Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Компанијата Meta Platforms и државните обвинители расправаа за потенцијална спогодба среде судењето во рамките на тужбата која ја обвинува компанијата за намерно дизајнирање на Facebook и Instagram со цел да предизвикаат зависност кај младите корисници, објави во вторникот Bloomberg News, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Извештајот е објавен за време на судењето пред Сојузниот суд во Калифорнија по тужбите поднесени од 29 ...
Добивај вести на Viber Доколку планирате патување во Европа овој септември, а сакате да патувате што е можно поевтино, меѓу најповолните опции се градовите во Албанија, Романија, Турција и Полска. Според анализата објавена од Euronews, која се базира на податоци од туристичката агенција Thomas Cook, може да се посетат дури 13 европски градови со просечна дневна цена од 59 до 100 евра по лице, пренесува Женски магазин. Земени се предвид ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од почетокот на своето работење во Црна Гора инвестирала повеќе од 1,1 милијарда евра, а вредноста на нејзиното актуелно портфолио во земјата изнесува 533 милиони евра. ЕБОР е присутна во Црна Гора од 3 јуни 2006 година и оттогаш финансирала вкупно 114 проекти, преку кои биле ангажирани 1,107 милијарди евра. Од нив, 58 проекти сè уште се активни, додека вкупните исплати и издадените гаранции од ...
Македонските банки и натаму одржуваат ниско ниво на нефункционални кредити, но податоците за првата половина од 2026 година покажуваат дека состојбата не е иста кај сите. Додека кај дел од банките проблематичните кредитни изложености се намалуваат, кај други е забележан раст. Анализата на официјалните полугодишни извештаи на НЛБ Банка, Стопанска банка, Шпаркасе Банка и ТТК Банка покажува дека стапката на нефункционални кредити кај сите четири ...
text size Акциите пораснаа бидејќи азиските производители на полупроводници напредуваа во пресрет на резултатите на „Енвидија“ (Nvidia Corp.), при што трговците ги очекуваат резултатите на водечкиот производител на чипови како следен поттик за тргувањето поврзано со вештачката интелигенција. Нафтата го продолжи својот пад. Индексот на азиско-пацифичките акции на MSCI се зголеми за 0,9 отсто, при што „Самсунг“ (Samsung Electronics Co.) и „СК ...
Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“. Во рамките на настанот, ...
text size Претседателот на Федералните резерви на Ричмонд, Том Баркин, изјави дека на крајот ќе дојде до „соочување со реалноста“ ако американскиот долг продолжи да расте, но дека е тешко да се предвиди кога би можело тоа да се случи. Баркин, кој беше прашан за вкупниот американски јавен долг што надмина 40 билиони долари, рече дека владата може да продолжи да се задолжува сè додека јавноста продолжува да го купува тој долг. Но, додаде тој, ...
text size Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка, Изабел Шнабел, изјави дека каматните стапки мора дополнително да се зголемат, бидејќи долготрајниот конфликт на Блискиот Исток и изненадувачки силната економија на еврозоната претставуваат ризици за инфлацијата. Растот на потрошувачките цени веројатно ќе надмине за два процента „продолжен период“ поради високите трошоци за енергија, рече германската функционерка. ...
Бербата на сливи на прв поглед изгледа како едноставна сезонска работа. Доаѓаш наутро, береш, ја земаш дневницата и си одиш дома. На терен, сепак, приказната е малку поинаква. Сонце, прашина, постојано наведнување, носење гајби и темпо што не смее многу да падне. За тие што можат да издржат, заработката во неколку недели од сезоната воопшто не е за потценување. Во Македонија нема единствен ценовник колку треба да добие берач на сливи. Сумата ...
Добивај вести на Viber Агенцијата за вработување во објавениот извештај за работењето во 2025 објави дека има акумулирано вишоци на приходи од минатата и од претходните години од 77,2 милиони евра, а токму овие пари власта сака да ги искористи за да ја спаси ликвидноста на Пензискиот фонд, кој е се позависен од државниот буџет. Со измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување ќе се кратат парите за Агенцијата за ...
