитки за признанието! Што за Вас лично значи ...
Пеколниот ритам на натпревари на Пелистер продолжува со вечерашното дерби против актуелниот шампион МЗТ Скопје кое ќе се одигра во 20 часот, во салата “Боро Чурлевски“ во Битола а во дербито влегуваат со пет победи на првите пет средби на домашната сцена, но вечерашниот предизвик е најголемиот досега, само по себе и желбата за триумф над „металците“ е на највисоко ниво. Тренерот Борче Даскаловски е свесен дека главен предизвик ќе му биде да ...
Еурофарм Пелистер – Радовиш 31:26 (19:14) Екипата на Еурофарм Пелистер 2 освои нови суперлигашки бодови со триумф над Радовиш, победувајќи со резултат 31:26, во рамки на 10. коло од Супер лигата. “Двојката“ од Битола одигра ефикасен меч во нападот и со добра одбрана го запре ривалот на патот. Уште во првото полувреме младите пелистерци ја покажаа својата напаѓачка артилерија, кога постигнаа 19 гола во мрежата на Радовиш. Мохамед Азиз имаше ...
ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за синдром на прав врат, модерна болест на нашето време, за што вели: Синдромот на исправен врат, познат и како ...