Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Од мала гледала во камионите и си велела дека еден ден и таа ќе седне зад воланот. На 21 година, собрала храброст и тргнала по европските патишта, иако имало кој да ѝ каже дека тоа не е работа за жена. Денес, по четири години, сама тера илјадници километри, се снаоѓа со граници, паркинзи, товар и секакви маки по патот. Вели дека не ѝ било секогаш лесно, ама кога нешто го сакаш, нема назад. А на оние што сè уште мислат дека камионот е машка ...
Весникот ВЕЧЕР е еден од трите медиуми, кој заедно со „Нова Македонија“ и „Плусинфо“ добија благодарници на свеченоста по повод Денот на рударите, посветен на сите професионалци кои со својот труд, знаење и храброст, придонесуваат во развојот на македонската економија. Честа беше дотолку поголема што ВЕЧЕР беше рамо до рамо со истакнатите работници кои работат во македонските рудници. Благодарницата е за континуираното следење и ...
Во тек е пријавувањето за првата програма во рамки на платформата „Diamond Mall – Центар за економско зајакнување на жените“. Оваа иницијатива, која компанијата ја реализира по повод својот трет роденден, ќе им понуди на избраните учеснички сеопфатна поддршка во стекнувањето нови знаења и практични вештини, преку менторство и психолошка и правна помош, како и конкретни насоки за развој на нивните професионални и претприемачки идеи. ...
И покрај редовните покачувања на пензиите предвидени со закон, примањата на дури третина од пензионерите во Македонија се скромни и затоа државата треба да најде начин да им помогне на тие со најниски пензии, сметаат од Сојузот на здруженија на пензионери. Податоците покажуваат дека околу 93.000 од вкупно 253.000 пензионери земаат помалку од 24.000 денари, а просечната пензија во јуни изнесува 28.103 денари. „Значајно за пензионерите, особено ...
Дежурните светски економски „синоптичари“ предвидуваат скорашна „совршена инфлаторна бура“ Ивица Маринковиќ, дипломиран земјоделски инженер Светската економија влегува во опасна фаза во која проблемот веќе не е само колку чини храната туку и дали светот може по истата цена и со истата сигурност да ја произведе. Пченицата на удар од три страни Пченицата, најважната глобална прехранбена стока, е меѓу првите што го чувствуваат ударот. Три кризи ...
Ново намалување на стапката на невработеност. Најновите податоци на Државниот завод за статистика велат дека во Македонија невработеноста е на ниво од 11,3 проценти. Во апсолутни бројки, во земјава има 90.020 невртаботени лица. Чудно е тоа што и покрај тоа што има огромна побарувачка на пазарот на труд, не се забележува позначителна невработеност во државата. Најновиот извештај на државните статистичари покажува дека бројот на активното ...
Земјоделците се бесни од откупните цени на ајварката. Тие организираат протести, а на социјалните мрежи врие од коментари што главно се сведуваат на реченицата што еден земјоделец ја напиша: „Принудени сме да се откажеме од садење, троа по троа од земјоделството нема ништо да остане“. Земјоделците велат дека ајварката ја продаваат по цена од 20 денари за килограм, а дека нивната производствена цена чини 29 денари. На зелените пазари, ајварка ...
Канада во вторник објави одмазднички тарифи против Соединетите Американски Држави, кои се изедначуваат со тарифите од 50% што претседателот Доналд Трамп ги воведе за време на викендот по прекинот на трговските разговори. Новите тарифи на Отава опфаќаат повеќе од 700 американски производи и вредат околу 20 милијарди долари, што ја одразува големината на најновите увозни даноци на Трамп за канадско вино, цемент, стапови за хокеј и друго. ...
Цената на квадратот расте, нови згради никнуваат низ Скопје, а впечатокот на многумина е дека недвижностите станаа еден од најпрофитабилните бизниси во Македонија. Но, дали навистина сите што работат со недвижности заработуваат огромни пари? Новите податоци покажуваат интересна слика. Во 2025 година, 810 компании од дејноста со недвижен имот оствариле вкупни приходи од околу 227,6 милиони евра или речиси четвртина милијарда евра. Но приход не ...
