Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Вчера во 12:50 часот во селото Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од село Новаци. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во Новаци, физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал. По преземени мерки, тој бил пронајден и приведен. Од МВР посочија дека по целосно документирање на случајот против ...
36-годишен кривопаланчанец доби кривична пријава затоа што физички нападнал 54-годишен сограѓанин. Во полицискиот билтен се наведува дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против И.С.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал ...
Синоќа во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес. Од МВР информираат дека 45-годишниот велешанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен ...
52-годишен беровец доби кривична пријава затоа што физички и со употреба на метален предмет ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел повреди. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против М.Д.(52) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.06.2026 во семејниот дом во Берово, пријавениот физички ја ...
Институтот за судска медицина утврдил присуство на инсектицидот метомил, во јавноста познат како ланате, во парчиња салама пронајдени во населбата Расадник во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на детско игралиште. Информацијата денеска ја соопшти ЈП Лајка, од каде предупредуваат дека станува збор за високо токсична супстанца која претставува сериозна опасност и за животните и за луѓето. Според претпријатието, сомнителната храна била ...
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15:00 часот на улица „Браќа Капчеви“ во Велес, А.А.(47) од Велес, управувајќи мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во полицискиот билтен се наведува дека при несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15:00 часот на ...
Жена пронајдена почината во својот дом во скопски Аеродром. Немала траги на насилство на телото. - На 09.06.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината Д.А.(59). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, информираа денеска од МВР. Жена пронајдена ...
Жена вработена во училиште во скопско село починала на работното место. Трагедијата се случила вчера претпладне откако ѝ се слошило. - На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во село Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за ...
Во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека веднаш во летото 2024 година се пристапило кон реструктуирање на проектот – Модернизација на земјоделството, за кој претходно напомена дека претходната власт зела кредит од Светска Банка, а кој за време од 4 години имал многу слаба реализација помала од 10%. „Ние за неколку дена од денес ќе имаме избрано компанија која што ќе го гради ...
Од Општина Карпош денеска информираа дека превземале мерки за заштита од змии. „Во соработка со Центарот за јавно здравје, започнавме акција за поставување на „Репелент“ – средство за превенција и заштита од змии. Акцијата започна денес на територија на Козле, а во наредните денови ќе продолжи низ целата територија на Карпош“, велат од Општината. Од таму посочија дека производот е безопасен за луѓето, животните и околината, а ја намалува ...
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.С. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Имено, како што информираат од МВР, на 28.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „34“ во населбата Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со ...
Македонски Телеком, Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет започнуваат партнерство за „Училишта на 21 век – Фаза 2“, проект насочен кон развој на дигитални вештини кај учениците. Проектот ќе трае од мај 2026 до јули 2027 година и ќе опфати ученици на возраст од 9 до 10 години и наставници од одделенска настава кои ќе работат на критичко размислување, решавање проблеми, програмирање, сајбер безбедност и основни ...
„Ладна“ и оваа година им носи возбуда на потрошувачите преку наградната игра „Капачето на среќата“, која веќе активно се одвива и привлекува голем број учесници. Сите кои ќе се вклучат имаат можност да освојат бројни вредни награди, вклучувајќи ја и ексклузивната главна парична награда од 300.000 денари. Наградната игра трае до 21 јули 2026 година, а големото извлекување на главните награди ќе се одржи на 22 јули 2026 година. Учеството е ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски извршиле увид во изградбата на новиот мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“, при што најави дека запуштениот простор многу наскоро ќе прерасне во модерен, функционален и убав зелен центар за сите генерации. На површина од 8.000 метри квадратни никнува мега парк со богати зелени површини, плоштад, ...
Возачите кои викендов ќе патуваат кон Халкидики ќе се соочат со привремен променет сообраќаен режим поради градежни работи на обиколницата на Солун. Според најавите, вечерва, 10 јуни, од 23 часот до 5 часот наутро, дел од обиколницата на потегот кон Халкидики ќе биде затворен за сообраќај. Дополнително, од петок, 12 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 14 јуни во 23 часот, истиот дел од патот ќе биде целосно затворен во двата правци. Во овој ...
Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...
