На 20.07.2026 во 18:00 часот, на улицата „Иван Трпески“ во Кичево, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 26-годишната И.И. од Кичево, излетало од коловозот и удрило во бетонски столб. -Во несреќата, И.И. и сопатникот А.И.(20) од Кичево, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево. ...

Заталкан куршум оштетил паркирано патничко возило во Тетово, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јули, околу 00:50 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата „Караорман“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло на паркирано патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на А.А. (22) од тетовското село ...

Дваесет и тригодишен жител на тетовското село Мала Речица е лишен од слобода откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил без да поседува возачка дозвола. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 20 јули, околу 22:35 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Р. (23) од село Мала Речица. — реклама — — ...

На 21.07.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода М.Д.(45) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во 01:00 часот, по кратка расправија, физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга и 21-годишниот син, при што употребил остар предмет, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По целосно документирање на случајот, против М.Д. ќе бидат ...

Трагичен настан ја потресе соседна Србија откако четиригодишно момче се удави во аквапаркот „Југово“ во Смедерево. Според информациите од очевидци кои се наоѓале на лице место, екипата на Итната медицинска помош пристигнала со голема брзина по добиениот повик, но за жал, исходот бил фатален. „Лекарот од Итната помош го носеше детето во раце, сцената беше страшна за гледање“, изјави еден од очевидците за локалните медиуми. Медицинскиот тим ...

Полициски службеници од ОВР Делчево вчера околу 15:05 часот го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. -При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта, велат од МВР. Тој бил задржан во полициска ...

Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“. Станува збор за Ангел Самараков од Велес. Од Владата информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да ...

Наместо минута молк за Кочани, во Тетово се пееше за УЧК! Наместо минута молк и оддавање почит за 59-те жртви од Кочани меѓу кои и фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров навивачите на Шкендија направија голем скандал. Имено, на денешпниот натпревар од ПМФЛ Шкендија на свој терен ја пречека Брера. Навивачите на домаќините во минутата кога се оддаваше почит на Лазаров, не само што не навиваа, туку пееја и песна посветена на УЧК. Според спортската ...

На социјалните мрежи на својот фејсбук профил, Лена Мишева се огласи со апел за помош во кој вели: Сакам да дојде до знаење дека мојот син Александар си го жртвува животот и помага цела ноќ во трагедијата во дискотеката Пулс и не е добил никаква психичка помош, страда сам од последиците. Ако може некој да понуде помош на било каков начин пишете ми во порака“ вели оваа загрижена мајка. На социјалните мрежи на својот фејсбук профил, Лена ...

Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи за Пресс24. „РЦУК – Велес, не известува дека исчезнато лице во водите на река Вардар во с.Црвени Брегови-општина Неготино. Интервенираа ТППЕ Неготино со 7 пожарникари и екипа на ПС Неготино. Во 20.20 часот во близина на сепарацијата во Црвени Брегови во р.Вардар пронајдено е безживотно тело и истото е предадено на обдукција“, велат ...

Сериозен случај на сквернавење на гробови се случи вечерва на гробиштата Мокролушка, кога, според првичните информации, околу 35 гроба биле уништени од непознати сторители. Крадците сечеле метални кутии во гробовите и отвориле голем број места за погребување, по што избегале пред доаѓањето на полицијата, пренесува Курир.рс. На местото на настанот има неколку полициски патроли кои вршат истрага , а по сторителите интензивно се трага. ...

Во Дојран е пријавено исчезнување на две малолетни деца од 12 и 13 години кои се оддалечиле од хотел во кој престојувале, по што веднаш е започната полициска потрага. Според информациите, случајот бил пријавен до надлежните служби веднаш по исчезнувањето, а полициски екипи презеле мерки за нивно пронаоѓање. Во потрагата биле вклучени повеќе полициски службеници кои ги проверувале околината на хотелот и поширокото подрачје. Засега не се ...

Вчера во 04:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле И.Н.(30) од Охрид. Како што се наведува во полицискиот билтен, 30-годишниот И.Н. бил приведен, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом го нарушил јавниот ред и мир со гласна музика. Тој бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Притоа, било констатирано дека тој има 1,78 промили алкохол во крвта. *Фотографијата ја подготви ...

На 19.07.2026 во 14:15 часот во охридско село, од слобода е лишено 45-годишно лице од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. На 19.07.2026 во 04:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30-годишно лице од Охрид. Тој во семејниот дом го нарушил јавниот ред и ...

Вчера околу 23:40 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријави дека околу 23:00 часот во домот каде била со нејзиниот 36-годишен партнер и нејзиното малолетно дете, дошле нејзините два сина од претходниот брак и нивните девојки, по што физички ги нападнале, а настанот го снимиле со мобилен телефон, а на заминување го одзеле нејзиниот мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Вчера околу 23:40 часот во СВР ...

