Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места. Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш ...

Хеликоптер со осум лица се урна во индонезиската покраина Западен Калимантан. Сите шест патници и двајца членови на екипажот – вклучувајќи го и пилотот – загинаа, соопштија властите. Хеликоптерот Ербас Х130 изгуби контакт пет минути по полетувањето од плантажа во Мелави во неделата, изјави шефот на спасувачките служби на Индонезија, Мохамед Сјафи. „Локацијата каде што се изгубил падот или контактот е во област со густа вегетација и стрмен ...

„Веруваме дека највредната инвестиција што едно општество може да ја направи е вложувањето во младите генерации – затоа што токму тие, со развиена емпатија, знаење и чувство за одговорност, го менуваат светот на подобро. Нашата прва станица беше ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје , каде што имавме чест да се дружиме и да разговараме со учениците од 7 одделение . Со заеднички ангажман на нашиот тим и со значајна поддршка од Велика Миленковска , ...

Соопштение на ДИУ: Вчерашната објава на пратеник од Вреди, со која се обиде како успех да го прикаже двојазичното објавување документи во Службен весник, заврши како јавен доказ за неспроведување на законот од институциите што токму тие ги раководат. Службен весник не функционира по политичка желба, ниту по моментален каприц. Тој има законска обврска објавите да ги публикува на два јазика, согласно важечкиот правен поредок. Значи, пратеникот ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Денес и утре петок и сабота (17/18 април 2026) во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Исто така ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. И во Скопје и околината денес и утре петок и сабота (17/18 ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски деновиве престојува во работна посета на Вашингтон, во рамки на втората сесија од Стратешки дијалог Македонија – САД, процес од исклучително значење за унапредување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните. Во текот на посетата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби со високи претставници на американските безбедносни институции, меѓу кои со Николас Колура, ...

Соопштение на ДОМ: ДОМ изразува сериозна загриженост во однос на најавените и тековните измени поврзани со Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои отвораат простор за значително олеснување на постапките за доделувањето концесии и користењето на природните ресурси. Иако овие измени се претставуваат како технички или економски унапредувања, нивниот ефект може да биде долгорочен и со трајни негативни ...

На 16.04.2026 во 16:15 часот во с.Горно Душогубица, кичевско, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода бил Г.С.(66) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом и помошни простории во с.Горно Душогубица, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се и одземени ловечки карабин ...

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон. На средбите присуствуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Гувернерот Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер, извршниот ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот, како вработен во Министерство за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и спроведување на решенија за приватизација на градежно ...

Цените на нафтата паднаа откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши бидејќи Техеран се согласил да се откаже од збогатување ураниум. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент падна на околу 98,5 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта се спушти на 93,6 долари. Сепак, економските аналитичари ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе има обраќање на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, што се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, информираа од нејзиниот кабинет. „Лидерскиот панел“ ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи на Турција, пратеник во Големото национално собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 17 до 19 април 2026 година во Анталија ќе учествува на петтото издание на Дипломатскиот форум (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), организиран од Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Форумот годинава се одржува на тема „Мапирање на утрешнината: управување со неизвесностите”. Во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се согласил да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години. Трамп им рече на новинарите пред Белата куќа дека договорот со Иран е „многу блиску“ и дека треба да биде добар договор без нуклеарно оружје, објави Би-Би-Си. Тој нагласи дека постои „многу силна позиција“ дека Иран нема да има нуклеарно оружје дури и по тој период, додавајќи дека всушност нема временско ограничување од 20 ...

Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени. За ...

Почетокот на 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах предизвика славје во Либан, додека Обединетите нации го поздравија договорот и повикаа на негово целосно почитување. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Израел и Либан се согласиле од полноќ на сила да стапи прекин на огнот, по интензивните судири меѓу проиранското движење Хезболах и израелските сили. Во главниот град Бејрут се регистрирани истрели и експлозии, за ...

Вистинска драма се одвива вечерва во скопската населба Аеродром, откако двајца разбојници вооружени со огнено оружје упаднале во казино во трговскиот центар „Скопјанка“ и извршиле грабеж. Според информациите објавени од Слободен печат, напаѓачите по грабежот избегале кон кејот на Вардар, по што полицијата започнала интензивна потера низ улиците во населбата. Во тек е обид за нивно опкружување, додека целиот реон е под силно полициско ...

Физички напад бил пријавен синоќа во хотел во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, на 16 април 2026 година во 21:40 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во хотел на подрачјето на главниот град. По пријавата, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека лицето П.Н. било физички нападнато од две лица од село Ржаничино. ...