Во услови на растечка глобална побарувачка за критични минерали, Македонија подготвува законски измени кои треба да обезбедат поголеми економски придобивки од експлоатацијата на природните ресурси. Целта е да се привлечат нови инвестиции, а истовремено да се зголемат приходите за државата и општините. Проектите за ископ на бакар, меѓу кои и „Иловица“, се посочуваат како можност за комбинирање на економски развој, извоз и отворање нови ...
Скопјани од населба Капиштец за утре најавија мирен протест во 19 часот, кај кошаркарското игралиште во населбата, како реакција на, како што велат, континуираната бучава од угостителските објекти. Протестот е организиран од граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, која преку социјалните мрежи упати повик до жителите да излезат и да го изразат незадоволството. „Доста ни е од бучавата, сега ние ќе бидеме гласни. Додека нас не држат ...
Ноќеска во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“. Имено, како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности дојдено било ...
На социјалната мрежа „Х“, профилот со псевдоним „Хипокризија“ сподели сведоштво кое, покрај тоа што ја враќа вербата дека во Скопје има граѓани кои сè уште чувствуваат вина доколку бидат гласни и би им пречеле на соседите, ја враќа вербата и дека сè уште постојат млади кои се заинтересирани за традиционалните музички инструменти и народната музика. Преку две објави, оваа „твитерџика“ раскажува како додека пешачела по булеварот 8-ми Септември ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...
Откако во јавноста беше споделена прекрасната вест дека жена на возраст од 58 години забременила со процедура ин витро и очекува тројка, на социјалната мрежа „Х“, „твитерџија со псевдоним „Македонски Генерал“ сподели контроверзно мислење по овој повод. Тој смета дека да се роди тројка на 58 години не било медицинско чудо, туку себичност. Неговото мислење го аргументира со тоа дека кога децата ќе тргнеле во 5-то одделение, мајката ќе одела со ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Градот Скопје ...
Приведени петмина турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој. Од МВР информираат дека вчера од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги привеле М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени ...
Продолжува акцијата за бесплатно собирање кабаст отпад во Општина Аеродром. Денес и утре, контејнерите ќе бидат поставени на следните локации: Булевар „АСНОМ“ бр. 72 (пред М-Маркет) Булевар „Јане Сандански“ бр. 65 (кај кулите) „Искористете ја можноста бесплатно и организирано да го одложите стариот мебел и другиот кабаст отпад“, порача градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Продолжува акцијата за бесплатно собирање кабаст ...
Православните христијани денеска го одбележуваат денот во чест на свештеномаченикот Варлаам (Валам). Тој бил Охридски Архиепископ од околу 1597 до 1598 година. Сведоштвата за него се оскудни. Веројатно седнал на Охридскиот архиепископски престол околу 1597 година, после заминувањето на неговиот претходник Атанасиј на дипломатско патување во Западна Европа. Поради богољубиви и родољубиви причини бил убиен од Турците на 28 мај 1598 година. Во ...
Патничко моторно возило целосно изгоре во пожар што вчера попладне избувна на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, во близина на трговскиот центар „Капитол“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека патничко возило сопственост на С.М. (61) од Скопје се запалило додека било во движење. На местото на настанот интервенирале ...
Денот носи ментален замор и чувство дека има премногу работи за кои треба да се размислува. Photo by Tamara Bellis on Unsplash Квадратот помеѓу Меркур во Рак и Сатурн во Овен може да создаде грижи, самокритичност и впечаток дека секоја одлука носи тежина. Можно е да се чувствувате преоптоварено од обврски или од очекувања, свои или туѓи. Ова не е ден за форсирање. Колку повеќе се обидувате да туркате низ ѕид, толку повеќе енергија ќе ...
Во изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.С.(40), А.Б.(26) и Д.Н.(33), сите од Скопје. Од МВР информираат дека тројцата скопјани биле уапсени затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Во изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации, полициски ...
На 11 јуни Скопје ќе добие современ спортски објект откако свечено ќе биде отворена целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода. Под мотото „Расадник на шампиони“ и слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“, отворањето ќе се одржи со почеток во 10:30 часот, а организатори на настанот се Министерството за спорт, Град Скопје и Општина Кисела Вода. Реконструираната сала претставува една од најзначајните ...