Добивај вести на Viber Европската автомобилска индустрија влегува во нова фаза. Од 29 ноември 2026 година, стандардот Euro 7 почнува да се применува на новите типови патнички автомобили и лесни комерцијални возила во Европската Унија. Промените нема да вклучуваат само она што излегува од издувните гасови. За прв пат, Euro 7 сериозно ги регулира честичките што се создаваат со сопирање и абење на гумите. Воведува барања за издржливост на ...
text size Македонските компании влегуваат во период на голема промена во начинот на кој ќе ги издаваат и примаат фактурите. Со предлог-законот за електронско фактурирање, којшто е објавен на Електронскиот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) државата предвидува воведување централен систем преку кој ќе се процесираат фактурите, којшто постепено ќе стане задолжителен практично за целата економија. Првиот важен датум е 1 октомври ...
text size Бакарот го продолжи растот, откако во вторникот затвори на рекордно високо ниво, бидејќи краткорочната понуда и натаму изгледа ограничена и покрај попуштањето на силниот притисок на пазарот од минатата недела. Металот годинава поскапе за околу 16 отсто на Лондонската берза за метали - ЛМЕ (LME), бидејќи трговците испраќаат огромни количества во САД, намалувајќи ги залихите на други места во време кога рудниците тешко успеваат да ...
text size Македонија речиси го достигна европското ниво во секојдневното користење интернет, но кога станува збор за негово користење за работа, анализа и создавање содржина, јазот со Европската Унија останува огромен. Податоците на Евростат за 2025 година покажуваат дека земјава има висока интернет-поврзаност, но значително послаби практични ИКТ вештини кај населението. Во Македонија 89,2 проценти од лицата на возраст од 16 до 74 години го ...
Германската економија испрати два охрабрувачки сигнали по повеќегодишната слабост: растот во второто тримесечје е ревидиран нагоре, а довербата на компаниите се искачи на највисоко ниво во последната година. За Македонија тоа е особено важно, бидејќи повеќе од една третина од домашниот извоз завршува на германскиот пазар. Германскиот БДП во второто тримесечје пораснал за 0,3 отсто, над првичната процена од 0,2 отсто. Главен двигател бил ...
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник, бидејќи обновените приливи во спот биткоин ETF и подобрениот апетит за ризик го продолжија неодамнешниот раст на криптовалутата. Водечката криптовалута последен пат скокна за повеќе од 2% на 80.501 долари. Најновото движење го продолжува остриот раст што започна минатата недела, кога биткоинот порасна за повеќе од 20% за три дена, што е негов најголем тридневен раст од 2023 година. Растот беше ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната бруто-произведена електрична енергија во јуни 2026 година изнесува 408 045 МWh, што претставува 91.3 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во јуни 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 446 814 МWh електрична енергија, 4.077 мил. нм3 природен гас, 264 691 тони јаглен и 102 557 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на ...
text size Додека глобалната економија се соочува со зголемени притисоци, директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, ги повика владите да се справат со растечките фискални предизвици, а централните банкари да останат посветени на намалување на инфлацијата. „Сите земји треба да се справат со своите фискални проблеми и да формулираат и презентираат веродостојни планови за да се осигурат дека нивниот долг и ...
Крај на познатите модели? Фолксваген се впушта во најголемата реорганизација во последните децении. Групацијата Фолксваген продолжува со својата голема деловна трансформација, а нов интерен документ открива како германскиот гигант планира да ги намали трошоците и да остане конкурентен во ерата на електрификација и зголемената кинеска конкуренција. Компанијата веќе објави дека ќе ја намали својата гама на модели за дури 50 проценти на долг ...
Добивај вести на Viber Платите во јавниот сектор кај северниот сосед се зголемуваат побрзо од платите во приватниот сектор. Просечната плата (бруто) во Србија пресметана за јуни 2026 година изнесувала 166.123 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 120.401 динари (околу 1.030 евра), објави денеска Републичкиот завод за статистика. Медијалната нето заработка изнесувала 94.281 динари, што значи дека 50 проценти ...
