Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Петтото издание на Ohrid Wine Festival Vol. 5 ги носи Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа, Битолски камерен оркестар, Куку Леле и уште многу музички имиња, кои ќе настапат од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија. Фестивали.мк и годинава подготви програма за три вечери исполнети со музика во живо и вина од домашни и регионални винарии и гастрономска понуда, претворајќи го охридскиот кеј во едно од најживите места на почетокот на ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објавата на X посочува дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот Фронт за вистина и правда. „По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на ...
Европската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија. Кипар, кој во моментов претседава со Советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата. Со зголемени средства за мерките за вработување и јасен фокус кон младите, резултатите се веќе видливи. Само преку Оперативниот план за вработување во 2025 година беа опфатени над 2.600 ...
Соопштение на ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија преку економската соработка и поттикнувањето на инвестициите, во согласност со визијата на ВЛЕН за одржлив развој, конкурентна економија и повеќе можности за граѓаните. Учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција-Северна Македонија во Истанбул е доказ за активниот пристап ...
Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Бадар, Кожле и Блаце, корисниците од населба Тотинци и тунелите Катланово во општина Петровец, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од село Сарај лоцирани позади старата џамија во општина Сарај. Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците ...
Соопштение на СДСМ: Додека Мицкоски го брани Трипуновски земоделците се во тешка криза. Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба – оставени сами да се борат за опстанок размислуваат за затворање на фармите. Откупната цена на млекото е драстично намалена и понижувачка, само дваесетина денари за литар. Додека на сточарите млекото им се откупува по мизерни цени, во исто време, цените на млекото ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американските сили го ликвидирале Хектор Рустенфорд Гереро Флорес, познат како Нино Гереро, водач на венецуелската криминална организација Трен де Аргуа. „По моја наредба, Јужната команда на САД изврши брз и смртоносен кинетички напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата Земја“, соопшти ...
Соединетите Американски Држави не можеа да посакаат подобар почеток на Светското првенство, откако рано изутринава пред своите гледачи во Лос Анџелес го совладаа Парагвај со 4-1 во натпревар од групата Д. Домаќините имаа одличен почеток, поведувајќи во седмата минута преку автогол на Дамијан Бобадиља. По половина час игра, веќе беше 2-0, а стрелец беше Балогун. Истиот играч го постигна и третиот гол во самиот финиш од првото полувреме, и со ...
Русија имплементира сопствен сателитски систем за управување со борбени беспилотни летала – изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба во Кремљ. Изјавата Путин ја даде за време на средбата со воените лица кои учествуваат во, како што ја нарекуваат во Москва, „специјалната воена операција“ во Украина, а по повод одбележувањето на Денот на Русија. „Имаме таков систем, тој се појави и веќе се имплементира“, рече Путин во одговор на ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Уште од почетокот на следната седмица особено централна, југозападна, западна Европа и Италија ќе бидат зафатени од нов екстремно топол бран од Африка и тропски антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кој ќе условува суво, стабилно и екстремно топло време со многу сонце и со екстремно високи температури на воздухот. Овој екстремно топол бран ќе предизвика токму во погоре споманите предели од Европа да ...
Прекин во водоснабдувањето денеска ќе има за корисниците на неколку улици во Скопје. ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување денеска за корисниците на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ од 8:00 часот изутринава. Прекинот ќе биде поради поправка на затворач со пречник од 300милиметри на двете улици, а ќе трае до завршување на работните активности. Од 8:00 часот прекин во водоснабдувањето поради поправка на ...
Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде побара од Белата куќа да не ја користат нејзината музика во видео што американската администрација го користи за да ја промовира својата имиграциска политика на „Тикток“. Белата куќа во понеделникот објави видео на кое се гледаат агенти на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) како им ставаат лисици на луѓе додека во заднината се слуша хитот на Аријана Гранде „Bye“ (Довидување) од 2024 година. Акциите ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер ...
