Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
На 14.05 2026 во 20:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Д.К.(47) од Берово, по претходна пријава дека истиот ден бил во семејниот дом и истовремено барал да си заминат од домот неговата 48-годишна сопруга и нивната ќерка, со што го прекршил Решението издадено од Основен суд Берово. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово. По целосно документирање на случајот ќе ...
На 15.05.2026 година во 12:45 часот, на кружниот тек помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ во Тетово, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(22) од Тетово, и електричен тротинет управуван од Л.А.(46) од с. Прељубиште. Во незгодата, возачот на тротинетот се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид ...
На 15.05.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...
Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека значењето на Ормутскиот теснец за транспортот на нафта постепено ќе се намалува, бидејќи сè повеќе земји од регионот ги зголемуваат капацитетите на своите нафтоводи. Тој додаде дека Иран повеќе нема да може да ја користи својата контрола над теснецот како средство за притисок. — реклама — Рајт оцени дека актуелната енергетска криза ќе биде привремена и порача дека од Иран зависи кога ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон. — реклама — Надворешната канцеларија за ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека фирмата „Мастеф“ во периодот од 2018 до 2021 година добивала милионски тендери од скопски општини раководени од кадри на СДСМ. Од партијата реагираат по обвинувањата на СДСМ, наведувајќи дека јавноста треба да ги знае сите факти поврзани со компанијата. — реклама — Според ВМРО-ДПМНЕ, „Мастеф“ во тој период добила повеќе тендери од општините Карпош, Аеродром и Кисела Вода. — реклама — Партијата тврди дека во 2018 година ...
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со самодоверба го најави финалето на ФА Купот против Челси, кое денеска од 16 часот се игра на „Вембли“. Шпанскиот стратег беше запрашан дали може да ја прекине серијата порази во последните две финалиња на ФА Купот, по што одговори во свој стил. — реклама — „19 трофеи за 10 години во Сити не се лоши. Не мора да чекаат да си заминам за да знаат дека им беше забавно со мене... Беше забавно! А сега се ...
Адвокатката Ивана Коцевска во „Претрес со Ландов“ изјави дека Дејан Јованов-Деко не можел да знае дека работи спротивно на законите ако претходно од институциите добивал дозволи и лиценци за работа. Таа рече дека секој угостител доставува документи што институциите ги бараат, а потоа добива дозволи за работа. — реклама — „Јас сакам да отворам угостителски објект. Ги прибавувам сите потребни документи коишто ќе ми ги побара институцијата. Ако ...
Обединетите Арапски Емирати ќе ја забрзаат изградбата на нов нафтен цевковод со цел до 2027 година да го удвојат извозниот капацитет преку пристаништето Фуџаира, соопшти денеска канцеларијата за медиуми на владата во Абу Даби. На овој начин земјата во голема мера ќе може да ја заобиколи рутата преку Ормускиот теснец. — реклама — Престолонаследникот, шеик Калед бин Мохамед бин Зајед, ѝ наложил на Националната нафтена компанија во Абу Даби ...
Денес, за првпат и Виница ќе се приклучи на „Маршот на ангелите“, марш посветен на 63-те згаснати животи и повеќе од 500 повредени во трагедијата што ја потресе јавноста. Собирот е закажан во 16:45 часот на плоштадот „Ангел Винички“, а маршот ќе започне во 17:05 часот. — реклама — Од Здружението „16 март 2025“ велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи сметаат дека вистината и одговорноста предолго се одложуваат, а правдата за жртвите сè ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се врати од Кина, а сега се соочува со големи одлуки за Иран. Како што дознава „Њујорк тајмс“, неговите најблиски помошници веќе изготвиле планови за враќање на воените напади доколку Трамп одлучи да го прекине сегашниот ќорсокак со ново бомбардирање. Трамп сè уште не се одлучил кои ќе бидат неговите следни чекори, велат неговите советници. Во меѓувреме, претставници од заинтересираните земји се ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во историско обраќање до граѓаните на Црна Гора, во авторски текст објавен на порталот „Борба“, изнесе пет клучни ставови на Србија. На почетокот од текстот, Вучиќ истакна дека одлучил да им се обрати на граѓаните на Црна Гора по повеќегодишните лаги за Србија, нејзиното раководство, односот на Србија кон Црна Гора, како и по години на, како што наведе, „највалкани кампањи“ против него и неговото ...
Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДС, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“. — реклама — СДС и Филипче, не само што немаат проблем што дел од соседите не ...
Израел и Либан се согласија да го продолжат за 45 дена примирјето што на 16 април го прогласи американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Стејт департментот. „Прекинот на непријателствата од 16 април ќе биде продолжен за 45 дена со цел да се овозможи понатамошен напредок“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, пренесува Ројтерс. — реклама — Од Стејт департментот разговорите меѓу Израел и Либан, кои вчера и денеска се ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес дел од корисниците во општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија. Според најавата, прекин на струјата ќе има во периодот од 08:00 до 13:00 часот кај дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“, односно кај ВЕТПРОМЕТ, АГРОХЕМИЈА и МОДУЛ ПЛАСТ. — реклама — Од ЕВН апелираат граѓаните и компаниите навремено да ги планираат своите активности ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили, заедно со вооружените сили на Нигерија, спровеле заедничка операција во која бил убиен Абу-Билал ел-Минуки, за кого тврди дека бил втор човек во глобалната структура на Исламска држава. „Мислеше дека може да се крие во Африка, но не ни претпоставуваше дека имаме извори кои нè информираа за тоа што прави“, напиша Трамп на платформата Truth Social. — реклама — Тој посочи ...
