Патриција и дама на дворецот на царот Јустинијан. Кога остана вдовица и виде дека царицата Теодора не ја поднесува, таа тивко се изгуби од Цариград и се најде во египетската пустина. Прочуениот духовник авва Даниил ја потстрижа во ангелски образ и ја објави како монах Анастасиј евнух. Ова беше според нејзината желба, за полесно како жена да се спаси под машки лик, а и за да се сокрие од царевото трагање по неа. Потоа се затвори во тесна ...
Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост“. Сè што знаеја запишаа, а потоа го издадоа во две книги под името „Лемонариум“ (на ...
Роден во с. Теарце во 1771 година. Заедно со татко му Пејчин, и со стрико му Далмат замина на Света Гора, во манастирот Хиландар. Таму Кирил се истакнуваше со својот подвиг и послушание, бивајќи неуморен во постот и молитвите. По извесно време беше замонашен и ракоположен во свештенички чин, а Божествената литургија ја служеше со особена љубов. По Божја промисла и со благослов, заради проповед на Евангелието во својот роден крај, кој поради ...
Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност. Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, па кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под руво на брак. А штом му починаа родителите, жена му отиде во еден ...
Света Христина Персијанка е една од ранохристијанските маченички која пострадала за својата вера во времето на прогоните во Персија. Таа живеела во период кога христијанството било строго забрането на територијата на Персија, а верниците биле изложени на жестоки притисоци и казни. Христина, и покрај опасностите, јавно ја исповедала својата вера во Христа и одбила да се откаже од неа. Поради својата непоколебливост, била уапсена и подложена на ...