„Нема кој да работи“ е реченица која до пред неколку години најчесто се слушаше во угостителството и градежништвото, денес сè почесто ја повторуваат сопственици и менаџери на компании од различни индустрии. Но зад проблемот со недостигот на работници се крие една едноставна економска логика: кога понудата на одреден кадар се намалува, а побарувачката останува висока, неговата цена расте. А цената на трудот е платата. Дипломата повеќе не е ...
text size Ненадејниот план на американскиот министер за финансии Скот Бесент, со проширување на откупот на обврзници да ги намали трошоците за задолжување на САД, можеби првично предизвика жестока дебата за тоа колку на крајот ќе биде ефикасен, но клучните пазарни показатели и позиционирањето на инвеститорите покажуваат дека тој веќе има ефект. Од најавата на Бесент минатата недела, американските државни обврзници остварија подобри ...
Охрид, 26. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Винарија „Охрид“ има потреба од сезонски работници за преработка на грозје за престојната берба 2026 година. – За подетални информации обратете се во Винарија „Охрид“ или на телефонскиот број 046/279-225 или на е-маил адресата [email protected]. Дневницата изнесува 2.500 денари, информираат од винаријата. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 8 Охрид, 26. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Винарија ...
Македонските граѓани имаат огромна сума пари во домашните банки. Според последните податоци за монетарните движења, депозитите на домаќинствата надминаа 7,5 милијарди евра, што е значително повеќе од износот што граѓаните го должат преку кредити – околу 4,8 милијарди евра. Бројката покажува нешто интересно за финансиското однесување во Македонија. И покрај растот на цените во изминатите години, граѓаните кои располагаат со вишок средства и ...
Соединетите Американски Држави и Канада дополнително ги кренаа тензиите во трговскиот спор со размена на нови царини, но аналитичарите проценуваат дека сè уште постои можност за компромис. Канадскиот премиер Марк Карни во вторникот одговори на новите американски царини од 50 проценти за одредени канадски производи со воведување реципрочни мерки за околу 20 милијарди долари американски увоз, вклучувајќи челик, млечни производи, апарати за ...
Стратешкиот план на Собранието за 2027-2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и претставничката функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели-функционално, отворено, дигитално, безбедно собрание, парламентарна дипломатија и една новина е додавањето на интеграцијата во ЕУ и ефикасна служба, истакна ...
Почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце според премирот Христијан Мицкоски е историски зашто денеска таа станува реалност – почнува да се реализира иако, рече, повеќе од две децении проектот бил претставуван како„само што не почнал да се реализира“. Посочи дека овој проект бил меѓу приоритетите на Владата од нејзиното формирање пред 25 месеци. – Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите две земји, Република Косово и ...
И покрај последното поскапување, Македонија во моментов има најниски цени на бензинот и дизелот во споредба со соседните земји. Од 25 август, Еуросупер БС-95 во Македонија се продава по цена од 93 денари за литар, што е околу 1,51 евро. Дизелот чини 101,5 денари, односно приближно 1,65 евра за литар. Во Косово бензинот се продава по околу 1,53 евра, а дизелот по 1,79 евра. Слични се цените и во Бугарија, каде литар бензин чини околу 1,53 ...
text size Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата. Цените на европскиот гас се близу највисоките нивоа во последните пет месеци, а зимските договори чинат повеќе од двојно во споредба со пред една година. Приносите на 10-годишниот германски и британски долг достигнаа нивоа невидени со ...
Американските берзи во вторникот завршија со умерен раст, иако расположението на инвеститорите останува поделено меѓу оптимизмот околу технолошкиот сектор и сè поголемата загриженост за потрошувачката и трговските тензии. Индексот S&P 500 порасна за околу 0,2 проценти, Nasdaq Composite за 0,5 проценти, а Dow Jones Industrial Average додаде околу 91 поен, односно 0,2 проценти. Најголем импулс дојде од секторот на полупроводници. Акциите на ...
Глобалната транзиција кон производство на челик со пониски јаглеродни емисии ја зголемува вредноста на челичниот отпад, кој од класичен материјал за рециклирање сè повеќе се претвора во стратешка индустриска суровина. Се проценува дека глобалниот пазар за рециклирање метали ќе порасне од 301,84 милијарди долари во 2025 година на 585,94 милијарди долари до 2033 година. Ваквиот раст покажува дека рециклираните метали стануваат сè позначаен ...
