Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ во дневникот на ТВ Сител вели дека Владата има мандат од граѓаните за 4 години, но доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш е спремен да свика лидерска средба, да договори термин и повторно да ги победи СДСМ. „Мојот став и ставот на оваа Влада е познат во јавноста, а тоа е дека ние добивме мандат од граѓаните за 4 години и ...
Соопштение за јавност на СДСМ; Сашо Клековски денеска излезе со дел од анализите за водата во Гостивар и веднаш ги прати граѓаните кај други. Што е направено по барање на ЦУК, АХВ и ЈП „Комуналец“, рекол, е нивна сопственост. Барајте ги резултатите од нив. Министер за здравство што покажува врата. Тоа не е одговорност. Тоа е „скретничар“, пренасочувач. Тој веќе еднаш се пренасочи, скршна. Додека Гостивар пиеше отруена вода, додека се ширеше ...
Цената на електричната енергија останува едно од најчувствителните економски прашања за граѓаните, но владината стратегија покажува дека фокусот постепено се поместува од краткорочно контролирање на цените кон зголемување на домашното производство. Целта е Македонија да увезува помалку струја, да произведува повеќе и на тој начин да создаде услови за постабилни и пониски трошоци. Во моментот, според податоците што ги презентира власта, ...
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од РСМакедонија во РСрбија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка ...
Македонската економија влегува во период во кој странските инвестиции повеќе не се сведуваат само на отворање нови фабрики, туку сè повеќе се гледа и тренд на проширување на компаниите кои веќе работат во земјата. Тоа е важен показател за довербата на инвеститорите, но и за постепеното позиционирање на Македонија како производствена база за европските и глобалните пазари. Дел од инвестициите веќе влегуваат во производствена фаза. Во Битола ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската ...
Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. „Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни ...
Мазут се уште е на вештачко дишење. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претходно од собраниската говорница во одговор на пратеничко прашање порача дека случајот „Мазут“ се следи, но последниот збор секако ќе го има Обвинтиелството. Мицкоски истакна дека нема да коментира за тоа да не се сфати како влијание во постапката и нагласи дека се остава на Обвинителството и судовите комплетно да се разреши случајот. Професорот на Правниот ...
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на ...
Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје. Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од ...
По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е долга 22 километри, но нејзината изградба ...
Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. ...
Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...
Македонскиот туризам влегува во период на забрзан раст. Податоците за првите пет месеци од годината покажуваат зголемување на бројот на странски туристи за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие два показатели се особено значајни бидејќи покажуваат дека растот не се сведува само на поголем број пристигнувања. Зголемувањето на ноќевањата упатува на ...
Македонскиот туризам влегува во период на забрзан раст. Податоците за првите пет месеци од годината покажуваат зголемување на бројот на странски туристи за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие два показатели се особено значајни бидејќи покажуваат дека растот не се сведува само на поголем број пристигнувања. Зголемувањето на ноќевањата упатува на ...
Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври” се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова ...
„Владата на Мицкоски подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз“, потенцираше Андреј Жерновски, член на ИО и секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Жерновски посочи дека последните пораки и настапи на Владата јасно покажуваат дека пропаднати се сите обиди да се прикрие вистината ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година покажува јасна промена во распределбата на јавните средства, при што дополнителниот фискален простор е насочен кон области кои директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и економскиот развој. Наместо рамномерно зголемување на расходите, Владата определува приоритети здравството, образованието, социјалната заштита, земјоделството и капиталните инвестиции добиваат најголем дел од дополнителните ...
На 30.07.2026 во 12:30 часот, во СВР Велес, 37-годишник од Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга од Скопје постојано го следела, воспоставувала несакана комуникација и преземала дејстивија со кои го вознемирувала. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 30.07.2026 во 12:30 часот, во СВР Велес, 37-годишник од Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга од Скопје постојано го следела, ...
Со нова платформа за економско зајакнување на жените, Diamond Mall годинава го одбележува својот трет роденден, продолжувајќи ја традицијата роденденската прослава да биде повод за иницијативи што создаваат трајна вредност за заедницата. Во рамки на платформата „Diamond Mall – Центар за економско зајакнување на жените“ ќе се реализира првата програма за едукација и менторство, наменета пред сè за жени од ранливите категории, со цел да им ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: • за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, • за третиот ...
На 30.07.2026 околу 17:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во с.Бачишта, кичевско, на место викано „Емровци“, патничко возило „поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 38-годишна жена, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила возачот, додека со телесни повреди нејзините сопатници лице(55) и лице(51), двајцата од с.Бачишта, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа ...
На 30.07.2026 во 12:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на 29.07.2026 околу 20:00 часот на ул.„Копачка“ во Кичево, едно лице со остар предмет нападнало 15 – годишен малолетник од Кичево. По насоки на јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.07.2026 во 12:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на 29.07.2026 околу 20:00 часот на ...
На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади“, товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишно лице од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга. На ...
Денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во ...
На 30/31.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(34), лице(22), лице(30), лице(25), лице(30), лице(32), сите од Скопје, како и лице(18) од с.Стајковци, скопско, лице(31) од с.Миравци, гевгелиско и Ф.С.(31) од Турција затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат ...
На 30.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото ...
На 30.07 2026 во 18:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Св. Богородица“ во селото Боровец биле осквернавени 14 гробови на тој начин што биле оштетени мермерните плочи. Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава. На 30.07 2026 во 18:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта ...
Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им беше оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања -Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на опозицијата, сведочевме ...
На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји. Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и ...