Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
На 04.06.2026 во 17:00 часот во Полициската станица Тетово, З.И.(52) од Тетово пријавила дека околу 15:00 часот во двор на училиштето во Мала Речица, нејзиниот 17-годишен син, поради претходни недоразбирање, бил физички нападнат од три лица, од кои едното го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 04.06.2026 во 17:00 часот во Полициската станица Тетово, З.И.(52) од Тетово пријавила дека околу 15:00 часот во двор на ...
Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиента. “Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена ...
На 04.06.2026 во 20:50 часот на крстосницата од улица „172“ и улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода три лица од 20 до 26 години, сите од село Долно Палчиште, тетовско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 04.06.2026 во 20:50 часот на крстосницата од улица ...
Соопштение на СДСМ: Мицкоски прави уште една манипулација, уште една лага во економијата, зборува за раст на БДП во првиот квартал за 3,1%, но истовремено инфлацијата достигна 5,7%. Тоа во реалноста значи дека цените растат побрзо од економијата и дека граѓаните реално осиромашуваат. Кога со истата плата можете да купите помалку храна, помалку месо, помалку овошје и помалку основни производи, тогаш нема економски успех, туку намален животен ...
Соопштение на СДСМ: Извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, јасно покажува дека нема напредок во клучните реформи – владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата. Ова е уште една потврда на она што СДСМ го зборува месеци наназад. Наместо реформи, владата на Мицкоски продолжува со политичка контрола врз институциите, јавно мешање во работата на обвинителството и создавање на атмосфера на ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Стефан Богоев ја следел добро познатата матрица на својот политички ментор Зоран Заев. Додека СДС зборува за правда, транспарентност и чесност, на површина повторно излегуваат скандали, сомнежи за корупција, влијанија и договарање тендери зад затворени врати. Богоев, поранешен директор на Царинската управа и висок функционер на СДС, е осомничен за местење тендер вреден над 300 илјади евра, при што според ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минимална температура: 8°C до 14°C Максимална температура: 22°C до 32°C Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на ...
На 03.06.2026 околу 17:00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишија од слобода У.О.(46) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарното возило со приколка кое го управувал. Тој е задржан во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
На 03.06.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзина колешка, која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, пријавената во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од ...
Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – ...
На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на 68-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Северна Македонија, на која во прво читање беше разгледан Предлог-законот за правична и соодветна застапеност. Во текот на дискусијата беше истакнато дека начелото на правична и соодветна застапеност е уставна вредност која произлегува од ...
Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – Секретар за меѓународна соработка: Македонската јавност имаше можност од највисоко европско ниво да добие три важни и целосни потврди за она што го зборувавме како партија со месеци наназад, а кое беше демантирано од страна на владејачката ВМРО. Прво, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со ...
Министерството за образование и наука ќе финансира 14 заеднички научно – истражувачки проекти на Македонија и Австрија, кои ќе се реализираат во области каде согласно Стратегијата за паметна специјализација на државата, има голем развоен потенцијал: паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии, електро-машинска индустрија – индустрија 4.0, одржливи материјали и паметни згради, енергија ...
На 03.06.2026 во 15:25 часот во СВР Тетово, 71-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од 50-годишник од село во општина Боговиње за износ од 500 евра. Според пријавеното, лицето му ветило дека ќе му помогне во процедурата за добивање туѓа нега. Како што е пријавено, тој му ги предал личните документи и му исплатил 500 евра, по што лицето престанало да му одговара на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...
Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...
Соопштение на СДСМ: ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“. Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите – што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Реформи оваа власт не ...
Соопштение на СДСМ: Пораките на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на Вајц усвоен од Европскиот парламент се две силни потврди за она што СДСМ го говори со месеци. Мицкоски ги лаже граѓаните за европската иднина на Македонија, неговата криминална Влада не испорачува никакви реформи. Кошта јасно и недвосмислено порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески учествуваше на Регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, којшто се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата посветена ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
На 02.06.2026 во 13:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода лице(45) и лице(39), двајцата од село Баница, струмичко. Според пријавеното, тие на ул.„Братство и единство“ во Струмица, заедно со уште две малолетни лица од село Баница, агресивно се однесувале кон вработени во општина Струмица и полициски службеници од СВР Струмица кои извршувале службени задачи. Тие се задржани во Полициската станица ...
На 02/03.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(49), лице(36), лице(29), лице(39), 40-годишна жена, лице(39) и 16-годишник, сите од Скопје и Т.А. од Италија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста и бела прашкаста материја, кристална материја, марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 02/03.06.2026 ...
На 02.06.2026 во 08:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.К.(22) од Косово затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка. На 02.06.2026 во 08:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски ...
Мицкоски со чудно задоволство зборува за чекање со децении надвор од Европа, а тоа сите нас ќе не чини прескапо, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Затоа како што кажа Филипче, СДСМ секогаш ќе биде гласен кога е во прашања обезбедувањето подобра иднина за сите граѓани. „Гледаме дека најавата и изјавата на Христијан Мицкоски дека нема да се поместиме ни чекор и дека сме подговтени да чекаме со ...
На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го разоличи лицемерието на власта, додека функционерите на ВМРО и нивните семејства си обезбедиле европска иднина, на граѓаните и нивните деца им нудат изолација, чекање со децении и откажување од европската перспектива. „Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба ...
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешни директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на ...
Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДС и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања. Венко Филипче и СДС повторно ја промовираат истата ...