Детективската серија „Тајните на истрагата“ влезе во Руската книга на рекорди како најдолготрајна телевизиска серија, емитувана повеќе од 20 години, соопшти прес-службата на ТВ каналот „Русија“. „Проектот се емитува на каналот 20 години, 11 месеци и 8 дена, вкупно 7.648 дена. Главната актерка, Ана Ковалчук, доби почесен сертификат од Руската книга на рекорди“, појаснија од прес-службата. Добро се сеќавам како започна сè, како поминаа ...

Во Германија ќе се отвори „село на непоколебливи Гали“. Тематски парк посветен на Астерикс, познатиот лик од стриповите на Рене Госини и Алберт Удерцо, ќе се отвори во близина на Лајпциг на пролет 2026 година. Тој ќе го замени забавниот парк Белантис, кој „Компањи де Алп“ го купи во април 2025 година. Целосната трансформација ќе трае неколку години. Според извештаите, се очекува целата работа да биде завршена до 2030 година. Сепак, Паркот ...

„Многу ми е мило што на овие избори во Гостивар, и покрај системската цензура којашто ја трпиме како политичка партија, Левица очигледно се шири. Имаме кандидат за градоначалник – Дарко Грујоски, и листа со носителот Никола Исакоски. Се надевам дека граѓаните на Гостивар ќе ја препознаат нашата опција која е различна од сè што досега го виделе. Нашата платформа не е етничка, туку национално обединувачка – конечно ќе направиме нешто што ќе го ...

Денеска Македонија слави голем државен празник! Денот е неработен за сите граѓани. 11 Октомври е празник на востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над ...

На дебатата во рамки на предизборните активности, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека јавниот превоз претставува социјално прашање и прашање на заштита на животната средина, а не само инфраструктурен предизвик. „Со решавањето на јавниот транспорт ќе се решат и низа други проблеми – дел од аерозагадувањето, како и социјалните тешкотии со кои се соочуваат скопјани“, нагласи Мециновиќ. Тој остро ја ...

По првиот круг од локалните избори во Брвеница, политичките активности се селат надвор од земјата. Кандидатот на ДУИ, Енвер Пајазити, кој испадна од трката, и Хаќим Рамадани од ВЛЕН, кој успеа да се пласира во вториот круг, отпатуваа заедно во Германија, Австрија и Швајцарија, каде се среќаваат со иселеници од Брвеница. Целта на посетата е, според нивните објави, мобилизација на дијаспората за претстојното гласање на 2 ноември. Во објава на ...

Сојуз на Борците од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи“ – Битола го честитаа денот на ослободувањето на Битола. ЧЕСТИТ 4ти НОЕМВРИ – Денот на ослободувањето на Битола На денешен ден 1944 година, по изминати повеќе од три и пол години германска и бугарска окупација, Битола осамна слободна. Утрото, единиците на 49.дивизија на НОВ и ПОМ на Македонија, во чии редови била Седмата МНОУ ( Битолска) бригада и Деветтата МНОУ, а нешто подоцна и ...

Октомвриската социјалистичка револуција од 1917 година претставува историски момент што засекогаш го смени текот на светската историја. Со соборувањето на царскиот режим и воспоставувањето на првата држава на работниците и селаните, Русија ја отвори страницата на едно ново општествено уредување, засновано на идејата за еднаквост и социјална правда. Револуцијата донесе радикални промени во секојдневието на милиони луѓе. Земјата им беше ...

„Уште еднаш извојувавме победа над Путин и пропагандата на Кремљ“, изјави воодушевено потпретседателката на Европскиот парламент, Италијанката Пина Пичерно. Откажувањето следи по слична мерка, во Казерта, против друг музичар близок до Путин, Валериј Гергиев. Иако некои врати се отвораат – на пример, познатата пејачка Ана Нетребко, која изјави дека жали за својата поддршка на сепаратистите во Донецк и за нејзината блискост со Кремљ и ѝ беа ...

