Актерот од Велешкиот театар Исидор Јовановски ја доби наградата за најдобра машка улога на 12. издание на меѓународниот театарски фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево, Србија. Тој е награден за улогата на Тригорин во претставата „Галеб“, во режија на Александар Ивановски. На фестивалот настапија театри од Унгарија, Бугарија, Хрватска, Грција, Србија и Македонија. За фестивалските награди одлучуваше стручното жири Исидора Миниќ – ...

Вечерва од 21 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе го одржи концертот „Цветна симфонија“ во Хераклеја. На репертоарот се класици од Пучини и наполитански песни како „O sole mio“. Од Битолски камерен оркестар велат дека ќе настапат и три сопранистки и еден гостин од Хрватска, кој ќе биде изненадување за публиката. „Од почетокот на годината одржавме седум концерти, кои беа одлично прифатени од публиката, а до крајот на сезоната планираме уште ...

Елена Христова, пејачката на етно сотавот „Баклава“, утре (1 јули) ќе го промовира својот авторски албум „Јоркулук“. Промоцијата ќе се одржи во скопското „Бифе Тафталиџе“ од 20.30 часот. „Албумот е мој авторски материјал, а го работев како истражување на обичаите и песните на Јуруците од Источна Македонија. Драго ми е што дојде време за слушачка промоција на албумот“, вели Христова. Албумот се издава на цеде и плоча, а автор на омотот е Дивна ...

Српскиот кантавтор Оливер Мандиќ ќе биде гостин на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури, на интернационалната вечер, која ќе се одржи на 30 август на сцената на Долни Сарај. Мандиќ ќе добие награда за трајни вредности и ќе настапи со неговиот прв голем хит „Питају ме, питају“, песна со која победи на фестивалот МЕСАМ во Белград во 1984. „Минатата година си размислував дека поминале 40 години откако се појавив на МЕСАМ со оваа песна. Не ...

Во жешките летни денови и потрага по освежителни пијалоци, меѓу препораките на научниците е и турски освежителен пијалок стар илјада години, што можеби и не е светски познат. Станува збор за ајран, едноставна мешавина од свеж јогурт, вода и сол. Можеби не одговара на сечиј вкус и не е соодветен за секого, но со векови е доста привлечен напиток во Турција, а денес се продава во различни форми низ Турција и неколку други земји. „Пиењето ајран е ...

Ламбе Алабаковски ја преработи „Како Пиреј“, песната од Гоце Николовски која ја испеа на „Фолк фест Валандово“ во 1994. Новиот аранжамна на песната е Николче Мицевски, и е најава за второто продолжение на проектот „Македонијо, во срце те носиме“. „Песната доби современ звук, но го задржа својот дух. Новата верзија е мост меѓу генерациите и музичкото наследство.“, вели поп-пејачот. Музиката и текстот на оригиналната верзија се на Гоце ...

Поп-пејачот Александар Тарабумов пееше евергрини и филмска музика на концертот „Центарска симфонија“ кој се одржа сношти (28 јуни) во Скопје на отворено, кај Градски ѕид. Скопјани го наполнија плочникот пред Клубот на новинари и пееја заедно со поп-пејачот кој настапи со камерен оркестар и бенд. „Многу убава енергија. Скопјани уживаа заедно со мене, пеевме во еден глас и имаше многу пријатна атмосфера. Имавме добро одбран репертоар, добри ...

Над 40 млади музичари од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје и од Државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип и десетина нивни врсници од Норвешка, вечерва (29 јуни) од 20 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе свират популарни и џез композиции под менторство на норвешката композиторка и професорка Сесил Грендал. Ист концерт ќе се одржи во концертната сала во музичкото училиште во Скопје, утревечер (30 јуни) од 20 ...

Длабоко политички ангажиран концерт одржа „Масив атак“ синоќа (28 јуни) на Стадионот на АРМ во Градски парк во рамките на „Скопје колинг“. Иако пионерите на трип хопот ретко објавуваа нова музика во изминатите 15 години, ова беше најголемиот од нивните три досегашни концерти во Скопје, а својата поширока актуелност и релевантност ја одржуваат преку агресивна критика на светот во кој сега живееме. Концертот го отвори Дина Јашари, веројатно ...

Aеродромот „Чанги“ во Сингапур го освои првото место како најдобар аеродром во светот по 13-ти пат според анкетата на „Скајтракс“. Тој е прогласен и за аеродром со најдобра храна и најдобри тоалети во светот. Ова е еден од ректките аеродроми што се смета не само за станица, туку и за дестинација сама по себе. Има трговски центар на 10 ката, внатрешни градини, тематски парк со диносауруси, базен на покривот, кино и најголемиот затворен водопад ...

