Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите на ајварска пиперка за текот на откупот и за забелешките што ги имаат во однос на пласманот на произведените количини. На средбата беа разгледани состојбите на откупните пунктови, примената на договорените цени и почитувањето на утврдената класификација. „Овде луѓето реално се загрижени за пласманот на своите ...
text size Првиот голем говор на Кевин Ворш како претседател на Федералните резерви неочекувано се претвори во тест за неговиот поограничен пристап кон јавната комуникација. Предизвикот за Ворш е да одговори на критиките дека не ги изнесува доволно отворено своите ставови за економијата, без да отстапи од решеноста да не им сервира на инвеститорите сигнали за идните потези на монетарната политика. Годишниот собир на централната банка во ...
Швајцарската народна банка е подготвена повторно да ја намали клучната каматна стапка под нулата доколку тоа биде потребно за инфлацијата на среден рок да остане во целниот опсег од нула до два проценти. Членката на раководството на централната банка, Петра Чудин, за весникот „Finanz und Wirtschaft“ изјави дека негативните каматни стапки остануваат една од можните алатки на монетарната политика. „Ако биде неопходно каматните стапки да ги ...
Финансиски податоци за достасани, а неплатени фактури од страна на јавниот сектор, заклучно со јуни, откриваат загрижувачка слика за фискалната дисциплина во земјава. Министерства, општини, државни и јавни претпријатија примиле фактури, чиј рок на плаќање веќе истекол, во износ од 42,7 милијарди денари, или околу 693 милиони евра, покажува Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски (ЕСПЕО), што го води Министерството за ...
Во современото деловно работење, податоците се еден од највредните ресурси на секоја компанија. Без разлика дали станува збор за сметководствени документи, бази на клиенти, деловни апликации или заеднички датотеки за вработените, потребно е тие да бидат безбедно складирани и лесно достапни. Токму затоа, сè повеќе компании се одлучуваат за набавка на сопствен сервер. Lenovo ThinkServer Tower серијата нуди сигурно и практично решение за мали и ...
Кина најави дека ќе ги заштити своите интереси откако Соединетите Држави објавија планови за проширување на економските санкции против Иран и неговите трговски партнери, меѓу кои е и Пекинг. Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека САД ќе го засилат притисокот врз иранските извори на приходи, пишува Би-би-си. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека Кина остро се противи на, како што ...
text size Министерството за финансии на Јапонија ќе побара рекордни 36,6 билиони јени (230 милијарди долари) за трошоци поврзани со сервисирање на државниот долг во својот првичен буџетски предлог за следната фискална година, според документи до кои дојде „Блумберг“. Ова претставува значително зголемување што го нагласува сè поголемиот товар од повисоките каматни стапки. Од вкупната сума, околу 16,6 билиони јени ќе бидат наменети за исплата ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се движи кон воведување нови царини од 7,5 отсто за Кина, со кои втората најголема светска економија би се „казнила поради преплавување на глобалниот пазар со евтина стока“, наведуваат три лица запознаени со ситуацијата. Според наводите на два извора, станува збор за мерка за која администрацијата проценува дека не би го загрозила едногодишното трговско примирје меѓу Вашингтон и Пекинг, ниту планираната ...
„Нетфликс“ наскоро би можел да повлече потег што оди во сосема спротивна насока од она што го правеше досега. Како што пренесува „NYT“, Нетфликс ја разгледува можноста на својата платформа да понуди филмови и серии од други стриминг-сервиси. Компанијата наводно веќе преговара со сервиси како што се „Пикок“ и „Фокс Ван“ за можното доаѓање на нивните содржини на Нетфликс, пренесува „Android Headlines“. Од нашата мрежа Како изгледа глобалната ...
Комерцијална банка АД Скопје и годинава е горд спонзор на Скопскиот маратон, а на патеката ќе настапи и со свој штафетен тим составен од вработени во Банката. Во пресрет на маратонот, кој ќе се одржи на 4 октомври, Комерцијална банка започнува серијал објави преку кои ќе ги претстави своите тркачи и тимскиот дух што стои зад нивниот настап. Први претставени членови на тимот се Бојан, Ања, Филип и Бранислава, кои заедно ќе настапат како дел од ...