Ширењето на кинеските производители на автомобили на европскиот пазар е сè уште во рана фаза, а локалното производство веќе брзо расте. Во следната деценија во Европа би можеле годишно да се произведуваат дури 1,5 милиони возила од кинески брендови. Оваа година се очекува кинеските брендови како „BYD“, „Leapmotor“ и „Chery“ да произведат околу 90.000 вакви возила во Европа, било во нови фабрики или во постојни погони кои не биле доволно ...
Добивај вести на Viber Еден приватен угостител пријавил 171 милион динари, додека белградскиот пејач имал 142 милиони. Денес, кога се зборува за професии што носат највисоки заработки, ИТ експертите, менаџерите на големи компании, банкарите, претприемачите или лекарите специјалисти се меѓу првите. Сепак, пред повеќе од три децении сликата беше сосема поинаква, пишува Avaz.ba. Податоците за пријавените приходи во Југославија во тоа време за ...
Може ли код напишан во Скопје еден ден да му помогне на лекар во Виена? Може ли анализа на почвата направена во Штип да стане решение што ќе го користат земјоделци низ Европа? Одговорот е: да, а дел од тоа веќе се случува. Во новата епизода на „Што го врти светот?“, гостува Виктор Митевски, соосновач и извршен директор на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, кој по четврти пат се приклучува во разговор за темите што ја обликуваат ...
Во последните три децении светската автомобилска индустрија минува низ длабока трансформација. Тоа го покажуваат и податоците за производство на автомобили кои покажуваат колку драматично се променил распоредот на најголемите светски производители на автомобили за само 25 години. Пред 25 години Јапонија, САД и Германија беа трите најголеми производители на автомобили во светот. Кина од земја надвор од светската автомобилска елита, стигна до ...
Двете железнички претпријатија „МЖ-Транспорт“ и „МЖ-Инфраструктура“, здравствени установи и клиники, енергетскиот гигант АД ЕСМ, како и општините, се најголемите должници во државата. Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски (ЕСПЕО), што го води Министерството за финансии покажува дека вкупниот долг, заклучно со јуни достигнал 42,7 милијарди денари, или околу 693 милиони евра. Овој износ не само што ги парализира основните ...
Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Таа појаснува дека потребата ...
Нашата цел е гасификацијата да не остане само инфраструктурен проект, туку да создадеме услови природниот гас да стане реално достапен за што поголем број општини, институции и граѓани, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на работната средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје. За ова, како што напомена, е потребна координација меѓу државата, општините и НОМАГАС, но ...
Кус осврт кон една граѓанска дилема од областа на економијата Најголеми економии во светот во 2026 година се Кина и САД. Кина се рангира како најголема економија во светот според паритетот на куповната моќ (ПКМ), додека САД остануваат број еден според номиналниот БДП Темата за развојот на земјите и нивната економска моќ има голем одраз врз животниот стандард на граѓаните. Покрај мерењето на бруто-домашниот производ (БДП), како еден од ...
Европската Унија во второто тримесечје од 2026 година забележа трговски дефицит од 21,8 милијарди евра, што е прв минус по три години, покажаа податоците на Евростат објавени денеска. Според извештајот, Европската Унија од април до јуни од земјите надвор од Унијата увезла стока вредна 701,8 милијарди евра, додека извезла стока во вредност од 680 милијарди евра. За разлика од првиот квартал од 2026 година, кога трговскиот биланс беше во ...
„Фолксваген“ се соочува со уште едно преструктурирање, а извршниот директор на „VW Group“, Оливер Блуме, преку меморандум, во кој увид имаше Ројтерс, ги предупреди вработените дека „ситуацијата е повеќе од критична“ во време кога компанијата се подготвува за уште еден круг болни мерки за намалување на трошоците. Проблемот не е во тоа што германскиот автомобилски гигант мора да продаде повеќе автомобили. Неговата структура на трошоци го ...