Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(36) од Скопје, поради сомнение дека нападнал вработен во обезбедување во казино на подрачјето на Карпош. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 06:25 часот по кратка расправија, кога осомничениот физички и со остар предмет го нападнал М.В.(35) од скопско, кој работел како обезбедување во објектот. — реклама — Предметот со кој бил извршен ...
Во Гази Баба се случил физички напад по претходно недоразбирање околу паркинг простор. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, И.С.(54) од Скопје пријавил дека на 7 мај околу 10:00 часот тој и неговиот брат М.С. биле физички нападнати од Н.К., Ј.К. и уште едно лице. — реклама — Во пријавата се наведува дека Н.К. употребил и тврд предмет при нападот. — реклама — Од МВР информираат дека бил извршен увид и се преземаат мерки за ...
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од селото Макреш, откако во својот кокошарник усмртил куче со тврд предмет. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 мај околу 23:00 часот. — реклама — Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. — реклама — Полициски службеници од СВР ...
Во Скопје на улицата „Народен Фронт“ се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена 64-годишна жена од Велес. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.С.(40) од село Фалише, удрило во пешакот Д.Х.А. — реклама — Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“. — реклама — Увид ...
Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека во ноември ќе учествува на годишниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), кој годинава ќе се одржи во кинескиот град Шенжен. Путин ја соопштил својата намера за време на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави руската државна агенција ТАСС. — реклама — На економскиот форум традиционално учествуваат лидерите на Русија и Кина, а често присуствуваат и претставници на ...
Градоначалникот на Радовиш, Љупчо Почивалец, информираше дека продолжуваат активностите за санација на градската депонија по пожарот што ја зафати изминатите денови. Според него, на терен интензивно се работи на потрупување на депонијата со земја и песок со цел целосно задушување на жариштата и спречување на понатамошно ширење. — реклама — Почивалец посочи дека на одредени места сè уште има чад, но проценките се дека состојбата ќе биде ...
Во Прилеп е пријавен случај на физички напад врз малолетничка, информираа од СВР Битола. Според пријавата, на 19 мај околу 15:00 часот во ОВР Прилеп, М.П.(39) од Прилеп пријавила дека на улицата „5 Прилепска бригада“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетници. — реклама — Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот. — реклама — Во Прилеп е пријавен случај на физички напад врз ...
Израелските одбранбени сили предупредија дека до јануари 2027 година би можеле да се соочат со недостиг од 17.000 војници, поради скратувањето на воениот рок и растечкиот број граѓани што избегнуваат регрутација. Бригадниот генерал Шај Тајеб, раководител на Одделот за планирање и управување со персоналот во Дирекцијата за човечки ресурси на Израелските одбранбени сили, пред Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот изјавил дека ...
Надежите за можно смирување на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран повторно се зголемија откако два кинески танкери, натоварени со нафта, успешно го напуштија Ормутскиот теснец. Оптимизмот дополнително беше поттикнат од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека конфликтот би можел да заврши „многу брзо“, како и од потпретседателот Џ. Д. Венс, кој посочи дека има напредок во разговорите со Техеран. — ...
66-годишна жена од Тетово пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг ѝ упатувал закани со нож во семејниот дом. Од СВР Тетово информираат дека случајот бил пријавен на 19 мај околу 13:30 часот. Според пријавата, ден претходно околу 20 часот, нејзиниот 73-годишен сопруг Ј.Д. ѝ се заканувал со нож. — реклама — Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот. — реклама — 66-годишна жена од Тетово пријавила во полиција дека ...
Русија и Кина објавија заедничка изјава по билатералните разговори во Пекинг, во која најавија дополнително зајакнување на воената соработка меѓу двете земји. Во документот се наведува дека Москва и Пекинг ќе продолжат да го продлабочуваат пријателството меѓу своите вооружени сили и ќе ги прошират заедничките воени вежби. — реклама — Во заедничката изјава се осврнуваат и на војната во Украина, при што се наведува дека за постигнување траен ...
По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и оваа година ќе го одбележи празникот посветен на пожарникарите и нивната улога во заштитата на граѓаните и имотот. Во рамки на одбележувањето, традиционално е предвидена и посета на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на противпожарната единица во Автокоманда. — реклама — Од бригадата посочуваат дека противпожарните единици во земјава и ...
Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата. — реклама — Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или за поголема материјална штета. — реклама — Очевидци на страницата на Европско-медитеранскиот ...
Според информациите од УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд. — реклама — Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер со брзина до 50 километри на час. — реклама — Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 19 до 26 степени. — реклама — Во ...
Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека денеска, 20 мај 2026 година, поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Лука Геров“ бр. 38, без вода ќе останат повеќе населби во општина Ѓорче Петров. Прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани. — реклама — Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до ...
Некои луѓе делуваат ладно, смирено и недопирливо, но зад таквиот впечаток често кријат многу повеќе емоции отколку што покажуваат. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци особено тешко признаваат дека нешто ги повредило, па повеќе сакаат да изгледаат рамнодушно отколку да покажат ранливост. Скорпија — реклама — Скорпиите ретко покажуваат колку навистина ги боли нешто. Дури и кога некој длабоко ќе ги повреди, често ќе се однесуваат ...
