Пејачот и текстописец Талај Рајли почина на 35-годишна возраст откако беше избоден во источен Лондон. Полицијата соопшти дека музичарот, чие вистинско име е Марк Орабији, бил пронајден со убодни рани во областа Силвертаун во петокот и починал на местото на инцидентот, објави „Скај њуз“. Рајли беше текстописец добитник на „Греми“ кој има соработувано со голем број познати уметници, вклучувајќи ги Дуа Липа, Бритни Спирс и Ели Гулдинг. Тој имал ...

Само неколку дена пред изборите за претседател на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), светот на скијањето се соочува со една од најголемите кризи во својата историја. Незадоволството од работата на актуелниот претседател Јохан Елијаш прерасна во отворен конфликт, а против него јавно застанаа некои од најголемите ѕвезди на денешницата. Меѓу најгласните критичари се наоѓаат олимписките шампиони и светски асови Марк Одермат и Микаела ...

Доаѓањето на европските министри за одбрана на неформален состанок на Европската унија на Кипар се претвори во сериозен дипломатски и воен инцидент. Владата во Никозија објави дека турските сили ги попречиле воените авиони што ги носеле министрите за одбрана на Грција, Франција и Холандија во недела и понеделник, пишува „Политико“. Кипар, кој моментално претседава со Советот на ЕУ, објави дека ќе поднесе официјални жалби до меѓународните ...

Палестинското здружение на затвореници денес објави дека Израел нагло ги зголемил апсењата на палестински жени низ окупираниот Западен Брег и дека вкупно 95 жени сега се во израелските затвори. Во соопштението, кое го пренесе „Ал Џезира“, се наведува дека израелските сили денес уапсиле уште три жени од Хобар, северозападно од Рамала, градот Џенин и бегалскиот камп Аин во Наблус. Според соопштението, една од притворените жени била сопруга на ...

Руските власти денес ја осудија улогата на Европската Унија (ЕУ) на вчерашните парламентарни избори во Ерменија, на кои победи партијата на премиерот Никол Пашинјан, објавија руските медиуми. „Парламентарните избори се одржаа во контекст на невиден притисок врз опозицијата и мешање од страна на Западот, првенствено ЕУ“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа додаде дека целата изборна кампања и ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека израелските напади врз Иран се запрени „засега“ и предупреди дека Израел ќе одговори доколку нападите од Техеран и либанското милитантно движење Хезболах се повторат. Во своето прво јавно обраќање откако синоќа беа разменети воздушни напади со Иран, Нетанјаху рече дека засега ќе ги прекине нападите врз Иран, но дека борбата против Техеран и Хезболах „не е завршена“ и дека Израел ќе ...

Лидерот на германската левичарска партија, Јан ван Акен, ја предложи поранешната канцеларка Ангела Меркел како можен посредник на Европската Унија во преговорите меѓу Русија и Украина, објави денес германски „Шпигел“. „Претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да ја спаси Украина“, изјави Ван Акен за новинарите во Берлин, додавајќи дека, според тоа, ЕУ мора да направи многу повеќе за преговорите и дипломатијата. Тој додаде дека Меркел би ...

Силно невреме проследено со поројни дождови попладнево ги погоди Охрид и Струга, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија и проблеми на повеќе улици. Во Охрид поплавени се десеттици улици. И во двата града поради невремето е забележан прекин на струја, а од МЕПСО информираа дека дошло до дефект на далеководот кој ги поврзува Охрид и Струга. Според информациите голем дел од објектите и домаќинствата повторно се вратени на ...

Владата останува на ставот дека клиничката болница во Скопје треба да се гради во близнина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. Ова денеска го потврди премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. – Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот ...

Тензиите меѓу Олимпијакос и Панатинаикос достигнаа ново ниво по вториот натпревар од финалната серија во грчкото кошаркарско првенство. По победата на Панатинаикос и израмнувањето на 1-1 во серијата, во центарот на вниманието се најде сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос. Тој влезе на теренот незадоволен од судиските одлуки, што предизвика бурни реакции и нова ескалација на ривалството меѓу двата клуба. Олимпијакос веднаш реагираше и ...