Добивај вести на Viber Секојдневното плаќање станува сѐ повозбудливо! Сосамо 10 безготовински трансакции со Mastercard картичките од УНИБанкавлегувате во игра за една од 15-те награди од по100.000 денари. Што ако плаќањето сметки, купувањето намирници или онлајн шопингот ви донесат и убаво изненадување?УНИБанка ја започнува наградната игра „Плаќај и влези во игра“, во која корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички издадени од ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека кризата во Заливот ќе потрае, а со тоа и состојбата на пазарот на нафтени деривати, чија цена изминатите неколку недели е повторно во пораст, а согласно одлуката на РКЕ од понеделникот дизелот чини 101,5 денари за литар, а бензинот 95 денари за литар, што е нивна највисока цена уште од октомври, односно ноември 2022 година. Мицкоски, сепак, денеска не кажа конкретно дали Валдата планира да ја намали ...
Сценариото им е добро познато на речиси сите што пазаруваат. Влегувате во маркет по леб, млеко и уште две-три работи што недостигаат дома. Не земате количка, затоа што „нема што многу да се купува“. Десетина минути подоцна стоите на каса со полна корпа, а на дисплејот се појавува сума од 800, 1.000 или повеќе денари. И тогаш си го поставуваме истото прашање – што всушност купив? Не станува збор само за чувство дека животот поскапел. ...
Станот е купен, кредитот можеби одамна е отплатен, а во него никој не живее. На прв поглед, логиката е едноставна – ако нема станари, нема ни трошоци. Но сопствениците на празни станови добро знаат дека недвижноста не престанува да троши пари само затоа што клучот стои во фиока. Сметките продолжуваат да пристигнуваат, зградата мора да се одржува, данокот на имот не исчезнува, а одвреме-навреме се појавува и некоја поправка. Кога сето тоа ќе ...
Сметките за струја и греење секоја зима ја отвораат истата дилема: има ли начин еднаш да се плати поскапо, а потоа со години да се троши помалку? Кај соларната енергија токму тоа е главната сметка. Почетната инвестиција не е мала, но сонцето потоа не испраќа фактура. Соларните системи одамна не се само некаква зелена идеја за ентузијасти. Сè повеќе домаќинства и компании ги гледаат како начин да ја намалат зависноста од цената на струјата, ...
За голем дел од македонските семејства автомобилот одамна не е луксуз. Со него се оди на работа, се носат децата на училиште, се пазари, се патува за викенд и се оди на одмор. Но, кога Македонците пресметуваат колку ги чини автомобилот, најчесто ја гледаат само една ставка – горивото. А токму тоа може да биде најголемата заблуда. Автомобилот троши пари и кога стои паркиран пред зграда. Регистрација, осигурување, сервис, гуми, акумулатор, ...
Македонија се наоѓа на стратешка позиција и на невидливо бојно поле, на кое се пресекуваат геостратешките интереси – оценува премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за „Брајтбарт њуз“. Според него, особено значење имаат транспортните коридори 8 и 10, кои ја поврзуваат Југоисточна Европа со поширокиот европски пазар. Посочи дека Коридорот 8, кој ги поврзува Јадранското и Јонското Море со Црното Море, би можел да добие дополнително значење ...
text size Градежната компанија „Гранит“ и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) го потпишаа договорот за изградба на автопатот Скопје - Блаце (Косово). Договорот се состои од два дела. Првиот дел се однесува на изградбата, а вториот на одржување на автопатот во рок од 5 години. „Вкупна вредност на договорот изнесува 13.622.686.664 денари со рок на изведба 1460 дена од датум на воведување во работа“, соопшти компанијата. Прочитај ...
Комерцијална банка АД Скопје го промовира онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID, достапен во износ до 2.600.000 денари. Клиентите можат да аплицираат целосно онлајн, од кое било место, со неколку клика, а одговорот за апликацијата се добива веднаш. По одобрувањето, средствата се префрлаат директно на сметката. За аплицирање, одобрување и меница нема дополнителни трошоци. Кредитот е со фиксна каматна стапка во првите три години и е наменет ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...
