Здравко Чолиќ со концерт во придружба на симфониски оркестар ја отвори реновираната Сина сала во Сава центарот во Белград. Концертот симболично започна со песната „Продолжи понатаму“ (Produži dalje), која предизвика силни емоции кај публиката. Песната во 1977 ја напиша Корнелије Ковач, а текстот е на Бора Ѓорѓевиќ, кој почина во Љубљана на 3 септември. „Атмосферата јасно покажа дека салата, сега во модернизирана форма, е подготвена повторно ...

Младите од генерацијата Зед повеќе сакаат долги врски отколку куси аванури, покажа ново истражување. Истражувачите велат дека тинејџерите и 20-годишниците имаат изненадувачка опсесија со традиционалната романса. Околу 81% сакаат стабилна врска, а 44% рекле дека често размислуваат за тоа. Кај постарите генерации, околу 75% сакаат врска со една личност, а 25% мислат дека тоа е нормално. „За новите генерации е документирано дека генерално имаат ...

Пејачката Адел, која ја објави свршувачката со американскиот спортски агент Рич Пол, им кажа на обожавателите дека гради нов живот и дека ќе направи пауза од музиката „за да го живее моментот сега“. По завршувањето на последниот концерт од нејзината европска турнеја во Минхен, Адел им порача на своите обожаватели дека нема да ги гледа „неверојатно долго време“, Триесет и шестгодишната британска пејачка кажа дека ѝ треба одмор и дека сака да ...

Хоакин Феникс, кој доби Оскар за најдобар актер за насловната улога во „Џокер“ од 2019, кажа дека имал сон за својот лик, што го натерало режисерот Тод Филипс да сними продолжение. „Џокер: Лудило за двајца“ (Joker: Folie a Deux) вчера имаше светска премиера на Венецискиот фестивал како еден од најисчекуваните филмови, а главните актери Феникс и Леди Гага беа наградени со 11-минутни овации. Приказната продолжува таму каде што завршува првиот ...

Каролина Гочева ќе одржи турнеја во Германија со шест концерти во шест града. Во организација на „Авалон“ и „Легаси евент“, поп-ѕвездата ќе настапи во Штутгарт на 23 ноември, Нирнберг на 26 ноември, Диселдорф на 29 ноември и во Мајнц на 1 декември. Турнејата продолжува во Хамбург на 13 декември, а завршува на 16 декември во Берлин. Каролина ќе пее во концертни сали со својот бенд, со двочасовен репертоар од најголемите хитови. Пролетната ...

Слаткаристика ќе одржи есенска турнеја во Австралија заедно со групата „Либеро“. Првиот концерт е во Волонгонг на 15 ноември. Следниот ден хип хоп музичарот ќе настапи во Мелбурн, а турнејата продолжува со уште два концерта, на 22 ноември во Сиднеј и на 23 ноември во Перт. Минатиот месец, по повеќе од 14 години, Марко Маринковиќ-Слаткаристика и Тони Зен снимија дует. Песната „Милион лета“ беше промовирана на 29 август, а спотот го снимија во ...

Од 10 до 16 септември, во Кинотеката во Скопје ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм. Се отвора со францускиот краток филм „Андалузиски пес“ од 1929, во режија на Луис Буњуел. Музичка придружба на овој нем филм ќе биде Милош Станојевиќ, еден од најеминентните современи српски пијанисти. Ќе се прикажат повеќе француски, литвански, германски и шпански играни и документарни филмови. Фестивалот на 16 септември ќе се ...

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата на 27 октомври од 20 часот, објави таа на своите профили на социјалните мрежи. На регионалната сцена Бадриќ е активна од 1996 и има издадено десет студиски албуми. Има соработувано со браќата Тавитјан на албумот „Македонското срце чука во 7/8“, каде ја испеа преработката на македонската народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“. „Мислам дека успеав затоа што не ...

Дејвид Финчер ја продолжува соработката со „Нетфликс“, а неговиот следен проект ќе биде вестерн. Филмот е насловен „Bitterroot“ и сценариото било напишано уште во 2008, тогаш под името „Big Hole“. Приказната ќе следи остарен сточар кој, откако ќе му ја украдат животната заштеда, тргнува во потрага да си ги врати парите, ограбувајќи банки и ловејќи ги крадците. Него го брка сопствениот син, кој е шериф во градот. Филмот по стилот и тонот се ...

Германскиот пијанист Лука Шестак на 19 октомври ќе одржи концерт во Филхармонијата во Скопје од 20.30 часот, објави продукцијата „МГ“. Шестак свири класични композиции во џез аранжмани, како и блуз, фанк и поп музика. Почнал да свири пијано на осум години и паралелно со часовите по класична музика, ги засакал џезот и блузот, со што подоцна стана популарен на Јујтјуб. На новиот албум „Полесни ноти“ (Lighter Notes) Шестак обработи дела од Шопен ...

