Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до Собрание. Од Владата истакнуваат дека со ова започнуваат нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. -Фокусот на овој закон е ...
Таа посочи дека за првпат се воведуваат строги ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа, се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа, се забрануваат пораки кои коцкањето го претставуваат како пат до финансиски успех, подобар живот или решение за лични и социјални проблеми. Дополнително, појасни, се забранува рекламирање преку познати личности и ...
Владата целосно стои зад Предлог – законот за игри на среќа со кои се воведуваат бројни ограничувања, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски кој најави дека следен чекор ќе биде регулирањето на давањето брзи кредити. „Некако крај тие казина како по правило се отвораат канцеларии каде што се даваат брзи кредити, следно на што ќе работиме ќе биде и тоа, но не би сакал да давам повеќе детали“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања ...
Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се предвидуваат построги ограничувања за коцкарската индустрија, поголема заштита на младите и засилена борба против нелегалното коцкање. Со законот ќе се воведат строги правила за рекламирање на игрите на среќа. Ќе биде забрането рекламирање што ги поттикнува граѓаните да учествуваат во коцкање, како и реклами што коцкањето го прикажуваат ...
Најмалку 500 метри подалеку од училиштата ќе мора да бидат казината, автомат клубовите и објектите со електронски игри на среќа, предвидува новиот Предлог-закон за игрите на среќа. Владата најавува засилена борба против агресивното рекламирање и нелегалното коцкање. Се забрануваат реклами што игрите на среќа ги претставуваат како пат до брзи пари, успех и подобар живот. Паралелно, институциите веќе затвориле 358 нелегални онлајн платформи што ...
Казината 500 метри подалеку од училиштата, обложувалниците остануваат, но без реклами. Владата го утврди новиот текст на предлог-законот за игрите на среќа, со кој најавува построги правила за рекламирањето и ограничување на изложеноста на младите на коцкање. Според новите правила, ќе се забрани рекламирање кое ги поттикнува граѓаните да играат игри на среќа или коцкањето го претставува како пат до успех и подобар живот, но и во нив да се ...