Грчки танкер со сурова нафта денеска исплови од Заливот кон Индија, откако успешно помина низ Ормускиот теснец, еден од ретките вакви премини оваа недела. Според податоците за следење на бродови, танкерот „Каролос“, кој плови под либериско знаме и има капацитет од околу еден милион барели нафта, на 14 мај го поминал теснецот и сега се движи кон индиското пристаниште Сика. — реклама — Во посебен случај, низ теснецот поминал и танкер под ...
Во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа загинаа најмалку три лица, а околу 60 се ранети, соопштија украинските регионални власти. Во меѓувреме, во Киев заврши спасувачката операција по разорниот ракетен напад што вчера погоди станбена зграда во населбата Дарницки. — реклама — — реклама — Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала шест крстосувачки ракети и 141 дрон. Противвоздушната одбрана ...
Пакистан организираше враќање на 11 свои државјани и 20 Иранци од пловило што беше запленето од Соединетите Американски Држави на отворено море, потврди министерот за надворешни работи Исхак Дар. Во објава на платформата Икс, Дар наведе дека групата преку Сингапур и Бангкок треба да пристигне во Исламабад, по што иранските државјани ќе го продолжат патувањето кон Иран. — реклама — „Сите се во добра здравствена состојба и расположение“, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија продолжува со обидите подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната и најави дека украинските сили подготвуваат план за одговор. Одлуката била донесена по состанок со воениот врв, разузнавачките служби и Службата за безбедност на Украина, објави Зеленски на мрежата Икс. — реклама — „Забележавме нови контакти меѓу Русите и Александар Лукашенко со цел да го убедат да се приклучи на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека само САД и Кина имаат технологија да дојдат до високо збогатениот ирански ураниум затрупан под урнатините на нуклеарните постројки по минатогодишните напади. Во разговор со новинарите во „Ер Форс Уан“, Трамп рекол дека Иран признал оти нема капацитет да го извлече материјалот. — реклама — „Ми рекоа дека само Кина или САД можат да го отстранат“, изјави Трамп. — реклама — Тој тврди дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија подготвува нови ракетни и дронски напади врз клучни објекти во Украина, меѓу кои и Кабинетот на претседателот и неговата резиденција во Киев. Според Зеленски, украинската воена разузнавачка служба дошла до руски документи и сателитски снимки од 6 мај на кои се гледаат координати и податоци за речиси дваесет политички и воени цели во центарот на Киев. — реклама — „Русија подготвува ...
Обединетите Арапски Емирати се обиделе да ги убедат соседните заливски држави, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Катар, да се приклучат на координиран воен одговор против Иран по неодамнешните ирански напади во регионот, но иницијативата била одбиена, објави „Блумберг“. Според извори запознаени со разговорите, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, контактирал со регионалните лидери веднаш по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина се согласиле дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен и дека конфликтот на Блискиот Исток треба да заврши, по разговорите што ги имал со кинескиот претседател Си Џинпинг. Иако беа објавени малку детали од средбите во Кина, според „Ал Џезира“, двете страни постигнале согласност околу клучните прашања поврзани со безбедноста на поморскиот сообраќај и прекинот на војната во ...
Обединетите Арапски Емирати наводно се обиделе да убедат други земји од Персискиот Залив да се приклучат на координиран напад врз Иран по почетокот на американско-израелската кампања против Техеран, но не успеале во тоа, објави денеска „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Според информациите, претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед, разговарал со лидерите од регионот, меѓу кои и саудискиот престолонаследник ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон постигнал „многу одлични трговски договори“ со Кина, вклучувајќи големи нарачки за авиони и мотори, по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг. Говорејќи пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ по заминувањето од Кина, Трамп ја опиша посетата како исклучително успешна. — реклама — „Имавме одличен престој. Тоа беше неверојатен период. Претседателот ...
Авион кој летал на релација Хургада–Минхен наскоро принудно ќе слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пренесува „Блиц“. Според информациите, екипажот на авионот пријавил чад во кабината. — реклама — Засега не се соопштени повеќе детали за причините за инцидентот, ниту дали има повредени патници или членови на екипажот. — реклама — Авион кој летал на релација Хургада–Минхен наскоро принудно ќе слета на белградскиот аеродром „Никола ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го фрлил најновиот одговор од Иран бидејќи, како што рече, уште првата реченица била „неприфатлива“. Говорејќи во авионот „Ер Форс Уан“ на враќање од Кина, Трамп изјави: — реклама — „Го погледнав. Ако не ми се допаѓа првата реченица, едноставно го фрлам“, додавајќи дека воведот во пораката од Техеран бил „неприфатлив“. — реклама — Тој истакна дека Соединетите Американски Држави првично не ...
Ирак побарал финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток. Првичните разговори биле одржани минатиот месец за време на пролетниот состанок на ММФ и Светската банка во Вашингтон, а во тек се преговори за висината на потребното финансирање и структурата на евентуалниот кредит. — реклама — Војната, која започна на 28 февруари со масовното американско-израелско бомбардирање на Иран, ...
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источната обала на островот Хоншу во Јапонија. Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ) соопшти дека земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри под површината на земјата. — реклама — Засега нема издадено предупредување за опасност од цунами. — реклама — Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источната ...