Босна и Херцеговина го освои првиот бод на Светското првенство, откако ремизираше 1:1 против домаќинот Канада во натпреварот од првото коло во Б-групата. За Канаѓаните ова реми има историско значење, бидејќи ја освоија првата мундијалска точка во својата историја. На претходните две учества, во 1986 и 2022 година, Канада ги загуби сите шест натпревари. Избраниците на Сергеј Барбарез можат да бидат задоволни од освоениот бод, кој може да биде ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во попладневната програма на МРТВ ги покани граѓаните на второто издание на „Центарска симфонија”, музички спектакл под отворено небо, кој ќе се одржи утре со почеток во 19:30 часот на „Плочник” во Градски Ѕид. „Јас, како градоначалник, во изминативе години многу инвестирам во културата и во културните настани што се одржуваат низ годините. Буџетот за култура е зголемен на 25 милиони ...
Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната ...
Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска (12 јуни 2026) одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи. Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето на рудникот ќе бидат ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Бизнис форумот помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија, кој се одржа во Истанбул. Форумот беше отворен од министерот Муцунски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а на него учествуваа бројни претставници на институциите, стопанските комори и бизнис-заедниците од двете земји. Во ...
Соопштение за јавност на Левица: На вчерашната собраниска седница, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро го критикуваше владиниот Предлог-законот за игри на среќа, оценувајќи дека тоа не носи суштински промени и продолжува да ги штити интересите на коцкарското лоби. „Да беше 2023 година и сегашниот вицепремиер Изет Меџити да беше во опозиција, ќе излезеше на оваа говорница и ќе кажеше дека овој закон е смешен. Токму тој тогаш тврдеше ...
Соопштение за јавност на ДОМ: Демократската обнова на Македонија (ДОМ) најостро реагира на начинот на кој во Собранието помина првиот филтер за измените во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, скроени по мерка на инвеститорите во дата-центри. Сметаме дека е апсолутно недозволиво зад затворени врати да се воведуваат нови исклучоци и рокови во овие закони. Под изговор дека се работи за инфраструктура за дигитални податоци, ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода пет лица кај кои била пронајдена дрога. На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.П.(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 11.06.2026 во 21:10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР ...
Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските ...
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома”, министерот за локална самоуправа Златко Перински, оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде одржа средба со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот на општината и општинската администрација. На средбата се разговараше за тековните активности на општината, развојните приоритети, реализацијата на капиталните инвестиции и потребите за понатамошно јакнење на ...
Најмалку седум лица го загубија животот, а уште две се потешко повредени во филмска сообраќајна несреќа што се случи утринава на западот на Унгарија. Унгарската полиција официјално објави дека трагедијата се случила во моментите кога патнички минибус со голема брзина удрил директно во камион кој стоел во место на автопатот М1. Сообраќајот на овој патен правец бил во целосен застој поради друг инцидент кој се случил малку порано на истата ...
На 11.06.2025 во 05:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 14-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал Ц.Л.(27) од Германија и ѝ го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 11.06.2025 во 05:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода ...
ВМРО-ДПМНЕ со соопштение остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, оценувајќи дека Александар Наумоски нема кредибилитет да зборува за борба против корупцијата. Од владејачката партија наведуваат дека Наумоски, поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров и актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ, уште на почетокот од својот мандат ја зголемил градоначалничката плата. Во реакцијата се тврди и дека јавноста го памети по ...
Прес-конференција на СДСМ , Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди. Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески” и Државна награда „Ремзи Несими”. Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министеротза транспорт на Турција Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што ...
Масовна физичка пресметка меѓу шест лица била пријавена вчера попладне во скопското село Батинци, информира Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, на 11 јуни 2026 година, во 18:30 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во село Батинци. Во инцидентот учествувале Б.Д. (38) и В.Д. (30), од една страна, и С.М. (27), Д.М. (33), Д.М. (38) и С.М. (44), од друга страна, при што дошло до ...