Светот е доволно поделен, но граѓаните на Македонија и Бугарија имаат природна поврзаност која политиката не смее да ја наруши. Оваа порака ја испрати бугарскиот новинар Румен Скрински во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на 4tv.mk. Во разговорот, Скрински оцени дека политичките елити често профитираат од создавање тензии, додека секојдневниот живот на граѓаните од двете страни на границата покажува сосема поинаква слика – на блискост, ...

Падот на Виктор Орбан во Унгарија е резултат на „ПР катастрофа“ и претерано потпирање на агресивна пропаганда која на крајот му се врати како бумеранг, оцени политикологот Ненад Марковиќ во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ.мк. Според него, нападите врз опозицијата и исценираните скандали не само што не помогнале, туку дополнително го забрзале неговиот пораз. Осврнувајќи се на новата политичка сцена, Марковиќ повлече паралела меѓу новиот ...

В среда на 22 април, со почеток од 18:00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде промовирана книгата „Женскиот идентитет и женскоста низ поетската призма“ од Рената Пенчова, издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје. Промотор ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а разговорот со авторката ќе го модерира Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на ПНВ Публикации. Изданието е поддржано од Министерството за ...

Политичките случувања во регионот, особено во Унгарија и Бугарија, ќе имаат директни импликации врз Македонија, оцени политикологот Ненад Марковиќ во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.мк. Според него, иако промената на власта во Унгарија по долгогодишното владеење на Виктор Орбан претставува значаен политички пресврт, сепак клучните импликации за Македонија ќе доаѓаат од Бугарија. Причината, како што посочи, е географската и ...

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи. „Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски ...

Починати се три лица од кои две деца по пожар во станбена зграда во Малишева, на Косово. Портпаролот на Регионалната полиција во Ѓаковица – Шермет Ељезај рече дека околу 12:55 часот добиле информација дека има пожар во станбена зграда во населбата „Мирдита“. Потоа, на местото на настанот дошле надлежните полициски единици, пожарникари и екипи за итни случаи. Според Ељезај, во објектот биле пронајдени три лица – едно возрасно лице и две деца ...

Во судскиот процес против поранешната претседателка на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, денеска како доказ беше презентиран сертификат за кој обвинителството тврди дека е добиен со фалсификат. На рочиштето беа изнесени и дополнителни материјали, меѓу кои предмети поврзани со судир на интереси што се воделе во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во периодот додека Димитровска ја раководела институцијата. ...

На американскиот носач на авиони USS Dwight D. Eisenhower (CVN-69) оваа недела избувнал пожар додека бродот се наоѓал на ремонт во бродоградилиштето Норфолк во Портсмут, во државата Вирџинија. Во инцидентот, кој се случил преку вчера, биле повредени тројца морнари, но по укажаната медицинска помош тие се вратени на должност, пишува USNI News. Пожарот брзо изгаснат Според портпаролот на морнарицата, станувало збор за помал пожар кој веднаш бил ...

Властите во Македонија спроведуваат истрага за новоформираната терористичка група „Ашаб Ал Јамин“ (HAYI), за која постојат сериозни сомнежи дека има поврзаност со структури блиски до Иран. Според информации објавени од платформата De Re Militari, оваа организација презела одговорност за серија антисемитски напади низ Европа во текот на март и април. Меѓу најсериозните инциденти за кои групата се поврзува е и подметнувањето пожар во објект на ...

Европа се соочува со сериозни предизвици во енергетскиот сектор, откако директорот на Меѓународна агенција за енергија, Фатих Бирол, предупреди на намалени резерви на авионско гориво и можни последици врз воздушниот сообраќај. Според неговите оценки, доколку состојбата не се стабилизира, постои ризик од нарушување на редовниот авио-сообраќај, што би можело да доведе до откажувања на летови и зголемување на цените на билетите. Кризата е ...

Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина за делото за кое се гони и е во притвор, потврдуваат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Телма. Според информациите, доцна попладнево е склучена спогодба меѓу обвинителството и Стафа, по што тој признал вина за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Со спогодбата е предвидена затворска казна од една година и три ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
58%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
55%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
96%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
64%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
65%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
51%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Рутениум

55395.74

Родиум

324722.54

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Бакар

12.14

Калај

49.88

Иридиум

253540.09

Паладиум

49215.93

Цинк

3.44

Платина

66712.80

Алуминиум

3.53