Македонија ризикува да остане на маргините на глобалната трка по критични минерали, предупредуваат експерти, во период кога овие суровини стануваат сè поважни за светската индустрија и економија. Во земјава во моментов функционираат четири рудници за метални суровини, но само еден од нив произведува критичен и стратешки минерал – „Бучим-Боров дол“, каде се експлоатира бакарна руда. Состојбата е слична и кај новите инвестиции. Во моментов ...
Банките во Косово оствариле нето-добивка од 113,8 милиони евра во првите седум месеци од 2026 година, покажуваат податоците на Централната банка на Косово. Во истиот период минатата година, нето-добивката на банкарскиот сектор изнесувала 103,9 милиони евра, што значи дека годинава е зголемена за 9,9 милиони евра. Податоците за јули се дел од најновите статистики на Централната банка на Косово. Според објавените информации, банкарскиот сектор ...
text size Германската економија во вториот квартал порасна побрзо од првично проценетото, а водечкиот показател за деловните изгледи го достигна највисокото ниво од пред војната во Иран, што е уште еден доказ дека долгоочекуваното закрепнување е во тек. Германија го бележи долгоочекуваното економско закрепнување „Германската економија закрепнува“, рече претседателот на „Ифо“, Клеменс Фист, во соопштение. „Компаниите беа позадоволни од ...
Добивај вести на Viber Додека најголемиот дел од земјата се буди, во рударските средини смената веќе започнува. Во Македонска Каменица, Пробиштип, Злетово, Крива Паланка, Радовиш, Прилеп и во Пелагонија, илјадници луѓе секојдневно влегуваат во производствените погони, управуваат со тешка механизација, ги следат подземните работи, ја анализираат рудата и се грижат сложениот систем да функционира безбедно. Нивната работа најчесто не се гледа ...
Во ексклузивно интервју за Брајтбарт, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека членството на Македонија во Европската Унија е безбедносно прашање за регионот и целиот НАТО блок. Мицкоски рече дека по соработката со САД, вториот голем стратешки приоритет на Северна Македонија е членството во Европската Унија. Тој потсети дека земјата го започнала својот европски пат пред повеќе од две децении. Во 2000 година бил потпишан Договорот за ...
СТРУМИЦА – Струмичките земјоделеци за денеска во 11 часот најавија блокада на подрачната канцеларија на Министерерсвото за земјоделство незадоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“, но од МВР добиле насоки дека ќе ги проверуваат и казнуваат нерегистрираните трактори и приколки. Оваа информација јавно ја сподели организаторот „Месно здружение на млади Муртино“ пишувајќи дека има новитет во однос на претходните блокади на крстосниците ...
Добивај вести на Viber Септември е месец на нови почетоци, бројни предизвици, а за многумина и старт на најтурбулентниот период од годината. Летните одмори завршуваат, почнува учебната година, работните обврски се интензивираат. Септември вообичаено со себе носи и поголем број финансиски обврски кои дополнително го оптоваруваат семејниот буџет. Особено што следува веднаш по летните одмори и патувања кои можат значително да ги испразнат ...
Граѓаните на Европската Унија кои патуваат во рамките на ЕУ повеќе не се сеќаваат што значи „роаминг“ и колку скап може да биде. Сега, таа привилиегија може да ја имаат повеќе земји, меѓу кои и Македонија. Европската Унија објави дека предложила отворање преговори за проширување на „европскиот роаминг“ на уште шест земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Ова би значело дека жителите на овие земји и ...
Банкарските депозити влегуваат во нова фаза на дигитализација, откако беше објавено успешното завршување на интероперабилноста на депозитите токенизирани од банка до банка. Банкарските гиганти „Standard Chartered“ и „HSBC“ ја реализираа првата прекугранична трансакција во живо со токенизирани депозити преку блокчејн-регистарот на Swift, што претставува значаен чекор кон побрзи и поефикасни меѓународни плаќања. Ова значајно достигнување во ...
На прв поглед, сметката изгледа примамливо. Вода, слад, хмељ и квасец се претвораат во пиво кое на полица или во локал може да се продава значително поскапо од индустриското. Токму тука многумина ја гледаат шансата за бизнис. Но кај крафт пивото разликата меѓу добра идеја и профитабилна пиварница најчесто не се прави во казанот, туку во продажбата. Производството почнува со опрема. Казани, ферментатори, систем за ладење, пумпи, садови, опрема ...