Бројот на новинари кои загинале во Појасот Газа од почетокот на војната во 2023 година достигна 232, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на владата на Газа. Најновата жртва е фоторепортерот Адам Абу Харбид, соопшти Канцеларијата, додавајќи дека „најостро го осудува систематското убиство и целното насочување кон палестинските новинари од страна на израелските окупаторски сили“. Во објавата на платформата Телеграм, Канцеларијата апелира до ...

Можен состанок со рускиот претседател Владимир Путин беше предмет на разговорите меѓу Москва и Киев неделава во Истанбул, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во соопштение објавено денеска. Украина смета дека таква средба, на која би сакал да учествува и американскиот претседател Доналд Трамп, би била важна за преговорите за завршување на руската инвазија која трае повеќе од три години. Путин претходно изјави дека би бил ...

Во авионот „Рајанер“, кој полета од Загреб за Малме, избувна расправија меѓу двајца мажи, а потоа и тепачка во која, на општо чудење на патниците, меѓу кои имаше жени и деца, имаше и крв. Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека инцидентот се случил синоќа, непосредно пред 22:30 часот кога авионот се подготвувал за слетување во Малме. Патникот од авионот рекол дека двајцата мажи се бореле жестоко, фрлајќи се еден кон друг и кон другите патници. ...

ЕУ и САД се приближуваат кон трговски договор што би вовел царини од 15 проценти за европскиот увоз, сличен на договорот што Доналд Трамп го склучи со Јапонија неделава. Брисел би можел да се согласи на таканаречените реципрочни давачки за да ја избегне заканата на американскиот претседател да ги зголеми на 30 проценти од 1 август, изјавија за „Фајненшл тајмс“ лица запознаени со ситуацијата. Двете страни би се откажале од царините за некои ...

Окружната судијка на Округот Флорида, Робин Розенберг, го одби барањето на Министерството за правда на САД да се отпечатат транскриптите на големата порота поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епстин во Јужна Флорида. Таа утврди дека барањето на Министерството не спаѓа во ниту еден од исклучоците од правилата кои бараат материјалите на големата порота да се чуваат во тајност. Министерството за правда бараше објавување на транскриптите во ...

Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот што е за три повеќе отколку лани. Со тоа според рангирањето на „The Henley Passport Index“, македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година. На листата за 2025 година сме пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61-во место. Најмоќниот ...

Критичниот автомобилски сектор на Јапонија, кој сочинува повеќе од една четвртина од нејзиниот извоз од САД, ќе види намалување на постојните царини на 15 од 25 проценти. Давачките што требаше да се воведат на други јапонски стоки од 1 август ќе бидат намалени за истиот износ. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат трговски договор со Јапонија, за кој рече дека ќе резултира со инвестиција од 550 милијарди долари од ...

Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, Како што информирата од Влада со оваа мерка се овозможува и работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо. Претходно, Министерството за здравство ја ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во периодот од ...

Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија. Како што информираат од УХМР, 39 степени се измерени во Битола, Штип и Струмица, 38 во Тетово и во Виница, 37 во Прилеп, 36 во Крива Паланка, 35 во Охрид и Претор, 34 во Берово, 31 во Крушево и во Маврови Анови, 30 во Лазарополе и 26 на Попова Шапка. До крајот на ...

Партиите членки на белгиската владина коалиција постигнаа договор за реформи на даночниот систем во Белгија, со кои се предвидува намалување на даночното оптоварување на семејствата со деца и на лицата со ниски примања. Реформите, кои треба да се спроведат до 2029 година, според белгиската Влада, имаат за цел да ја подобрат куповната моќ на лицата кои работат и на бизнисите. Со реформите се предвидува даночното олеснување за едно издржувано ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2025 година изнесува 65.328 денари, според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија. Во споредба со јуни 2025 година, кога изнесувала 64.698 денари, сега е зголемена за 630 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за март изнесува 80.703 денари Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за јули ...

Најмалку 16 лица загинаа, а многу други се повредени кога авион за тренинг на военото воздухопловство на Бангладеш се урна врз дворот на училиште во Дака, пренесе ДПА. Според други извори, загинале најмалку 19 луѓе. Авионот од кинеско производство, модел F-7BGI, се урнал пред влезот на двокатната гимназија „Мајлстоун Скул енд Колеџ“ во северниот дел на главниот град во попладневните часови. Во моментот на падот, многу деца биле присутни во ...

Долги колони возила и значителни задржувања се бележат денеска на граничниот премин Богородица, како и на грчкиот Евзони, каде што за влез во Грција се чека и по повеќе од три часа. Според информации од возачи кои се наоѓаат на граничниот премин, задржувањата на македонска страна изнесуваат околу 45 минути, додека најголемите гужви се на грчка страна, каде колоните се движат бавно, а чекањето достигнува и по повеќе од два часа. Големиот метеж ...

Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје вчера започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Седумдневниот спортски настан вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини и тоа – атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо. Натпреварите ќе се одржуваат ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за ...

