Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Набавка на дрон специјализиран за мерење на квалитетот на воздухот, вработување на 5 инспектори за животна средина, техничка и теренска ревизија на сите издадени „А“ и „Б“ дозволи, како и сите постоечки елаборати за заштита на животната средина, зголемен буџет за заштита на животната средина, обезбедување материјални средства за 100 проби во акредитирана лабораторија, поставување камери на дивите депонии и јавно објавување и отчет за работата ...
Модерна мобилна мрежа, милионски инвестиции, квалитетни услуги и поволни цени – ова е стратегијата на „Оне Македонија“, која официјално го означи влезот на македонскиот пазар. Третиот мобилен оператор има амбициозен план не само во делот на услугите кон граѓаните, туку и кон бизнисот. Целата инвестиција ќе тежи најмалку 100 милиони евра. Од „Оне Македонија“ порачуваат дека имаат многу што да понудат за македонските граѓани. Претседателот на ...
Ова не е сцена од акционен филм, туку реална акција при бркање на дрвокрадци кои со месеци ја пустошат планината Плачковица, од радовишка страна. Видео снимката е направена вчера и на социјалните мрежи ја објави Кире Михаилов, заменик директорот на Национални шуми. Во заедничка акција со Шумската полиција од Скопје, на лице место фатени се дрвокрадци. Одземени се две моторни возила и моторна пила, а против сторителите ќе бидат поднесени ...
Бројот на приватни станоиздавачи во Охрид расте.Од мали апартмани до цели станови, локалните жители ги претвораат своите недвижности во профитабилен бизнис, привлечени од растечката туристичка побарувачка. Експертите велат дека приватното изнајмување во Охрид е вносен бизнис и дека Охрид станува економски центар за сите оние што сакаат да заработат од туризмот, дури и без големи хотелски вложувања.Од Општинскиот сектор за туризам истакнуваат ...
Уште една потврда за економските политики на Владата, довербата во стопанството и фискалната стабилност на Македонија. Меѓународната агенција за оценка на кредитен рејтинг Стандард & Пурс го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи за во иднина. Во извештајот на агенцијата се наведува дека растот ќе забрза годинава на 3,5%, додека на среден рок растот ќе се стабилизира околу 3%, со постепено зголемување на ...
Во услови на засилени внатрепартиски тензии и јавни критики, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Скопје го одржува 31. конгрес, на кој се анализира изборниот резултат од последните локални избори и се расправа за идната насока на партијата. Присутните во салата беа сведоци на остар говор на Венко Филипче, кој испрати критики кон сите, вклучително и кон власта, при тоа штедејќи се самиот себе и неговите најблиски од критики и ...
Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија? Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ментор Зоран Заев. Не се огради и го штитеше криминалот на кланот Дубаи чиј што составен дел е самиот тој, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Филипче на 31. конгрес на СДСМ. Не објасни зошто СДС сервираше услуги кон Бугарија и Грција, го наметна францускиот ...
Од 1 февруари, Македонија официјално влегува во нова фаза на сообраќајна безбедност. Со целосната примена на системот „Безбеден град“, се очекува во државата да имаме помалку несреќи, помалку жртви и повисока сообраќајна култура. Законот за прекршоци веќе е изгласан во Сообрание, а тест-периодот покажа охрабрувачки резултати. „Надлежните го подготвуваат теренот за старт на „Сејф Сити“, како што може да забележите зад мене веќе се монтираат ...
Помалку гужва, повеќе услуги за граѓаните. Ова е конкретната промена што ВРЕДИ ја носи во јавната администрација, ставајќи го граѓанинот во центарот на услугите, се вели во соопштението од ВРЕДИ. ВРЕДИ информира дека, под раководство на директорот на управата за водење на Матични книги, Фатон Фазлиу, некои од најбараните услуги сега можат да се извршуваат преку интернет, без чекање и без редици, преку државниот портал uslugi.gov.mk. Овој ...
Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи, информираат од Министерството за финансии (МФ). Потврдата на рејтингот, како што велат, претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги ...
До Министерството за правда се уште не се пристигнати номинации за формирање на работна група, потврди вчера на прес-конференција министерот за правда Игор Филков, одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик. -Испратени се два дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година, а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните ...
Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка (НБ), којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед, посочуваат од НБ. Во извештајот, како што велат од НБ, се ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше и се обрати на kick-off настанот на проектот PULSE и Мрежата на жени на ЕВН Македонија, каде силно ја поддржа иницијативата за зајакнување на родовата еднаквост и инклузивноста во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција е и длабоко социјален и економски процес, во кој вклученоста на жените е клучен ...
Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија. Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не ...
Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен да почне и официјално со функционирање системот безбеден град, ние пратениците и јавноста во Македонија, сведочевме на однесувањето на деструктивната опозиција олицетворена во СДСM и ДУИ. СДСM и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот, се ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре-недела (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово. Како што информираа од Министерството, ективностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со ...
СВР Тетово известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Тетово. Поради тоа на локациите каде се поставени уредите ќе има привремено запирање на сообраќајот. -За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае ...
Уставниот суд на Македонија поведе постапка за оценување на уставноста на член 218 од Законот за извршување, поради сомнеж дека одредбата е нејасна, непрецизна и создава правна непредвидливост во спроведувањето на извршните постапки. Судот оцени дека постои основано прашање дали со оспорените законски решенија се ограничува можноста за ефективно остварување на паричните побарувања кон државните органи, општините и јавните претпријатија, што ...
Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот Митрев, целосно го разобличи начинот на владеење на СДСM, Венко Филипче и Зоран Заев. Со овој случај се покажа дека за СДСM и Филипче нема ништо свето, за да остварат личен ќар и придобивка, тие се спремни да тргуваат со здравјето на граѓаните и да го злоупотребат државниот апарат за да рекетираат и уценуваат стопанственици, се посочува во соопштението на ...
Општина Неготино попладнево ја објави програмата за овогодинашното одбележување на „Свети Трифун“ – „Недела на виното 2026“, што ќе трае од 12 до 15 февруари. Во четврток, 12 февруари, ќе биде натпреварот во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители. За во петок, 13 февруари, најавени се традиционална изложба и ликово изразување на ученици. На „Свети Трифун“, 14 февруари, предвидено е да има отворени штандови – промоција и ...
Докази за поврзаноста со пушењето има кај три малигни заболувања – ракот на белите дробови, на грлото и на мочниот меур и мочните патишта, вели доктор Александар Мицковски, специјалист по урологија. – Ако зборуваме за малигните болести, исто така е докажана поврзаноста и штетното влијание на пушењето. Дури изолирана е и супстанцијата која е дел од цигарите, од никотинот, која е активатор на тие малигни заболувања, тоa е бензопиренот. И ...
Министерство за образование и наука (МОН) преку пишано соопштение до медиумите го честита 24 Јануари, Меѓународниот ден на образованието, потсетувајќи дека образованието е основно човеково право и дека се стремат што повеќе деца и млади тоа да го остварат на најдобар можен начин. Порачува дека образованието е еден од врвните приоритети на Владата. -Без квалитетно образование не можеме како општество да се развиваме и како држава да јакнеме. ...
Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу. Предвидени се, додава, законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна ...
Проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, како и тендерски постапки за избор на изведувач за два комерцијални објекта во Охрид и во Битола планира годинава Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен прстор од значење за државата АДИССДП. Оттаму велат дека стабилизирањето на цените на пазарот на недвижности не зависи исклучиво од еден чинител и оти процесот е условен и од пошироките економски ...
Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор. Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското Обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање. Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот. Привремено му е одземен ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Минималната ...
Социјалдемократскиот сојуз денеска во Скопје во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи 31. Конгрес. Според информациите од СДСМ, на Конгресот ќе има отворен и работен дел. На почетокот ќе има отворен дел од конгресот, по што ќе следува и обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кое што медиумите ќе можат целосно да го проследат. Потоа ќе следи работен дел од Конгресот. Инаку, пред најавениот Конгрес не стивнаа превирањата во ...
Со измерена температура од -4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7:00 часот беше насјтуденото место во земјава по што следат Попова Шапка и Крива Паланка со -3 , -2 степени се измерени во Пожаране и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови, 0 степени во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци и Прилеп, 1 во Kрушево, Штип, Охрид и Виница, 2 во Куманово и Гевгелија, а најтопло беше во Струмица каде ...
Коалицијата СДСМ и ДУИ во текот на вчерашниот ден во Собранието уште еднаш докажа дека функционира следејќи ги само своите интереси и не поддржува ништо корисно за граѓаните. Измените на Законот за прекршоци со кои се заокружува правната рамка за функционирање на проектот „Безбеден град“ не ја поддржаа пратениците од овие две опозициски партии, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на вчерашниот ден граѓаните сведочеа на СДС-ДУИ ...
Во СДСМ ништо ново. Случајот кој неодамна почна да се обелоденува пред јавноста, за кој сопственикот на приватна болница, д-р Жан Митрев се произнесе на национална телевизија за тоа како сегашниот претседател на опозициска СДСМ, Венко Филипче, и екс премиерот, Зоран Заев, е уште еден пример кој сведочи за начинот на кој претходната власт владееше. Филипче како министер за здравство, имал желба да има приватна болница, а бил и подготвен да ги ...