Скопје овие денови одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес кој однел повеќе од илјади животи и сериозно го разурнал градот. Во тоа кобно утро, кога поголемиот дел од жителите беа во длабок сон, околу 1.100 жители никогаш не се разбудија, најмалку 3.000 беа повредени. Околу 200.000 лица останаа без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја. Старите скопјани и денес се сеќавањаат и раскажуваат ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени инспекциски контроли по невремето што го зафати главниот град, со цел да се спречат слични инциденти со оштетени и откорнати кровни конструкции. Тој изјави дека до сите скопски општини кои располагаат со градежна инспекција и инспектори за домување е испратена насока да спроведат строги проверки, додека Град Скопје ќе се вклучи со своите инспекциски служби во делот на своите ...

Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени — автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, а за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот. Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“). Со оглед дека се случува шпицот на туристичката сезона, штрајкот ќе ги зголеми ...

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, вчера граѓаните имаа можност бесплатно да се возат со автобус со кој беше панорамски разгледуван градот – патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје. Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред ...

Македонската метропола вечерва оддава почит на својата најтешка историска рана, одбележувајќи шеесет и три години од катастрофалниот земјотрес кој засекогаш го промени ликот и судбината на градот. По тој повод, легендарниот пејач Драган Мијалковски ќе одржи целовечерен концерт под наслов „Скопје радост моја“, сместен кај познатата фонтана „Лотосов цвет“ во Градскиот парк. На просторот каде што генерации скопјани израснаа и создаваа свои ...

Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа на проценка од 1.200 евра“, тврдат од Град Скопје. Тоа е и една од причините зошто ...

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен ...

Во раните утрински часови на 26 јули 1963 година, Скопје беше погодено од катастрофален земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Првиот и најсилен потрес траеше само дваесетина секунди, но беше доволен да разурне или сериозно да оштети околу 65 проценти од градските објекти. Во катастрофата животот го загубија повеќе од 1.000 луѓе, а околу 3.000 беа повредени. Во текот на денот следуваа низа послаби потреси, поради што ...

По бројните реакции за сообраќајниот хаос во Стар Аеродром, пред неколку недели биле поставени средишни столпчиња и на кракот од улицата „Фрањо Клуз“, каде со месеци наназад непрописно паркираните возила го отежнувале, а во одредени моменти и целосно го блокирале сообраќајот. Проблемот најчесто го создавале возила оставени „само накратко“ директно на коловозот, поради што останатите учесници во сообраќајот тешко се разминувале, а на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информира дека изградбата на автопатот Охрид - Кичево се реализира со забрзана динамика и дека интензивно се градат галериите, при што, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај. „Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски повторно се огласи во врска со исказите на неговиот претходник, Бујар Османи, и порача дека тој последен има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не. „Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата. Затоа, денес нека не троши енергија за да ги извртува фактите и да толкува туѓи изјави. Политичар кој не успеа да ја ...

Сатурн денес започнува ретроградно движење во Овен, отворајќи период на преиспитување, дисциплина и одговорност. Photo by Jeremy Bishop on Unsplash Наместо брзи резултати, сега ќе биде потребно повеќе трпение и доследност. Сè што ќе го градите во наредните месеци ќе бара време, но ќе има многу посилни темели ако останете верни на своите цели. Во исто време, Месечината влегува во Јарец, носејќи практичност, зрелост и фокус кон долгорочните ...

Општинските служби во Карпош петти ден продолжуваат со расчистување на јавните површини и отстранување на последиците од силното невреме, информираат од Општина Карпош. Оттаму посочуваат дека екипите секојдневно работат на терен, често и во ризични услови, со цел што побрзо да се нормализира состојбата во општината. „Работиме посветено на терен и во служба на граѓаните“, порача градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во ...

Петнаесетгодишно момче од Скопје со повреди од остар предмет на градниот кош било донесено во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во раните утрински часови, информира МВР. Photo by Eugene Chystiakov on Unsplash Според неговата изјава дадена пред полициски службеници, тој бил повреден во населбата Гази Баба од малолетник кого го познавал. Навел дека повредата настанала за време на игра и дека немало намера некој да биде повреден. Од МВР соопштуваат дека ...

Вчера во 14:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(39) од скопско. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна поранешна партнерка, дека подолг период ја следел и вознемирувал, а на нејзиниот малолетен син упатувал пораки со навредлива и невистинита содржина, со што не ја почитувал одлуката од Основниот суд Скопје. По целосно ...

