Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Македонската кошаркарска репрезентација од вчера се наоѓа во Даблин, каде утре го игра вториот дуел од претквалификациите за Евробаскет 2029 со Република Ирска. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски денеска двапати тренираа во салата каде утре се игра натпреварот, а еден тренинг (утрински) ќе имаат и утре на денот на натпреварот. – Моите очекувања се да играме исто како летоска и да се надоградиме.Победивме во нашиот последен домашен ...
Раководството на КК Партизан соопшти дека Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на „црно-белите“. Неизвесноста е прекината, а денеска се појавија и вести дека управата му понудила на тренерот максимална слобода, но тој наводно останал на својата одлука за заминување. Според српските медиуми Обрадовиќ во текот на денешниот ден ја испразнил и канцеларијата во Белградска Арена, а притоа како надополнување беше објавено дека тој и од здравствени ...
Македонската женска сениорска ракометна репрезентација денеска во Кавадарци ги почнува подготовките во рамки на ЕХФ неделата. Селекторот Кристијан Грчевски за оваа акција повика 20 ракометарки, а ќе отсуствува само повредената Ива Младеновска. Ракометарките по мини подготовките во Кавадарци ќе учествуваат на меѓународен пријателски турнир во Анкара, Турција и притоа ќе одиграат три натпревари. Во периодот од 5 до 7.декември Македонија ќе игра ...
Екипата на Манчестер Сити со голот на Фил Фоден во судиското надополнување стигна до победа од 3:2 против Лидс во 13.коло од Премиер лигата. „Граѓаните“ по првиот дел имаа водство од 2:0 со головите на Фоден и на Јошко Гвардиол, но гостите од Лидс Доминик Калверт-Луин и на Лукас Нмеча стигна до 2:2. Во првата минута од судиското надополнување Фоден со својот втор гол донесе победа за неговата екипа и второ место на табелата зад Арсенал, а ...
Оскар Пјастри се избори за пол позицијата за последната спринт трка за сезонава во формула 1. Тој успеа да биде најдобар во квалификациите, а пред сè подобар од неговите конкуренти за титулата светски првак Ландо Норис и Макс Верстапен. Пјастри до првото место стигна со време 1:20.055 минута. Второто место му припадна на Џорџ Расел. Поради грешката во последниот круг Ландо Норис заврши како трет. Верстапен е најголем губитник на ...
Денешните два натпревара од 15.коло од Првата фудбалска лига донесоа квалитетен фудбал. Во Битола Пелистер не успеа да ја продолжи серијата победи откако со Македонија ЃП одигра нерешено 1:1. Притоа гостите имаа водство со голот на Христијан Пецов во 18.минута, а битолчани изедначија во 63.минута преку Лука Булатовиќ. До крајот на дуелот двете екипи пропуштија шанси да дојдат до победата. Во Струмица Тиквеш оствари убедлива победа во дуелот ...
Оставката на тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ и натаму е актуелна, а неизвесна е судбината за неговото останување на клупата на „црно-белите“. За денеска беше најавена седница на Управниот одбор, но поради отсуство на дел од членовите (се наоѓале во странство) седницата е одложена. На понудената оставка на од страна на тренерот, раководството на клубот прво ја прифати, а потоа следниот ден ја одби. При враќањето од Атина неколку илјади ...
Тренерот на Евертон Дејвид Моес изјави дека Фудбалската федерација на Англија ја одбила жалбата за црвениот картон на Идриса Геј, кој на натпреварот во понеделникот со Манчестер Јунајтед му удри шлаканица на соиграчот Мајкл Кин. Жалбата е одбиена без образложување, а тоа значи дека Геј ќе ги пропушти натпреварите од Премиер лигата против Њукасл, Борнмут и Нотингем Форест. Евертон и покрај исклучувањето на Геј во 13. минута, со играч помалку ...
Неизвесноста околу тоа дали Жељко Обрадовиќ ќе остане тренер на КК Партизан ќе биде разрешена во текот на денешниот ден. Но, од друга страна некои од играчите изнесоа свој став околу целата ситуација. Обрадовиќ поднесе оставка, но раководството на клубот не ја прифати, а во текот на вчерашниот ден имаа и состанок, но без конечно решение. Дел од играчите веќе изнесоа свој став па така Исак Бонга ги известил првите луѓе на Партизан, доколку ...
Астон Мартин направи стратешки потег кој одекна силно во светот на Формула 1 – легендарниот инженер и дизајнер Адријан Њуи ќе ја преземе водечката улога во тимот. Со овој потег, британскиот тим јасно ја покажува својата амбиција да се вклучи во битката за врвот во наредните сезони. Њуи важи за еден од најуспешните и највлијателните инженери во историјата на Формула 1, човек кој стои зад бројни шампионски болиди и титули со различни екипи. ...
