По поразот од 0-7 изминатиот викенд, фудбалерите на англискиот шестолигаш Истбурн Боро, одлучија да им ги вратат парите на навивачите за купените билети. Четириесет и пет навивачи на Истбурн тргнаа на долго патување преку јужниот брег до гратчето Торки во саботата, но веројатно зажалија што не останаа дома, откако нивниот тим претрпе катастрофален пораз. „По овој неприфатлив резултат, играчите на Истбурн Боро самоиницијативно одлучија да им ...

Фудбалерите на Струга го совладаа попладнево Работнички на гостувањето во Скопје со 3-1 во завршниот натпревар од 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). До својата четврта победа во низа, а вкупно 11 оваа сезона, Струга дојде со головите на Јевтоски (11 минута), Малески (21) и Шабани (70, пенал), додека почесниот гол за Работнички го постигна Трајков (54). Со денешниот триумф Струга со задржа чекорот со лидерот Вардар, ...

Глазгов Ренџерс, под притисок на навивачите, ги отпушти извршниот директор Патрик Стјуарт и спортскиот директор Кевин Телвел. Одлуката стапи на сила веднаш, а клубот им објасни на Стјуарт и Телвел дека „не се вклопуваат во визијата за следното поглавје“. Цената на лошиот почеток на сезоната прв ја плати тренерот Расел Мартин, кој беше отпуштен во октомври, по само 17 натпревари на клупата. Но, навивачите продолжија да вршат притисок врз ...

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, призна дека резултатите на тимот не се задоволителни. Според него, четири порази во првите 12 натпревари се премногу и мора да се исправат слабостите во играта. „Играчите даваат сѐ, но некои делови од играта мора драматично да се подобрат во остатокот од сезоната“, изјави Киву. Тој потенцира дека проблемот не е само во резултатите, туку и во конзистентноста и менталитетот на тимот, кој мора да научи да ги ...

Ливерпул продолжува со проблемите на стартот од сезоната, доживувајќи серија од четири порази по ред во Премиер лигата, што е најлош старт за клубот во последните 32 години. И покрај големите вложувања и трансфер-буџет од околу 500 милиони евра, тимот на Арне Слот не успева да покаже конзистентност. Менаџерот призна дека среќата не била на нивна страна и дека некои одлуки на теренот им биле против нив, што дополнително ја отежнува ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, зборуваше за своето разочарување од неговата дисквалификација и губењето на второто место на Големата награда на Лас Вегас. Норис и Пјастри беа дисквалификувани откако техничкиот преглед на ФИА по трката откри дека нивниот автомобил претерано се истрошил на подот. – Беше разочарувачки крај на денот. Кон крајот на трката, мораше да го контролираме темпото на автомобилот, и сега е јасно дека тоа се должеше на ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 2:2 на гостувањето кај Елсе во недела навечер. За многумина, резултатот претставува неуспех за Реал во борбата за титулата, но оние што го гледаа натпреварот повторно можеа да видат, благо кажано, две дискутабилни одлуки во корист на „кралскиот клуб“. Елче поведе во 52-та минута преку Фебас, а вистинска драма следеше во финишот. Прво, Реал стигна до израмнување во 78-та минута преку Хаусен, но на многу ...

Седум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. најдраматично беше во Солт Лејк Сити, Лејкерси славеа победа над Јута Џез . Кошаркарите на Јута му пружија сериозен отпор на фаворизираниот противник, кој се потпираше на своите најдобри играчи, а кога беше најтешко, Лука Дончиќ ја зеде работата во свои раце и ја донесе победата. Патем, на овој натпревар играше и Леброн Џејмс, кој се врати на паркетот по повреда. Лејкерси имаа ...

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, ја критикуваше играта на тимот, и покрај високиот пласман на табелата. По поразот од Сакраменто ноќеска на домашен терен со 123:128, тој ги повика своите соиграчи итно да се подобрат. -Кингс беа поагресивни во нападот. Ние немавме помош во одбраната. Постојано бевме чекор зад нив. Билансот од 12-4 не ја одразува реалноста. Не сме толку добри. Треба значително да се подобриме ако сакаме да постигнеме нешто ...

Германската легенда Тони Крос ја претстави својата идеална стартна постава составена од фудбалери кои, според него, го обележале спортот. Во неговиот избор се најдоа голем број поранешни соиграчи, но и легенди на светскиот фудбал. Во составот на Крос како голман е Мануел Нојер, а дефанзивната линија ја сочинуваат Марсело, Филип Лам, Серхио Рамос и Паоло Малдини. Средниот ред е резервиран за Лука Модриќ, Зинедин Зидан и Роналдињо, додека во ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, може да го смени клубот во зимскиот преоден рок. Според шпанските медиуми 25-годишниот Винисиус не е во можност да се договори за продолжување на соработката со мадридскиот клуб, што доведе до интерес од Манчестер сити, Челзи и неколку клубови од Саудиска Арабија. Винисиус игра за Реал Мадрид од 2018 година. Во сезоната 2025/26, Бразилецот одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека „топчиите“ можеа да постигнат повеќе голови во победата од 4:1 над Тотенхем вчеравечер во 12. коло од Премиер лигата. – Ова е посебен ден за нас. Знаевме колку е важен овој натпревар и што значи за нашите навивачи. Прекрасно е да можеме да им дадеме таква радост. Искрено, Еберечи Езе можеше да постигне четири или пет гола. Тој е добар играч кој може да создаде магични моменти. Доминиравме во ...

Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Џејмс Харден, стана првиот кошаркар во НБА-лигата кој постави рекорд во постигнување поени во еден натпревар за два различни тима. Во победата од 131:116 над Шарлот Хорнетс, Харден синоќа постигна 55 поени, најмногу во еден натпревар во историјата на Клиперс. Тој исто така имаше три скока и седум асистенции. Со Хјустон Рокетс во 2019 година, Харден двапати постигна 61 поен во еден натпревар, што е тимски ...

Тренерот на Тотенхем, Томас Френк, го коментираше поразот од 4:1 од Арсенал вчеравечер во 12. коло од англиската Премиер лига. – Сè уште имаме работа. Мислам дека е фер да се каже дека сме многу разочарани и незадоволни од денешниот настап. Не сакам да го негирам тоа. Им се извинувам на навивачите. Но, вреди да се размисли и од каде почнавме. Минатата година завршивме на 17. место. Се обидовме да изградиме игра, но денес изгледаше како да не ...

Реал Мадрид се извини за користењето на фотографија од друг играч во видео посветено на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. На Генералното собрание на мадридскиот клуб во недела, 23 ноември, наместо фотографија од Андре Тешеира да Силва беше искористена фотографија од португалскиот напаѓач на Елче, Андре Силва. – Направена е грешка при снимањето на видеото. Се извинуваме, тоа беше човечка грешка, рече претседателот на Реал Мадрид, ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постави историски рекорд. Триесет и осумгодишниот Аргентинец стигна до 1.300 поени (896 гола и 404 асистенции), станувајќи првиот играч во историјата на фудбалот со вакво достигнување. Меси синоќа на гостувањето кај Синсинати во четвртфиналниот плејоф натпревар од МЛС (4:0) постигна еден гол и три асистенции. Меси имаше 941 поени за Барселона, 117 за Интер Мајами, 66 за ПСЖ и 176 за репрезентацијата на ...

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по ремито со синоќа Елче во 13. коло од Шпанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра во Елче и заврши 2:2. – Тоа е фудбалот. По добрата серија, имаме резултати што не ги сакавме. Незадоволни сме бидејќи секогаш сакаме да победуваме, но сè уште има многу натпревари пред нас. Мора да продолжиме да ја анализираме ситуацијата. Тимот не се откажа, се боревме. Резултатот и играта ...

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги искажа впечатоците по синоќешното дерби со градскиот ривал Интер. Милан како гостин победи со 1:0 во 12. коло од Серија А. – Беше величествена победа и спектакуларен натпревар. Почнавме малку вкочането во првите 15 минути, но потоа се опуштивме и создадовме четири или пет шанси каде што можевме да донесеме подобри одлуки во последната третина, особено со Пулишиќ и Салемакерс кои се движеа напред. ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 2:2 во Елче во рамките на 13-то коло во Примера. Претпладнево првиот човек на Реал, Флорентино Перез одржа говор на Собранието на клубот. Во говорот од 78 минути тој ги критикуваше судиите, а токму овој натпревар го обележа судиската одлука на крајот од натпреварот, која беше во корист на Реал Мадрид. Реал изедначи во 87-та минута, а на голот му претходеше очигледен прекршок врз голманот на Елче, Ињаки ...

Атлетико Мадрид запиша важна гостинска победа од 1:0 против Хетафе, во меч што долго време изгледаше како да ќе заврши без голови. Решавачкиот момент се случи во 82-та минута, кога стоперот Домингос Дуарте несреќно ја затресе сопствената мрежа. По брза акција на Атлетико и ниско додавање во казнениот простор, Дуарте се обиде да ја исчисти топката, но под притисок реагираше лошо и со пета ја испрати зад својот голман. Тоа беше доволно за тимот ...

Милан славеше голема победа во градското дерби против Интер со 1:0, а мечот го одбележа голманот Мајк Мањан, кој стана апсолутен херој на „росонерите“. Францускиот чувар на мрежата во второто полувреме одбрани пенал на поранешниот играч на Милан, Хакан Чалхаоглу, спречувајќи го Интер да се врати во игра. Интер беше во налет и бараше израмнување, но Мањан со фантастична интервенција ја сочува предноста и му даде психолошки импулс на Милан да ...

Арсенал славеше убедлив дерби-триумф од 4:1 над Тотенхем на „Емирати“, во меч кој целосно го одбележа блескавата вечер на Ебереќи Езе. Англичанецот постигна хет-трик и беше недопирлив за одбраната на „спарси“. Домаќините поведоа преку Леандро Тросар, а потоа Езе ја презеде сцената со два брзи гола – првиот пред полувремето, вториот веднаш по паузата. Тотенхем накратко се врати во игра со прекрасен удар на Ричарлисон од голема дистанца, но ...

