Раул Кастро, поранешниот кубански претседател, се појави во јавноста за првпат откако САД го обвинија за неговата наводна улога во соборувањето на два цивилни авиони во 1966 година, покажуваат две официјални видеа објавени денеска. Прославата на 95-тиот роденден на Кастро со високи функционери и воени лидери доцна синоќа во Министерството за внатрешни работи во Хавана беше можност за социјалистичката влада на Куба да ги збие редовите и да ...

Морничави сцени се снимени во турската престолнина Анкара. Таткото М.Д. по расправија со сопругата, ја зграпчил својата тригодишна ќерка, која ја држел како заложник под закана со нож, на прозорецот од станот и се заканил дека ќе ја фрли. Припадници на специјалната полициска единица го неутрализирале осомничениот пукајќи во него. Инцидентот се случил во станбена зграда во населбата Пијаде. објави Хаберлер која го објави и видеото. По пријава ...

Украинската армија соопшти дека оператори на дронови од Третиот полк за специјални операции воспоставиле воздушна контрола над дел од рускиот копнен коридор за снабдување што води кон окупираниот Крим. Според украинската војска, дроновите сега можат да дејствуваат врз руска воена техника и логистички цели долж рутата Мелитопол – Чонгар во јужна Украина, која претставува една од клучните врски со полуостровот што Русија го анектираше во 2014 ...

Откако рускиот претседател Владимир Путин официјално го отфрли отвореното писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое се повикува на итни директни мировни преговори, одговорот на Киев дојде во форма на остра дипломатска порака, како и масовни воени напади длабоко на руска територија. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха реагираше на одлуката на Кремљ во директна порака на социјалната мрежа X, предупредувајќи ...

„Гласањето мора да биде мирно, слободно, фер и инклузивно“, порачаа од Канцеларијата на ЕУ, нагласувајќи дека институционалната консолидација е од суштинско значење Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Косово денеска ги повика сите политички субјекти и нивните претставници во изборните тела да обезбедат мирен, слободен, фер и инклузивен гласачки процес на утрешните предвремени парламентарни избори во земјата. „Гласањето мора да биде ...

Според наводите, дел од воените единици биле распоредени во јужен Азербејџан, во близина на границата со Иран. Си-ен-ен тврди дека на таа локација биле присутни припадници на израелските специјални сили, разузнавачки оперативци и други воени структури, кои наводно учествувале во следење и планирање операции против Иран. Сепак, веднаш по објавувањето на овие информации следел остар демант од властите во Баку, пренесен од агенцијата Анадолу. ...

Иранското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека САД „не само што немаат волја да ги намалат тензиите и да се вратат на патот на стабилноста, туку со своите авантуристички потези сериозно ја загрозуваат безбедноста на регионот“. Министерството го осуди американскиот напад врз крајбрежните радарски и надзорни објекти во регионот Сирик и на островот Кешм, наведувајќи дека со ова се крши прекинот на огнот, објави новинската ...

Бернадет Ширак, сопруга на поранешниот француски претседател Жак Ширак и поранешна прва дама на Франција, почина на 93-годишна возраст, објави денес францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон рече дека тој и неговата сопруга Брижит ја примиле веста за нејзината смрт со голема тага и оцениле дека Бернадет Ширак ја одбележала француската историја и ги променила животите на милиони луѓе преку хуманитарна работа. „Замина една голема дама“, ...

Во денешните израелските воздушни напади врз јужен Либан загинаа девет лица, вклучувајќи тројца припадници на либанската војска, соопштија либанската армија и државните медиуми, неколку дена откако двете страни постигнаа нов договор за прекин на огнот, пишува Асошиетед Прес. Во воздушен напад врз возило на патот што ги поврзува градот Набатија со градот Марџајун загинаа бригаден генерал, капетан и уште еден војник, соопшти армијата, без ...

„Можеме да се обединиме околу кауза и да бидеме солидарни“, изјави претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, пред отворањето на хуманитарниот „Натпревар на надежта“ на стадионот „Лазур“ во Бургас, јавува БТА. Иницијативата на поранешниот капитен на бугарската фудбалска репрезентација, Стилијан Петров, ги обединува на еден терен тимот на Бугарија и тимот на Светските ѕвезди во поддршка на различни хуманитарни каузи. Дел од средствата ...

