Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Казанџиството како занает оставило траен белег во повеќе градови во Македонија, особено во Скопје, Прилеп, Велес, Охрид, Кратово, Струмица, Битола, Штип и други. Во некои од нив имало и посебни улици посветени само на казанџиството. Иако занаетот главно е исчезнат или многу малку е сочуван, имињата на улиците се сочувале. Казанџискиот занает имал видно место и во Скопската чаршија. Според записите од минатиот век, постоела и казанџиска ...
Од едно место се товара, од друго се истовара. Едни депонии се чистат, други никнуваат на нови локации. Во Кичево, жителите тврдат дека отпадот од постојната депонија се товари со камиони, но наместо да заврши во уреден систем за третман, дел од него, како што тврдат жителите, се истоварува во дол меѓу селата Иванчишта и Ехлоец. Од Кичево до Буково, од Арачиново до бројните диви депонии низ државата, сценариото се повторува – отпад, чад, ...
Речиси 300 милиони денари или околу 4,87 милиони евра се слеале во државната каса од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2026 година. Според податоците на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во периодот април-јуни биле наплатени 299.461.897 денари (околу 4,87 милиони евра), што е повеќе од истиот период минатата година. Лани, во вториот квартал, по овој основ биле ...
Со Албанија веќе интензивно се работи на изнаоѓање алтернативна траса за автопатот Ќафасан –Требеништа, со цел да се заштитат културното наследство и биодиверзитетот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека изградбата на автопатот не е доведена во прашање, туку се разгледуваат различни опции за трасата, согласно со препораките на УНЕСКО. – Автопат ќе се гради, не е веќе прашање дали ќе се гради. Она ...
Македонија и натаму има најниска минимална плата во регионот, со околу 424 евра месечно. Додека соседните земји го зголемуваат минималецот, синдикатот предупредува дека ниските плати го забрзуваат иселувањето на работниците. Иван Пешевски од ССМ смета дека платата не смее да се гледа само како трошок, туку како инвестиција во работникот и економијата. Според него, потребна е политичка волја за македонскиот работник да добие достоинствена ...
До крајот на работната седмица Македонија ја очекува претежно сончево и топло време, но дневната стабилност ќе биде нарушена со појава на умерена облачност и локална нестабилност. Во претпладневните часови времето ќе биде сончево и топло, додека во текот на попладнето и вечерта на места се очекува развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите предупредуваат дека локално атмосферските процеси ...
– Триесет години музичка слобода и жива врска со публиката со голем јубилеен концерт во Битола – градот каде што започна една од најавтентичните музички приказни на овие простори. Ги славиме луѓето, годините, песните и сите моменти што нè поврзаа. „Фолтин 30 години – една приказна, илјадници срца, една сцена“, со овие зборови организаторите го најавуваат концертот на „Фолтин“ Македонската музичка група „Фолтин“, оваа година, со повеќе ...
Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечер ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино со почеток во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги ...
– Без „Сапорт Кочани“, овој филм немаше да биде снимен бидејќи тие контактираа со лицата кои се согласија да ги споделат своите сведоштва. Од друга страна, имавме доверба од граѓаните на Кочани, кои препознаа дека не сакаме да правиме сензација, ниту да тераме политика, туку намерата ни беше да им овозможиме платформа преку која ќе ја искажат нивната болка, нивните чувства и тие да останат забележани како документ, посочи меѓу другото, ...
По 15 години од оригиналот, популарната „Од утро до мрак“ повторно доби нов звук. Песната на ДНК и Магдалена Цветкоска-Ена е преработена во ремикс зад кој стои диџеј Тошев, заедно со диџеј Монарх, диџеј Гокшата и диџеј Насте. Оригиналната верзија е објавена во 2011 година – музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, додека текстот е на Ена и Панчо. Како што открива за медиумите диџеј Тошев, изборот паднал на оваа песна поради емоцијата ...
Традиционалната Ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен“, од 18 до 25 август, го реализира своето 18. издание со кое годинава одбележува своевидно „полнолетство“ со целосно нов, поинаков и монументален концепт. Седум реномирани уметници деновиве создаваа монументални скулптури, а првпат од своето постоење, колонијата е исклучиво вајарска и е посветена на изработка на скулптури од голем формат во мермер, камен и метал, наменети за оплеменување ...
Еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија, „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Утревечер, (25 август), јубилејот ќе биде одбележан со проекција на филмот во летното кино на „Синеплекс“, со почеток во 20.30 часот. Веднаш по проекцијата ...
Од полноќ повторно поскапуваат горивата во земјава. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,62 отсто во однос на претходната одлука од 17 август. Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар и од 25 август ќе изнесува 101,50 денари за литар. Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за по 1,50 ...
Над 27,5 тони УХТ млеко биле спречени да стигнат до македонскиот пазар, откако при лабораториски испитувања било утврдено зголемено присуство на афлатоксин. Станува збор за две пратки со вкупна тежина од 27.520 килограми, увезени од Република Косово, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Пратките биле задржани на граничниот премин „Блаце“ во рамките на официјалните контроли на инспекциските служби. Анализите покажале дека ...
На 20 километри западно од градот Гевгелија, на пониските падини на планината Кожуф, на Конска Река, изградена е браната „Конско“ – најголемиот водостопански проект реализиран во последниве 20 години, но и најголем инфрaструктурен проект во последниве 50 години во Гевгелискиот Регион. Проектот вреден 40 милиони евра беше финансиран од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Изградбата на браната „Конско“ започна ...