Италија се соочува со два конкурентни национални штрајкови во текот на следните неколку недели, бидејќи соперништвото меѓу синдикатите продолжува, со што се става крај на реткиот сојуз што минатиот месец го поттикна еден од најголемите протести на работниците во земјата во последните години. Тврдокорниот синдикат „Синдакале ди Базе“ (USB) повика на штрајк за сите свои членови на 28 ноември, по што следниот ден ќе следат национални ...

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред владината зграда. На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и ...

Во одморалиштето „Снегири“ крај Москва се одржа Вториот плеум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ). На состанокот присуствуваа членови на Централниот комитет и на Централната контрольно-ревизорска комисија, секретари на регионални партички комитети, пратеници на различни нивоа, претставници на младинската организација ЛКСМ РФ, како и делегати од други општествени здруженија. Состанокот започна со ...

Став на Андреа Јанков. Денес се тестираше Безбеден град, или автоматскиот систем за изрекување на сообраќајни прекршоци и казни. Првиот ден се шпекулира за фрапантна бројка од 65.000 прекршоците, односно практично на секое второ возило во Скопје. И доаѓаме до српската крилатица: “чиме се паметан стиди, тиме се будала поноси”… Воведувањето автоматизирани казни преку камери не може да ја подобри безбедноста, ако основното сообраќајно решение е ...

Владата ја вклучува Македонија во договори за формирање „трети земји-хабови“ или „центри за обработка и задржување“ за бегалци во име на побогати држави. Браво! Македонија не е причинител на светските бегалски кризи. Нашата земја не води војни, не учествува во дестабилизација на региони, не експлоатира природни или човечки ресурси во земјите од кои луѓето бегаат. Напротив, Македонија е мала и геополитички маргинализирана држава која се ...

Кога во Романија се случи трагедија слична во размерите како Кочани, премиерот си поднесе оставка. Ние имаме министер без ресор (Шабан Салиу) кој се јавува како осомничен за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, додека паралелно ја обавува својата владина функција и на суд оди со службено возило. Толку за политичката и моралната одговорност кај нашите властодршци (што нема врска со кривична одговорност). Секој обид за ...

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, по приемот кај амбасадорката на НР Кина Н.Е. Џјанг Сјаојанг, оцени дека отворањето на кинескиот пазар претставува историска можност за македонското земјоделие. Бидејќи дури и максималното производство на земјава не би можело да ги задоволи потребите на Кина, што ја прави соработката стабилна и перспективна. Народна Република Кина е моторот на светската економија и што е поважно за нас е отворена за ...

Тамара Јованов ја критикува одлуката на Град Скопје да отстапи само еден стан за жртви на семејно насилство, оценувајќи ја како импровизација што се претставува како голем успех. Таа предупредува дека додека институциите собираат пофалби за симболични потези, системски решенија изостануваат, а жртвите остануваат без вистинска и сигурна заштита. Леле мајко! Град Скопје отстапил ЕДЕН стан за жртви на семејно насилство и одоздола 100тици ...

Пред да се зборува за улица, пароли и „поддршка“, мора да се воспостави јасен интелектуален и правен контекст. Што всушност се поддржува? Да се разбереме : Хашим Тачи, поранешен претседател на Косово и политички лидер на УЧК, се терети за злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително незаконско затворање, тортура, прогон, убиства и присилни исчезнувања, врз основа на командна и индивидуална одговорност; Кадри Весели, ...

Драстичното кратење на Буџетот за Програмата за ретки болести за 2026 година претставува директен удар врз правото на живот на пациентите, предупредува Весна Алексовска со јавен апел. Таа реагира дека со намалувањето на средствата од 24 на 17,5 милиони евра, и покрај зголемениот број пациенти и потреби за терапија, државата ги става семејствата со ретки болести во состојба на неизвесност и страв за сопствениот опстанок. Аларм за живот! ...

Не дека до сега не беше јасно, но сега, после овој Самит кој се одржа вчера, на кој присуствуваше и премиерот Мицковски, недвосмислено стана јасно дека ЕУ ја одржува „европската перспектива“ како стратегиска неодреденост: доволно силна за да го врзе (поточно заглави) регионот институционално, но доволно нејасна за да не создаде обврска за прием. Дополнително се потврди дека билатералните спорови не се „отстапување од правилата“, туку вграден ...