По критиките на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски кон спиновите на Бујар Османи, со своја реакција излезе и професорката Мирјана Најчевска. Таа оценува дека Османи се обидувал да се прикаже како борец за интересите на Македонија, но дека всушност бил министер во сенка на Косово. „Бујар Османи се обидува да се прикаже како борец за правата на Македонците и борец за интересите на Македонија. Факт е дека Бујар Османи беше министер ...

Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.З.(35) и А.Ј.(29), двајцата од Битола. Како што информираат од МВР, тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на ул.„Север-југ" во Битола, при што украле околу 30 штеки различни цигари. При претрес во домот, кој го користеле, било пронајдено украденото било вратено на сопственикот. По дополнително преземени мерки било констатирано дека Ѓ.З. бил ...

Вчера во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп". Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени причини одбил работно место во фабрика во Битола. ...

Вчера во Собранието беше избран новиот министер без ресор, Зилфикар Зејнула, а со тоа ВМРО-ДПМНЕ во својата коалиција го доби пратеникот Бејџан Илјаз од Демократската партија на Турците, која досега беше во коалиција со ДУИ во Европскиот фронт. Со овој чекор, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега има 59 пратеници, без пратениците на партнерите во владината коалиција, ВЛЕН и ЗНАМ. Изборот на Зејнула беше одвоен од претходната ...

Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат. Се преземаат мерки за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во изјава за порталот „Плусинфо“ се огласи откако неговиот став дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка, соопштен на прес-конференција, дел од медиумите го протолкуваа како промена на позицијата на македонската дипломатија во однос на пристапниот процес кон ЕУ. На прашањето на Плусинфо во што се состои е разликата меѓу неговото тврдење и тезите на Бујар Османи, ...

Вчера во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(53) од село Стримница, тетовско. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски слуижбеници, и со возилото удрил полициски службеник. Тој бил задржан во полициска станица и по ...

Ноќеска во 00:57 часот на улицата „Македонска Фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(19) од Битола. Како што се наведува во полицискиот билтен, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.С., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,53 промили алкохол во ...

Ноќеска во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес. Како што се наведува во полицискиот билтен, 42-годишниот Т.Б. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, ...

Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Како што се наведува во полицискиот билтен, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар ...

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во коритото од селската чешма во село Копаница, скопско, била пронајдена почината Ќ.А.(55) од селото, која била здравствени проблеми. Како што се наведува во полицискиот билтен, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во коритото од селската ...

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес Градот Скопје организираше бесплатен панорамски разглед на градот - патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје. „Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат ...

На социјалните мрежи кружи „сеирџиска“ песна во која се пее за загадената вода во Гостивар. Во кратката песна на саркастичен начин е опеана ситуацијата која го погоди Гостивар како град, но и многумина гостиварчани кои завршија во болница. На социјалната мрежа „Х“, профилот со псевдоним „М“ ја сподели песната. Песна направиле за водата во Гостивар... pic.twitter.com/D16GQQl3Sh — М (@arozgj) July 24, 2026 На социјалните мрежи кружи ...

Во мај годинава, вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија, покажуваат претходните податоци за енергетиката. Вкупната потрошувачка на енергенти во овој период изнесувала 479.603 мегават-часови електрична енергија, 4,463 милиони нормални кубни метри природен гас, 264.997 тони јаглен и 78.468 тони ...

Со свечена програма на новиот парк-плоштад во населеното место Марино, Општина Илинден го одбележа патрониот празник – „Илинден 2-ри Август“. Голем број граѓани присуствуваа на одбележувањето на Денот на Општината, кое годинава помина во празнична атмосфера, исполнета со музика, заедништво и достоинствено чествување на еден од најзначајните датуми во македонската историја. Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
92%
1013
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
90%
1012
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
75%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.26
93%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.68
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
85%
1020
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
95%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
100%
1017
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
93%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1020
Currency

61.667

Currency

55.014

Currency

73.848

Currency

37.981

Currency

38.997

Currency

67.128

Currency

8.2526

Currency

0.66669

Currency

0.34786

Currency

0.52402

Currency

1.0961

Currency

0.58649

Бакар

12.57

Злато

130085.14

Цинк

3.75

Родиум

302217.02

Паладиум

32633.01

Иридиум

321507.47

Калај

46.57

Сребро

1667.87

Алуминиум

2.99

Платина

49640.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42