Се очекува глобалните цени на храната да пораснат двоцифрено во 2026 година, бидејќи ескалацијата на војната во Украина од страна на Русија го влошува влијанието на другите ценовни удари на храната, наведува „Оксфорд економикс“. Се очекува пченицата да биде под најголем притисок, што веројатно ќе ги зголеми цените на лебот и тестенините. Се очекува глобалните цени на храната да пораснат за 11,8 проценти оваа година и за 4,8 проценти во 2027 ...
Во недела навечер во Малишево, Косово, се случила трагедија, во која животот го загуби 25-годишната Јетлира Фониќи, која беше бремена осми месец. Според информациите од косовските медиуми, младата жена починала од прострелни рани. Членовите на нејзиното семејство се огласија по трагедијата и се збогуваа со 25-годишната жена. Косовската полиција објави дека Јетлира и нејзиниот 26-годишен сопруг биле пронајдени повредени во нивната спална соба. ...
Голем дел од Скопје денеска е прекриен со густ сив чад, а граѓаните пријавуваат интензивен мирис на изгорено. Засега нема официјална информација од каде потекнува чадот, ниту каде точно има пожар. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека чадот се чувствува и во различни делови од градот. „Зачаденоста на градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега ...
Секогаш кога политичарите ќе го споменат зборот „реформа“ во правосудството, на секој што барем еднаш влегол во судница му се крева косата на главата бидејќи во македонскиот политички речник реформата никогаш не значела воспоставување систем, туку обична партиска чистка и наметнување нова контрола врз тогите. Меѓутоа, состојбата во која се наоѓа македонското правосудство денес, доверба која се мери во едвај забележливи проценти и со историски ...
Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир се пријавени дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, наспроти 36 во 2025 година. Просечниот рејтинг на машкиот турнир е 2119 ...
Ландо Норис ја освои трката за Големата награда на Холандија во Зандворт и му донесе важна победа на Мекларен, додека Мерцедес имаше двоен подиум со Кими Антонели и Џорџ Расел. Трката започна драматично уште во првиот круг. Норис го задржа водството, но Антонели го мина Расел, додека Шарл Леклер напредуваше до четвртото место. Најголемото разочарување беше Макс Верстапен. Домашниот возач ја загуби контролата на лизгавата патека, удри во ѕидот ...
Дресот на Мајкл Џордан од третата средба во финалето на НБА во 1998 година може да стане најскапиот спортски дрес во историјата. Чикаго Булс тогаш ја совлада Јута Џез со 4:2 и ја освои шестата титула, а Џордан беше прогласен за МВП на финалето. Во третиот натпревар, Булс славеше со неверојатни 96:54, односно со 42 поени разлика, што и денес е најубедливата победа во историјата на НБА-финалињата. Дресот пред четири години го купил инвеститорот ...
Артур Фис и Коко Гоф се победници на Мастерс турнирот во Синсинати, откако двајцата беа најдобри во финалните пресметки во машка и женска конкуренција. Францускиот тенисер го освои првиот Мастерс во кариерата, совладувајќи го Американецот Франсес Тиафо со 2-1, по сетови 6:3, 1:6, 6:0. Фис одлично го отвори мечот и веднаш направи брејк, кој успеа да го задржи до крајот на првиот сет. Тиафо, сепак, возврати во вториот сет и со два брејка стигна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително ги засили тензиите на Блискиот Исток откако на социјалните мрежи го прогласи Ормускиот теснец за нова територија на САД. Неговата објава дојде само еден ден откако тој тврдеше дека САД имаат „целосна контрола“ врз областа околу стратешки важниот теснец. Во исто време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да преземе сите мерки против, како што рече, смртоносна закана од ...
Австриската полиција обвини 28-годишен пожарникар од Бургенланд за намерно предизвикување на неколку пожари во округот Оберпулендорф во јули и август. Она што е особено неверојатно е што откако ги запалил пожарите, тој учествувал во нивното гаснење, а во два случаи дури и лично ги повикал службите за итни случаи. Случајот предизвикал загриженост кај неговите колеги, особено затоа што источна Австрија доживува екстремна суша ова лето, што ...
Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на ...
Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, а возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската – информираат денеска од МВР. Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“ постапката е значително олеснета и забрзана. ...
Ромео Лавија конечно успеа да заврши еден натпревар за Челзи, што за белгискиот играч од средниот ред беше многу повеќе од само редовен настап. По серијата повреди, тој ги одигра сите 90 минути на теренот и направи важен чекор кон враќање во натпреварувачки ритам. Менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, зборуваше за таа ситуација по натпреварот. Тренерот на Челзи призна дека Лавија има одредена ментална блокада кога станува збор за играње ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографии на Инстаграм од средбата со познатиот белгиски актер и мајстор на боречки вештини Жан-Клод Ван Дам, кој е во Србија за да учествува на Филмскиот фестивал во Ниш. Вучиќ и Ван Дам се сретнаа во Белград, а за време на вечерата разговарале за бројни теми, од филм и спорт до Србија. „Исто така, заклучивме дека успехот, без разлика дали е во филмот, во спортот или во животот, не доаѓа без ...
Професионалните возачи бараат да им се овозможи реално користење на 90-те дена престој во Шенген-зоната. Протестот во Скопје ќе се одржи еден ден пред состанокот на работната група во Брисел, на кој се очекува решение за нивниот статус. Доколку не биде постигнат договор, превозниците најавуваат можни протести на граничните премини од 14 септември. За евентуалните блокади ќе се бара согласност од превозниците и од надлежните институции. ...