Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, денес изјави дека Украина „врши извонредна работа удирајќи длабоко во Русија“ и удирајќи ја инфраструктурата што ги одржува воените напори на Русија во Украина. „Руската економија се бори да се справи со способноста на Украина да удира длабоко во нејзината територија“, изјави Мур за BBC Radio 4. Како што оцени, Украинците добро се држат на фронтовската линија, додека Русија ...
Вкупно 231 материјални и седум вербални докази најави Јавното обвинителство на почетокот на денешното судење на поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за случајот „Државна лотарија“. За увид во нив одбраната на Груби и на другите лица доби период од една недела по што ќе продолжат судските рочишта. Тие ќе се оддржуваат со забрзано темпо – по две рочишта неделно. Ова е епилогот по денешниот старт на судскиот процес кој ...
Килијан Мбапе ова лето не ги избира само копачките што ќе ги носи во следните неколку сезони. Францускиот репрезентативец би можел да донесе деловна одлука што би можела засекогаш да го промени начинот на кој најголемите фудбалски ѕвезди соработуваат со производителите на спортска опрема. Неговиот долгорочен договор со „Најк“ истече на на 31 јули 2026 година. Партнерството што трае речиси две децении го одбележа од неговите детски денови во ...
Необичен и добро испланиран грабеж се случил во една белградска населба, кога засега непознат крадец провалил во приватна куќа и зел сеф со огромна количина пари и вредни предмети, дознава „Телеграф.рс“. Сопственикот на куќата бил шокиран на 21 август кога се вратил на имотот и ја нашол вратата провалена. Веднаш ја повикал полицијата и пријавил дека сефот, во кој содржел околу 400.000 евра во готово, како и голема количина златен накит, ...
Скорпија скриена во јакна каснала 52-годишна патничка на аеродромот во Диселдорф, соопштија пожарникарите. Инцидентот се случил во петок, а жената пристигнала во Диселдорф од грчкиот остров Кос. Жената била хоспитализирана со возило на брза помош и била однесена во болница на лекување. Повикан е и експерт за влекачи од противпожарната служба на Диселдорф, кој ја фатил скорпијата. Вештакот утврдил дека станува збор за палестинска жолта ...
Солунската обиколница во понеделник, 24 август, ќе биде делумно затворена за сообраќај во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот утрото наредниот ден, објавува групата Грција инфо на Фејсбук. Затворањето на овој патен правец директно ги засега возачите што патуваат од правецот на Македонија и граничниот премин Евзони кон Халкидики. За време на изведувањето на градежните активности, сообраќајот во спротивниот правец (од Халкидики кон Евзони) ...
Батеријата на проектилите „Патриот“ денеска се преместува од островот Карпатос, на крајниот исток од Грција, на Крит поради иранските закани кон американските бази во Европа, објавија грчките медиуми. Трансферот започна во недела наутро, објавија неколку грчки медиуми, со фотографии на кои се гледаат ракетни системи поставени на камиони во пристаништето, пред товарењето. Батеријата „Патриот“ ќе биде транспортирана на Крит, до воениот објект ...
На 23.08.2026 година во 00:40 часот, во Полициското одделение Петровец, 41-годишната Н.Т. од Скопје пријавила дека два дена претходно, на 21.08.2026 година околу 14:30 часот, во домот на нејзиниот партнер во скопскиот регион, била физички нападната од Н.К., исто така од Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗДВОЕНИ Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица ...
ИЗДВОЕНИ Со силни емоции проследена македонската премиера на „Добри луѓе“ на Манчевски/ФОТОГАЛЕРИЈА Септемвриската пензија ќе биде повисока – кој ќе добие 600, а кој до 1.500 денари повеќе? За 20 години вакво нешто немаме видено, пламените јазици беа високи неколку метри! Словенецот во јуни зел повеќе од двојно од Македонецот ИЗДВОЕНИ Со силни емоции проследена македонската премиера на „Добри луѓе“ на Манчевски/ФОТОГАЛЕРИЈА Септемвриската ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум лица за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Предметот преку автоматска распределба ѝ е доделен на судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август поднесе обвинение против осумте лица како соизвршители на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Според ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цените на горивата. По последното поскапување од 4,5 денари кај бензините и 6,5 денари кај дизелот, останува неизвесно дали ќе следи ново зголемување. Во пресметката веќе е вклучена намалената акциза – за два денари кај бензините и четири денари кај дизелот. Владата засега не планира намалување на ДДВ-то, но најавува дека ќе ги следи цените. Главната причина за ...
Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави во саботата дека Русија очекува да го надомести недостигот од гориво на домашниот пазар со зголемување на увозот и производство на гориво со пониски стандарди. „Да, ние постојано ја следиме ситуацијата. Главните начини за компензација на недостигот се увозот и производството на гориво К-2, К-3 и К-4“, рече Новак, објави ТАСС. Новак рече дека руската влада очекува зголемување на испораките на бензин ...
Жак Морети, сопственик на барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети. Според информациите од швајцарската телевизија Léman Bleu, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по ...
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан го поканија Иран да се приклучи на новоформираниот пакт за одбрана од Мека, објави либанската телевизиска мрежа Ал-Мајадин, повикувајќи се на висок ирански функционер, Мехди Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со парламентот во Иран. Рахими рече дека Иран добил покана да се приклучи на договорот од Мека и дека прашањето се разгледува. Тој додаде дека земјите во регионот „се движат ...
Евентуалното намалување на старосната граница за мобилизација во Украина би можело да предизвика уште поголемо незадоволство кај населението и да доведе до постепен развој на граѓански конфликт, изјави поранешната портпаролка на Володимир Зеленски, Јулија Мендељ. Таа изјави дека Украинците „нема туку така да ги праќаат своите деца во војна“ и предупреди дека демотивацијата и песимизмот во украинското општество го достигнале својот врв, ...
Руската амбасада во Лондон вчера го потврди крајот на дипломатската мисија на нејзиниот амбасадор во Велика Британија, обвинувајќи ја „исклучиво британската влада“ за влошувањето на билатералните односи, за кои тврди дека паднале на историски најниско ниво. „Сандеј тајмс“ денес објави дека Русија го отповикала својот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, на 21 јули. Според весникот, руската дипломатска мисија оттогаш ја предводи ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека неговата земја немала никаква улога во саботажата на гасоводот „Северен тек“ во 2022 година, кој носеше руски гас до Германија, пренесе агенцијата Франс-прес. Германските обвинители минатиот месец заклучија дека експлозиите на гасоводот биле извршени по налог на украинската држава, обвинение што веројатно би можело да ги комплицира односите меѓу Киев и Берлин, еден од нејзините главни ...
Европските сателити „Коперникус“ направија снимки од две големи песочни области во Сахара, во југозападна Либија, каде што се протегаат огромни портокалови дини од двете страни на темната карпеста висорамнина Месак Сетафет. Сликите од „Сентинел-2“, направени на 2 и 7 јули, го прикажуваат Песочното Море Убари на север и Мурзук на југ, два големи системи на дини во овој дел од Сахара. Помеѓу нив се наоѓа висорамнината Месак Сетафет, чие ...
Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП „Национални шуми“ на Македонија, информираше дека пожарот кај делчевски Голак е ставен под целосна контрола. „Иван Гоцевски, градоначалникот на општина Делчево заедно со неговиот тим успеаја експресно да ги мобилизираат сите служби при што за неполн час во справувањето со големата огнена стихија се бореа преку 300 луѓе од земја и од воздух со огромна бројка специјализирани возила, тешка ...
По светската премиера на Сараево филм фестивал, документарниот филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски вечерва беше прикажан и пред македонската публика, на премиера во Куршумли ан во рамките на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Филмот, привлече големо внимание и бројна публика, која со посебен интерес и силни емоции ја проследи проекцијата. Преку реални приказни и непосредни човечки сведоштва за кочанската ...
Влегувањето на Марс во Рак и на Уран во Близнаци може да донесе некои турбуленции, но во исто време ќе отвори врата кон нови можности и важни животни одлуки. Ова особено ќе се одрази кај два хороскопски знака, кои се соочуваат со период што би можел целосно да им го промени животот. Рак Есента 2026 година носи сосема нов почеток за овој знак. Особено возбудливи настани ги очекуваат на емоционално ниво, каде што неочекувана и посебна средба би ...
