Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првата истрага се опфатени татко и син, на возраст од ...

Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Предложените измени се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, истакна министерката за ...

На 26.07.2026 во Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода три лица на возраст од 30 и 32 години, сите од Прилеп. На 26.07.2026 во 01:20 часот во спортскиот центар „Биљанини извори“, за време на одржување на концерт, полициски службеници лишија од слобода лице затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во ...

Соопштение на Левица: Додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот, Владата потврди дека се задолжува кај М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и ЈП за државни патишта. Како причина за ова задолжување се наведува враќањето на долговите кон кинеската банка за автопатите, што претставува уште еден показател за сериозните проблеми со ликвидноста на државниот буџет. Владите во последните дваесет години, предводени од ДПМНЕ и СДСМ, не ...

На 26/27.07.2026 во 13:20 часот во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица на возраст од 19 до 51 година, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 26/27.07.2026 во 13:20 часот во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Не не чудат лицемерието и двојните аршини на СДС, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина. СДС недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар. Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДС многу добро го ...

На 25.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот с.Сопиште – с.Горно Соње, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(31) од с.Батинци, скопско и велосипед, управуван од лице(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е ...

На 26.07.2026 во 17:40 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување во викенд-населбата Крстови 2. Полициски службеници излегле на местото и ги затекнале лице (36) и лице (67), двајцата од Гостивар, како го нарушуваат јавниот ред и мир, по што биле приведени во Полициското одделение Маврово. За време на интервенцијата, лицето ги омаловажувал полициските службеници. ...

На 26.07.2026 во 23:00 часот на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишија од слобода 16-годишен малолетник од Гостивар. Тој управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода. Мопедот му бил одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 26.07.2026 во 23:00 часот на улица ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. ...

На 27.07.2026 околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувало лице (22) од Штип, паднал сопатникот лице(21) од Штип. Притоа, сопатникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за ...

На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Пелистер, 41-годишна битолчанка управувајќи четирицикл, изгубила контрола и се превртела. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила повредената, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Пелистер, 41-годишна ...

Во текот на изминатиот викенд (25/26.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1355 издадени платни налози, 412 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 38 лица, од кои шест за возење под дејство на алкохол, 14 ...

Грчките царински службеници утрово штрајкуваат од 5 до 9 часот по македонско време, поради што има ограничувања на премините Евзони–Богородица, Ники–Меџитлија и Дојрани–Дојран. Патничките автомобили се пропуштаат во интервали од околу десет минути. Товарниот сообраќај е целосно запрен за време на штрајкот. Грчките цариници бараат подобри услови за работа и исплата на додатоци за прекувремена, сменска, празнична и викенд-работа. МВР информира ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават ...

Прес конференција на Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи ...

Соопштение на Левица: Денес Собранието ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи амандманската расправа покажа дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку одби речиси секој предлог што значеше поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. Левица поднесе 47 амандмани со кои предложи дел ...

Соопштение на СДСМ: Веќе четири дена, откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар? Молк. Истиот Орце што ни го подари билбордот изработен со вештачка интелигенција, со коњ на пет нозе, ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Во изминатите две години, откако Владата го стабилизира секторот земјоделство, приоритет станаа капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на институција која функционира. Затекнати беа блокирани проекти како кредитот од германската KfW банка од 80 милиони евра кој стоеше нереализиран пет години, а кредитот од Светска банка за модернизација на земјоделството имаше реализација под 10%. Денес, изградбата на ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа. Во моментов, владините институции активно работат на справување со состојбата и преземаат мерки за нејзино целосно стабилизирање во Гостивар. Бројот на граѓани кои бараат медицинска помош континуирано се намалува, што укажува ...

СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против маж (41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 и „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 од Кривичниот закон. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.07.2026 до 24.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...

Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај лице(23) од с.Брест, скопско. При претресот пронајдена е поголема количина кокаин. Осомничениот е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, времето на чекање е околу 30 минути. Дополнителен метеж може да се создаде и поради најавениот штрајк. (МВР ги извести граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Р. Грција, на ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен западен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град. Најсвежо во текот на денот ќе биде во западните делови, каде што максималната температура на места ќе достигне околу 24 степени. Во источните и североисточните предели дневните температури ќе се ...

Тошковски ќе ги презентира информациите за водата, министерот за полиција, а не за здравство Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата во Гостивар. Не министерот за здравство. Не министерот за животна средина. Не надлежните од Водовод. Туку министерот за полиција. Соопштение на СДСМ: Знаеме дека Тошковски најави хиперхлорирање. Изгледа дека тоа е работа на полицијата. ...

Соопштение на СДСМ: Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар. Колку време беше потребно за да го признае тоа? Денови откако илјадници граѓани во Гостивар се разболеа. Денови откако водата беше прогласена за неисправна во повеќе населени места. Денови откако белата пена почна да тече низ Лепенец и Вардар. Денови откако институциите велеа дека ќе дојдат „за пет дена“ да ја ...

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода маж (53) од с.Стримница, тетовско. Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски слуижбеници, и со возилото удрил полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен ...

На 24.07.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во коритото од селската чешма во с.Копаница, скопско, била пронајдена почината Ќ.А.(55) од с.Копаница, лице со здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. На 24.07.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во коритото од селската чешма во с.Копаница, скопско, ...

На 24.07.2026 во 23:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ги лишија од слобода Б.Д.(23) и Е.Д.(54), двете од Турција, со регуилиран престој во Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Двете биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 24.07.2026 во 23:40 ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42