Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес одржаа клучен состанок во Белата куќа, за време на кој Трамп го претстави својот сеопфатен план за прекин на војната во Појасот Газа. По неколкучасовни разговори, израелскиот премиер официјално изрази поддршка за планот на Трамп, опишувајќи го како важен чекор во поставувањето на темелите за мир не само во Газа, туку и на целиот Блиски Исток. Планот на ...
Кошаркарките на Баскет Кам со титула ја отворија новата сезона, откако вечерва го освоија трофејот во Супер купот „Драган Василев – Цевка“ со триумф над Вардар од 63-44. Вардар беше рамноправен противник на паркетот во СРЦ „Кале“ во првото полувреме, заминувајќи на пауза со предност од 25-24, но Баскет Кам ја оправда фаворитската улога со многу поквалитетна игра во продолжението. Баскет Кам ја доби резултатски третата четвртина со високи ...
Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ. Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот ...
Повеќе станбени згради и објекти се оштетени во текот на изминатата ноќ во руските напади врз Киев, Запорожје, Соломјански и областа Свјатошински, а досега е потврдено дека најмалку седум лица се повредени во нападите, соопштија регионалните власти. Шефот на воената управа на градот Киев, Тимур Ткаченко во објава на Телеграм посочува дека пет лица се повредени во нападот врз тој град, пренесува Укринформ. Тој рече дека повеќе станбени згради ...
„Киев индепендент“ објави дека Русија наводно се согласила да помогне во обука и опремување на кинеско воздухопловно-десантниот баталјон за евентуална инвазија врз Тајван во 2027 година. Весникот се повикува на протечените документи објавени на платформата Икс, од хакерската група „Црна месечина“ (Black Moon). – Врз основа на документи добиени од хакерската група „Црна месечина“, експерти од Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни ...
Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција. – Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција. Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што ...
Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи. Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги. Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изработил стратегија за запирање на војната во Газа и се очекува наскоро документот да му биде претставен на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговата посета на Белата куќа. Нацрт-планот предвидува итен прекин на судирите, ослободување на сите заложници, како и постепен пренос на власта во Газа. Официјални лица наведуваат дека ваквиот план би било тешко да се одбие, имајќи предвид дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас. – Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без да открие повеќе детали. САД претходно претставија мировен план со 21 точка за Блискиот Исток, чија цел е да се стави крај ...
Билетите за најголемото ракометно дерби во Македонија меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер се пуштени во продажба и ќе чинат 250 и 300 денари. Дуелот ќе се одигра на 1 октомври, со почеток во 19:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“. Продажбата на билетите ќе се одвива на два начина: онлајн, преку официјалната платформа ticketx.com.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. Цени на билетите: 300 ...
Неидентификувани дронови се забележани над четири аеродроми во Данска, поради што еден од нив бил затворен неколку часа, соопшти данската полиција. Според данските медиуми, дронови биле забележани над аеродромите во Есбјерг, Скијрдструп, Сендерборг и Олборг, при што аеродромот во Олборг бил затворен за сообраќај. Олборг се наоѓа на северот од Данска. „Активностите на дроновите го попречуваат нормалното работење на аеродромот“ Портпарол на ...
Mакедонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз во новата сезона на Лигата на шампионите. Вечерва во преполната сала „Боро Чурлевски“ ” во Битола пелистерци загубија од данскиот го ГОГ Гудме 28-31. Само десетина добриот, одиграни минути во првото полувреме, и пет гола предност не е беа доволни пелистерци и „Чкембари“ да се радуваат на победа. По нерешените 3-3 Еурофарм Пелистер направи серија од 6-1 и за првпат поведе со пет ...
Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинската милитантна група Хамас, синоќа упатија итно предупредување до израелското раководство во врска со воената операција во Газа и „опасноста што таа ја претставува за затворениците што се држат во градот“. „Како што ве предупредија и претходно, колку повеќе го проширувате опсегот на вашите криминални операции во градот Газа, толку е поголема опасноста за вашите затвореници. Повлечете се веднаш“, ...
Данската полиција соопшти дека воздушниот простор над меѓународниот аеродром во Алборг е затворен поради присуство на дронови. Според властите, активностите на дронови го попречуваат нормалното работење на аеродромот, а сите летови моментално се прекинати. Аеродромот не функционира сè додека траат безбедносните проверки и истрагата. „Инцидентот го истражуваме заедно со надлежните институции и преземаме неопходни мерки за безбедноста на ...
Најмалку 84 лица се убиени денеска во израелски напади во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестински медицински извори. Повеќето од жртвите се во градот Газа. Израелската армија соопшти дека била подложена на масовен оган од зградата на болницата „Аш Шифа“ и ја обвини исламската група Хамас за нападот. Израелската војска објави снимки кои, според нив, биле направени во последните неколку дена и покажуваат борци кои пукаат од „Аш ...
Концерт во рамки на караванот „Македонијо во срце те носиме“ ќе се одржи вечер на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп. Во рамки на караванот, концерти се одржаа во Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола и Гостивар. На концертот ќе настапат Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија ...
Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи вонреден состанок на Воениот комитет на Алијансата на ниво на постојани амбасадори на земјите членки, на кој ќе се разговара за нарушување на воздушниот простор на Пактот од страна на руски летала. Состанокот е свикан на барање на Естонија по инцидентот во петокот кога три руски воени авиони МиГ-31К без дозвола упаднаа во естонскиот воздушен простор. Според естонското Министерство за ...
