Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес зеде учество на прославата по повод шестгодишнината од основањето на Единицата за брза полициска интервенција при Секторот за внатрешни работи Скопје. „Заедно со припадниците на Единицата за брза полициска интервенција при СВР Скопје одбележавме шест години од нејзиното формирање – шест години храброст, професионалност и посветена служба во заштита на граѓаните и јавниот ред.“ ...
По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Интервентната полиција во изминатиот период се етаблирала како еден од носечките столбови на ...
„Интервентна- брат, ние не се двоумиме“, е една од римите во хип хоп видео кое го објави МВР за 6-тиот роденден на Интервентната полиција (наследничка на поранешните Алфи). Во стил на мотивациски говор, хип хоп римите ја величаат единицата чие седиште е во касарната Ѓорче Петров како најдобра во составот на МВР. Од МВР и во соопштението не е откриен авторот на песната и изведувачите кои ја пејат, а видеото прикажува вежба-акција против опасен ...
„Заедно со припадниците на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје одбележавме шест години од нејзиното формирање – шест години храброст, професионалност и посветена служба во заштита на граѓаните и јавниот ред. Интервентната полиција е меѓу клучните столбови на безбедноста на главниот град. Во изминатата година тие реализираа речиси 30.000 интервенции, а резултатите се јасни и мерливи, меѓу другото, значително е намален бројот на ...
Денеска, 21.12.2025 година, во просториите на Единицата за интервентна полиција покрај редовните обврски, владееше вистинска новогодишна магија. Дечињата на членовите и припадниците на единицата кои беа на посета на работните места на нивните херои – мама и тато, без изненадени од Дедо мраз кој им подели на сите новогодишни пакетчиња. Дружбата беше голема радоста уште поголема. Дечињата имаа можност да се запознаат со работните обврски на ...
На 21.12.2025 година во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ј.С.(34) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед кај Ј.С. пронајден е кокаин. По целосно документирање на случајот против Ј.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ...

