75-годишна баба и малолетениот внук пријавени како жртви на насилство од сопствената ќерка, односно мајка. - На 15.07.2026 во 10:00 часот во ОВР Кочани, 75-годишна жена од Кочани пријави дека таа и нејзиниот малолетен внук (син на пријавената) биле физички и психички малтретирани од нејзината ќерка Б.В., информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 75-годишна баба и малолетениот внук пријавени како жртви на насилство ...

Германското обвинителство покрена обвинение против 68-годишен маж од Берлин, кој се сомничи за серија тешки сексуални кривични дела, а истражителите веруваат дека бројот на можните жртви би можел да биде значително поголем. Според информациите од берлинското обвинителство, против осомничениот се поднесени обвиненија за 22 случаи на сексуален напад и силување врз 14 жени. Истрагата покажала дека жените, според наводите, претходно биле ...

Случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска повторно се враќа во судница, откако Апелацискиот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, и донесе одлука постапката против него да започне одново. Инаку, Александар Ѓорчевски не беше обвинет за убиството на својата ќерка, ниту за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинението против него се однесуваше исклучиво на наводно ...

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип соопшти дена на територија на општина Штип се случиле два случаи на семејно насилство. Првиот случај е регистриран денеска во раните утрински часови, кога татко физички го нападнал малолетниот син. -На ден 15.07.2026 во 6.40 часот во Штип , полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода 38 – годишниот С.Д од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син. По ...

Германски суд го осуди 25-годишниот Емануел Р., син на германски милионер, на 11 години затвор поради бруталното убиство на неговата 76-годишна маќеа, Ивка Пешиќ, по потекло од Беране. Злосторството се случило во јуни минатата година во семејниот стан во Минхен. Според обвинението, на трагедијата ѝ претходела жестока семејна расправија која избувнала по разговор за работи извршени на семејниот имот. Во еден момент, обвинетиот земал кујнски ...

Пожар попладнево избувна во парк-шумата „Гази Баба“, на потегот меѓу скопските населби Железара и Автокоманда. Жители од околните населби на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа на кои се гледа густ чад што се издига од шумскиот предел. На терен веднаш се упатија екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на огнената стихија. Во моментов не се познати причините за избувнувањето ...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Куманово поради сомнение дека подолг период вршел семејно насилство врз членови на своето семејство. Според пријавата, тој со своето однесување предизвикувал страв, вознемиреност и несигурност кај оштетените. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена кривична пријава, а предметот ќе биде доставен до надлежното јавно ...

Полицијата работи на расчистување на инцидент во кој пет лица пријавиле дека биле физички нападнати пред угостителски објект во Тетово. Според пријавите, нападот се случил пред локалот, а по инцидентот биле преземени мерки за утврдување на сите околности. Од СВР Тетово информираат дека по пријавата се преземаат активности за идентификување на сите инволвирани лица и за целосно документирање на случајот. Засега не се соопштени дополнителни ...

Кривопаланчанец пронашол граната во близина на селски пат. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:50 часот во ОВР Крива Паланка М.С.(54) од Крива Паланка пријавил дека во близина на пат во село Трново пронашол граната. Од МВР посочуваат дека во текот на денешниот ден, гранатата ќе биде подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Кривопаланчанец пронашол граната во близина на селски пат. Како што се ...

Дваесетгодишна девојка е повредена во српскиот град Вршац откако нејзината сосетка ја полила со киселина. Како што дознава српски „Блиц“, драмата се случила на улицата во Вршац каде што живеат двете жени. „Двете сосетки најпрво се скарале, по што едната од нив заминала дома, зела киселина за чистење тоалети и ја полила другата. Кога нападнатата жена се обидела да се одбрани, сосетката насрнала врз неа и со дрвена мотка“, открива извор за ...

На 14.07.2026 во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(41) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Општа болница Велес, велат од полицијата. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес. ...

Седумдесет и шестгодишна жена од Велес се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автомобил на една од градските улици. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, во 09:20 часот, на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И. (41) од селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес. — реклама — — ...

Шеесет и двегодишен жител на Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи на објект во изградба. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, во 11:25 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен С.С. (62) од Кавадарци. — реклама — — реклама — Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи на ...

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 42-годишен скопјанец по пријава дека подолг период физички и психички ги малтретирал своите малолетни деца. — реклама — Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, во 21:10 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил повикан на службен разговор М.И. (42) од Скопје, откако неговата поранешна 36-годишна сопруга пријавила дека во периодот од 2023 ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.А. (43) од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување општа опасност“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 8 јули пред станбена зграда во Куманово. — реклама — — реклама — По претходна вербална расправија, пријавениот со пиштол упатил закани кон И.М. и неговите два сина, по што испукал три куршуми во воздух. — реклама — ...

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 јуни годинава, во семејниот дом во Кочани, пријавениот физички го нападнал својот 74-годишен дедо, откако претходно побарал пари од него, но не ги добил. — реклама — — реклама — По нападот, Ш.А. продолжил и со закани кон својот ...

