Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени. Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати, рече дека и во него има проток на нафта. ...
Во периодот од 2020 до 2026 година, Управата за јавни приходи евидентирала десетици илјади случаи на приливи од странство кај физички лица, при што за 2020 година биле испратени 11.527 известувања за можен оданочив доход, а за 2025 година биле регистрирани 70.869 лица со приливи од странство во вкупен износ од 577 милиони евра, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите што го одржа директорката на УЈП Елена Петрова. Како што беше ...
Светски познатиот инвеститор и технолошки визионер Мохамед Алаббар ќе учествува на „Адрија Фјучр Самит“, кој ќе се одржи од 22 до 24 април во Порто Монтенегро, во Тиват. Неговото присуство се смета за потврда на сè поголемото значење на регионот како атрактивна дестинација за стратешки инвестиции, иновации и крупни развојни проекти. Алаббар, основач и претседател на компанијата „Игл Хилс“, важи за еден од највлијателните луѓе во областа на ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково ...
Вчерашниот шок од вооружениот напад во училиште во округот Сиверек, во Шанлиурфа, се уште не стивнал, а денеска слична вест пристигна и од Кахраманмараш. Според првичните информации, вооружен напад бил извршен во средното училиште „Ајсер Чалик“, при што има голем број повредени. Гувернерот Мукеррем Унлуер изјави дека станува збор за вооружен напад со засега непозната причина. „Настанот е многу свеж. Во едно наше училиште се случи тажен ...
Скопје денес беше домаќин на висока меѓународна делегација од европските градови Кемниц, Гориција и Нова Горица, потврдувајќи ја својата посветеност кон зајакнување на европската културна соработка во пресрет на титулата Европска престолнина на културата 2028. На средбата присуствуваа градоначалниците Само Турел, Радолфо Зиберна и Џозефин Хаге, како и вршителот на должноста амбасадор при Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири возачи управувале возило без возачка дозвола, а двајца управувале возило под дејство на алкохол. Во Битола двајца возеле без возачка дозвола, а по еден во Скопје и Гевгелија. Еден од возачите во Битола претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судскиот процес против Стојанче Јовановски, каде обвинителката Адела Бојчевиќ изведе повеќе материјални докази, меѓу кои и видеоснимки кои, според обвинението, го документираат континуираното семејно насилство врз неговата сопруга Ивана Јовановска. Случајот се однесува на трагедијата од 2 март 2026 година во скопската населба Тафталиџе, кога Јовановска го загуби животот по пад од шести кат, ...
Вооружен напад се случи денеска во училиштето „Ајсер Чалик“ во градот Кахраманмараш, Турција, при што според првичните информации има загинати и повредени лица. Инцидентот се случил во општината „12 Февруари“, каде што од училиштето се слушнале истрели, по што веднаш била наредена итна евакуација на учениците и персоналот. На местото на настанот за кратко време пристигнале бројни полициски и медицински екипи. Гувернерот на Кахраманмараш, ...
Министерството за финансии на САД повторно го продолжи рокот за склучување трансакции со меѓународната мрежа на руски бензински пумпи „Лукоил“, овој пат до крајот на октомври. Општата дозвола беше објавена вчера на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД и важи до 29 октомври оваа година. Во декември, OFAC издаде дозвола според која трансакциите со мрежата на бензински пумпи ...
Жителите на Чешиново – Облешево добија нов, модерен простор за рекреација на најмладите, што е резултат на директна иницијатива на жителите на општината. Преку серијата Форуми во заедницата, граѓаните сами го идентификуваа недостигот на детско игралиште како клучен приоритет, потврдувајќи дека кога заедницата активно учествува во одлучувањето, локалните политики одговараат на реалните потреби. Детскто игралиште, во вредност од 2.4 милиони ...
Прес конференција на Андреј Жерновски член на Извршниот одбор на СДСМ Добар ден, почитувани претставници на медиумите. Благодарам за присуството. Дозволете денеска да кажам многу битни работи што СДСМ ги смета за актуелностите коишто се случуваат, како на домашен, така и на меѓународен план. Падот на авторитарниот режим на Виктор Орбан има директни последици не само врз целиот регион, туку и врз оние политичари коишто беа под негова директна ...
На 14.04.2026 околу 17:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Стамен Манов” во Кочани, патничко возило „цитроен” со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани. На 14.04.2026 околу ...
Победникот на парламентарните избори и иден премиер на Унгарија, Петер Маѓар, денес објави дека се сретнал со претседателот на таа земја, Тамаш Суљок, и оценил дека тој не е достоен да го претставува единството на унгарскиот народ. „Тој (Сулјок) не е погоден да служи како чувар на законитоста. Тој не е погоден да служи како пример за углед и морален авторитет“, напиша Маѓар на X. Новоизбраниот премиер додаде дека „со формирањето на новата ...
Соопштение за јавност на Левица: Левица го осудува обидот за укинување на Колективниот договор за култура, кој власта го турка преку Уставниот суд, и ќе го поддржи најавениот протест на културните работници закажан за 16 априли пред Министерството за култура. Вработените во културата преку овој протест ќе го изразат својот револт заради непочитувањето на колективните договори од страна на министерството. . Со покренување на постапка за ...
