Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес пристигна во Париз за да склучи договори со Франција за снабдување на Украина со системи за воздушна одбрана, борбени авиони и ракети. Зеленски беше пречекан од францускиот претседател Емануел Макрон на воен аеродром во близина на Париз, објавија француските медиуми. По интонирањето на националните химни на двете земји, Володимир Зеленски и Емануел Макрон ги прегледаа војниците присутни во ...

На гостувањето во Кардиф, Maкедонија отпатува со сите сили, но некои фудбалери имаат физички проблеми и неизвесен е нивниот настап. Стоперот Висар Муслиу сигурно нема да настапи заради повреда, па не ни отпатува со македонската делегација во Кардиф. Неговата повреда не е наивна и нема доволно време да заздрави. Така Милевски ќе мора да бара друго решение во срцето на одбраната. Јани Атанасов исто така чувствува болка и по денешниот ...

Повеќе од 70 училишта во Австралија и Нов Зеланд беа затворени во петокот откако беше повлечен обоен песок за играње поради азбест. Неколку играчки од песок беа повлечени откако лабораториските тестови открија траги од тремолит и хрисотил азбест, објави Ројтерс. Голем број училишта и предучилишни установи во регионот Канбера и едно во Бризбејн беа затворени во петокот откако Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи издаде ...

Да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност, рече денеска претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во видеообраќањето по повод одбележувањето на 34 години од неговото донесување. На Денот на Уставот, тој упати честитка до граѓаните и ги повика кон негова лојалност и исполнување на својата должност кон татковината. „На 17 ноември пред 34 години е донесен Уставот на Републиката. Силата на Уставот лежи целосно во ...

Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија по години затворање поради влошување на односите меѓу двете земји. Полските власти денес на полноќ повторно отворија контролни пунктови на патиштата Кузница и Бобровники. Според новата одлука, преминот Кузница-Бружги ќе дозволува само патнички возила, освен автобуси, додека преминот Бобровники-Бјерестовица ќе дозволува автомобили, автобуси и камиони, објави ТВП Ворлд. ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска соопшти дека е поведена истрага против едно лице за сторено кривично дело – разбојништво. Делото, како што велат од Обвинителството, го извршил со уште едно лице, по кое полицијата сѐ уште трага. На 15 ноември двајцата осомничени следеле еден оштетен и го нападнале спроти трговски центар во Скопје. Како што пишува во описот за случајот, во еден момент, осомничениот со тупаница го удрил ...

Од денеска стапува во сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје од 22:00 до 06:00 часот. Инспекторите, како што најавија градските власти, ќе бидат на терен и по полноќ, за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра, а може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. Во контролите ќе бидат ...

Албанија и ЕУ денеска во Брисел ќе ја одржат седмата Меѓувладина конференција во чии рамки ќе бидат отворени преговорите по последниот, Кластер 5 од пристапниот процес „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Во рамките на овој Кластер спаѓаат поглавјата 11 – „земјоделство и рурален развој“, 12 – „безбедност на храната, ветеринарство и фитосанитарнија“, 13 – „рибарство и аквакултура“, 22 –„регионална политика и координација на структурните ...

Денеска наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека републиканците во Конгресот подготвуваат закон со кој ќе се воведат санкции врз сите земји што соработуваат со Русија. Трамп додаде дека новите мерки би можеле да се однесуваат и на Иран, клучен воен сојузник на Москва, објавува „Киев Индепендент“. „Секоја земја што соработува со Русија ќе биде санкционирана многу строго“, изјави Трамп за новинарите во Палм Бич, Флорида. Претстојното ...

Повеќе од 236 000 згради во Украина се уништени или оштетени за време на војната, а вкупно над 2,5 милиони живеалишта станаа недостапни поради вооружениот конфликт, што е приближно 10 отсто од целиот станбен фонд на земјата, се наведува во извештај на Меѓународната организација за миграција (МОМ) при ОН. Во извештајот, кој ја опишува ситуацијата во Украина како станбена криза без преседан, се наведува дека достапноста и цените на становите ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. – Ова не е ...

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови, најавува УХМР. Според прогнозата, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места пообилни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, над 60 километри на час. Како што информира УХМР, утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на ...

Велс го победи Лихтенштајн со минимални 0-1 во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство. Овој резултат ѝ одговара на Македонија, бидејќи сега во клучниот меч во Кардиф ќе биде доволно и реми за пласман на второто место во групата. Олеснителна околност за нашата репрезентација пред овој натпревар во Велс ќе биде фактот дека домаќинот ќе биде без две ѕвезди. Станува збор за Итан Ампаду и Џордан Џејмс. Двајцата Велшани ...

Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Северна Македонија во својот најнов извештај за 2025 година. Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на потпретседателот на ДУИ, Арбер ...

„Она што денес се случува на албанската политичка сцена не е оставка, туку е колапс. Тоа е колапс на зграда изградена со измама, импровизација и игри зад грбот на граѓаните. Со повлекувањето на Кренар Љога, по заминувањето на Мендух Тачи, по паниката во ДУИ и троглавото молчење на Ахмети-Таравари-Села веќе осум дена, стана сосема јасно: НАИ повеќе не постои. Згасна, се раствори и остана само како сенка од себе, се наведува во соопштението од ...

Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури ќе се движат од –3 до 5 степени, а максималните ќе достигнат од 16 до 20 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство. -Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека ...

Од денеска стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година. -За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег, возила со погон на ...

Наутро постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со ...

И покрај растечките цени во одделни сектори, нови мерки за намалување на цените засега нема да има. Министерот за економија Бесар Дурмиши смета дека со тековниот тренд на инфлација нема потреба од замрзнување или ограничување на трговските маржи. Сепак, тој не исклучи можност за интервенција доколку цените пораснат во периодот пред празниците – особено кај производите што традиционално поскапуваат во тоа време. „Сега за сега не гледам ...

По подолг период на анализа, одлучив да се повлечам од партискиот живот и од сите функции што досега сум ги извршувал во Алијансата за Албанците, oбјави Кренар Лога, поранешен министер за правда од редовите на Алијанса за Албанците и близок соработник на Зијадин Села. „Ова не е лесна одлука за мене. Имав чест да запознаам верни и неуморни соработници, како и такви што не го издржаа долгиот и предизвикувачки пат. Во изминатите десет години ...

Лекарите развија алатка со вештачка интелигенција која би можела да ги намали обидите за трансплантација на органи што се потрошени за 60%. Илјадници пациенти ширум светот чекаат потенцијално животоспасувачки донатор, а на листите на чекање има повеќе кандидати отколку што има достапни органи. Во поново време, кога станува збор за трансплантација на црн дроб, пристапот се прошири за да користи донори кои починале по срцев удар. Но, кај околу ...

Најновиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на Виделотарија Касинос Австрија е освоен во Скопје. Среќниот играч освои фантастични 6.352.014 денари! И овој викенд почнува со среќни вести. Во Скопје освоена е најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, овојпат вредна 6.352.014 денари. Добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Делта Бет Моцарт на 13.11.2025. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на ...

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во центарот на Стокхолм, автобус се заби во автобуската станица Остермалм. Неколку лица загинаа, а неколку се повредени, пишува шведскиот „Афтонбладет“. „Експресен“ известува дека најмалку три лица загинале. „Ова е сериозен инцидент“, изјави Софи Гунарсон, портпаролка на градската транспортна компанија „СЛ“. Несреќата е пријавена во 15:24 часот. Службите за итни случаи потврдија дека на ...

Коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во Струга не успеа да се договори околу претседавањето со општинскиот совет. Иако точката беше ставена на дневен ред, единствената согласност што ја постигнаа ВМРО и ВЛЕН беше да ја тргнат точката од дневниот ред, иако коалицијата АКИ го поднесе својот предлог за претседавач. По тоа, нивните осум советници ја напуштија седницата. Од АКИ изјавија дека повлекувањето на точката од дневниот ред е направено ...

Министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела ќе разговараат за предлогот блокот да ја преземе водечката улога во обуката на 3.000 палестински полицајци, со цел подоцна да ги распореди во Газа. Во документ подготвен од дипломатскиот кор на блокот пред министерскиот состанок на 20 ноември, во кој имаше увид Ројтерс, официјалните лица ги наведоа опциите за придонес во спроведувањето на планот на американскиот претседател Доналд Трамп ...

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека состојбата со која се соочуваат во Јавното обвинителство, во делот на финансиите станува алармантна, а изгледи за нејзино подобрување нема, бидејќи процентот на средства што се зацртани во Предлогот-буџетот за 2026 година за оваа институција се идентични како оние што беа изгласни лани за Буџетот за 2025 година. Коцевски ова го кажа во своето обраќање пред пратениците на Комисијата за ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1001
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
0.0
95%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1001
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
66%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.16
85%
1001
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
97%
1002
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.36
65%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
999
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
100%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.34
77%
999
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.06
90%
1003
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
71%
1004
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.4288

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Злато

143662.56

Цинк

3.11

Родиум

311058.47

Паладиум

58707.26

Бакар

11.76

Кобалт

59.52

Калај

44.58

Платина

72143.25

Иридиум

169549.30

Сребро

2492.14

Алуминиум

3.08

Рутениум

44142.98