На 30 јуни од 21 часот, oркестарот на Филхармонијата ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Концертрот ќе се одржи во Концертната сала во Солун. Диригент ќе биде Михалис Иконому од Грција, а како солисти ќе настапат македонската сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од ...

Поп-пејачката Мелани Тарчуловска ја промовираше новата песна „Шах- мат“, нејзин четврти сингл. „Сите мои авторски песни се со брз ритам, модерен бран од делот на поп, латино трап и аренби звукот. Тематата на песната ја опишува насловот. Во ‘Шах- мат’ пеам за луѓето кои секогаш се враќаат кога е предоцна и луѓето со повеќе лица. Овој проект нема посветеност туку е реализација на моите идеи. Како млад музичар и текстописец, сакам само да ...

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва (27 јуни) ќе настапи на фестивалот „Театар на тврдината“ во Смедерево, Србија. Актерите ќе ја играат претставата „Галеб“, работена по текст на Чехов, во режија на Александар Ивановски, која имаше премеира кон крајот на мај. Претставата ќе биде одиграна на тврдината во Смедерово. На фестивалот, кој има натпреварувачки карактер, учествуваат ансамбли од Србија, Хрватска, Бугарија, ...

Вечерва (27 јуни) од 19 часот, на летната сцена „Лепеза“ во скопскиот Градски парк ќе се одржи второто издание на Меѓународниот фестивал на електронска музика. „Фестивалот го става фокусот на квалитетниот електронски звук и на клупска атмосфера под отворено небо. Фестивалската програма вклучува тројца македонски диџеи, Мако, Мартина Пенева и Дина, а гостин е италијанскиот диџеј Нес (фото), чиј настап е поддржан од Италијанската амбасада во ...

Пијанистот со светски успеси Симон Трпчески ќе прослави 25 години кариера со концерт во Скопје на 20 декември, што ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, објави лпродукцијата „Прагма“. „Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност и традиција.. Заедно со квинтетот ‘Македонисимо’ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги ...

Култниот американски дрон/дум метал бенд „Sunn O)))“ (Сун) ќе ја посети и Македонија на својата есенска европска турнеја. Концертот ќе се одржи на 21 октомври во Младински културен центар во Скопје. Бендот официјално е дуо и од своите почетоци во 1998 година се состои од Грег Андерсон и Стивен О‘Мали, кои свират и гитара и бас гитара. Досега имаат објавено десет студиски албуми. „Сун“ се смета за еден од предводниците на својот жанр, кој се ...

Денеска (26 јуни) од 20 часот. во Сули ан ќе се одржи концертот за деца „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“. Настанот е дел од Скопско лето. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе можат да се купат на влезот на Сули ан. „’Песна за жирафата’ е музичка приказна која преку прекрасната музика на композиторот Хајдн и забавниот и едукативен текст ги претставува и доловува ...

Вечерва (26 јуни) во 20 часот, во „Бифе Татфталиџе“ во Скопје ќе се отвори самостојна изложба на младиот уметник Давор Кешќец, насловена „Месечината на љубовта“ (Moon of Love). Кешќец е роден во 1997 во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во 2015, оддел графика, а во истиот оддел дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2020. Од истата година е член на ДЛУМ. Добитник е на наградата „Young Art” за сликарство во Скопје во 2019. ...

Додека повеќето графички дизајнери изработуваат плакати со помош на вештачка интелигенција, Харис Муриќ се потпира на својата креативност и колаж од материјали. Досега има изработено 52 плакати со димензии 50 на 70 сантиметри, работени во континуитет 52 недели. Од понеделник до сабота црпел идеи од секојдневното живеење, а во недела ја правел креацијата. Со изложба на неговите плаќати, годинава е отворен фестивалот „Битола отворен град“. „Се ...

Во најава е првиот долгометражен филм со популарните детски анимирани ликови Биби и Боби, во режија на Гоце Цветановски. Насловен „Златната пеперутка“, филмот е селектиран за учество на реномираниот Анимациски форум за Централна и Источна Европа (CEE Animation Forum 2025), што ќе се одржи во чешкиот град Плзењ од 4 до 6 ноември. Форумот е водечка европска платформа за презентација, финансирање и копродукција на анимирани проекти. За ...

Од денеска (25 јуни) до 27 јуни, Тетово е домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок. На оваа спортска манифестација, која првпат се одржува во Тетово, учествуваат Македонија, Албанија, Косово, Молдавија, Романија и Турција. Натпревари ќе има во машка и женска конкуренција. Заради одржувањето на овој одбојкарски турнир, Општина Тетово постави терен со песок и монтажна трибина на градскиот плоштад. Натпреварите веќе започнаа, а за ...