Тензиите меѓу САД и Иран повторно се зголемија по нови напади во регионот на Персискиот залив и Ормускиот теснец. Американските сили собориле четири ирански беспилотни летала, за кои било оценето дека претставуваат непосредна закана за поморскиот сообраќај. По пресретнувањето на дроновите, САД извршиле напади врз ирански крајбрежни радарски позиции на југот од земјата. Иран, според американската Централна команда, возвратил со лансирање седум ...

Три лица загинаа денеска, а две се повредени во експлозија која најверојатно е предизвикана од истекување на гас, по што се урна зграда во градот Порто Сант’Елпидио во близина на италијанскиот град Анкона, објави Анса. #Fermo, esplosione e crollo Porto Sant’Elpidio: concluse le operazioni di recupero del della donna, ultima dispersa. Tragico il bilancio definitivo dell’evento con tre persone decedute, di cui una successivamente in ospedale, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно на својата социјална мрежа Truth Social објави видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека песна чиј текст го уверува дека „сите го сакаат“ го следи во позадина. Видеото со вештачка интелигенција се состои од монтажа на снимки на кои Трамп, меѓу другото, скока со падобран и јава лав, додека глас во позадина ритмички скандира: „Трамп, ...

Папата Лав 14 утрово слета во Мадрид и ќе биде во шестдневна посета на Шпанија, ќе држи миса на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а за време на летот додека беше опкружен со шпански новинари, го прашаа дали навива за Реал Мадрид или Барселона. Одговорот На поглаварот на Римокатоличката црква, чие вистинско име е Роберт Превост беше интересен... Папата Лав 14 утрово слета во Мадрид и ќе биде во шестдневна посета на Шпанија, ќе држи миса на ...

Европа се соочува со „инвазија“ на опасни идеологии што ги носи имиграцијата – изјави денеска во Франција министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, по повод годишнината од „Денот Д“, истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија во 1944 година, што го забрза поразот на нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна во Европа. Тој ги повтори критиките на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа е ...

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, го ограничи протокот на работници мигранти од земји кои не се членки на ЕУ со владина уредба објавена во саботата, исполнувајќи го ветувањето дадено на гласачите во изборната кампања. Околу 90.000 луѓе од земји кои не се членки на ЕУ работат во Унгарија, што претставува околу два проценти од работната сила, објавува ХИНА. Повеќето од нив се вработени во индустријата за батерии и автомобилската ...

Сојузот на тракиските друштва и Тракискиот научен институт доставија предлог до Светиот синод за канонизација на над 200 деца на тракиски бежанци, убиени во 1913 година, јавува БНР. Ова беше објавено на Националниот младински тракиски собир „Илиева нива“ кај Ивајловград, посветен на Денот на тракиското дете, кога се оддава почит на жртвите. На настанот присуствуваше и претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која изрази надеж дека ...

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони евра во областа околу градот Торино, како и големо количество оружје. Дрогата и оружјето се запленети во две одделни операции започната во зора на 28 мај, меѓу Босконеро и Торино, а во акцијата, исто така, се уапсени две лица, пренесе „Торино тудеј“. Оваа масовна заплена е кулминацијана голема операција против дрога и нелегално тргување со оружје која во областа на Торино ја спроведоа ...

Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска помош од 70 милијарди евра за Украина, изјавија за Политико четири неименувани дипломатски извори, наведувајќи дека одлуката треба да биде објавена следниот месец за време на самитот на НАТО во Анкара. Изворите велат дека предлогот што го иницираше Германија минатиот месец вклучува нов механизам за зголемување на транспарентноста околу финансирањето на Украина, потсетувајќи дека некои земји ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека нивото на јавниот долг на земјата е 16,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП), што е значително пониско отколку во Еврозоната. Зборувајќи на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), тој нагласи дека руската економија, и покрај забавувањето на растот, ја одржува макроекономската стабилност и треба да се врати на поодржливи стапки на економски ...

Од офицер во кавалеријата до најуспешен борбен пилот во Првата светска војна. Приказната за барон Манфред фон Рихтхофен продолжува да ги привлекува не само историчарите и воздухопловците, туку и сите оние кои бараат примери за доблест, чест и човечко достоинство дури и среде ужасите на војната, пишува БГНЕС. Постојат личности кои го надживуваат своето време и стануваат симбол. Таков е Манфред фон Рихтхофен – легендарниот Црвен барон, чие име ...

