Илон Маск ја изгуби титулата најбогат човек на светот од Лари Елисон, коосновачот на софтверската компанија „Оракл“ и сојузник на Доналд Трамп. Богатството на Елисон скокна на 393 милијарди долари денеска, надминувајќи го она на Маск од 385 милијарди, според индексот на милијардери на „Блумберг“. Акциите на „Оракл“ скокнаа за повеќе од 40% откако им даде на инвеститорите изненадувачки позитивна перспектива за нејзиниот бизнис со клауд ...

Шпанската влада поднесе закон за забрана на пушење на отворени места, вклучувајќи плажи, барови, ресторани, автобуски станици и стадиони. Забраната ќе се однесува и на електронските цигари, кои се сè попопуларни кај младите. „Секогаш ќе го ставаме јавното здравје пред приватните интереси. Секој има право да дише чист воздух и да живее подолг и подобар живот“, изјави министерката за здравство Моника Гарсија. Угостителскиот сектор го ...

Израел ги нападна главниот град на Јемен, Сана и северната провинција Ал-Џавф, при што хутските медиуми објавија дека има повеќе загинати и ранети. Нападот се случи ден откако Израел се обиде да убие водачи на Хамас во Доха. Израелската војска потврди дека извела напади врз Јемен, велејќи дека се погодени воени кампови каде што биле лоцирани хутски оперативци. „Исто така, погодени се седиштето на хутската воена пропаганда и складиште за ...

Генералниот секретаријат на Владата склучи договор вреден 59 милиони денари со ДДВ, или околу 960.000 евра, за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио-видео поддршка за настани во следните две години. Откако СДСМ и Левица реагираа за набавката, тврдејќи дека станува збор јавна набавка за партиска кампања, од Владата соопштија дека станува збор за рамковна спогодба која е потранспарентна и финансиски поповолна од договорите ...

Руското министерство за одбрана кажа дека не планирало да напаѓа никакви мети во Полска, откако полскиот премиер Доналд Туск кажа дека 19 дронови влегле во полскиот воздушен простор за време на ноќешниот руски напад врз Украина. „Не беше планирано да се гаѓаат објекти на полска територија. Максималниот дострел на беспилотните летала што се користеа во нападот врз Украина не надминува 700 километри. Сепак, ние сме подготвени да одржиме ...

Денеска Управувачкиот комитет за управување со кризи ѝ предложи на Владата да донесе одлука за забрана за движење во дивата депонија „Вардариште“ во Скопје, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. „Оваа депонија ќе биде обележана и движењето ќе биде казниво. На тој начин ќе спречиме злонамерници да се движат во оваа депонија, ќе биде внимателно обезбедена“, кажа Ангелов. За пожарот кој е активен од вчера ...

Воздухот во Скопје мириса на изгорена гума, а граѓани споделуваат фотографии од кои се гледа дека густ чад има над градот. Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари има на депонијата „Дрисла“ во Општина Студеничани и кај селото Булачани во Општина Гази Баба каде гори нискостеблеста деградирана и дабова шума. Пожарот во дивата депонијата „Вардариште“ е изгасен. Од Дирекцијата за заштита и спасување ...

Денеска Управувачкиот комитет за управување со кризи ѝ предложи на Владата да донесе одлука за забрана за движење во дивата депонија „Вардариште“ во Скопје, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. „Оваа депонија ќе биде обележана и движењето ќе биде казниво. На тој начин ќе спречиме злонамерници да се движат во оваа депонија, ќе биде внимателно обезбедена“, кажа Ангелов. За пожарот кој е активен од вчера ...

Полска е најблиску до отворен конфликт од Втората светска војна, изјави премиерот Доналд Туск откако ноќеска беа соборени неколку дрона во полскиот воздушен простор за време на руски напад врз Украина. Тој кажа дека Полска побарала активирање на Членот 4 од Договорот за НАТО и дека се водат разговори со сојузниците за засилување на полската противвоздушна одбрана. „Фактот дека овие беспилотни летала, кои претставуваа безбедносна закана, беа ...

Обезбедени се 2,5 милиони денари (над 30 илјади евра) за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во Крушево, кој со години прокапува, најави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева. Според Митева, реконструкцијата е почната пред повеќе години и требаше да биде завршена во 2017. „Свесни за културната и националната важност на ‘Македониумот’, Владата, преку Министерството за култура и туризам и во соработка со националната ...