„М“ на режисерот Вардан Тозија освои две награди на интернационалниот филмски фестивал Макабро, кој се одржува во Мексико. Тозија ја понесе статуетката за најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ја доби наградата на публиката. Макабро е најстариот жанровски фестивал во Мексико и втор најстар фестивал од овој тип во Латинска Америка. „М“ ја продолжува својата фестивалска турнеја со британската и косовската премиера, во официјалните ...

Кристијан Кики Рахимовски, синот на легендарниот пејач Аки Рахимовски пееше песни од татко му, хитовите на „Парни ваљак“ во дует со поп- пејачката Ана Петановска, која се смета за еден од најдобрите женски вокали кај нас од младата генерација. Рахимовски и Петановска настапија заедно на забавата по фестивалот „Охрид фест“ на 31 август, кој заврши со Интернационалната вечер на Долни Сарај. Поп-пејачот од Хрватска постхумно прими награда за ...

Музичкиот хроничар Тошо Филиповски од 6 септември ќе одржи серија предавања во САД за историјата на македонската рок музика во периодот од 1963 до 2023. Предавањата почнуваат во Њујорк во галеријата „Ем Си“, а ќе завршат во Атланта на 21 септември. „Во Америка одам на своја иницијатива и на покана од луѓе од македонските заедници кои се запознати со ова што го работам, па предложија да направам некое предавање за македонската музика. Тоа се ...

Ричард Гир се појави на мастерклас за време на 81. Филмски фестивал во Венеција и се потсети на хит-филмот од 1990, „Убава жена“. Гир се пошегува дека тој и Џулија Робертс „немале хемија“ во сцената во која неговиот лик, богатиот бизнисмен Едвард, ја соблекува Вивијан. „Овој актер и оваа актерка очигледно немаа никаква хемија помеѓу нив. Не сум го гледал филмот одамна. Тоа е секси сцена“, кажа Гир. Тој смета дека неговата улога во оваа ...

Парадата на холивудските ѕвезди на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал продолжи синоќа со доаѓањето на Тилда Свинтон и Џулиен Мур за премиерата на новиот филм на Педро Алмодовар „Соседната соба“. Иако нов филм на Алмодовар секогаш е настан, овој има посебно значење зашто е негов прв на англиски јазик. Овојпат, доби речиси 20-минутни овации „Мојата несигурност исчезна по првото читање на текстот со актерките. Јазикот немаше да биде ...

Краткиот филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски имаше светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Оденсе (ОФФ), каде што се прикажа со 147 филмови од 39 земји. „Мала шега“ е продукција на „ДНФ филмс“ и копродуциран од ИРЛ од Македонија и „Изван фокуса“ од Хрватска. Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ се квалификуваат за Оскар, Европски филмски награди и БАФТА. Филмот е заснован врз истоимениот расказ од Антон ...

Фолк-пејачката Ирена Спасовска на Охрид фест ја испеа песната „Горат шумите на Македонија“, која ја напишала во јули, инспирирана од пожарите. „Ја напишав песната кога бев тажна, во еден здив, во период кој беше болен за сите нас. Секое време од македонската историја има свој белег за кој се пеело во песните, јас напишав песна за ова што ни се случуваше сега“, ни рече Спасовска. Пејачката вели дека прошетала речиси низ целиот свет, но ...

„Домаќинство за почетници” на Горан Столевски ја освои наградата Златна мимоза за најдобра режија на Филмскиот фестивал во Херцег Нови. Тој беше дел од натпреварувачката програма за долгометражни играни филмови, а за наградата одлучуваше жирито во состав Лордан Зафрановиќ, Пјер Жалица и Павле Симоновиќ. Златна мимоза е 14. награда за „Домаќинство за почетници“, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали и е дистрибуиран во кината во ...

Посетителите видоа шеесетина возила стари над 40 години кои го задржале изгледот од минатиот век. З На 4 септември од 18:30 часот ќе се одржи манифестацијата Ден на семејството, со концерт за поддршка на палијативни пациенти. На 5 септември е настанот „Сите сме исти – инклузија преку културата“, Концертот „Звуците на традицијата“ ќе се одржи на 15 септември, а на 18 септември заеднички концерт ќе имаат Мијата, Даниел Дан, „Брас брадрс“ и ...

Самостојни изложби на младите уметници Серхат Емрулаи и Наѓа Крачуновиќ ќе се отворат на 5 септември во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Станува збор за добитниците на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14. Меѓународно биенале на млади уметници „Будења“. Емрулаи тогаш победи со инсталацијата „Помеѓу“, а Крачуновиќ ја доби наградата за видеоперформансот „Хидра“. Куратори на ...