Поранешниот играч на Барселона и ПСЖ, Бразилецот Нејмар беше најзаслужен за победата (3:0) на неговиот тим Сантос во дуелот со Спорт Рекифе. Тој и покрај препораките на лекарите поради повреда на коленото да не настапува, го облече дресот на Сантос и со капитенската лента ја предводеше својата екипа. Голот за водство Нејмар го постигна во 25.минута, а беше асистент на третиот гол за Сантос во 67.минута. Во 90.та минута капитенот беше заменет. ...
Македонската репрезентација за фудбалерки до 19 години ја постигна втората победа во групата 5 / дивизија Б од Лигата на нациите откако денеска го совлада Азербејџан со 3:1. Во првото коло нашиот национален тим ја совлада Грузија со 3:0. Македонскиот тим дојде до водство во 19.минута со голот на Калина Попески, а на 2:0 зголеми Теона Галабовска во 29.минута од пенал. Противничките намалија во финишот на првиот дел преку Мадина Јуругова ...
Украински Динамо Киев го разреши Олександр Шовковски од позицијата главен тренер на тимот. Заедно со Шовковски заминува и целиот тренерски персонал. Игор Костјук, кој моментално го води младиот тим на Динамо Киев до 19 години, е назначен за в.д. главен тренер. Олександр Шовковски беше на чело на Динамо Киев од ноември 2023 година, а под негово водство, тимот стана шампион на Украина во сезоната 2024/25. Во неговиот последен натпревар на ...
Хетафе дојде до важна победа против Елче, совладувајќи го ривалот со минимални 1:0 во натпревар од шпанското првенство. Единствениот погодок на средбата беше постигнат во второто полувреме и се покажа како решавачки во дуелот во кој домаќинот знаеше како да ја сочува предноста до самиот крај. Натпреварот донесе цврста и борбена игра, со мал број вистински гол-шанси. Елче имаше повеќе време со топката, но без конкретна завршница, додека Хетафе ...
НБА првакот Оклахома Сити со речиси перфектниот старт на сезоната ќе добие и ново име во ростерот. На почетокот на сезоната Оклахома Сити има скор од 18 победи и еден пораз. Но, екипата ќе биде дополнително „засилена“ откако од клубот објавија дека Џејлен Вилијамс повторно ќе биде во составот по повредата. Тој досега нема одиграно ниту еден натпревар, па затоа враќањето на терен на Вилијамс треба да претставува голем плус за Оклахома. ...
Фудбалските прволигаши денеска ќе одиграат два натпревара од 15. коло во Битола и во Струмица. По двете победи против Брера и Шкупи, екипата на Пелистер ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да ја продолжи серијата победи, а противник им е Македонија ЃП. Почетокот на дуелот е во 12:30 часот. Триесет минути подоцна во Струмица е закажан почетокот на дуелот меѓу Брера и Тиквеш. Утре (недела) на програмата се дуелите: Струга – Башкими ...
Лошите временски услови и изобилните врнежи од дожд направија многу проблеми во одигрувањето на фудбалските натпревари во Втората лига. Лошото време и терените натопени со вода ги принуди првите луѓе на клубовите во договор за одложување на натпреварите. Одложени натпревари од 15. коло на ВМФЛ: Детонит Плачковица – Скопје, Слога Виница – Охрид, Осогово – Новаци, Кожуф – Вардар Неготино и Големо Коњари – Тетекс. Минатиот викенд беше одложен ...
Европскиот ракометен шампион Магдебург го совлада Еурофарм Пелистер со 31:26, во натпревар кој брзо ќе се заборави. Во дуелот од кој се очекуваа ракометни мајстории и атрактивни моменти, за жал надвладеа германската рутина и победа заради победа, доволна за бодовите да заминат во Магдебург. Гостите во текот на целиот натпревар беа во водство со 3 до 6 голови предност и со сè чини непотребна привилегираност од словачките судии Мандак и ...
Неизвесноста околу оставката на тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ останува до утре (сабота). По денешниот состанок на Управниот одбор и трофејниот тренер конечната одлука ќе биде познат најверојатно утре кога „црно-белите“ ќе се вратат на редовните активности (тренинзи). Обрадовиќ по состанокот заминал и според српските медиуми не се предомислил и оставката останува, иако раководството на клубот не ја прифати. Тренерот Обрадовиќ покрај ...