Пратениците од Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), попладнево ќе извршат надзорна посета на АНБ, а утре и во АР, беше одлучено на комисиската седница, со која ја претседаваше заменик-претседателот Блерим Беџети. Ниту тој, ниту претседателот Скендер Реџепи, немаат безбедносен сертификат, па и тие со членовите кои не поседуваат таков сертификат нема да може да ја посетат АНБ. За ...

Полскиот премиер Доналд Туск ја обвини Русија за провокација од големи размери откако ноќеска беа соборени неколку дрона во полскиот воздушен простор за време на руски напад врз Украина. Тој кажа дека имало 19 навлегувања на дронови во полскиот воздушен простор, од кои четири биле соборени. „Полскиот воздушен простор беше нарушен од голем број дронови. Оние кои претставуваа закана беа соборени од пилотите на Полска и НАТО. Ова е првпат руски ...

Доналд Трамп побарал од вропската Унија да воведе царини од 100% за Кина и Русија како дел од напорите да се притисне Владимир Путин да ја заврши војната во Украина. Според „Фајненшл тајмс“, овој предлог првпат бил изложен на вчерашната средба на американски и европски функционери, на која се разговарало за опциите за засилување на економскиот притисок врз Русија. Ова е последниот предлог на Трамп, кој се мачи да постигне договор за прекин на ...

Утринава во функција е електронскиот систем за закажување прегледи „Мој термин“, кој вчера не работеше или беше многу успорен низ цела држава, во примарната и секундарна здравствена заштита. Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК исконтактира повеќе здравствени установи, од каде ни потврдија дека утринава, засега, работи „Мој термин“. Д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛМ) вчера реагираше дека ...

Емануел Макрон го именуваше својот близок соработник Себастијан Лекорну за нов француски премиер, еден ден откако парламентот му изгласа недоверба на неговиот претходник Франсоа Бајру. Триесет и деветгодишниот Лекорну, кој беше фаворит за функцијата, помина три години како министер за одбрана, фокусирајќи се на францускиот одговор на руската агресија врз Украина. Лекорну е петти премиер на Франција за помалку од две години. Елисејската палата ...

Полска собори руски дронови во својот воздушен простор за време на ноќешниот напад врз Украина, со што противвоздушната одбрана на НАТО беше активирана за првпат од почетокот на војната. Полска го опиша инцидентот како чин на агресија. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека операцијата е во тек и дека е во постојан контакт со шефот на НАТО, Марк Руте. Тој за утрово свика вонреден состанок на Советот на министри. Полската војска кажа дека ...

Хамас тврди дека неговиот преговарачки тим го преживеал денешниот израелски воздушен напад во Доха, додавајќи дека притоа загинале шест лица. Главна мета на нападот бил Халил ал-Хаја, пребегнатиот шеф на Газа и главен преговарач на Хамас, но групата кажа дека меѓу загинатите се неговиот син и директорот на неговиот кабинет. „Потврдуваме дека непријателот не успеа да ги убие нашите браќа од преговарачката делегација. Нападот без сомнение ...

Претседателот на САД Доналд Трамп предложи семејното насилство да не се смета во официјалната статистика за криминалот, отфрлајќи ја сериозноста на брачната злоупотреба како „мала кавга со сопругата“. Трамп ги даде коментарите, кои предизвикаа брза реакција, додека дискутираше за неговата високопрофилна акција против криминалот во Вашингтон. Трамп минатиот месец прогласи вонредна состојба во округот Колумбија на Вашингтон за да овозможи ...

Пожар гори на депонијата „Дрисла“ во Скопје, а скопската противпожарна бригада (БППЗ) со сити сили се обидува да го локализира пожарот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. „Направени се противпожарни појаси за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек. Постојат ...

Молдавија мора да се придружи на Европската Унија, инаку нема да преживее руска агресија, изјави претседателката Маја Санду. Бившата советска република, која има 2,4 милиони жители и дели граница од 1.200 километри со Украина, стана мета на руска хибридна војна, вклучувајќи дезинформации, сајбернапади и изборни манипулации. „Токму затоа, нашиот европски пат не е само прашање на вредности, туку и прашање на опстанок. Кремљ го користи целиот ...

