Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ наскоро би можел да го напушти тимот на Манчестер Сити. Но, негова следна дестинација потенцијално е повторно клуб од Премиер лигата – Вест Хем. Последните неколку натпревари Ковачиќ не е во комбинација кај Пеп Гвардиола и има само два натпревара, а секако на бројот на натпревари влијание има и повредата. Клубот од Лондон, Вест Хем кој се бори за опстанок е подготвен за ангажирање на Ковачиќ, особено ...

Ден одмор за македонските ракометари, но обврските кон јавноста и новинарите се нешто што мора да се „одработи“. Капитенот на репрезентацијата Филип Кузмановски имаше свое видување за дуелот со Данска што измина, но и за тој што следи со Португалија. – Португалија е селекција со која може да „играме“ и да се обидеме да ја победиме. Најважно е да немаме осцилации во нашата игра и приоритет треба да биде нашата одбрана и да напаѓаат на наша ...

Натпреварот со Данска е веќе минато, а македонските ракометари се подготвуваат за новиот предизвик – Португалија. На утринскиот брифинг со новинарите селекторот Кирил Лазаров напомена: – Нашиот следен ривал Португалија, тоа е одлична репрезентација и тука се дојдени да се борат за медал. Но, тие не се на нивото на Данска. За нас најважно е да се обидеме да одиграме подобро од дуелот со Данска. Сите ние сакаме изненадување. Португалија е ...

Францускиот напаѓач Уго Екитике успеа да го израмни рекордот поставен од најдобриот играч на Ливерпул на сите времиња, Кени Далглиш, во сезоната 1977/78. Ова лето, многумина беа изненадени кога Уго Екитике дојде на „Енфилд“ од Ајнтрахт Франкфурт. Особено затоа што беше платен за дури 80 милиони евра (плус 15 милиони во бонуси). Сепак, неговиот трансфер остана во сенка на Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) платен за 100 милиони фунти (околу 118 ...

Во текот на следната недела Мохамед Салах се враќа во својот тим Ливерпул по завршување на АФКОН, откако неговата репрезентација Египет попладнево го игра дуелот за третото место Нигерија. Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека е среќен што Салах се враќа, иако пред заминувањето на натпреварувањето двајцата имаа големи недоразбирања. Салах по дуелот со Лидс даде изјава дека „некој не сака да остане во клубот, како и тоа дека нема однос ...

На Европското првенство во ракомет денеска на програмата се шест натпревари, а два се од првата рунда во Малме и четири дуели од второто коло. Во Малме во првиот дуел од 18 часот играат светскиот вицепрвак Хрватска и Грузија, додека од 20:30 часот е дербито на групата меѓу Шведска и Холандија. Овој натпревар ќе го судат македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Во Хернинг во А групата на програмата се дуели од второто коло: ...

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро, може автоматски да активира едногодишно продолжување на договорот на „Олд Трафорд“ ако започне одреден број натпревари оваа сезона. Договорот на 33-годишниот Бразилец би бил продолжен до 2027 година, а воедно би ја задржал сегашната плата, но постигнувањето на таа цел би можело да биде предизвикувачко со оглед на тоа што Јунајтед, докрајот на сезоната ќе се натпреварува само во Премиер ...

Аматерот, Австралиецот Џордан Смит го освои „One Point Slam“ во Мелбурн. Смит, кој ја претставуваше тениската академија „Касл Хил“ од Нов Јужен Велс, во финалето ја победи Џоана Гарланд, 117-та тенисерка во светот. Во натпреварот за трофејот, Гарланд одлучи да сервира, но потоа ја „предаде“ бекхендот, на општо задоволство на „Род Лејвер Арена“. На патот до финалето, Смит го елиминираше и Јаник Синер, откако Италијанецот направи грешка при ...

Екипата на Еспањол слободно може да се каже дека направи голем кикс вечерва во рамките од новото коло во Примера шампионатот. Загуби на свој терен од тимот на Џирона со 0:2, и со тоа загуби може да се каже планирани бодови. Неуспехот на домаќинот на овој меч го најави Ванат кој што погоди од пенал во судиското продолжение од првиот дел. Да биде иронијата поголема, истиот играч на истиот начин погоди и во судиското продолжение од вториот дел, ...

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, почина на 76-годишна возраст, соопшти клубот од Фиренца. – Со голема тага и заедно со неговата сопруга Катерина, децата Џузепе и Мариса и сестрите Италија и Рафаелина, објавуваме дека претседателот Роко Комисо почина. По долга борба со болеста, тој нè напушти утрово, се вели во соопштението, пренесува Анса. Комисо почина во САД, каде што живееше. Комисо, Италијанец натурализиран Американец, е роден во ...