Екипата на Челзи ќе има засилување за неделниот дерби дуел со Арсенал во рамки на 13.коло од Премиер лигата. Менаџерот на Челзи Енцо Марсека најави враќање на Кол Палмер. Играчот беше два месеца беше надвор од теренот и последниот натпревар го има одиграно на 20.септември против Манчестер Јунајтед. Фудбалерот имаше проблеми со прстите на нозете. Марсека истакна дека сите во клубот се задоволни со враќањето на Палмер, а секако самиот играч е ...
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, смета дека напредокот што го покажува Макс Верстапен е „застрашувачки“ и предупредува дека Холанѓанецот има сè што е потребно за да ја обележи една цела ера во најбрзиот циркус. Во изјава за медиумите, Фетел отворено призна дека е фасциниран од тоа колку Верстапен напредува од сезона во сезона. – Искрено, страшно е колку Макс станува подобар секоја година. Не е повеќе само суров ...
Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата седница ги донесе неколку одлуки по направени дисциплински прекршоци. Во центарот на вниманието беше инцидентот на дуелот од Втората лига меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница Штип. Ова се казните изречени од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ: – Илјази Седат, претставник на ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од три ...
Тренерот на Барселона Ханси Флик во најавата за натпреварот од викендот изјави дека на дуелот со Алавес ќе може да смета на Педри. Надвор од тимот ќе биде капитенот Роналд Араухо, кој нема да настапи поради стомачни проблеми. Педри, кој ќе биде повратник во тимот последен пат на теренот беше на дербито против Реал Мадрид пред еден месец (26.октомври) кога се здоби со повреда на левата нога. Фудбалерот ќе добие минутажа, но нема да биде ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно ја подгреа тензијата со најголемиот ривал Реал Мадрид, откако изјави дека на „Сантијаго Бернабеу се заразени со барселонитис“. Со оваа изјава првиот човек на каталонскиот клуб директно алудира на постојаните критики и напади кои доаѓаат од таборот на мадридскиот клуб. Лапорта порача дека во Реал премногу се занимаваат со Барселона, наместо да се фокусираат на сопствените проблеми и резултати. ...
Македонската кошаркарска репрезентација нема време за одмор, а кус е периодот и за подготовки за следниот натпревар. Синоќа во СРЦ „Кале“ македонските кошаркари постигнаа убедлива победа над Азербејџан со 87:49. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски денеска отпатуваа за Даблин, каде во недела го играат вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029. Селекторот Илиевски веќе најави една промена и во составот ќе биде Џејкоб ...
Тренерот Рубен Аморим е подготвен за темелни промени во составот – според неизвесни информации, тој веќе ги ставил 11 фудбалери на трансфер-листа, што значи дека неколкумина од актуелниот ростер може да ги побараат „вратите“ на клубот. Причината? Непостигнувањето резултати и желбата за реконструкција на тимот, како резултат на лошата форма и очекувањата од новата сезона. Клубот, како што се наведува, сака да ја намали платната листа, да ...
Врнежите од дожд и лошите временски услови се причина за одложување на денешните натпревари групата 5 во Б дивизијата во Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2026 за фудбалерки до 19 години. Според програмата во 12 часот требаше да почнат дуелите меѓу македонските фудбалерки и противничките од Азербејџан. Натпреварот требаше да се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, додека одложен е и дуелот меѓу Словенија и Грузија што ...
Првиот натпревар од 15.коло од Првата фудбалска лига одигран попладнево во Кратово заврши со победа од 3:1 на гостинската екипа Арсими против Силекс. Натпреварот се одигра по тешки услови, поради изобилните врнежи од дожд теренот беше во најголем дел покриен со вода и фудбалерите тешко ја контролираа топката. Во такви услови гостите поведоа во финишот на првиот дел (44.минута) преку Мирнел Хуриќ. На 2:0 екипата на Арсими зголеми Ринор Ајдини ...
Репрезентацијата на Литванија на 10 секунди до крајот губеше 87:80 од Велика Британија, а до крајот постигна девет поени и со пресврт стигна до победа. Ова беше прв натпревар од квалификациите за Светското првенство. Игнас Саргијунас ја „започна“ серијата поени и со тројка намали на 87:83. Акваси Јебоа беше фаулиран и погоди едно слободно за 88:83. Веднаш потоа Саргијунас погодува уште една тројка за 88:86 на 3,5 секунди до крајот. По лошо ...
Иран донесе одлука да го бојкотира извлекувањето на групите за Светското првенство 2026 кое ќе се одржи на 5.декември во Вашингтон. Оваа одлука ја донесе фудбалската федерација на Иран, откако САД одбија да издадат визи на неколку членови од нивната делегација. Ја известивме ФИФА за донесената одлука, која нема допирни точки со спортот членови на иранската федерација нема да бидат дел од церемонијата на извлекувањето на групите за Светското ...