Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Двајца турски државјани се приведени на граничниот премин Деве Баир откако при пасошка и гранична контрола било утврдено дека приложиле фалсификувани зелени карти за товарните возила и полуприколките со кои патувале. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни 2026 година, во периодот од 21:30 до 21:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од ...
Токсикологот д-р Андон Чибишев предупредува на сериозен безбедносен ризик откако во парк на територијата на Скопје била пронајдена салама контаминирана со високо токсичен пестицид, кој може да биде смртоносен и за луѓето и за животните. Според информациите што ги објави Чибишев, случајот бил откриен кога деца кои си играле во паркот забележале парчиња салама премачкани со бела прашкаста материја. Поради сомнеж дека станува збор за опасна ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Д.(47) и Н.Д.(51), двајцата од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов”. При контрола извршена на 20.05.2026, полициски службеници ги затекнале пријавените како со забранети средства – мрежи за подводен риболов т.е. со поставување на рибарска мрежа во должина од околу 30 триесет метри во дебарското езеро, вршеле ...
„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем” рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во ...
Вториот натпревар на Светското првенство 2026 донесе вистински спектакл и драматичен пресврт. Репрезентацијата на Јужна Кореја со 2:1 ја совлада Чешка во натпревар од Групата А, иако прва се најде во резултатска негатива. Средбата во Гвадалахара понуди тактичка битка помеѓу две сосема различни фудбалски филозофии. Јужна Кореја се потпираше на брза, технички прецизна игра и контрола на топката, додека Чешка својата најголема закана ја ...
Соопштение за јавност наТХП: Партијата за движење на Турците (ТХП) денес поднесе претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), барајќи институционална проверка на постапката за распределба на финансиските средства од Министерството за односи меѓу заедниците за 2026 година. Повод за поднесување на претставките се јавно објавените резултати од конкурсот, ...
Седумдесет и осумгодишен жител на Тетово доби осумдневен притвор откако физички ја нападнал својата 74-годишна сопруга, при што таа се здобила со телесни повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 јуни 2026 година, околу 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (78) од Тетово. Полициската интервенција следувала по претходна пријава дека истиот ден, околу 09:00 часот, во семејниот ...
На 11.06.2026 во 12:30 час во с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(25) од Штип. Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на с.Долни Балван. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З.. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и ...
Општина Центар информира дека во наредниот период ЈП „Паркови и зеленило” ќе спроведе активности за сечење и кастрење на дрвја на улиците „Ленинова” и „Мирослав Крлежа”, согласно решенијата донесени од Град Скопје, по извршен стручен увид на терен. На улица „Ленинова”, на потегот од булевар „Партизански одреди” до Министерството за земјоделство, ќе бидат отстранети 25 дрвја, а 74 ќе бидат искастрени. На улица „Мирослав Крлежа”, на потегот од ...
Станарите од зградата „Трим и Лум“ на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода велат дека утринешниот пожар можел да прерасне во трагедија од поголеми размери доколку не била брзата интервенција на надлежните служби. Во своето сведоштво тие изразуваат благодарност до полициските службеници, Територијалната противпожарна единица и екипите на ЕСМ, кои, според нив, со навремена и координирана реакција успеале да го ...
Борбата против корупцијата е во срцето на нашата програма „Твоја држава – твоја шанса” изјави денеска членот на Извршниот одбор на СДСМ, Александар Наумоски. „Нов Антикорупциски закон, посебно независно тело за борба против корупцијата, дигитални механизми за следење на јавните пари се првите чекори. Воведуваме ветинг за сите избрани и именувани функционери од 90 тите до денеска. Секој функционер ќе мора да објасни од каде му е имотот и како ...
Соопштение за јавност на Левица: Со новиот правилник за снабдување со електрична енергија, РКЕ повторно отвора простор за незаконско фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка, односно паушални сметки, во случаи кога броилото не било отчитано. Иако, Законот за енергетика е јасен, согласно член 185 став 2, фактура врз основа на претпоставена потрошувачка може да се издаде само „ако не е извршено мерење на потрошената електрична ...
Во акциска контрола спроведена на подрачјето на скопската општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле четворица државјани на Турција поради нерегулиран престој во државата. Акцијата била реализирана на 11 јуни, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, согласно планот за работа на пријавно-одјавната служба за месец јуни. При контролите биле приведени Б.М.Б. (21), К.У. (25), А.Е. (24) и К.Б. (24), сите државјани на Република ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции. Со ова, Филипче и СДС ...
Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде ќе учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во состав на владината делегација ќе бидат и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик-претседателот на Владата и министер за ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ВЛЕН продолжува да докажува дека економскиот развој не се гради со ветувања, туку со конкретни политики кои ги поддржуваат бизнисите, инвестициите и отворањето на нови работни места. Во оваа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, упати повик до сите компании кои ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции да аплицираат навремено и да ја искористат поддршката што ја ...
Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски Реформската агенда 2024 – 2027 која е дел од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, е еден од позначајните документи што Македонија ги има преземено на патот кон Европската Унија. Таа не е само список на желби, туку конкретен договор со Европската комисија во делот на реформите како замена за финансиска поддршка и побрза економска интеграција. Планот за раст на ЕУ предвидува значителни средства за земјите ...
Овен (21 март – 19 април) Денот ви носи силен наплив на енергија и мотивација, па ќе имате чувство дека можете да завршите повеќе работи отколку вообичаено. На работното место ќе бидете полни со иницијативи, а вашите идеи лесно ќе го привлечат вниманието на претпоставените или соработниците. Доколку размислувате за нов проект или промена на работното место, денешниот ден е добар за планирање, но не и за избрзани одлуки. Финансиски, можно е да ...
Вистинска драма се одвивала рано утринава во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, каде околу 5 часот избувнал пожар пред влезот на објектот. Силниот чад, детонациите и полициските тропања на вратите ги разбудиле станарите, кои во паника ги напуштале своите домови. Според сведоштва на жители за 4news.mk, пожарот најверојатно избувнал на електрична инсталација на која извесен период претходно биле изведувани работи. За само ...
Туристите кои престојуваат во Пефкохори на Халкидики се предупредени да не се капат во дел од морето кај плажата Акротири, откако локалните власти воведоа привремена забрана поради истекување на отпадни води предизвикано од пукнат канализациски цевковод. Одлуката ја донесе Општина Касандра како превентивна мерка за заштита на јавното здравје, а забраната важи за крајбрежен појас во должина од 200 метри од двете страни на местото каде што се ...
Азиските берзи нагло пораснаа во петокот по новите знаци за можен мировен договор на Блискиот Исток, додека цените на нафтата паднаа на најниско ниво за два месеци. Цената на американската сурова нафта падна за 1,2 проценти на 86,69 долари за барел, откако претходниот ден падна за 2,6 проценти, објави Ројтерс. Цената на суровата нафта „брент“ падна за 1,1 процент на 89,40 долари за барел, откако падна за речиси три проценти во претходната ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија. Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Вчера вечер и во текот на изминатата ноќ до рано утрово од денешниот ден Петок 12 Јуни 2026 во Македонија на повеќе места имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер локално со појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Сето ова беше поради влијанието на ладниот атмосферски фронт кој од ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир. Според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД, од кои два за време на мандатот на Висар Ганиу и два во периодот кога со општината раководел Изет Меџити. Она ...
Еден до домаќините на СП 2026, Мексико, ја победи сеелкцијата на Јужна Африка со резултат од 2:0 во меч со друти три црвени картони. Во вториот меч од групата А Јужна Кореа ја совлада Чешка со 2:1 иако губеше 1:0 по 57тата минута. Денеска на програмата се натпреварите од групата Б и Ц Канада-БиХ во 21.00 часот и САД-Парагвај од 03:00 част. Еден до домаќините на СП 2026, Мексико, ја победи сеелкцијата на Јужна Африка со резултат од 2:0 ...
Собранието вечерва го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се воведуваат значително построги правила за работењето на приредувачите на игри на среќа и нови механизми за контрола на секторот. За законското решение гласаа 59 пратеници, додека девет беа против, објави на социјалните мрежи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Една од најзначајните новини е ограничувањето казината, автомат-клубовите и другите ...
Мексико со сигурна и убедлива игра го отвори Светското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Јужна Африка со 2-0 на преполниот стадион „Ацтека“. Домаќинот уште од самиот почеток го наметна своето темпо, целосно ја контролираше играта и заслужено ги освои првите три бода на Мундијалот. Фудбалерите на Јужна Африка не успеаја да го покажат потенцијалот што се очекуваше од нив. Освен што тешко создаваа шанси пред противничкиот гол, ...
Општина Карпош продолжува редовно да ги извршува сите свои законски обврски и да ги сервисира услугите кон граѓаните, без никакви застои, и покрај актуелното отсуство на градоначалникот. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, осврнувајќи се на јавните реакции поврзани со состојбата во општината. Според Перински, институциите во Карпош функционираат непречено ...
Жителите на скопската населба Капиштец повторно излегоа на протест поради, како што велат, долгогодишната бучава од угостителскиот објект „Интермецо“, предупредувајќи дека доколку и овој пат институциите не преземат конкретни мерки, нивниот следен чекор ќе бидат блокади на улиците. Протестот, организиран од граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, се одржа кај кошаркарското игралиште во паркот во населбата. На собирот присуствуваа и ...
Администраторот на НАСА, Џеред Ајзекмен, го правдаше изборот на екипаж составен исклучиво од мажи за орбиталната мисија „Артемис III“. Фактот дека ниедна жена не е дел од оваа мисија предизвика критики од набљудувачите и љубителите на вселената ширум светот. „Видов реакции коишто се движат од разочарување до негодување“, напиша раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, на „Икс“. – „Во свет со толку ...