Веќе е јасно дека Пелистер за опстанок во прволигашката конкуренција ќе игра против Шкендија од Арачиново, додека струмичка Брера за противник ќе го има составот на Скопје. Битолчани во последното коло победија со минимални 1-0 на домашен терен против Башкими со голот на Милан Србијанац во 24-тата минута и го освоија осмото место на прволигашката конкуренција, што условно им носи полесен противник во баражот. Брера финишираше на деветтото ...

Со завршувањето на сезоната во Прва македонска фудбалска лига познати се и бараж двојките кои ќе решаваат кои екипи следната сезона ќе бидат дел од елитното друштво. Пелистер и АП Брера Струмица ќе мора преку дополнителен предизвик да го зачуваат прволигашкиот статус. Битолчани во баражот ќе играат против Шкендија Арачиново, додека струмичани за противник го добија Скопје. Во последното коло од шампионатот, и Пелистер и Брера остварија ...

Пелистер – Башкими 1:0 Денес во Битола ккипата на Пелистер со победа го затвори овогодинешниот регуларен дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига и со минимални 1:0 совлада екипата на Башкими. Со оваа победа и новите три бода Пелистер заврши на 8. мести, која што носи бараж за опстанок. Динаќините офанзивно го отворија натпреварот, а првата шанса ја имаше капитенот Ивановски, кој шутираше над голот, а потоа и Булатовиќ упати удар. ...

Екипите на Брера, Пелистер, Скопје и Шкендија Арачиново ги продолжуваат подготовките за клучните бараж натпревари кои ќе решаваат за местата во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона. Во првиот бараж дуел, Брера Струмица ќе се соочи со Скопје на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Струмичани ќе се борат за опстанок во елитното друштво, додека Скопје ќе се обиде повторно да обезбеди место меѓу најдобрите македонски клубови. ...

Вкупно четири екипи ќе се борат за двете места во елитното фудбалско друштво во Македонија за следната сезона. Тоа се струмичка Брера и Пелистер од Битола како прволигаши и Скопје и Шкендија Арачиново как второлигаши Брера Струмица за противник го доби тимот на Скопје кој заврши како второпласиран во Втората лиа. Мечот за опстанок во Првата лига струмичани ќе гп играат во Битола. Струмичкиот состав ќе се обиде да избегне преселба во понизок ...

Одредени се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за Првата македонска фудбалска лига. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се одигра натпреварот меѓу Брера Струмица и Скопје, во меч каде струмичани ќе бараат опстанок во Првата лига, а пак „пиратите“ од Автокоманда ќе атакуваат на влез во елитата. Вториот бараж меч ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци каде Пелистер ќе бара опстанок против Шкендија Арачиново, ...

Пелистер в недела на Градскиот стадион во Кавадарци ќе го одигра бараж натпреварот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига против второлигашот Шкендија Арачиново. Верната навивачка група „Чкембари“ најавува „окупација“ на Кавадарци, собир во голем број и силна поддршка за својот миленик во најважниот меч сезонава – триумф во баражот за опстанок во елитата. Натпреварот меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново стартува во 16:30 часот, а од ...