Кристијано Роналдо повторно ја крена публиката на нозе и на свои 40 години, постигнувајќи неверојатен гол со „ножички“ во 96-тата минута од натпреварот меѓу Ал-Наср и Ал-Калеја. Португалецот ја доби топката во шеснаесетникот, се намести со акробатски потег и со прецизен волеј ја испрати под пречката – удар кој веднаш стана хит на социјалните мрежи и беше поздравен со овации од навивачите. Голот ја заокружи победата на Ал-Наср од 4:1, а ...

Рома направи важен чекор кон врвот на табелата, победувајќи ја Кремонезе со 3:1 на гости во натпревар од 12. коло на Серија А. Головите за „волците“ ги постигнаа Матијас Суле (во 17-та минута), Иван Фергусон (во 64-та минута, свој прв гол за Рома) и Весли(во 69-та минута), додека домаќините намалија преку Фолино во судиското надополнување. Рома беше под притисок во првото полувреме — Кремонезе имаше шанси и бараше пенал, но решението беше ...

Репрезентацијата на Италија синоќа ја победи Белгија во полуфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши со 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки. Прво Матео Беретини го победи Рафаел Колињон (6:3, 6:4), а по него, Флавио Коболи го совлада Зизу Бергс (6:3, 6:7 и 7:6). Во финалето, Италијанците ќе играат против победниците од денешниот натпреварот Шпанија – Германија (почеток 12 часот). Италија е актуелен шампион на Дејвис купот. ...

Астон Вила славеше со 2:1 на гостувањето кај Лидс Јунајтед, откако со одлично одигран втор дел успеа да направи целосен пресврт на „Еланд Роуд“. Херој на мечот беше Морган Роџерс, кој со два погодоци го донесе важниот триумф за тимот на Унаи Емери. Лидс го отвори натпреварот многу подобро и поведе уште во 8. минута преку Мартинез, користејќи ја несигурноста во одбраната на Вила. Домаќините имаа контрола и темпо, но не успеаја да го зголемат ...

Нејмар повторно се соочува со повреда, откако по настапот против Мирасол почувствувал силни болки во коленото. Бразилскиот ас веднаш бил изваден од тренажниот процес и моментално работи индивидуално во теретана, со цел да го намали товарот и да избегне дополнително влошување. Ситуацијата создаде нова грижа во Сантос, каде што клубот сега стравува дека Нејмар ќе го пропушти претстојниот натпревар против Интернационал. Медицинскиот тим ...

Џејмс Харден приреди вистинско шоу против Шарлот, предводејќи ги ЛА Клиперс до убедлива победа од 131:116 со една од своите најмоќни партии во последните години. Искусниот бек постигна 55 поени и погоди 10 тројки, поставувајќи нов рекорд на клубот по број на погодени шутеви од дистанца на еден натпревар. Харден доминираше од самиот почеток, преземајќи ја целосната контрола врз темпото и неуморно казнувајќи ја одбраната на Шарлот. Погодуваше ...

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на распоредот беа две средби, на двете убедливи победи забележаа домашните екипи. Постигнати резултати: Арсими – Шкендија 3:0 Тиквеш – Башкими 3:0. Вчера Вардар ја победи АП Брера на гости со 2:0, во петокот Македонија ЃП – Силекс 1:2. Утре играат Работнички и Струга ТЛ, колото ќе се комплетира во вторник со натпреварот Шкупи – Пелистер. Лидер на табелата е Вардар со 36, Струга ТЛ има 32, ...

Матео Пелегрино со два гола го предводеше тимот кон историски триумф, додека Верона продолжува да чека на првата домашна победа оваа сезона.* Парма забележа историска победа како гостин на „Марк’Антонио Бентегоди“, совладувајќи ја Верона со 2:1 – нешто што не му успеало на тимот од Емилија-Ромања цели 24 години. Херој на мечот беше младото крило Матео Пелегрино, кој го отвори резултатот во 18. минута и го постигна победничкиот гол во 80. ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
2.06
63%
1022
weather icon

Белград

-4ᴼ / -4ᴼ
4.63
80%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -8ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
4.63
73%
1024
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
7.12
76%
1020
weather icon

Љубљана

-9ᴼ / -11ᴼ
0.78
90%
1027
weather icon

Атина

8ᴼ / 5ᴼ
7.2
68%
1012
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
47%
1017
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
9.26
34%
1021
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
3.13
84%
1017
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
10.29
65%
1020
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
7.72
81%
1013
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.4077

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Платина

72292.89

Паладиум

57935.65

Рутениум

44946.74

Калај

44.73

Кобалт

59.52

Цинк

3.10

Злато

144981.23

Родиум

310254.70

Бакар

11.84

Иридиум

169549.30

Сребро

2569.43

Алуминиум

3.14