Со прикажување на видео-снимки од безбедносни камери, денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за семејно насилство што, според обвинението, довело до трагичниот исход во кој неговата сопруга го загубила животот. Обвинителството презентираше снимки направени во близина на судскиот комплекс во Скопје, каде што, според наводите, се случил дел од насилството. На видеото се гледа како обвинетиот во два наврати ја удира ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека СДСМ продолжува со тоа дека Груевски треба да одговара и пораката до опозицијата, изјави: „Па јас поврзано со таа тема, тоа што имав да кажам, го кажав во текот на вчерашниот ден и немам што да додадам. Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите, без разлика кој бил, како бил, дали некој е ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска официјално ги промовираше 100-те нови возила наменети за потребите на АД „Македонска пошта“, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон модернизација на ова јавно претпријатие. Според премиерот, инвестицијата претставува директен одговор на долгогодишното занемарување и недоволното вложување во системот, што резултирало со застарена опрема и намалена ефикасност. „Просечната старост ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево. Во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба ...
Прес конференција на Имране Велиу Алиу од ДУИ Почитувани претставници на медиумите, Вчера видовме како еден „мастерплан”, промовиран со голема помпа пред изборите, се сведе на замена на неколку калдрми, од кои половината завршуваат со асфалт. Проект кој требаше да ја зачува Чаршијата, заврши како импровизација што го нарушува нејзиниот идентитет и вредност. И сето тоа преку процес што отвора сериозни сомнежи. Како изведувач е избрана ...
Малите црни точки долж рабовите на шофершајбната со години се дел од секој автомобил, но за нивната вистинска функција малкумина возачи знаат. Во последниот период, оваа наизглед неважна појава стана вирална тема на социјалните мрежи, каде бројни корисници признаваат дека дури сега откриле зошто постојат. „Дали некој знае за што служат овие точки?“, прашува еден корисник, додека друг признава дека бил изненаден кога ја дознал нивната ...
Голем ирански танкер за сурова нафта влезе во иранските територијални води откако помина низ Ормутскиот теснец, и покрај заканите за блокада од страна на САД, објавија иранските медиуми во среда наутро. Според новинската агенција Фарс, супертанкерот, кој може да носи околу два милиони барели сурова нафта, пловел во меѓународни води и низ Ормутскиот теснец со вклучен систем за следење, „без никакво криење“. Американските власти сè уште не ги ...
Вознемирувачка објава на социјалните мрежи предизвика бурни реакции во јавноста, откако граѓанка сподели искуство од гробиштата во Гробишта Бутел, опишувајќи несоодветен третман на човечки останки. Амела Мемиш Апостоловска на својот Фејсбук профил наведува дека на вториот ден од Велигден, додека била на гробот на својот татко заедно со своите деца, наишле на бела вреќа оставена на самата патека. Според нејзиното сведоштво, едно од децата се ...
Пишува; Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Војната не е само судир на идеи, туку одлука зад која стојат интереси и милијарди, а цената ја плаќа иднината – затоа вистинското прашање не е како се води, туку дали конечно ќе избереме мир како најразумна и најхрабра инвестиција. Војната најчесто ја анализираме како политички судир, идеолошка пресметка или безбедносна нужност. Но што ако таа, во својата суштина, е – економски избор? ...
Овен Денес ќе бидете исполнети со силна енергија и желба за акција, но постои ризик од импулсивни реакции. Во љубовта, можно е недоразбирање со партнерот поради ситници – обидете се да слушате повеќе отколку што зборувате. Слободните овни ќе имаат можност за ново познанство кое брзо може да се развие. На работа, се отвора шанса за преземање иницијатива, но внимавајте да не влезете во конфликт со колеги. Здравјето е добро, но избегнувајте ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Скај њуз“ дека верува оти е „многу можно“ САД да постигнат договор со Иран пред посетата на британскиот крал подоцна овој месец. Во разговор со американскиот дописник Марк Стоун, Трамп рече кога беше прашан за можноста за договор: „Можно е. Многу е можно. Тие се во прилично тешка позиција. Многу е можно“. Американскиот претседател се осврна и на односите со Обединетото Кралство, за кои рече ...
Техничката помош на проектот „ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник наменет директно за општините во Северна Македонија. Истиот е насловен „Прирачник за општините за управување со проекти финансирани од ЕУ (2026)“ и претставува практична алатка која на едноставен и разбирлив начин ги објаснува клучните чекори, методологии и пристапи потребни за подобрување на квалитетот на подготовка и имплементација на ЕУ проекти, како и ...
Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари. Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со ...
Американската војска тврди дека целосно ја блокирала поморската трговија во и од Иран и дека поморската блокада продолжува да се спроведува против бродовите на сите земји што влегуваат или излегуваат од крајбрежните области или пристаништа на земјата. „Блокадата на иранските пристаништа е целосно спроведена“, објави Бред Купер, командант на Централната команда на САД (CENTCOM), синоќа на X. Купер рече дека американските сили одржуваат ...