Турција треба да почне со реставрација на куполата на џамијата Аја Софија, што ќе биде еден од најголемите проекти за реставрација на овој објект стар 1.486 години, изјавија денеска експерти. Аја Софија била најголемата христијанска црква во Византиската империја, сè додека не била освоена од отоманскиот султан Мехмед во 1453 година, по што била една од најпознатите џамии цели 500 години. „Аја Софија“ служеше како црква до 916 години сè до ...

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Обврската е согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи што стапуваат во сила на 18. месецов (петок) откако по нивното усвојување во Собранието и објавата во Службен весник на 4. минатиот месец Министерството за економија во предвидениот рок од 45 дена изготви Правилник за начинот на ...

Членките на НАТО разгледуваат можност за утврдување нова цел за трошење средства – не само за воените буџети, туку и за цивилна одбрана и поддршка на Украина, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон. Многу земји од Алијансата ги зголемија воените расходи по руската инвазија врз Украина во 2022 година, но сега се под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп да достигнат уште повисоки нивоа на трошење – дури и до 5 отсто од БДП, што е ...

Девет месеци по одржувањето на регионалните избори, белгискиот главен град Брисел сè уште нема формирано влада, што, според локалните медиуми, доведува до сериозни финансиски и безбедносни проблеми. Според „Политико“, градот, кој е седиште на европските институции, се соочува со раст на насилството, институционална парализа и финансиски дефицит од околу четири милиони евра дневно. Според белгискиот весник „Бруз“, јавниот долг на регионот ...

Минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите, предвидува амандманот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, што беше усвоен денеска на седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање во Собранието. Според амандманот поднесен од повеќе пратеници, а кој го образложи пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 % во однос на одлуката од 11.04.2025 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за ...

Две руски балистички ракети вчера го погодија самиот центар на северниот украински град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, а беа повредени 117, во најсмртоносниот напад врз Украина оваа година, соопштија украинските власти. На нападот реагираше и Трамп. Тој рече дека рускиот напад врз Суми бил страшен. -Мислам дека е страшно. Ми кажаа дека направиле грешка, но мислам дека е страшно. Мислам дека целата војна е ужасна работа. Мислам дека ...

Возачите од градскиот превоз во Софија денеска излегуваат на протест, што може да предизвика блокади и отежнато движење во градот. Националниот протест, под мотото „Достоинствен труд – достоинствена плата! Без превоз, нема економија!“, е организиран од синдикатите на транспортните работници. Од 8:00 часот се очекува демонстрантите да ги блокираат сообраќајните раскрсници во центарот на Софија, а дел од акциите вклучуваат и привремено ...

– На синоќешната вечера на шефовите на дипломатиите од земјите членки на ЕУ и од државите од Западниот Балкан се согласивме дека геостратешка неопходност е да им се помогне на земјите од регионот на нивниот пат кон членство во Европската Унија до 2030 година, изјави денеска во Луксембург словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон. – Укажав дека Словенија, заедно со Германија, предлага иницијатива за ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1 000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја. Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. -Граѓаните кои ги ...

Се заврши не со страшен тресок, туку со тоа што американскиот претседател Доналд Трамп и двајца главни помошници напишаа објава на социјалните мрежи. Одлуката на Трамп да ги запре светските тарифи ја затвори извонредната недела на глобална паника откако тој ги објави давачките на, како што рече, „Денот на ослободувањето“. Откако постојано негираше дека размислува за прекин, првиот знак дека нешто се случува дојде додека пазарите се ...

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, на денешното судско рочиште одговараше на прашања на Обвинителството. Тој уште еднаш повтори дека не познава никој од останатите обвинети, освен што имал слушнато за Љупчо Палевски -Палчо, односно се зборувало за него во соседството кога ја градел зградата ,,Тифани”. -Лично го немам видено, како лик, како изгледа, дециден беше Ѓорчевски. Тој повтори дека седум-осум години бил без ...

Изненадната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира големите царини што ги наметна на десетици земји денеска ги зголеми глобалните берзи, дури и откако ја интензивираше трговската војна со Кина. Пресвртот на Трамп, објавен во средата, помалку од 24 часа откако беа наметнати големите нови царини на повеќето трговски партнери, следеше по најинтензивната епизода на нестабилност на финансискиот пазар од првите денови на ...

Илјадници патници беа погодени откако вчера немаше сообраќај помеѓу градовите Нирнберг и Ерфурт. Причината е подметнат пожар врз контролната и безбедноста технологија, велат од „Дојче Бан“. Долгите и регионалните возови мораа да се пренасоча, а го зголеми времето на патување помеѓу Нирнберг и Ерфурт за еден и пол час. Железничката линија после неколку часа беше вратена во сообраќај. „Нашите тимови за поправка успеаја да ја вратат ...

Преку заедничка министерска одлука на грчките министри за миграција и азил и за надворешни работи, Северна Македонија и Албанија, Грција ги карактеризира како безбедни земји за баратели на меѓународна заштита кои преку границите од овие држави нелегално влегле на грчка територија, а истото важи и за Турција, но за мигранти, кои се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија, јави дописничката на МИА од Атина. Нашата земја веќе ...