„Силјан“, третиот документарец на режисерката Тамара Котевска, е македонски кандидат за Оскар за најдобар странски филм, соопшти Агенцијата за филм. Котевска има 2 номинации за Оскар за првиот документарец „Медена земја“. „Силјан“ е во продукција на Котевска, на американската „Конкордија“ и британската „Корнершоп“, а останати продуценти се Жан Дакар кој е и кинематографер на филмот, како и Јорданчо Петковски и Ана Хашми. Во филмот нема ...

Израел потврди дека извел „прецизен воздушен напад“ во главниот град на Катар, Доха, чија цел биле лидери на Хамас. Катар го осуди нападот како грубо кршење на меѓународното право и кажа дека е погоден станбен имот каде што престојувале неколкумина членови на политичкото биро на Хамас. „Нема да ги толерираме ова неодговорно израелско однесување и континуираното нарушување на безбедноста на регионот“, соопшти катарското министерство за ...

Непалскиот премиер Шарма Оли поднесе оставка, а демонстрантите ја запалија зградата на парламентот во голема ескалација на протестите против корупција, кои почнаа откако владата ги забрани социјалните мрежи. Во вчерашните судири со полицијата загинаа 19 демонстранти, по што владата ја поништи забраната и воведе полициски час, но тоа не ги смири тензиите во земјата. Демонстрантите денеска упаднаа во зградата на федералниот парламент во ...

Системот за закажување прегледи „Мој термин“ денеска не работи или е многу успорен во целава земја. Без исклучок, состојбата е иста и во примарна и секундарна здравствена заштита. „После продолжен викенд, кога има секогаш наплив на пациенти, ‘Мој темин’ не функционираше. Не можевме да ги прегледаме пациентите не по наша вина, а тие незадоволството го искажуваа кон нас. Не можевме да ги пратиме на специјалист, да пишеме лекови, да одат на ...

Кинематограферот оскаровец Воли Фистер, соработник на режисерот Кристофер Нолан и кинематограферот Дариус Конџи, кој има две номинации за Оскар за филмовите „Евита“ на Алан Паркер и „Бардо“ на Алехандро Гонзалес Ињариту се двајца нови лауреати на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола (20-26 септември). Директорот на Фестивалот, Димитрија Доксевски на денешната прес-конфернција кажа дека ...

Најмалку 21 лице загинале во руски воздушен напад врз село во источна Украина, објавија локалните власти. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека жртвите биле обични луѓе кои чекале да си ја земат пензијата во селото Јарова во регионот Доњецк. Јарова се наоѓа северно од Словјанск, еден од поголемите градови во регионот кои и натаму се под контрола на Украина. Ова е еден од најтешките напади врз цивили во Украина во изминатите недели. ...

Автомобилот на претседателот на градската организација на СДСМ за Скопје и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, бил целосно опожарен ноќеска. Галетановски ја објави информацијата на социјалните мрежи, наведувувајќи дека немал никакви расправии или закани. „Да, возилото мое е изгорено целосно. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, ниту сум наштетил. Сум помагал и ќе помагам на кого можам ...

Премиерот Христијан Мицкоски во 25-минутниот говор на свечената академија по повод 8 Септември, Денот на независноста се осврна и на наводите за нелегалното прислушување и злоупотреба на системот и кажа дека одговорност мора да има и оти „оваа работа нема да се стави под тепих“. „Вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе ова да не се повтори. Тоа ќе се случи само и само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да ...

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против виш јавен обвинител од скопското Вишо јавно обвинителство за кривичните дела Малтретирање во вршење на службата и Злоупотреба на службената положба и овластување. Во периодот од септември 2023 до 24 октомври 2024, обвинетиот како службено лице виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени во ...

Нов мурал од неуловливиот уличен уметник Банкси се појави на зградата на Кралскиот суд во центарот на Лондон. На него е прикажан судија во традиционална перика и црна мантија како удира демонстрант кој лежи на земја, а крвта му се прска по плакатот. Иако муралот не се однесува на одредена причина или инцидент, неговото појавување следи два дена откако речиси 900 луѓе беа уапсени на протестот во Лондон против забраната за Палестинската акција. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
56%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
6.17
57%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
5.01
75%
1033
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 1ᴼ
0.0
62%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.68
75%
1034
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
60%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05