Екстремните температури и продолжената суша почнаа да откриваат и активираат воена муниција закопана со децении, а експлозии на неексплодирани бомби и гранати веќе се регистрирани во неколку европски земји. Разорните шумски пожари што беснеат низ Европа ова лето открија нова, потенцијално смртоносна опасност – неексплодирани бомби, гранати и друга муниција оставена од Првата и Втората светска војна, кои со децении биле закопани под земја. ...
Португалија, една од најпосетуваните европски дестинации, влегува во последниот дел од летната туристичка сезона, а податоците покажуваат забавување на нејзиниот силен раст. Бројот на странски туристи е сè уште огромен, но хотелиерите и некои туристички работници забележуваат дека нема гужви како во претходните години, додека високите цени го менуваат и начинот на кој гостите ги трошат своите пари. Португалија прима околу 30 милиони странски ...
Градежниот техничар А.Б. (38) од Сплит доби мерка притвор со одлука на истражниот судија на Окружниот суд во Дубровник. Тој е обвинет за предизвикување голем пожар во областа Горица на 11 август со палење огномет при силен ветер, што загрози и станбени згради. Изгореа околу шест илјади квадратни метри густа борова шума и ниска вегетација. Пожарот беше изгаснат околу 2:30 часот наутро на 12 август од страна на 22 пожарникари од Противпожарната ...
За само една секунда, безгрижниот ден на плажа се претвори во кошмар за секој родител. Четиригодишно момче од Австрија било каснато од поскок во петокот во камп во Истра, по што било пренесено во болница во Риека и сместено на одделението за детска интензивна нега. Момчето било на летување во Хрватска со своето семејство, а според пишувањата на австриските медиуми, до инцидентот дошло додека си играло во природа. Детето поместило помал камен, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев изјави дека Русија подготвува нов бран мобилизација по парламентарните избори, со цел да регрутира дополнителни 300.000 војници во 2026 година, првенствено во регионите, а не во големите градови, објави британската новинска агенција Ројтерс. „Убедени сме дека по изборите Русија ќе продолжи со мобилизацијата“, изјави Зеленски пред новинарите. Според него, Москва се обидува да организира ...
Полицијата во Куманово лишила од слобода 30-годишен маж по пријава за инцидент со 18-годишна девојка. На 22 август 2026 година, околу 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.Ј. (30) од Куманово. Според пријавата, на 20 август, околу 00:15 часот, додека 18-годишната девојка се движела по улицата „Никола Карев“ во Куманово, осомничениот, наводно, ја допирал по телото, по што со мотоцикл го напуштил местото. ИЗДВОЕНИ ...
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес изјави дека во покраината Фарс во јужен Иран е откриено ново гасно поле, со проценета вредност од неколку десетици милијарди долари. Пакнеџад нагласи дека што е можно поскоро мора да се изготви план за експлоатација на гасното поле, објави новинската агенција Мехр. Тој рече дека гасот од полето ќе се користи во индустријата и другите енергетски сектори. ИЗДВОЕНИ Септемвриската пензија ќе биде ...
Винисиус Жуниор имаше лош почеток на сезоната во Ла Лига, одигра лош натпревар против Еспањол, но Реал Мадрид излезе како победник. Младиот Еспи постигна гол во 90-тата минута за резултат од 2-1, а по натпреварот, тренерот Жозе Мурињо зборуваше за третманот што Бразилецот го добива од неговите противници. „Вини не е светец, сите го знаеме тоа, но она што неговите противници му го прават е премногу. Од првата минута тие наизменично прават ...
Без разлика дали станува збор за Златан Ибрахимовиќ, Гарет Бејл или Ерлинг Халанд, фудбалот низ годините видел неколку иконски машки долги фризури. Сепак, Халанд одлучи да ја започне новата сезона во Премиер лигата со нов, многу поинаков изглед. Напаѓачот на Манчестер Сити се огласи на социјалните мрежи за да открие дека ги скратил своите познати руси прамени, и објави: „Нова сезона, нова фризура“. Халанд се надева дека неговиот нов изглед ќе ...