23 коло на Втората македонска фудбалска лига го носи дерби во Автокоманда меѓу лидерот Скопје и Брегалница соочување на две екипи кои претендираат за влез во Првата македонска фудбалска лига, дерби кое ќе го следите во живо на М Нет телевизија со почеток од 15:30 часот. Двете екипи играат во победничка форма и максимално подготовени ќе ги одмерат силите на „Железарница“ во обид да стигнат до трите бодови. Влогот од овој меч е голем, трите ...

Утре се игра големото дерби меѓу лидерот Скопје и Брегалница, дерби кое може да донесе и нов лидер на табелата, а за челната позиција покрај овие две екипи конкурираат и Охрид и Шкендија Арачиново. Верните „пирати“ за утре најавуваат масовна мобилизација и силна поддршка за Скопје од трибините, во клучен меч кој може да реши многу работи. Верните „пирати“ пред утрешното дерби испратија порака до сите навивачи и поддржувачи утре да дојдат на ...

Делегирани судите кои ќе ја делат правдата на утрешните мечеви од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига. Шкендија Арачиново ќе игра против Тетекс, но наместо во Синѓелиќ ќе игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Димитар Пилешков ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Богданчо Ѓеоргиев. Четврт судија на оваа средба ќе биде Дарко Стојанов. Делегат на натпреварот ќе биде Александар Митев, а пак контролор ќе биде ...

Како „планина“ голема победа на тимот на Брегалница попладнево во најновото коло од ВМФЛ шампионатот. Штипјани денеска со 0:1 беа подобри од тимот на Скопје на Автокоманда. Со голот на Талески, избраниците на Влатко Костов направија мини сензација, и со тоа го направија овој второлигашки шампионат уште поинтересен и понеизвесен до крајот. Од друга страна Охрид со 3:0 на свој терен го совлада Новаци, додека пак Беласица кискна со ремито без ...

Второлигашкиот шампионат на Македонија од денеска доби една сосема нова димензија. Дури три екипи се на самиот врв со по 52 бода. А тоа се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново, додека Скопје има 50 бодови. Целата оваа невидена „збрка“ ја предизвикаа штипјани кои што денеска победија во големото дерби против Скопје на Автокоманда со конечни 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Талески во 41. минута, а потоа домашните не успеаа резултатски ...

Фудбалерите на Брегалница забележаа уште една дерби победа во Втората македонска лига, па откако минатата седмица го добија Охрид во Штип, попладнево славеа над Скопје во Автокоманда со 1-0. Одново избраниците на Влатко Костов ја сочуваа својата мрежа, а голот на Талески во 41 минута беше доволен за славје и дополнителен хаос кога е во прашање борбата за местата кои водат во најквалитетната македонска фудбалска конкуренција. Охрид пак немаше ...