Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Од ЕВН Македонија информираат дека на 19 мај, вторник, поради планирани зафати на електромрежата, без електрична енергија ќе останат корисници во неколку скопски општини. — реклама — Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Александар Урдаревски“, лоцирани кон приклучокот на обиколницата во Шуто Оризари, како и дел од корисниците на улицата „Козле“ од број 114 до број 124 во Карпош. — реклама — ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои „многу добра шанса“ Соединетите Американски Држави да постигнат договор со Иран за да се спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје. — реклама — Изјавата доаѓа само неколку часа откако Трамп соопшти дека го одложил планираниот воен напад врз Иран со цел да продолжат преговорите. — реклама — Тој рече дека лидерите на клучните американски сојузници на Блискиот Исток побарале од него да ...
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер. — реклама — Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи, над 20 литри на метар квадратен, се очекуваат во западните и југозападните делови од земјата. — реклама — Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 16 ...
Осомничениот за убиството на 19-годишниот доставувач во Дрниш, денеска околу 15:15 часот, беше донесен во Полициската станица во Шибеник. — реклама — Како што пренесуваат хрватските медиуми, тој бил спроведен со две полициски комбиња и неколку полицајци. — реклама — Осомничениот сè уште се наоѓа во полициската станица, каде што треба да даде исказ во присуство на адвокат кој му е доделен по службена должност. — реклама — Според хрватскиот ...
Возрасно лице во американската сојузна држава Колорадо почина откако било потврдено дека е заразено со хантавирус, соопштија здравствените власти. — реклама — Здравствените служби наведуваат дека сојот на хантавирус што ја предизвикал смртта редовно се појавува во руралните делови на Колорадо во овој период од годината, поради зголемениот контакт меѓу луѓето и глодарите. — реклама — Изворот на заразата сè уште се истражува. — реклама — ...
Општина Карпош денеска ја започна втората пролетна, интервентна дератизација на својата територија, како дел од редовните активности за одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина. — реклама — Со акцијата ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти, а ќе се спроведе и дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта и детски градинки на подрачјето на општината. — реклама — Од локалната самоуправа информираат дека ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на сообраќајна делница во општината која, како што соопштија од локалната самоуправа, за првпат добива целосна реконструкција. — реклама — Со проектот се обновува делница во должина од 777 метри, при што се поставуваат околу 6.000 квадратни метри нов асфалт и нови тротоари на површина од 1.500 квадратни метри. — реклама — Од Општината посочуваат ...
Полициски службеници од ОВР Прилеп привеле 32-годишен жител на Прилеп кај кого била пронајдена марихуана. — реклама — Од СВР Битола информираат дека приведувањето било извршено на 18 мај околу 00:20 часот на улицата „Кузман Јосифоски“ во Прилеп. — реклама — Станува збор за Х.С. (32) од Прилеп, кај кого при контрола била пронајдена марихуана. — реклама — По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. — реклама ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа X упати критики кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. — реклама — Во објавата, Филипче тврди дека дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ поседуваат бугарски пасоши и ја обвини партијата за лицемерие во однос на прашањата поврзани со Уставот и евроинтеграциите. — реклама — „Уште еден доказ дека „промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски ...
Русија очекува продолжување на мировните преговори за завршување на војната во Украина и ги повикува Соединетите Американски Држави да се вклучат во процесот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесуваат руските агенции РИА Новости, РБК и ТАСС. — реклама — Песков потсети дека мировниот процес моментално е „во застој“. — реклама — „Сепак, очекуваме преговорите да продолжат и нашите американски колеги во таа насока да вложат мировни ...
Кремљ денеска ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија разгледува можност за напад врз некоја членка на НАТО од територијата на Белорусија. — реклама — Зеленски во петокот изјави дека Русија се обидува подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната во Украина и дека разгледува планови за напад врз северниот дел на Украина или врз некоја земја членка на НАТО од белоруска територија. — реклама — „Таквата ...
Од МВР информираат дека случајот бил пријавен денеска околу 11 часот. „На 17.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, З.К.(41) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја пронашол почината неговата 46-годишна сестра З.К. од Скопје“, соопшти полицијата. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, по што ќе бидат познати причините за смртта. — реклама — Од МВР ...
46-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот сопруг во семејниот дом. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 06:00 часот. „На 18.05.2026 во 06:00 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријави дека на 17.05.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 57-годишен сопруг“, велат од полицијата. Со сопругот бил извршен ...
Полициски службеници од СВР Скопје привеле 30-годишен скопјанец на подрачјето на Карпош, откако агресивно се однесувал кон полицијата при вршење службени дејствија. Од МВР информираат дека приведувањето се случило на 17 мај 2026 година околу 08:30 часот. „На 17.05.2026 во 08:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.В. (30) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници ...
31-годишна скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот четиригодишен син бил турнат во игротека на подрачјето на Карпош. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 17 мај 2026 година околу 22:30 часот. „31-годишата Г.П.Г. од Скопје пријавила дека околу 16:10 часот во игротека на подрачјето на Карпош, нејзиниот четиригодишен син бил турнат од В.Д. - мајка на негово другарче“, велат од полицијата. Од МВР додаваат дека се преземаат ...
Градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами, најави дека правосудниот испит наскоро ќе може да се полага и на албански јазик. Во кратка објава на социјалните мрежи, Касами напиша: — реклама — „Правосуден испит и на албански јазик! Наскоро со добри вести…“ — реклама — Засега нема дополнителни детали за тоа дали станува збор за законски измени, владина иницијатива или конкретен предлог што ќе биде доставен до институциите. — реклама ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница повика на поголема медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести преку измени во Законот за здравствено осигурување. — реклама — Таа истакна дека предложените измени предвидуваат формирање посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала. — реклама — „Со предложените измени ќе се ...
Мечка усмртила 10 овци во импровизирана штала над тетовското село Камењане, информираат од СВР Тетово. — реклама — Според пријавата, на 17 мај околу 14:30 часот во Полициското одделение Камењане, 69-годишниот Ф.Р. од селото пријавил дека дивото животно нападнало во местото викано „Душки“, на патот кон селото Јеловјане. — реклама — Од полицијата соопштија дека увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово. — реклама — Мечка усмртила 10 ...
Доналд Трамп повторно упати остро предупредување до Иран, оценувајќи дека времето за постигнување договор истекува, додека мировните разговори за ставање крај на конфликтот остануваат во застој. — реклама — „Подобро да се движат брзо или нема да остане ништо од нив. Времето е од суштинско значење“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, откако разговарал со Бенјамин Нетанјаху. — реклама — Иранските медиуми, повикувајќи се на ...
ЕВН Македонија информира дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на 18 мај 2026 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје. — реклама — Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“, „Демирхисарска“ и „Индира Ганди 31“ во Шуто Оризари. — реклама — Од 09:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и дел од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните подрачја, информира Управата за хидрометеоролошки работи. — реклама — Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. — реклама — Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 18 до 25 степени. — реклама — Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви ...
Поради дефект на шибер со пречник Ф-300 милиметри на улицата „Никола Карев“ во населбата Центар, денес (18 мај) без вода ќе останат повеќе улици и институции во општината Центар. — реклама — Како што информираат надлежните, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“, дел од населбата Пролет, Центарот за јавно здравје, основното училиште „11 Октомври“ и детската градинка. — реклама — ...
Републиканскиот сенатор Линдзи Греам повика на засилени американски воени акции против Иран, оценувајќи дека преговорите со Техеран „удриле во ѕид“. — реклама — Во интервју за „Ен-би-си“, Греам изјави дека продолженото затворање на Ормускиот Теснец и неуспешните преговори само го прават Иран посилен. — реклама — „Ништо не покажува дека сегашниот режим е поинаков кога станува збор за тероризмот, уништувањето на Израел и нападите врз САД“, ...
Соединетите Американски Држави поставиле пет клучни услови за постигнување договор со Техеран, објави иранската полуофицијална агенција „Фарс“. — реклама — Според извештајот, еден од главните услови е само една иранска нуклеарна постројка да остане во функција. — реклама — Вашингтон, наводно, бара Иран да предаде 400 килограми збогатен ураниум на САД, а истовремено не планира да исплати отштета ниту да ослободи 25 проценти од замрзнатиот ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Еден возач во Кичево управувал возило иако имал активна забрана за управување, а петмина (тројца во Скопје, еден во тетовско и еден во Гостивар) возеле иако немале возачка дозвола. Возачот во Гостивар бил и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека од македонска страна целосно се завршени сите подготовки за граничниот премин Клепало, во координација со надлежните институции, додека одложувањата ги лоцира на бугарската страна. — реклама — „Во однос на ГП Клепало, од наша страна целосно се завршени работите во координација со релевантните институции, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и останатите ...
Хрватската полиција трага по возач кој синоќа со автомобил усмртил 22-годишна девојка на раскрсница во Загреб, а потоа избегал од местото на несреќата. — реклама — Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 23:20 часот, кога автомобилот налетал на девојката, која починала на самото место од здобиените повреди. — реклама — По ударот, возачот побегнал, а полицијата започнала потрага и апелирала до сите очевидци да се јават за ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (17 мај) без електрична енергија ќе останат делови од општина Чаир. — реклама — Според најавата, прекин во снабдувањето со струја ќе има во периодот од 08:00 до 15:00 часот кај корисниците од Старата чаршија, односно дел од улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“. — реклама — Од компанијата апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат ...
Седум лица се повредени во саботата кога автомобил со голема брзина се забил во пешаци во центарот на северниот италијански град Модена, соопшти полицијата. — реклама — Полицијата наведе дека возачот, маж во триесеттите години, е уапсен и дека повеќе нема опасност. — реклама — Претходно италијанските медиуми јавија дека возилото по ударот во пешаците се забило во излог на продавница, а возачот потоа со нож нападнал минувач кој се обидел да го ...
На 15.05.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во парк шума на подрачјето на Гази Баба, од страна на двајца малолетници бил опожарен дел од летниковец. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од граѓани. — реклама — Извршен бил увид од увидна екипа и се преземаат мерки за расчистување на случајот. — реклама — На 15.05.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во парк шума на подрачјето на Гази Баба, од страна на ...