Вчера во 14:00 часот во виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода И.Н.(39), постапувајќи по претходна пријава дека на 18.07.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом се обидел физички да ја нападне неговата 35-годишна сопруга, но бил спречен од нивните деца. За настанот е известен јавен обвинител од Јавното обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР. Вчера во ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, осомничениот подолг временски период вознемирувал три жени, упатувајќи им закани, а во два наврати употребил и електрошок за да изнуди пари од нив. — реклама — — реклама — Како што наведуваат од Министерството, на 3 ...

16-годишник од Гостивар приведен поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање моторно возило“. Како што информираат МВР, малолетникот вчера околу 15:40 часот бил лишен од слобода на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар. Претходно, во 12:10 часот, 26-годишната А.С. пријавила дека во текот на ноќта од кејот „Вардар“ било одземено патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на нејзиниот ...

Вчеравечер во 23:40 часот во ОВР Гостивар, Б.М.(48) од Гостивар, новинар и сопственик на локална телевизија од Гостивар, пријавил дека околу 19:30 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, додека извршувал службена дејност, А.Л. од Гостивар му се заканувал и се обидел и да му ја одземе камерата. Според пријавеното, најверојатно мотив за нападот е претходно објавена фото-вест од новинарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од ...

Полициски службеници од СВР Тетово на 19 јули околу 10:30 часот го лишиле од слобода 47-годишниот О.С. од Тетово, по претходна пријава дека во семејниот дом му упатувал закани на својот 76-годишен татко и оштетил дел од покуќнината. — реклама — Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по приведувањето на осомничениот било извршено алкотестирање, при што биле измерени 3,22 промили алкохол во крвта. — реклама — — реклама — По ...

Полициски службеници од СВР Тетово интервенирале на 19 јули околу 20:13 часот по пријава за пукање од оружје или пиротехника во тетовската населба Дреновец. — реклама — По излегувањето на местото, полицијата утврдила дека во куќа каде што се одржувала семејна веселба, организирана од М.А. (49), еден од гостите, 22-годишниот У.Р. од Тетово, и покрај предупредувањата, употребил огномет и петарди. — реклама — — реклама — Со него бил извршен ...

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 19 јули во 12:35 часот, а во неа учествувале патничко возило „тојота“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот С.И. од Гостивар, и мотоцикл „кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 26-годишниот С.Џ. од Гостивар. ...

На 08.07.2026 во 13:50 часот во СВР Струмица е пријавено дека во село Робово, струмичко се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Г.Р.(42) од село Робово и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(32) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Г.Р., која била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 ...

Трагедија што го потресе регионот Голема тага го обви регионот по веста за страшната сообраќајна несреќа што се случи во саботата наутро на автопатот А1 во близина на Загреб. Животот предвреме го загуби 18-годишна девојка, која и покрај својата младост, веќе била активен член во Доброволната противпожарна служба (ДВД) Крашиќ. Несреќата се случила на делницата меѓу Јастребарско и Доњи Зденчин, кога младата девојка, управувајќи автомобил марка ...

Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои од саботата вечер се водеа како исчезнати. Нивното возило е пронајдено превртено во близина на границата со Косово, а во него биле пронајдени телата на сите тројца патници. Според информациите на Алсат, станува збор за автомобил „мерцедес“ со германски регистарски таблички, кој излетал од патот под засега неразјаснети околности. Животот го загубиле Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире ...

Десет лица, меѓу кои и двајца малолетници, биле лишени од слобода во засилени сообраќајни контроли спроведени низ државата, откако биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола или без соодветна категорија, соопшти МВР. Во Скопје биле приведени двајца малолетници, едниот на булеварот „Македонско-Косовска Бригада“, а другиот во село Студеничани, кои управувале автомобили „мерцедес“ без да поседуваат возачка дозвола. На ...

Тринаесетгодишно девојче е повредено денеска откако паднало од коњ за време на јавање во спортскиот центар „Ковилово“. Несреќата се случила околу пладне, по што на местото интервенирала Итната медицинска помош. Девојчето било пренесено во Ургентниот центар, каде што е згрижено на Одделот за реанимација. Во моментов не се познати околностите под кои дошло до падот, а надлежните ги утврдуваат причините за несреќата. Тринаесетгодишно девојче е ...

Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 18 јули 2026 година во 21:30 часот во СВР Куманово. Жената навела дека физичкиот напад се случил во нивниот семеен дом, а како напаѓач ја посочила својата 13-годишна внука. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и ...

На 18.07.2026 во 21:35 часот во СВР Скопје 36-годишен маж пријави дека на 18.07.2026 околу 18:00 часот, на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга. Исто така, на 19.07.2026 во 02:00 часот 35-годишна жена пријави дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен поранешен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18.07.2026 во 21:35 часот во СВР Скопје 36-годишен маж ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53