Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, обраќајќи се на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека „ниедна држава или група држави, освен Соединетите Американски Држави, не е во позиција да го обезбеди Гренланд“, но нагласи дека нема да употреби сила. — реклама — „Секој сојузник во НАТО има обврска да биде способен да ја брани сопствената територија. Факт е дека ниту една држава, ниту група држави, освен САД, не е во позиција да го заштити ...
Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне го лишиле од слобода 41-годишниот А.Г. од селото Јанковец, откако бил затекнат како управува патничко возило под силно дејство на алкохол. — реклама — Како што соопшти полицијата, на 20 јануари 2026 година во 14:58 часот, при редовна сообраќајна контрола во селото Јанковец, ресенско, било утврдено дека возачот имал дури 2,43 промили алкохол во крвта. Поради сериозното загрозување на безбедноста ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, најави дека ќе оствари разговор со рускиот лидер Владимир Путин, но не откри детали за средбите одржани во Давос. — реклама — „Треба да се сретнеме со него (Путин) во четврток. Русија побара одржување на состанок“, изјави Виткоф. Тој истакна дека е постигнат значителен напредок во разговорите меѓу САД и Русија за Украина, но во интервју за Си-Ен-Би-Си призна дека ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници, кои произлегоа од барањето на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд. — реклама — „Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го правам јавно“, изјави Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека екипите за зимско оддржување, заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен. — реклама — Тој нагласи дека навремено се исчистени сите критични места во општина Бутел како и главните улици. „Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, училиштата, автобуските постојки и тротоарите“, посочи Костовски. — реклама — Додаде ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објасни зошто го поканил рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на Советот за мир. — реклама — „Тој е еден од луѓето, еден од светските лидери. Да“, изјави Трамп пред новинарите, одговарајќи на прашање дали може да го потврди повикот упатен до неговиот руски колега. Трамп се осврна и на информациите дека францускиот претседател Емануел Макрон размислува да го одбие повикот за приклучување кон ...
По синоќешните снежни врнежи, дежурните екипи на ЈП Охридски Комуналец се целосно мобилизирани и од раните утрински часови дејствуваат на терен со целокупната расположлива механизација и човечки ресурси. — реклама — Од јавното претпријатие информираат дека расчистувањето на снежната покривка се одвива согласно утврдените приоритети, при што најнапред се интервенира во повисоките населени места, на главните сообраќајници, пешачките зони, како ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека на континуираните закани за атентат врз него, кои доаѓаат од Техеран, ќе биде одговорено со целосно уништување на таа земја. — реклама — „Не би требало да го прават тоа, но јас јасно им ставив до знаење. Што и да се случи, ќе ја дигнеме во воздух целата земја, целата држава ќе биде уништена. Имам многу цврсти инструкции – што и да се случи, ќе бидат збришани од лицето на земјата“, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп со ироничен тон го опиша својот однос со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Киер Стармер, одговарајќи на новинарско прашање за актуелните релации со двајцата европски лидери. — реклама — На прашањето дали разговарал со Макрон и Стармер по денешната објава на социјалните мрежи, која се однесуваше на неговата критика за британскиот договор околу архипелагот Чагос, Трамп одговори ...
Во раните утрински часови на 20 јануари 2026 година, околу 01:30 часот, во СВР Скопје било пријавено опожарување на товарно возило на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар. Пријавата ја поднел Х.И. (41) од Скопје, сопственик на автошкола, кој информирал дека е запалено товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на автошколата. — реклама — Во инцидентот нема повредени лица. На местото на настанот извршен е увид ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на онлајн-конференција одговори на прашања поврзани со можната улога на украинските вооружени сили на Гренланд, во контекст на сè поизразените американски притисоци врз Европа околу арктичкиот остров. — реклама — Новинар го праша Зеленски дали Украина би испратила војници на обука на Гренланд доколку тоа го побара Данска, вклучително пилоти или оператори на дронови, како и дали Киев добил дозвола од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал многу добар телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со прашањето за Гренланд. — реклама — Трамп соопшти дека е постигнат договор за одржување состанок на повеќе страни во Давос, Швајцарија, на маргините на Светскиот економски форум, но не прецизираше кои учесници ќе бидат присутни на разговорите, пренесува Ројтерс. „Како што на сите им е многу јасно ...
Јон Фрчкоски, член на ИК на СДСМ денеска обвини дека медиуми, по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ шират пропаганда за неговата партија. — реклама — „Граѓаните ќе видат, зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки, јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче. Зошто оваа Телевизија делува како политичка алатка на ВМРО? Зошто Жан Митрев беше искористен?“, рече Фрчкоски. — реклама — TWHofv2m4lA Јон Фрчкоски, член на ИК на СДСМ ...