Симон Трпчески со квинтетот „Македонисимо“ ќе одржи концерт на 6 септември во Делчево, на летната сцена во Градскиот парк од 20 часот. Во квинтетот Александар Краповски свири виолина, Александар Сомов е на виолончело, Хидан Мамудов свири кларинет, саксофон и кавал, а на удиралки е Влатко Нушев, кој е роден во Делчево. Концертот е организација на Општина Делчево во соработка со КултурОп и се одржува во чест на 80-годишнината од ослободувањето ...

Во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци се отвори изложбата со над 60 графички дела изработени на 17. меѓународна графичка работилница „Софија“. На неа учествуваа 15 студенти од Србија, Хрватска, БиХ и Македонија, кои под менторство на професорката Ива Ќуриќ од Хрватска и со асистенција на Вида Меиќ и Сања Жигиќ од Нови Сад создадоа дела во различни класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат и пропустен ...

Том Хенкс ги осудува неодамнешните медицински реклами кои прикажуваат лик сличен на неговиот создаден со вештачка интелигенција без негова согласност. Добитникот на Оскар сподели изјава за јавноста во која ги напаѓа луѓето кои стојат зад рекламите и ги предупредува ги своите 9,5 милиони следбеници на Инстаграм да не се „залажуваат“ со попустите и промоциите кои го користат неговиот имиџ и глас. „Постојат повеќе реклами на Интернет со лажно ...

Весел и динамичен концерт одржа „Суперхикс“ во Охрид, за крај на Охридскиот фестивал на вода, на отворено, спорти езерскиот кеј. Бендот кој годинава прослави 30 години имаше серија настапи низ Македонија за јубилејот, а славеничкиот скопски концерт се одржа во јуни во населбата Кисела вода. На почетокот, публиката од подалеку го следеше настапот на „Суперхикс“, за подоцна да се опушти и да се доближи до сцената. „Ние не сме навикнати на ваков ...

Рокерот Дадо Топиќ од Хрватска втора година по ред го затвори фестивалот „Охрид фест“ со песната „Македонија“ на сцената на „Долни сарај“ и доби награда за својот 60-годишен јубилеј. И минатата година, Топиќ исто така настапи последен со истиот хит кој публиката топло го прифати и доби голем аплуаз на крајот. „Топиќ изрази желба наградата и одбележувањето на јубилејот, да се случи токму на овој фестивал. Му благодариме што ни ја посвети ...

Џорџ Клуни и Бред Пит се враќаат на Филмскиот фестивал во Венеција на светската премиера на филмот „Волци“. Во крими-трилерот во режија на Џон Вотс, двете холивудски ѕвезди глумат ловци на волци кои погрешно се најмени за истата работа за да прикријат злосторство. Филмот, кој не е во конкуренција дебитира за гостите на фестивалот на 1 септември. Иако и двајцата се редовни на фестивалот поединечно, само еднаш поминале на црвениот тепих заедно, ...

Педесет и една година откако е снимена, „Одисеја“ на српскиот пејач Милош Јовиќ, попознат како Лео Мартин, за песната „Одисеја“, доби награда за безвременска песна на фестивалот „Охрид фест“, чија Интернационална вечер се одржа на 31 август на сцената на Долни Сарај. „Одисеја“ е снимена во 1973, а Лео Мартин кој има 82 години, ја испеа во Охрид и ја прими наградата. „Порано, фестивалите беа поинакви. Со цели оркестри се пееше. Сега се пее на ...

Скопската инди-рок група „Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на „Шарла Рекордс“. „Тажен понеделник” е снимена во студио „Алшар“, во периодот мај-јуни 2024. Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на „Милко“, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал, Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини тапани и Владимир Бичковски клавијатури. „Синглот го носи скопскиот ...

Британскиот инженер Том Гринхил предлага бојадисување на надворешноста на прозорците со јогурт како евтино и ниско-енергетско решение за одржување на ладни домови во Велика Британија за време на топлотните бранови. Нанесен со валјак, јогуртот брзо се суши и ја рефлектира светлината и топлината на ист начин како и другите енергетски ефикасни производи за обложување на прозорци. Гринхил признава дека ова може да изгледа како „тотално ...

Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт во Свети Николе на 31 август од 23 часот на градскиот плоштад, по 22 години. Концертот е во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“. „Има ли некој тука што бил на нашиот последен концерт во Свети Николе, пред цели 22 години? На 31 август ќе се видиме пак, малку постари и поискусни, ама со исто толкава енергија“, велат од бендот. „Нокаут“ минатата година одржа пет концерти во Скопје, во Филхармонијата со Дарко ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Калај

50.64

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59