Обемен шумски пожар зафати подрачје во близина на пристанишниот град Мартиг кај Марсеј, предизвикувајќи голема материјална штета, соопштија денеска локалните противпожарни служби. Пожарот, кој зафатил површина од 240 хектари, избувнал вчера вечерта и се проширил со огромна брзина поради сувото и ветровито време. Повеќе од 1.000 пожарникари се бореле со огнената стихија. Најголемиот дел од зафатената територија сега е под контрола, а на ...

Дваесет и седумте земји-членки на ЕУ се согласија за 18-ти пакет санкции насочен кон Русија за инвазијата на Украина, изјавија денеска неколку дипломати за ДПА. Пакетот санкции е насочен кон финансискиот и енергетскиот сектор на Русија и доаѓа како одговор на одбивањето на претседателот Владимир Путин да се согласи на безусловно примирје во Украина. Словачка го блокираше пакетот, наведувајќи загриженост во врска со увозот на гас, но премиерот ...

Повеќе од 5.000 луѓе се евакуирани во засолништа низ Јужна Кореја на третиот ден од обилните дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинаа најмалку четири лица и предизвикаа сериозна штета на инфраструктурата, соопшти Министерството за безбедност на земјата. Предупредувањата за обилни дождови остануваат на сила за поголемиот дел од западните и јужните региони на земјата, а метеоролошката агенција повика на екстремна ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е вклучен во случај во кој полицајци добиле големи суми пари додека ја обезбедувале француската репрезентација. Според „RMC Sport“, во 2023 година, вкупно 180.300 евра биле префрлени од сметката на фудбалерот на пет полицајци. Четири вработени добиле по 30 илјади евра, а нивниот претпоставен добил 60.300 евра. Според фудбалерот, тој едноставно сакал да ги награди луѓето кои се грижеле за безбедноста на ...

Лекари во Велика Британија го објавија раѓањето на осум здрави бебиња, по спроведувањето на револуционерна процедура со којашто се создаваат ембриони преку ин-витро оплодување со ДНК од три лица. Целта, инаку, е да се спречи децата да наследат неизлечиви генетски нарушувања, пишува „Гардијан“. При оплодувањето, генетскиот материјал од мајката и таткото е префрлен во здрава јајце-клетка од донор, за да се намали опасноста од појава на ...

Проширувањето е клучен приоритет на ЕУ и тоа не е само политичка цел, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на Европа, па затоа Унијата ќе им овозможи на земјите кандидати за членство пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, најави попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Тие средства не се само за техничка помош, туку и за поддршка на реформите и за инвестиции, ...

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со умерен наместа повремено засилен ветер, а попладне и во вечерните часови пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со појава на град. Претпладне во западните делови од земјата ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. Во Скопје, слично време со пороен дожд и засилен ...

Најмалку 50 лица загинаа и се повредени во голем пожар што избувна во хипермаркет во градот Кут, во источен Ирак, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА. Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како гори петкатна зграда во Кут во текот на ноќта, додека пожарникарите се обидуваа да го локализираат пожарот. Гувернерот на провинцијата Васит, Мохамед ал-Мајахи, изјави дека пожарот избувнал во хипермаркет и ...

Во текот на изминатото деноноќие на територија на државата се регистрирани 21 пожар, информира утринава Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, три пожари се активни, еден е под контрола, а 17 се изгаснати. Активни се пожарите кај велешките села Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што е зафатена мешана шума, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Македонски Брод, каде што горат деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и ...

Бројот на убиени лица во јужна Сирија, како што објави Франс прес надмина 200, повикувајќи се на невладина организација за мониторинг. Убиени се 92 Друзи, вклучувајќи 21 цивил од Министерството за одбрана и внатрешни работи, 93 од владините сили и 18 бедуини. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Израел да ги прекине нападите врз сириските воени сили на југот на Сирија, објави „Аксиос“, цитирајќи американски ...

Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за вработување на 150 униформирани полициски службеници. Полицијата ги охрабрува сите млади, непартиски лица, мажи и жени под 25-годишна возраст, со минимална висина од 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и кои не се осудени со конечна судска пресуда, да аплицираат на огласот, за чие работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на едукација, вежбање и обука. „Да ...

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги поскапе горивата 0за 1,5 денари по литар. Според најновата корекција, цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се следните: Зголемувањето на цените доаѓа како резултат на движењата на берзанските цени на нафтените деривати, како и промените на курсот на денарот во однос на доларот. Ова е второ по ред поскапување во јули, со што дополнително се зголемуваат трошоците за ...

Времето денеска во државата ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје, ...

Биткоинот за првпат надмина 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела. Почнувајќи од вчера Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара. Овие предлози наидоа на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.66
54%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
62%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
74%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.32
51%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.59
57%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
63%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
48%
1015
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.59
46%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.37
50%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
57%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
0.89
66%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
0.49
60%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97