Оставката на бугарскиот претседател Румен Радев е официјално доставена до Уставниот суд, кој треба да се произнесе по нејзиното прифаќање. — реклама — Радев вчера јавно соопшти дека се повлекува од претседателската функција, по што оставката формално е депонирана во Уставниот суд. Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека Радев го очекува институционалното постапување и конечната одлука на судот. Сè до изјаснувањето на Уставниот суд, не ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се огласи за американско-европскиот спор околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање неговиот сегашен статус како дел од Кралството Данска. — реклама — На годишната конференција за медиуми во Москва, Лавров изјави дека Гренланд „не е природен дел“ од Данска, додавајќи дека прашањето за поранешните колонијални територии станува сè поизразено во современите геополитички односи. Тој ...
Утринава силен земјотрес ја погоди областа на Папуа Нова Гвинеја, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. — реклама — Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 106 километри под површината на земјата. Дел од извештаите наведуваат дека јачината на потресот можеби достигнала и до 6,7 степени. Засега нема официјални информации за настрадани ...
Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. — реклама — Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата ...
Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и донесувањето одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. — реклама — Во трката за нов шеф на скопското обвинителство се пет кандидати, меѓу кои и актуелниот прв човек на оваа институција, Гаврил Бубевски. Тој е поранешен член на Специјалното јавно обвинителство, кое беше распуштено поради корупциски ...
Шеесет и шестгодишен маж со иницијали К.Г. е пронајден починат вчера во струмичкото село Радичево. Според информации од МВР, несреќниот човек од невнимание паднал во шахта во дворот од неговата куќа. — реклама — Лекар од Итна помош констатирал смрт, истакнувајќи дека на телото нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица. Шеесет и шестгодишен маж со иницијали К.Г. е пронајден починат вчера во ...
Поголем број дански борбени војници, опишани како „значаен придонес“, вечерва треба да пристигнат во Кангeрлусак на Гренланд. Информацијата ја потврдија данските вооружени сили за националната телевизија ТВ 2. — реклама — Според известувањето, со новата група војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, Петер Бојсен. Пристигнатите сили ќе учествуваат во натамошното зајакнување на данскиот воен контингент, кој веќе ...
24-годишниот Дарко Митровиќ беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар. — реклама — View this post on Instagram На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија. За вадењето на крстот од Вардар, беа пријавени околу 160 граѓани, од кои едно беше девојче. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и ...
Македонската ракометна репрезентација освои значаен бод откако одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпревар од второто коло во групната фаза. Ова е првиот бод за нашите ракометари, по поразот од Данска во воведното коло (24:36), со што Македонија моментно има негативна гол-разлика од 12, додека Португалија по два меча е на плус шест. — реклама — По голема борба и драматичен финиш, избраниците на Кирил Лазаров успеаја да се вратат од ...
Се урна петтиот кат од станбена зграда во во Париз врз четвртиот кат во истата зграда. Тоа се случило во моментот кога педесетина лица биле собрани на забава во станот, а како што соопшти противпоарната бригада, 20 од нив се повредени. — реклама — За време на уривањето на катот од зградата, што се случи кога подот од приватен стан на петтиот кат попушти, едно лице беше тешко повредено и имаше срцев удар, а 19 лица претрпеа полесни повреди, ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено по претежно влажни коловози, а врнежите од снег се престанати, информираат од ЈП „Македонијапат“. — реклама — Намалена видливост поради појава на магла е забележана на повеќе планински превои. На Плетвар и во Крушево видливоста е намалена до 50 метри, на превојот Стража до 80 метри, како и на патниот правец Тетово – село Лисец, каде исто така видливоста е до 80 метри. Сите патни ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. — реклама — Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините за европските сојузници додека САД не добијат дозвола за купување на Гренланд. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп соопшти дека од 1 февруари царините од 10% ќе стапат на сила за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Од 1 јуни, тие ќе се зголемат на 25% и ќе останат на сила додека не се постигне договор за ...
Жена на возраст од 29 години пријавила семејно насилство во СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. — реклама — Според пријавата, на 10 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, таа била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ј. (33), кој употребил тврд предмет, а воедно ѝ упатувал и закани со остар предмет. Како што е наведено во пријавата, претходно сопругот физички ја нападнал и нивната ...
Во услови на растечки тензии поради американските претензии кон Гренланд, поранешниот генерален секретар на НАТО и актуелен министер за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг, порача дека Европа не смее лесно да ги игнорира пораките што доаѓаат од Вашингтон. Во интервју за германскиот магазин Der Spiegel, Столтенберг изјави дека изјавите на Соединетите Американски Држави за преземање контрола врз Гренланд мора да се сфатат сериозно. — реклама ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разузнавачките податоци покажуваат дека Русија се подготвува за нови големи напади врз Украина. Тој го соопшти ова во своето вечерно обраќање на 16 јануари. — реклама — „Некои денешни задачи се насочени кон противвоздушната одбрана. Во моментов, разузнавачките податоци укажуваат дека Русите се подготвуваат за огромни нови напади. Отворено разговараме со нашите партнери за противвоздушни ...
Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека во понеделник, 19 јануари 2026 година, поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по неделен возен ред. — реклама — Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои на празничниот ден ќе сообраќаат според саботен возен ред. Од ЈСП дополнително соопштуваат дека на Водици, во периодот од ...