Пет лица од кои две малолетни се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 19:30 часот се случи на автопатот Тетово- Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово. Во несреќата учествуваа, „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско. -Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од село во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост“. Пријавениот од археолошкиот локалитет „Муталово”, атар на с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, противправно присвоил керамички сад (питос) – предмет кој е културно наследство, и го чувал во својот дом. ...

На 14.07.2026 година во 16:10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, лишени од слобода се две 22-годишни и едно 19-годишно лице од Босна и Херцеговина кои се сомничат за сторено кривично дело „кражба“. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 14.07.2026 година во 20:10 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во истото село бил ...

Четири дена по бегството на осомничениот наркодилер, Александар Лазаров – Цуната преку прозорецот на полициската станица во Кочани, тој синоќа е уапсен во Скопје. Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата. Претходно, по 41-но годишникот беше распишана централна и меѓународна потерница, откако тој успеа да побегне од полициската станица, каде бил на распит за неовластено производство, преработка и продажба на дрога. ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Ц. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 3 од КЗ. Пријавениот, подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство, а на 11.07.2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. П.Ц. е пренесен во ...

На 15.07.2026 во 02:30 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода 18 годишник и 16-годишен малолетник, двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 14.07.2026 во 11:50 часот на ул. “Св.Нектариј Битолски“ во Битола полициски службеници го лишија од слобода 30 годишното лице од Битола, бидејќи при преглед кај него ...

Една жена е убиена во центарот на германскиот град Келхајм, а нејзиниот сопруг, кој е осомничен за нападот, е уапсен откако очевидци го совладале и го задржале до пристигнувањето на полицијата, соопштија локалните власти. Според информациите од полицијата во Хесен, мажот синоќа на улица ја нападнал својата сопруга со нож и ѝ нанел смртоносни повреди, по што таа починала на самото место, пренесува германскиот медиум „Шпигел“. Сведоците на ...

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случила на автопатот Тетово–Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „голф“ со охридски таблички. Повредени се двајцата возачи и тројца сопатници од автомобилот, кои биле пренесени во Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“. Несреќата предизвикала голем застој и долги ...

Шеснаесетгодишно девојче беше брутално убиено на улица во Њу Делхи, Индија, во напад што се случил пред бројни минувачи. Според снимките од местото на настанот, додека нападот траел повеќе од една минута, само едно лице се обидело да интервенира, додека останатите сведоци наводно само го снимале инцидентот. Полицијата соопшти дека осомничениот, механичар по професија, е уапсен и против него се води истрага. Според првичните информации, ...

Двегодишно дете трагично го загуби животот откако било оставено во заклучен автомобил на паркинг во американскиот град Халандел Бич, во сојузната држава Флорида. Според првичните информации од истрагата, детето било под грижа на бебиситерка, која по невнимание го заборавила во возилото. Полицијата го пронашла без знаци на живот, а првичните наоди укажуваат дека причината за смртта е топлотен удар. Надлежните институции продолжуваат да ги ...

Избегала од дом, ја наговориле други две девојки Полицијата на Зеничко-добојскиот кантон во Босна и Херцеговина уапси 29-годишен маж под сомнение дека на почетокот на јули брутално силувал 15-годишно девојче во селото Каменско, на подрачјето на Олово. Случајот кој ја згрози јавноста во регионот беше откриен откако преплашеното и избезумено девојче во вечерните часови било пронајдено босо, само по шорцеви и маица, како трча покрај шума. ...

Шест лица биле лишени од слобода по жестока тепачка што се случила доцна синоќа во угостителски објект во Велес, откако вербална расправија прераснала во физичка пресметка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 јули во периодот меѓу 23:30 и 23:50 часот. Полициски службеници од СВР Велес ги привеле П.М. (39) од селото Смиловци, општина Чашка, како и А.Ј. (39), А.В. (39), Б.Ѓ. (39), Б.М. (38) и ...

Шеесет и четиригодишен жител на тетовското село Голема Речица пријавил во полиција дека непознато лице ја злоупотребило неговата платежна картичка и со неа платило гориво во Италија. Според пријавата, картичката била наменета за плаќање патарини и точење гориво низ Европа. Оштетениот добил известување дека на 28 јуни, во 20:49 часот, на бензинска станица во Италија била направена трансакција од 886 евра за дизел. Мажот тврдел дека во моментот ...

Несекојдневен случај што ја потресе американската јавност се случил во сојузната држава Аризона, каде 18-месечно дете, кое било официјално прогласено за починато по несреќа во базен, неколку часа подоцна било пронајдено живо во просторија што служи како болничка мртовечница. Според полициските документи, кои неодамна беа објавени, иако настанот се случил во февруари, детето било пронајдено со лицето надолу во базен во дворот на семејниот дом ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
92%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
80%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Злато

130856.75