Екипата на ГРК Охрид се подготвува за историското финале со Татабања на домашен терен каде ќе игра за трофеј во Европскиот Куп на ЕХФ, но размислува и за следната сезона во која ќе гради поконкурентен тим. Дојдоа повеќе нови имиња за следната сезона кои се официјализирани, но се подготвуваат и заминувања. Еден од играчите кој ќе си замине од градот крај езерото по крајот на актуелната сезона е хрватскиот пивот Џанкарло Прибетиќ. ...
ГРК Охрид е на само еден натпревар од испишување историја, откако во првиот финален меч од ЕХФ Европскиот Куп успеа да слави на гостувањето кај МОЛ Татабања во Унгарија. Пред реваншот во преполната „Билјанини Извори“, во изјава за Спортска Мрежа, голманот на охриѓани- Бојан Блажески порача дека тимот има причина да жали што не обезбедил и поубедлива предност од Унгарија, но дека сега целиот фокус е насочен кон решавачките 60 минути во Охрид. ...
ГРК Охрид ги повика своите навивачи заедно да ја проследат најважната битка во клупската историја, реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против МОЛ Татабања. Од клубот информираа дека за големото финале ќе биде организирана фан зона, каде сите поддржувачи ќе можат заедно да го следат натпреварот во живо на лед екран и да бидат дел од атмосферата во борбата за европскиот трофеј. Во Охрид веќе владее вистинска еуфорија пред историскиот меч, а ...
Попладнево во меч од 10.и последно коло од плеј – аутот во ракометната Суперлига на Македонија, Пролет како домаќин доживеа пораз од составот на Куманово со 25:27. Пролет беше подобар тим во првото полувреме и затоа имаше предност од 12:9, резултат со кој се замина на пауза. Во продолжение од средбата, проследивме максимално израмнет дуел во кој на крајот ракометарите на Куманово подобро се снајдоа и заслужено триумфираа. Ончев со 10 ...
Охрид деновиве дише во ритамот на ракометот и се подготвува за најважните 60 минути во својата клупска историја. В недела навечер, во преполнетата спортска сала „Билјанини Извори“, ГРК Охрид ќе го пречека унгарскиот состав МОЛ Татабања во реванш-натпреварот од големото финале во ЕХФ Европскиот куп, каде нашиот претставник има златна шанса да се искачи на европскиот трон. Минатата недела во Унгарија, охридските „сини“ одиграа лавовски меч и ...
Ракометарите на Охрид утре го играат реваш натпреварот во финалето од ЕХФ Европскиот клуб против екипата на Татабања. По победата со гол разлика во првиот натпрвар, ракометарите се надеваат на европскиот трофеј. Во недела не очекува реваншот против Татабања, во последниот и најважен натпревар за нас оваа година. Сите знаеме за каков противник станува збор. Тие се навистина силна екипа и уште од самиот почеток на ова натпреварување се ...
На прес-конференцијата пред утрешниот историски меч на кој ГРК Охрид има добра шанса да го освои трофејот во ЕХФ Европскиот куп во ракомет, тренерот Борис Ројевиќ и голманот Кристијан Пилиповиќ ги кажаа своите очекувања од дуелот со унгарска Татабања, по победата на македонскиот тим од 29-28 на првата средба во Унгарија. „Историјата е веќе испишана, со самиот влез во финале на ЕХФ Европски Куп сметам дека ГРК Охрид направи еден огромен ...