Двајца косовски полицајци, маж и жена, се суспендирани во северниот дел на Митровица, откако биле затекнати во интимна ситуација за време на работното време. Според локалните медиуми од Косово, станува збор за полицајците Н.П. и Р.Т., кои наводно биле пронајдени голи во службено возило на друга единица на Косовската полиција. — реклама — Случајот веднаш бил пријавен кај надлежните органи на Косово, по што двајцата косовски полицајци биле ...
Врховниот командант на НАТО, Алексус Гринкевич, изјави дека американската одлука за повлекување на околу 5.000 војници од Европа нема да ѝ наштети на одбранбените планови на Алијансата. Гринкевич, говорејќи во Брисел по состанокот со воените команданти на земјите членки, нагласи дека европските сојузници и Канада преземаат поголема одговорност за конвенционалната одбрана на континентот. — реклама — „Како што европскиот столб на Алијансата се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД можеби повторно ќе го нападнат Иран и дека бил „само еден час“ оддалечен од носење таква одлука. „Само еден час ме делеше денес од одлука за напад“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. — реклама — Тој додаде дека иранските власти бараат договор, но предупреди дека доколку не се постигне, во наредните денови може да следува нов американски напад. — реклама — „Можеби во петок, ...
Министерство за внатрешни работи соопшти дека ОВР Кочани поднела кривична пријава против Р.Ј.(27) од Кочани поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според информациите од полицијата, на 26 април 2026 година пријавениот физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел повреди. — реклама — По документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава. — реклама — Министерство за внатрешни работи соопшти дека ...
Општина Карпош започна пролетна акција за реконструкција и реновирање на детските игралишта и урбаната опрема на својата територија. Во рамки на акцијата ќе се врши обнова на детските игралишта, реконструкција и замена на оштетените клупи и корпи за ситен отпад, како и уредување на останатата урбана опрема што е во надлежност на општината. — реклама — Од локалната самоуправа информираат дека, според предвидената динамика, во наредниот период ...
Министерство за внатрешни работи информира дека ОВР Кочани поднела известување против 16-годишник од селото Тркање поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите, на 13 март 2026 година во селото Оризари, по претходна расправија, малолетникот со пиштол му се заканувал на М.Д.(18) од Оризари. — реклама — Од полицијата соопштија дека против малолетникот е поднесено соодветно известување по ...
Министерство за внатрешни работи информира дека во СВР Скопје бил пријавен случај на физички напад врз малолетничка во средно училиште на подрачјето на Карпош. Според пријавата, О.С.(45) од Скопје на 18 мај околу 19:15 часот пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. — реклама — Како што навел пријавителот, ученичката подолг период била и психички малтретирана од истиот ...
Министерство за внатрешни работи информира дека на 19 мај околу 00:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Богданци – Гевгелија патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки излетало од коловозот. Возилото го управувал Д.Б.(50) од Богданци, а во несреќата тешки телесни повреди добиле и возачот и сопатникот С.П.(52) од Богданци. — реклама — Повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија. — ...
Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ проценува дека нејзиниот персонал во наредните недели ќе може повторно да се врати во нуклеарната електрана Бушер во Иран, изјави генералниот директор на корпорацијата Алексеј Лихачов. „Убеден сум дека во следните недели ќе можеме да го реализираме нашиот план за обновување на работната сила и да го зголемиме темпото на изградба според планираните цели“, изјави Лихачов пред новинарите. ...
Најновиот мировен предлог што Техеран му го доставил на Вашингтон предвидува прекин на конфликтите на сите фронтови, вклучително и во Либан, повлекување на американските сили од областите во близина на Иран, како и надомест на штетата предизвикана од американско-израелската воена кампања, објавија иранските државни медиуми. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека Техеран побарал и укинување на санкциите, ...
Русија денеска започна тридневни нуклеарни воени вежби што вклучуваат лансирање балистички и крстосувачки ракети, соопшти руското Министерство за одбрана. Во маневрите учествува и Белорусија, а во вежбите се вклучени подморници, авијација и копнени сили, пренесува Ројтерс. — реклама — Според соопштението на министерството, во вежбите учествуваат околу 64.000 војници и се користат 7.800 единици воена опрема. — реклама — Целта е увежбување на ...
Правилото за задолжително поседување нов комплет за прва помош за возачите кои патуваат во Грција е одложено и ќе почне да важи од 1 јануари 2027 година. Одлуката е објавена во Службениот весник на Грција. — реклама — Претходно беше најавено дека мерката ќе стапи во сила на 18 јуни оваа година, но грчките власти го поместија рокот за нејзина примена. — реклама — Според правилото, возачите ќе треба да поседуваат нов тип комплет за прва помош ...
Се урна дел од мостот кон граничниот премин Градишка на босанскохерцеговската страна од границата, поради што во моментов е затворен сообраќајот за сите возила кон граничниот премин. Хрватскиот автоклуб соопшти дека поради оштетување на мостот меѓу граничните премини Стара Градишка во Хрватска и Градишка во Босна и Херцеговина, сообраќајот е прекинат во двата правци. — реклама — Според првичните неофицијални информации, нема повредени лица, а ...
Од ЕВН Македонија информираат дека на 19 мај, вторник, поради планирани зафати на електромрежата, без електрична енергија ќе останат корисници во неколку скопски општини. — реклама — Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Александар Урдаревски“, лоцирани кон приклучокот на обиколницата во Шуто Оризари, како и дел од корисниците на улицата „Козле“ од број 114 до број 124 во Карпош. — реклама — ...