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово , ќе ја организира втората Меѓународна Изложба на Уметничка Фотографија МОТУС 2025. На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји. Финансиер на изложбата е ...

Во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) денеска ќе биде промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“. Монографијата излегува од печат во годината кога Македонскиот народен театар слави осумдесет години постоење. – Тоа е издание кое ги слави овие изминати години поминати во креативна работа, развој и успеси. Низ фотографии, плакати и скици и приказните на дел од личностите кои ...

На 20 декември, со почеток од 17 часот во кафе барот Вудсток ќе се промовира романот за деца и млади „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети. Романот е објавен во издание на Или-Или, во едицијата „И ете приказна“. По „Илина и шумските тролови“ авторката, на радост на верните читатели, во втората книга од најавената трилогија нѐ запознава со новите авантури на паметната, хумористична и шармантна Илина и нејзините пријатели. За книгата ...

По одржувањето на седницата на Анкетната комисија за трагедијата во „Пулс“, професорката Билјана Ванковска остро реагира на односот на институциите и пораката на премиерот упатена кон медиумите „да мислиме на убави нешта“ пред празниците. Таа порача дека деветмесечната борба на родителите останува игнорирана, додека државата не покажала ни најмала почит кон загинатите деца и нивните родители. Ако некој мисли дека денешната седница на ...

#Мицика, а бе колку пати “СЕ ПОВЛЕКУВАШ од политика” и “си поднесуваш ОСТАВКА”!? 1. Ако го сменат името, се повлекувам! => им дава осум пратеника да го сменат. 2. Ако изгубам на избори, се повлекувам! => губи три изборни циклуси во низа. 3. Ако изговорам Северна, се повлекувам! => потпишува свечена заклетва со Северна. 4. Ако ми најдете еден доказ дека ДПМНЕ е поврзана со агенцијата “Рубикон” од кочанската дискотека, се повлекувам! ...

Масовните земјоделски протести во Франција и Европа за кои малку се информира или воопшто не се информира кај нас, се резултат на подготовката за ратификација на Меркосур трговскиот договор помеѓу ЕУ и земјите кој ги вклучува Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај. За договорот се преговараше 25 години наназад, а беше склучен пред една година, но сè уште не е ратификуван. Овој договор означува постепено намалување до укинување на царините за ...

Новата Национална стратегија за безбедност на САД најавува огромен пресврт во надворешната политика; останува да се види дали Вашингтон навистина е сериозен Едно е да се напише стратегија за национална безбедност, но вистинскиот тест е дали претседателот Доналд Трамп навистина има намера да ја спроведе. Клучните поенти се реторичката деескалација со Кина и префрлањето на товарот врз Европа за одржување на Украина. Националната стратегија за ...

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска се огласи откако дел од медиумите објавија дека дронот што го снимал почетокот на генералката на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на паркингот на салата „Борис Трајковски“, не бил пријавен за лет. Мојсоска забележува дека нема реакција од МВР и ресорниот министер. „И нормално, нема никаква реакција од МВР на Панче Тошковски. Ама затоа, кога беа протестите за трагедијата во Кочани, експресно беше ...

Да не се плашиме да го повториме следното: ние сме далеку од слободата од кога било порано. Не само поради тоа што ние сме робови, туку ние сме робови законски, како последица на предавството на нашите законодавци, кои станаа соучесници на рехабилитираниот деспотизам. Целите на револуцијата беа промашени целосно. Откако се изведе револуцијата против деспотизмот, беше неопходно да се почне со отстранување на деспотот и неговите агенти од сите ...

Инаку, во контекст на новото поскапување на парното во Скопје. Сигурно се сеќавате дека на новиот градоначалник на Скопје, Орце, главен адут во борбата до загадувањето на градот му беше тоа дека ќе ја ширел мрежата на парно греењето. Настрана тоа што со оваа “мерка” Орце, како типичен слуга на индустрискиот (странски) капитал во Скопје, претпоставува дека главен причинител за загадувањето на градот е греењето на дрва, туку, каква ќе биде ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
76%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
2.57
71%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
72%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.42
90%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
85%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
69%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
75%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
74%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
95%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Иридиум

321507.47

Сребро

1666.05

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25