Православните христијани денеска го одбележуваат денот во чест на свештеномаченикот Варлаам (Валам). Тој бил Охридски Архиепископ од околу 1597 до 1598 година. Сведоштвата за него се оскудни. Веројатно седнал на Охридскиот архиепископски престол околу 1597 година, после заминувањето на неговиот претходник Атанасиј на дипломатско патување во Западна Европа. Поради богољубиви и родољубиви причини бил убиен од Турците на 28 мај 1598 година. Во ...

Православните верници денеска го чествуваат споменот на двајца големи заштитници на верата Преподобниот Никита Исповедник, епископот халкидонски, и Светиот Варлаам Охридски, македонскиот архиепископ и маченик. За денешниот ден во народот се врзани неколку силни обичаи и верувања кои со векови се пренесуваат и строго се почитуваат. Свети Никита Исповедник Принтскрин Заштитник на сиромашните и бранител на иконите Преподобниот Никита уште од ...

Во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги фалеше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ѝ обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но Ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на ...

Еден од седумдесетте. Се спомнува во Посланието на светиот Апостол Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од Ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во крајна сиромаштија. Еднаш на молитва му се јави човек во бела облека и со стап во рацете и му рече ...