Демократските претставници во Претставничкиот дом на САД потпишаа писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое бараат Илон Маск, милијардер и негов близок соработник, да ја напушти функцијата во Белата куќа до 30 мај. Во писмото, потпишано од 77 демократски пратеници, се наведува дека Маск е вработен во Белата куќа како „специјален вработен во владата“ и дека едно лице може да остане на таа позиција најмногу 130 дена. „Бараме јасна ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за ...

Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет царини кои погодуваат околу 60 земји, со посебен фокус на Кина. Овие мерки предизвикаа сериозни потреси на глобалните финансиски пазари, при што цените на акциите нагло паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниско ниво во една година. На азиските берзи, индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за ...

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседателка на Државниот збор на Република Словенија. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп рестартираше најмалку шест неодамна откажани американски програми за странска помош за итна помош во храна, изјавиле за Ројтерс шест извори запознаени со ова прашање. Вршителот на должноста заменик-администратор на УСАИД, Џереми Левин, кој претходно беше член на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, во интерна е-пошта побара од персоналот да ги поништи ...

СООПШТЕНИЕ НА ДУИ Изјавите дадени вчера од Изеет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни и длабоко вознемирувачки за секој граѓанин кој верува во правната држава. Во телевизиско гостување на едно од провладините медиуми, Меџити изјави дека „ако Таравари одлучи да соработува со ДУИ, тогаш Владата ќе ѝ направи услуги на ДУИ за ослободување на обвинети за корупција.“ Ова не е лапсус. Ова е ...

Четири од повредените лица во пожарот во Кочани, денеска се враќаат од странство, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за двајца пациенти кои се лекувани во Хрватска, еден во Шведска и друг во Италија. – Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, појаснуваат од Министерството за здравство. Во болниците ...

Кинеската влада вели дека „ќе се бори до крај“ доколку САД продолжат да ја ескалираат трговската војна, откако Доналд Трамп се закани со огромни дополнителни царини како одговор на контрамерките на Кина. Кинеското Министерство за трговија ги обвини САД за „уцена“ и рече дека заканите на американскиот претседател за дополнителни царини од 50 отсто доколку Пекинг не ја поништи сопствената реципрочна царина од 34 отсто се „грешка над грешката“, ...

„Преживеаните во Газа неколку пати беа раселени и принудени да се преселат во помали области каде што не може да се задоволат нивните основни потреби“, велат од ОН. Од 18 март, кога Израел ги продолжи воените операции и со тоа го прекина двомесечното примирје, во Појасот Газа раселени се речиси 400 илјади луѓе, информираат од Кабинетот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН). „Преживеаните во Газа неколку пати беа раселени и ...

Од утрово укинати се забраните за тешки товарни возила на повеќе патни правци низ државата кои вчера беа воведени поради врнежите од снег. Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните и југозападните делови со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат. Укинати се забраните на ...

На Попова Шапка утрово е -12 степени, а во Крушево има 24 сантиметри снег, информира УХМР. Висината на снежната покривка е 22 сантиметра во Битола, 18 во Охрид, 14 во Маврови Анови, 12 на Попова Шапка, 7 во Претор, 5 во Тетово, 4 во Берово и 1 сантиметар во Прилеп. До 08:30 часот се измерени -7 степени во Маврови Анови и Крушево, -6 во Охрид, -5 во Тетово и Претор, -4 во Битола и Берово, -3 во Крива Паланка, -2 во Прилеп и Виница, -1 во ...

САД воведоа царини за сите увезени автомобили и делови во износ од 25 отсто што значи дека нема да има возила, дури и оние произведени во САД, што нема да бидат предмет на тарифи. Автомобилската индустрија е сложен процес, во кој се вклучени голем број партнери и подизведувачи. Доволно е да се погледне само еден дел од возилото. Волстрит џурнал го следеше патувањето на еден клип и откри колку е сложена целата приказна. Започнува со суров ...

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша пост во кој кажа дека царините се прекрасна работа. – „Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со царините, кои сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе во сила и тие се прекрасна работа да се видат. Дефицитот со овие земји растеше за време на „претседателството“ на заспаниот Џо Бајден. Ќе ...

Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето, соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.) и температурите значително ќе опаднат. Во понеделник со засилен северен ветер наместа повремено ...

Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на над 330.000 пензионери значи исполнување на даденото ветување, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Како што посочуваат оттаму, со ова второ линеарно покачување од 2.500 денари се заокружи циклусот од зголемување на пензиите за 5.000 денари, со што најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари. -За таа цел како ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
4.63
54%
1022
weather icon

Белград

-4ᴼ / -4ᴼ
5.66
80%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -10ᴼ
2.06
82%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
4.63
73%
1024
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
6.83
74%
1020
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -11ᴼ
0.79
88%
1027
weather icon

Атина

8ᴼ / 5ᴼ
8.23
66%
1012
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
8.75
34%
1021
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
2.06
89%
1018
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
8.23
63%
1020
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 2ᴼ
6.17
93%
1013
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.4077

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Бакар

11.84

Кобалт

59.52

Родиум

310254.70

Злато

144981.23

Сребро

2569.43

Калај

44.73

Алуминиум

3.14

Рутениум

44946.74

Паладиум

57935.65

Иридиум

169549.30

Цинк

3.10

Платина

72292.89