Во првиот дуел на Европското првенство македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија. По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија. Тој се осврна и ѝ на отсуството на двајцата искусни ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз на ноќешниот дуел против Шарлот со 117:135. Нити 39-те поени на Лука Дончиќ и 29-те на Леброн Џејмс не беа доволни да се спречи триумфот на Шарлот. Во редовите на гостите исклучително расположен беше Ламело Бол, кој постигна 30 поени од кои девет тројки, а имаше и 11 асистенции. Натпреварот беше решен во вториот период кои гостите го добија со 34:16. „Езерџиите“ имаат пад во формата особено ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Глазгов Ренџерс постигнувајќи хет-трик. Тој трите гола ги постигна на дуелот од 1/16 финалето на Шкотскиот куп против екипата на Анан Атлетик. Првиот голо Миовски го постигна во 12.минута со што ја отвори серијата, а 20 минути подоцна беше стрелец и на вториот гол за водство од 2:0. На почетокот на вториот дел Глазгов Ренџерс поведе со 3:0, а ...

Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томовски оцени дека Данска вечерва максимално ги искористи техничките грешки во нашите редови што на крајот резултираше со висок пораз од 24-36 на стартот на Европското првенство. -Без разлика што Данска е најдобра, ние излеговме на терен и дадовме максимум. Техничките грешки на стартот не чинеа скапо, а тим како Данска знаеше тоа да го казни, истакна Томовски. Македонскиот голман ...

Германскиот голман во редовите на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, наскоро ќе ѝ се приклучи на Жирона, на позајмица до крајот на сезоната, јави денеска каталонскиот весник „Спорт“. Според истиот извор, двата клуба се блиску до финализирање на договорот. Тер Штеген е во Барселона од 2014 година и оттогаш има 423 настапи во сите натпреварувања, од кои на 176 натпревари ја зачува мрежата на каталонскиот клуб. Тековниот договор на Тер Штеген со ...

Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Денвер Нагетс (без Никола Јокиќ) со 109:118 и останаа без Купер Флег. Првиот пик на последниот драфт го повреди глуждот. Џамал Мареј ги предводеше Нагетс против Далас со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Наџи Маршал со 24 поени постигна најмногу поени во тимот на Далас. За Маверикс поголем проблем од поразот претставува повредата на Купер ...

Селекторот Кирил Лазаров оцени дека вечерашниот дуел против Данска донесе и позитивни моменти во играта на македонската репрезентација и покрај високиот пораз од 24-36 од кодомаќинот на Европското првенство. „Можам слободно да кажам дека, иако е тешко да се каже кога ќе загубиш, макар и со 12 разлика од Данска, јас сум задоволен од момците како се бореа и како се поставија против најдобрата селекција во светот во последните десет години. ...

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави по вечерашниот пораз од Данска (24-36) на отворањето на Европското првенство, дека клучните дуели во групата Б допрва претстојат против Португалија и Романија. -Честитки до Данците за победата. Ние во грч го отворивме натпреварот. Се подготвуваме да ја изненадиме Данска, но тоа се покажа дека е исклучително тешко против репрезентација која за мене е главен фаворит на ...

Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори настапот на 17. Европско првенство, откако вечерва пред 15.000 гледачи во Хернинг загуби од домаќинот Данска со 36:24 во воведниот натпревар од групата Б. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров и покрај поразот имаа добри моменти во дуелот со актуелниот светски и олимписки првак, но Данците максимално ги искористија сите грешки на македонските ракометари. Натпреварот почна израмнето ...

Како ја завршија 2025 година, така ја започнаа и оваа 2026 година. Играчите на Баерн го победија Келн на гостински терен со 3:1 во 17-то коло од Бундеслигата и со тоа импресивно ставија крај на полусезоната во домашното првенство. Играчите на Винсент Компани се брутално доминантни, а бројките велат дека оваа полусезона е најдобрата што Баварците ја одиграле во Бундеслигата. Баерн освои дури 47 бода на 17 натпревари, што значи дека загубија ...

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машката ракометна Суперлига. Тимот цели да се врати на тронот во Македонија, а во тоа добива нов партнер – регионалниот лидер во приредување игри на среќа, компанија Mozzart е нов спонзор на црвено-црните! Логото на компанија Mozzart од оваа година ќе ја краси опремата која тежи две европски титули, освоени во 2017 и 2019 година. Вардар важи за најголем ...

Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од уште големо натпреварување или од 2012 година продолжуваат настапите на Европските и Светски првенства. Нашиот национален тим вечерва го стартува деветтото ЕП, а противник ни е еден од првите фаворити селекцијата на Данска. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов истакна дека овој настап го доживува како голема одговорност. – Девет настапи на Европско ...

Реал Мадрид минува низ тежок период, а последните два дуела – пораза значеа и многу турбуленции. По поразот во Супер купот од Барселона отказ доби тренерот Чаби Алонсо. Неколку дена подоцна „кралскиот клуб“ беше елиминиран и од второлигашот Албасете во куп натпреварувањето. Управата бара нов тренер на листата на желби се Јирген Клоп и Зинедин Зидан, а се споменува и Жозе Мурињо. Веќе има најави и за промени во играчкиот кадар. Шпанските ...

Фудбалерите на Шкендија го дознаа противникот во плеј-офот, во Конференциската лига. Ждрепката што се одржа во Лозана, ја „спои“ Шкендија со турскиот претставник Самсунспор. Полузесоната, Самсунспор ја заврши на шестото место во турската Суперлига. Тимот што го тренира Германецот Томас Рејс (52), лошо играше во финишот, претрпе три последовни порази, а во последните пет рунди од полусезоната освои само два бода. Шкендија на 15 февруари ќе го ...

Ракометниот клуб Вардар продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако е постигнат договор за продолжување на соработката со левото крило Марио Стојановски. Тој ќе остане во дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони. Стојановски е играч израснат во вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои постепено и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот тим. Во изминатиот период тој се наметна како опција на ...

Ливерпулл наводно е подготвен да предизвика „земјотрес“ на фудбалскиот пазар со историска понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам. Англискиот клуб смета дека 22-годишниот играч од средниот ред може да биде темел на иднината на клубот. Барем засега, како што тврди „Фихајес“, Реал нема намера да го продаде Белингам. На Енфилд веруваат дека на тимот му е потребен генерациски лидер кој ќе доминира во средниот ред во следната деценија. Џуд ...

Македонскиот ракометен тим ќе биде пред голем предизвик на вечерашниот дуел во првото коло од Европското првенство. На отворањето во првото коло од групата Б противник е кодомаќинот Данска. – Ќе биде навистина предизвикувачки да се игра во Данска, особено против еден од главните домаќини. Данска е број еден во последните години, па можеме само да уживаме во ова натпреварување и да дадеме се од себе за да ја направиме нашата земја среќна. Знам ...

По отказот за Чаби Алонсо, Реал Мадрид експресно најде замена во сопствените редови и го промовира поранешниот нивни играч Алваро Арбелоа за тренер на првиот тим. Но, по сè изгледа, по елиминацијата од куп-натпреварувањето управата, ќе направи напор да го донесе Германецот Јирген Клоп, кој по заминувањето од Ливерпул сè уште немал ангажман. Сепак постои еден услов за негово седнување на клупата на Реал Мадрид. Клоп инсистира еден од ...

Холандскиот напаѓач Дониел Мален беше претставен во Рома како позајмен играч од Астон Вила до крајот на оваа сезона. Клубот од главниот град на Италија му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за ангажманот на холандскиот репрезентативец. Сепак, клубот од Бирмингем може да очекува 25 милиони евра од Рома, што е многу поголема „втора рата“, бидејќи е потпишан договор со задолжителна откупна клаузула, доколку Рома избори ...

Зинедин Зидан се осврна на својот успешен престој во Реал, во време кога клубот се соочува со нови промени на клупата. Францускиот стручњак, кој освои три Лиги на шампиони и две титули во шпанското првенство со Реал Мадрид, ги сподели своите мисли кратко откако клубот го отпушти Чаби Алонсо и го замени со Алваро Арбелоа. „Во Реал Мадрид, бевме достапни за играчите. За мене, тоа е она што прави нешто силно; вие сте тука за играчот. Ако не го ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
42%
1025
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
38%
1025
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
36%
1025
weather icon

Софија

15ᴼ / 12ᴼ
1.03
52%
1025
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.87
37%
1027
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.36
51%
1026
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1024
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
30%
1025
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
41%
1028
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
29%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
39%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Калај

50.64

Родиум

372948.66

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Кобалт

66.14

Иридиум

231355.22