Растечката енергетска и кризата во глобалните синџири во снабдувањето најверојатно нема да се ублажи дури ни ако САД и Иран се повлечат од работ на ескалација. Експертите предупредуваат дека повторното отворање на Ормускиот Теснец и обновата на инфраструктурата може да траат со месеци, па дури и години. Додека иранската војна утре (недела) се приближува до 100-тиот ден, се наметнува утешна, но погрешна претпоставка. Многу носители на ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, го повика либанскиот претседател Џозеф Аун, кој претходниот ден го повика Техеран да престане да се „меша“ во внатрешните работи на неговата земја, да го „спаси“ Либан од „вистинскиот непријател“, Израел. „Слушајќи ги изјавите на Аун , некој би помислил дека Иран е тој што окупирал една петтина од Либан, раселил една четвртина од либанското население и секојдневно ја бомбардира ...

Нето заработката на работниците значително варира низ цела Европа, при што годишната нето заработка се движи од помалку од 13.000 евра до повеќе од 54.000 евра. Иако разликите помеѓу Источна и Западна Европа се намалуваат кога се земат предвид трошоците за живот, тие сепак остануваат значајни. Според најновите податоци на Евростат, работник кој прима просечна плата во Луксембург носи дома повеќе од четири пати повеќе пари од работник во ...

Еден аргумент што често се користи за смирување на загриженоста за зголемената побарувачка за енергија и ресурси од центрите за податоци е дека моделите на вештачка интелигенција (ВИ) ќе имаат потреба од помалку во иднина како што се подобруваат и стануваат поефикасни. Но, ова навидум логично размислување е стапица, според новиот извештај на Обединетите нации што ги квантификува еколошките трошоци на ВИ. Извештајот проценува дека до 2030 ...

Мета официјално ја лансираше претплатата за Инстаграм Плус глобално, и за прв пат некои корисни функции повеќе не се достапни за сите. Претплатата чини 3,99 долари месечно, а глобалното воведување започна на 4 јуни. Во исто време, Facebook Plus беше воведен по иста цена, како и WhatsApp Plus, кој чини 2,99 долари месечно. Што нуди Инстаграм Плус? Повеќето од новите функции се фокусирани на објавите во Story. Една од главните новини е Story ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, ја поддржа идејата за поедноставување на правилата за прием на нови членки во Европската Унија, велејќи дека блокот мора да го забрза процесот на проширување за да им покаже на своите партнери од Западен Балкан дека е сериозен во врска со претворањето на нивните европски амбиции во реалност. Во ексклузивно интервју за „Еуроњуз“ од црногорскиот град Тиват, каде што се собраа лидерите на ЕУ и ...

Две лица се повредени во пожар што избувна утрово на градилиште во виенскиот кварт Фаворитен, откако се обиделе да го изгаснат пожарот со градинарско црево, објавува „Хојте“. Пожарот избувнал околу 10 часот наутро кога, од засега непознати причини, се запалил градежен изолациски материјал. Поради специфичната природа на материјалот што горел, огромен столб од густ црн чад се издигнал над овој дел од Виена, кој бил видлив од неколку делови од ...

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Ова за руски медиуми го изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател. „Да, се сретнаа, тоа беше добар разговор“, рече тој. На прашањето дали разговарале за можните перспективи за преговори меѓу Русија и Европската Унија, тој одговори дека не знае бидејќи разговорот бил приватен. „Разговорот беше пријателски, одржан во тет-а-тет формат. ...

Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. Во соседна Уганда се пријавени ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
4.17
44%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
0.89
73%
1016
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.04
76%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.53
70%
1012
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.25
74%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.43
86%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.6
62%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.08
58%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
39%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.24
54%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
48%
1013
Currency

61.645

Currency

53.1136

Currency

71.3447

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Цинк

0.00

Паладиум

42535.44

Рутениум

48965.59

Платина

57324.78

Сребро

2269.46

Алуминиум

3.46

Кобалт

45.39

Злато

139690.59

Иридиум

253540.09

Бакар

13.10

Родиум

257205.97