Кога едно македонско семејство ќе седне со калкулатор пред летување, морето брзо паѓа во втор план. Прво се гледа цената на апартманот, потоа горивото или автобусот, ручекот, лежалките, кафето, сладоледите за децата… И на крај доаѓа главното прашање: Албанија или Црна Гора? И двете дестинации со години се меѓу изборите на македонските туристи, особено на оние што сакаат да стигнат до море со автомобил или автобус. Но, кога ќе се споредат ...
Последните години во Македонија сè почесто гледаме слики кои до неодамна ги доживувавме како нешто што им се случува на други места. Пожари кои за неколку часа зафаќаат огромни површини, силни ветрови кои корнат дрвја и покриви, град кој уништува автомобили и земјоделски насади, како и поројни дождови по кои водата влегува во подруми, гаражи и домови. И секогаш по ваков настан следува истото прашање – кој ќе ја плати штетата? За автомобилот ...
Летувањето трае седум или десет дена. Кредитот, многу подолго. Токму тука се крие замката за дел од македонските граѓани кои, наместо цела година да тргаат пари настрана за одмор, во последен момент посегнуваат по кредитна картичка, дозволен минус или потрошувачки кредит. Морето ќе помине, фотографиите ќе останат, но заедно со нив и ратата што секој месец ќе стигнува за наплата. Финансиските познавачи предупредуваат дека задолжувањето за ...
Компанијата Meta Platforms и државните обвинители расправаа за потенцијална спогодба среде судењето во рамките на тужбата која ја обвинува компанијата за намерно дизајнирање на Facebook и Instagram со цел да предизвикаат зависност кај младите корисници, објави во вторникот Bloomberg News, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Извештајот е објавен за време на судењето пред Сојузниот суд во Калифорнија по тужбите поднесени од 29 ...
Добивај вести на Viber Доколку планирате патување во Европа овој септември, а сакате да патувате што е можно поевтино, меѓу најповолните опции се градовите во Албанија, Романија, Турција и Полска. Според анализата објавена од Euronews, која се базира на податоци од туристичката агенција Thomas Cook, може да се посетат дури 13 европски градови со просечна дневна цена од 59 до 100 евра по лице, пренесува Женски магазин. Земени се предвид ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од почетокот на своето работење во Црна Гора инвестирала повеќе од 1,1 милијарда евра, а вредноста на нејзиното актуелно портфолио во земјата изнесува 533 милиони евра. ЕБОР е присутна во Црна Гора од 3 јуни 2006 година и оттогаш финансирала вкупно 114 проекти, преку кои биле ангажирани 1,107 милијарди евра. Од нив, 58 проекти сè уште се активни, додека вкупните исплати и издадените гаранции од ...
Македонските банки и натаму одржуваат ниско ниво на нефункционални кредити, но податоците за првата половина од 2026 година покажуваат дека состојбата не е иста кај сите. Додека кај дел од банките проблематичните кредитни изложености се намалуваат, кај други е забележан раст. Анализата на официјалните полугодишни извештаи на НЛБ Банка, Стопанска банка, Шпаркасе Банка и ТТК Банка покажува дека стапката на нефункционални кредити кај сите четири ...
text size Акциите пораснаа бидејќи азиските производители на полупроводници напредуваа во пресрет на резултатите на „Енвидија“ (Nvidia Corp.), при што трговците ги очекуваат резултатите на водечкиот производител на чипови како следен поттик за тргувањето поврзано со вештачката интелигенција. Нафтата го продолжи својот пад. Индексот на азиско-пацифичките акции на MSCI се зголеми за 0,9 отсто, при што „Самсунг“ (Samsung Electronics Co.) и „СК ...
Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“. Во рамките на настанот, ...
text size Претседателот на Федералните резерви на Ричмонд, Том Баркин, изјави дека на крајот ќе дојде до „соочување со реалноста“ ако американскиот долг продолжи да расте, но дека е тешко да се предвиди кога би можело тоа да се случи. Баркин, кој беше прашан за вкупниот американски јавен долг што надмина 40 билиони долари, рече дека владата може да продолжи да се задолжува сè додека јавноста продолжува да го купува тој долг. Но, додаде тој, ...