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен, кој се онесвести за време на вчерашниот пријателски натпревар против Украина, е отпуштен од болница и започна со закрепнување, објавија денес локалните медиуми. Пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина (2:1) беше прекинат вчера во 65-тата минута во Одензе откако Ериксен се онесвести на теренот. Ериксен (34) потоа го напушти теренот сам откако беше лекуван од медицинскиот тим и беше ...

Скопската Школка вечерва беше исполнета со музика, аплаузи и позитивна атмосфера на концертот организиран од Британската амбасада во соработка со македонската Армија по повод роденденот на Неговото Величество, кралот Чарлс Трети. На сцената настапија Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери од Обединетото Кралство и Воениот оркестар на Армијата на Македонија, кои пред присутните изведоа едночасовна програма. Посетителите уживаа во ...

Кога европските лидери ги одржуваат своите периодични собири во Брисел, шпанскиот премиер, Педро Санчес, не е често во центарот на вниманието на медиумите. Како по правило, кога овој 54-годишник чекори по црвениот тепих под џиновската стаклена овална структура во која се среќаваат шефовите на влади на ЕУ, само шпанските новинари се туркаат напред за да извикаат прашања за домашните работи. Но, додава весникот, на неодамнешните самити, Санчес ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека исходот од војната во Украина ќе биде одлучен со оружје, а не со преговори. Тој остро го критикуваше отвореното писмо што украинскиот претседател Володимир Зеленски го испрати до Владимир Путин, нарекувајќи го грубо, објави Euronews. Лавров во понеделник изјави дека Москва е особено вознемирена од фактот што писмото „кружи низ целиот свет“, тврдејќи дека „пристојните луѓе не се ...

Бројот на жртви од силниот земјотрес што го погоди јужниот филипински остров Минданао во понеделник се искачи на најмалку 32, а десетици се повредени, соопштија службеници за управување со катастрофи, додека Манила ги засили операциите за пребарување и спасување. Земјотресот, кој предизвика предупредувања за цунами во неколку земји, се случи рано во неделата на околу 20 км од брегот на покраината Сарангани, а потресите беа почувствувани низ ...

Јапонскиот град Утсуномија ги суспендира работите во сите 94 основни и средни училишта под негова јуриздикција откако мечка е забележана на улиците, соопштија општинските власти. Градот со половина милион жители, околу 100 километри северно од Токио, соопшти дека мечката првпат е видена во станбена област во близина на парк во саботата навечер. Сè уште е на слобода откако е забележана рано утрово, на околу 500 метри од средно училиште. ...

Нетфликс претстави документарен филм за легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, а јасно е дека неговата историска приказна не можеше да помине без Новак Ѓоковиќ. Двајцата се сретнаа 60 пати на теренот, а повеќето од овие средби беа епски. Српскиот ас освојуваше директни, мастер титули и грен слем турнири, но Рафа смета дека еден од неговите рекорди е недопирлив. Надал има освоено 14 титули на Ролан Гарос, што му ја донесе титулата „Крал на ...

Полска заплени речиси еден тон хероин во вредност од 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, соопштија властите. Полицијата пронајде голема количина дрога во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите добија информации за пратката од британските даночни власти, објави Ројтерс. „Не морам да ви кажам што би се случило ако таква количина од оваа ужасна ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му понудил на рускиот претседател Владимир Путин директна билатерална средба за преговори за завршување на војната, користејќи го рускиот олигарх Роман Абрамович како таен посредник, дознава „Фајненшел тајмс“. Сепак, Путин јавно ја отфрлил понудата, наведувајќи дека не гледа поента во одржувањето на состанокот и проценил дека разговорот ќе му користи само на Киев со цел да се запре напредувањето на ...

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) Каја Калас денес, по неформалниот состанок на министрите за одбрана на Кипар, објави дека на 15 јуни треба да биде одобрен нов пакет санкции против Русија, насочен кон околу 80 руски пропагандисти, прекршители на човекови права и компании поврзани со руската одбранбена индустрија. „Мини пакетот“ санкции треба да биде одобрен на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. ...