Охридскиот гитарист Дамјан Пејчиноски и браќата Тавитјан снимија заедничка песна со наслов „Entangled in Spacetime”. Музиката ја напиша Пејчиноски, аранжманот е на Диран Тавитјан, а браќата Тавитјан се продуценти. „Соработката со Дамјан почна спонтано, најмногу поради компатибилните музички афинитети кон фјужн и џез рок, со кои сме растеле и сме се развивале. Посветеното усовршување и неуморното вежбање на инструментот и музичкиот вкус се ...

Каролина Гочева, американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез, Бојана Скендеровски, Слаткаристика, „Некст тајм“, Сузана Спасовска и други ќе настапат на „Културно лето“ во Кисела Вода, со кое скопската општина слави 70 години. Настанот насловен „Сѐ на свое место“ почнува на 26 јуни пред салата „Расадник“ во 20:30 часот со настап на диџеите Мац, Ампов, Дејан Мицковски и Рочер Санчез на крајот, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце ...

Поп-пејачката Симона Поповска ја објави новата песна „Ловец и плен“. Песната, која е во афро-хаус стил, ја напиша познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, кој е автор на музиката, аранжманот, миксот и мастерингот. Текстот е на Робин Зимбаков. „Текстот зборува за тоа кога си уморен од игри, од лажни фасади, од луѓе кои те проценуваат, а не те познаваат. Понекогаш си лавица, понекогаш плен. Но, на крај, сакаш само едно – да си сакан“, вели Симона ...

Поп-пејачката Бојана Скендеровски ќе го одржи првиот солистички концерт во Скопје, во Филхармонијата на 13 декември. Бојана Скендеровски, претходно Атанасовска, публиката ја запозна преку музичкото талент шоу „Плеј – потрага по ѕвезда“ на продуцентската куќа „М2“ во 2002. Следната година победи на Макфест со песната „Немам одбрана“. „Дома“ е првата песна од новиот албум што таа го работи со продуцентот Николче Мицевски и наскоро треба да се ...

На 28 јуни од 20 часот, во Малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“. Ќе настапат јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, познат по својата љубов кон македонските музика и култура и младата сопранистка Елена Васова. Котецу ќе ги пее народните песни „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други. „Публиката ќе чуе и јапонски и македонски песни, кои ќе ...

Американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез доаѓа во Скопје на 26 јуни, со настап пред салата „Расадник“ во Кисела Вода, објави Општината. Настапот на Санчез е во рамките на манифестацијата „Културно лето 2025“, со која се слави роденденот на Општина Кисела Вода. „Стартуваме на 26 јуни во 20:30 часот, а сите детали за случувањата и изведувачите кои ќе настапат за време на тридневното одбележување ќе бидат објавени дополнително“, велат од ...

Скопските бендови „Последен удар“ и „Ју“ (YÖU) досега се потврдени како македонски учесници на годинашното издание на фестивалот Егзит во Нови Сад, за кое организаторите кажаа дека би можело да биде последно поради актуелните општествено-политички случувања во Србија. „Последен удар“ е панк петорка која за кратко време се здоби со голема популарност на домашната андерграунд сцена, додека „Ју“ (фото) е емо/скримо бенд кој лани го издаде своето ...

Евергрини од Македонија и поранешна Југославија се пееја на концертот „Шлаг шлагери – Ко некад у 8“, кој се одржа на мостот кај Македонскиот народен театар (МНТ) во рамките на фестивалот Скопско лето. Убаво избрани песни од златното време на 1950-тите, 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите пееја Вера Јанковиќ, која беше и водителка на настанот, Андријана Јаневска, Ана Петановска, Маја Панчева, Денис Димоски, Александар Тарабунов, Васко Здравков, ...

На 27 Јуни преку австралиската музичка куќа „M2MР Рекордингс“ ќе бидат издадени неколку ремикси од авторската композиција на џез- гитаристот Владимир Василевски- Четкар „Не ме терај да те чекам“ (Don’t Make Me Wait). Ремикс верзиите се на диџејот и продуцент Доктор Пакер кој неодамнa позитивно коментираше за музиката на Владимир Четкар. „Владимир Четкар од Македонија е оригинален, сѐ што тој го работи е направено комплетно од него, ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Родиум

310254.70

Алуминиум

3.14

Сребро

2569.43

Рутениум

44946.74

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Платина

72292.89

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Цинк

3.10

Бакар

11.84

Калај

44.73