Летаат дронови околи аеродромите во Скандинавија. По Копенхаген, и аеродромот во Осло беше затворен откако беа забележани најмалку два дрона во неговата близина, јавија тамошните медиуми. Сите летови беа запрени повеќе од четири часа, а поради тоа имаше големи доцнења и откажувања. Норвешката полиција засега нема индиции дека случајот е поврзан со сличниот инцидент на аеродромот во Копенхаген, кој беше повторно отворен. Портпаролката на ...
По денешното признавање на Палестина како држава од страна на Франција, вечерва се придружија уште три европски држави: Белгија, Луксембург и Малта. Белгискиот премиер Барт Де Вевер изјави дека неговата земја се придружува на групата држави кои ја признаваат Палестинската држава, со цел да испрати „силен политички и дипломатски сигнал“. Тој додаде дека правното признавање ќе следува откако сите заложници ќе бидат ослободени и сите ...
Со повеќе беспилотни летала вечерва е нападнат главниот град на Русија. Системот за противвоздушна одбрана на Москва ги одбива нападите одбива, при што агенциите јавуваа за дваесетина соборени дронови. Жителите на Московската област слушнале експлозии на периферијата на градот, но според првичните информации, нема повредени и нема поголема материјална штета. Поради нападот, повеќе од 35 летови на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово ...
Воздушниот простор над аеродромот во Копенхаген е целосно затворен вечерва поради појава на неколку големи дронови. Од 20:30 часот авионите не можат да полетаат или да слетаат, а повеќе од 35 летови се пренасочени кон Гетеборг, Малме и Билунд. Патниците што веќе чекале во авиони на пистата се вратени во терминалот. Од аеродромот соопштија дека затворањето е редовна безбедносна процедура. Дроновите сè уште се забележуваат околу аеродромот, ...
Повеќе од сто илјади Американци се собраа на стадионот во Глендејл, Аризона, на комеморацијата за убиениот политички активист Чарли Кирк. На настанот присуствуваа претседателот Трамп, потпретседателот Венс и неколку високи претставници на администрацијата. „Денес ќе го прославиме животот на еден голем човек“, изјави Трамп пред поаѓањето на церемонијата, додавајќи дека тоа е тежок ден за нацијата. Кирк беше застрелан на 10 септември на ...
Заклучно со петокот со обоени регистарски таблички биле обележани околу 700 службени возила, јавија од владината служба за општи и заеднички работи. Од таму очекуваат дека до предвидениот рок до 29 септември сите возила ќе бидат означени. Од јавноста овој потег е коментиран како позитивен, оти обележувањето на службените возила со регистарски таблички во друга боја е првиот чекор кон поголема транспарентност и јавна контрола. Граѓаните ...
Скопје е затрупано со ѓубре. Дури и диви депонии се распостилаат во најурбаните делови на градот. Што се случува со Комунална хигиена? Дали јавното претпријатие работи или е затворено, а јавноста за тоа не е информирана? Дали граѓаните самите треба да си го собираат ѓубрето или да си го складираат дома? Ова се дел од прашањата кои се актуелни на социјалните мрежи од жителите на Скопје. Граѓаните редовно споделуваат фотографии на социјалните ...
Заклучно со петокот со обоени регистарски таблички биле обележани околу 700 службени возила, јавија од владината служба за општи и заеднички работи. Од таму очекуваат дека до предвидениот рок до 29 септември сите возила ќе бидат означени. Од јавноста овој потег е коментиран како позитивен, оти обележувањето на службените возила со регистарски таблички во друга боја е првиот чекор кон поголема транспарентност и јавна контрола. Граѓаните ...
Ракометарите на Алкалоид беа на прагот на победа во дербито против шампионот Еурофарм Пелистер. Сепак со голот на Хосни во последната секунда битолчани излегоа нерешено 32:32. Освен стартното водство 0:1 пелистерци во ниту еден друг момент на натпреварот не успаја да дојдат во предност. Алкалоид ја презеде контролата на играта и во 11.минута имаше и највисоки три гола предност 7:4. Зелено-белите од Битола успеаа да го анулираат поби тоа и во ...
Велика Британија денеска ја призна палестинската држава откако Израел не ги испочитува условите поставени во јули од премиерот Кир Стармер, вклучувајќи прекин на огнот. „За да ја оживееме надежта за мир за Палестинците и Израелците и за решение со две држави, Обединетото Кралство денеска и формално ја признава Државата Палестина. Ова не е награда за Хамас, туку значи дека Хамас нема иднина“, кажа Стармер и го повика Хамас да ги ослободи ...
На масовните протести што денеска се одржаа низ цела Франција на повик на синдикатите против владините предлози за драстично намалување на буџетските трошоци, уапсени се 309 лица, а за 134 е одреден притвор, соопшти вечерва француската полиција. На протестите, според власта, учествувале околу 500.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека бројката достигнала еден милион. Во немирите биле повредени 26 полицајци, а јавниот превоз и дел од ...
Виртуелната министерка Дијела, облечена во традиционална народна носија, за прв пат се обрати во албанскиот парламент. Нејзиниот ресор ќе биде „следењето на јавните трошоци и борбата против корупцијата“.„Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам. Точно е дека немам државјанство, но немам лични амбиции или интереси“, им рече Дијела на пратениците. Додека, поставувањето на министер креиран од вештачка интелегенција за премиерот Еди ...
Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер го погоди подрачјето во близина на рускиот полуостров Камчатка, соопшти Американската геолошка служба (USGS). Потресот е регистриран во 6:58 часот по локално време, на длабочина од 10 километри и околу 128 километри источно од Петропавловск-Камчатски. Веднаш по ударот издадено е предупредување за цунами, поради ризик од разорни бранови долж брегот на Пацификот. Гувернерот на Камчатка потврди дека ...