Иранските вооружени сили официјално објавија крај на воените операции против Израел, но со остро предупредување дека ќе следат уште поразорни напади ако Тел Авив продолжи со нападите врз Либан. Одлуката доаѓа кратко време по апелот на американскиот претседател Доналд Трамп и наводните пораки испратени од САД и Израел до Техеран. Централната команда на Хатам ал-Анбија, клучното командно тело на иранските вооружени сили, го потврди прекинот на ...

Европската комисија исплати речиси 2,8 милијарди евра за Украина за поддршка на нејзините финансиски потреби и одржување на јавната администрација. Според соопштението на Европската комисија, ова е седмото исплаќање во рамките на Инструментот за Украина, со што вкупната поддршка од ЕУ обезбедена во рамките на Планот за Украина достигна 29,5 милијарди евра, објавува „Н1“. Ова е речиси 77 проценти од средствата достапни во рамките на првиот ...

Видеата што доаѓаат од Албанија во последните денови покажуваат насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Некои демонстранти ја урнаа металната ограда поставена околу земјиштето наменето за проект за луксузен туризам поддржан од инвестициската компанија на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрантите тврдат дека оградата е поставена за да се заштити идното градилиште во заштитеното подрачје Пише ...

Промените во изборното законодавство полека се договараат, а дали процесот ќе се заврши како што се посакува, ќе зависи од најтешкиот дел – договорот околу промената на изборниот модел од шест во една изборна единица. Всушност, според очекувањата и ставовите на членовите на меѓупартиската работна група, околу тоа прашање ќе биде најтешко да се постигне потребниот консензус. Работната група, денеска, во Министерството за правда продолжила со ...

Повеќе од 12 години по трагичната несреќа на Михаел Шумахер, јавноста доби нов увид во една од најтешките ноќи во историјата на Формула 1. Имено, францускиот весник „Л’Екип“ објави интервју со професорот Стефан Шабардес, еден од лекарите кои директно учествувале во лекувањето на седумкратниот светски шампион. Тој опиша како болницата во Гренобл била ставена под огромен притисок уште од првите минути по пристигнувањето на Шумахер. Медицинскиот ...

Партизан би можел да добие големо засилување под кошевите ова лето, откако американскиот центар Хари Џајлс се поврзува со белградскиот клуб. Според неофицијални информации, „црно-белите“ внимателно ја следат неговата ситуација и ја разгледуваат можноста за ангажман пред новата сезона. Џајлс своевремено важеше за еден од најголемите таленти во американската кошарка, а во НБА настапуваше за Сакраменто Кингс, Портланд Треил Блејзерс, Бруклин ...

Автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп – Некогаш се случува некои претстави да бидат и подобри од самиот текст бидејќи отвориле нови нивоа, нови стојалишта. Тоа е една од вистините кога пишуваш драма, не знаеш каков ќе биде крајниот производ на сцена. Јас секогаш ги затворам текстовите по претставите, односно по интерпретацијата на актерите. Многу пати во самиот процес некои реплики доаѓаат, па се прифаќаат, затоа што е ...

Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 12 милијарди и 540 милиони денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот, информираше министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Тој, на брифингот со новинарите, одржан денеска истакна дека со новите законски решенија се обезбедува траен финансиски механизам за развој на филмската ...

Само 10 земји сочинуваат речиси половина од глобалниот извоз на храна. САД, Бразил и Канада доминираат во глобалната земјоделска трговија, додека Кина, на пример, произведува огромни количини храна, но поголемиот дел го троши на домашно ниво. Според Светската трговска организација (СТО), 30-те најголеми извозници на храна во светот сочинуваат повеќе од 80 проценти од глобалниот пазар за извоз на земјоделски производи вреден 1,5 трилиони ...

Судијката Снежана Марковска, која му пресуди 12 години казна затвор на возачот Васил Јованов, кој со возилото ја усмрти Фросина Кулакова, го ослободи неговиот татко Зоран. Таа, според соопштението на Судот, оценила дека во овој предмет, дејствата што му се ставаа на товар на родителот не ги исполнуваат законските обележја на кривичното дело загрозување на безбедноста на сообраќајот, по член 298 од Кривичниот законик. Во образложението на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Кобалт

45.39