Со години се распаѓаат две куќи во близина на Античкиот театар во Охрид под кои има археолошки наоди. Семејствата Момирови и Дамјаноски, на кои им е одземено правото на сопственост, половина век чекаат експропријација, но до ден-денес не добиле обесштетување оти, како што секојпат ги известувале, немало предвидено пари за тоа. Со години гледаат како им се распаѓаат куќите во кои не живеат оти нема услови за тоа, а немаат ни право да ги ...

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави дека неговата партија до петок ќе ја официјализира Резолуцијата со црвени линии во однос на францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Тој изјави дека иако ги разбира граѓаните кои на изборите се изјаснија против внесување на Бугарите во Уставот, тоа е барање што доаѓа од Европската Унија, а неправењето ништо би било најлоша опција. Филипче смета дека ниту еден ...

Сулејман Љамалари познат како Командант Барути, денеска доби неправосилна пресуда од судија на Кривичниот суд Скопје, за насилство врз градоначалничката Данела Арсовска додека откриваше дивоградби во Чаир. „Судот го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 (две) години, а поради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо ...

Надминат е проблемот со превозот на дел од учениците од околните села во Велешко, откако тие вчера не заминаа на училиште. Тоа се случи со стотина средношколци од Лозово, Мелница, Лисиче, Караслари, Сливник и други села. Превозникот од село Караслари без објаснување во на 27 август најавил дека нема да вози. Денеска превозникот продолжжи со работа. Проблемот со останатите ученици е од селата каде што нема меѓуопштински јавен превоз и ...

Студентскиот дом при Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ) е пушен без технички преглед и употребна дозвола, вели меѓу другото ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работата на Министерството за образование и наука (МОН). ДЗР вели дека биле утврдени неправилности во начинот на користењето на јавните средства во МОН. Со извршената ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на МОН за 2023 година биле ...

Жители на Аеродром најавуваат дека секој ден во 16 часот ќе ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ дури не се среди проблемот со дивата депонија „Вардариште“, која гореше и во неделата. Всушност, решение бараат веднаш и велат дека не ги интересира што доаѓаат избори. За време на најновиот пожар во „Вардариште“, од безбедносни причини исклучени беа далекуводите што ги напојуваат со електрична енергија населбите Аеродром и ...

Над 40 ученици од прво до петто оделение во подрачното училиште во штипското село Радање, поради реновирање на училиштето не ја започнаа наставата во своето село туку во ОУ„Страшо Пинџур“ во селото Карбинци. За сите ученици кои ја посетуваат наставата во ова училиште обезбеден е бесплатен превоз. „Поради комплетно реновирање на селското училиште во Радање, создадовме услови и згриживме над 40 ученици од подрачното училиште од прво до петто ...

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека државата се соочува со нов скандал поврзан со нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години. На овие обвинувања реагираше поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, кој ги негираше ваквите тврдењата и побара од актуелниот директор на Агенцијата Бојан Христовски веднаш да ги декласифицира документите за наводните злоупотреби. ...

Белгија ќе ја признае палестинската држава на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации, што почнува на 9 септември, објави министерот за надворешни работи Максим Прево. Тоа истовремено ќе биде проследено со санкции за израелската влада. „Белгија ќе ја признае Палестина и ќе воведе строги санкции за израелската влада“, напиша Прево на Икс. Таа појасни дека нејзината влада ќе воведе 12 санкции за Израел на национално ниво како ...

Невена Георгиевска, актуелна советничка на граѓанската иницијатива „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“, ја објави кандидатуата за градоначалничка на Општина Карпош на престојните Локални избори. „Одлуката не беше лесна, но визијата за Карпош – Општина на граѓаните, може да ја понуди само граѓански кандидат. Може колку саакат да пишуваат програми и да ви ветуваат остварување на сите ваши барања и решавање на сите проблеми во Карпош, ...

Ретроспективна изложба за еден од најпознатите македонски архитекти Живко Поповски ќе се отвори утре во Музејот на современата уметност во Скопје во 20 часот. Изложбата насловена „Живот посветен на архитектурата“ претставува прва сеопфатна презентација на делото на Поповски (1934-2007) и се темели врз повеќегодишното истражување на професорките Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја. Преку ексклузивни материјали од приватната архива, ...

Владимир Путин и Шји Џинпинг се сретнаа во Пекинг во пресрет на утрешната голема воена парада, на која ќе се соберат лидерите на антизападните држави. Путин ги поздрави односите помеѓу двете земји, велејќи дека се на досега невидено ниво и дека блиската комуникација ја одразува стратешката природа на кинеско-руските врски. „Секогаш бевме заедно и остануваме заедно и сега“, му порача Путин на Шји. „Односите помеѓу Кина и Русија го издржаа ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун замина со воз од Пјонгјанг за Кина, каде што ќе присуствува на воена парада. На големата парада за Денот на победата, што ќе се одржи в среда во Пекинг, Ким ќе им се придружи на Шји Џинпинг, Владимир Путин и Александар Лукашенко, што ќе биде негова прва мултилатерална меѓународна средба. Ким се качи во оклопен воз на железничката станица во Пјонгјанг, за кој се вели дека има ресторан опремен со француски ...

Големо трупање на американските поморски сили во и околу Јужни Кариби ги држи во неизвесност властите во Венецуела и американските експерти, кои се прашуваат дали тоа е поврзано со борба против наркокартели или е нешто друго. Седум воени брода и една напаѓачка нуклеарна подморница се забележани во регионот или наскоро треба да пристигнат, што вклучува вкупно 4.500 морнари и војници. Доналд Трамп кажа дека борбата против наркокартели е една од ...

За 10 отсто е намален бројот на запишани првачиња во Општина Струмица во оваа учебна година во однос на лани. Минатата учебна година во прво одделение во струмичките училишта тргнаа 556 деца, а годинава запишани се 492 деца, според информациите од општинското Одделение за образование. Раководителот Васил Георгијевски вели дека не се очекува некоја поголема промена во бројот на запишани првачиња, иако традиционално во септември се запишуваат ...

Во новата учебна година во Битола се запиша 651 прваче или за 116 помалку од лан,и кога имаше 767 првооделенци. Со ова, Битола е меѓу градовите со најголем пад на бројот на првачиња во земјава. Од Општина Битола рекоа дека уписот сѐ уште трае и бројката во текот на овој месец може да биде променета. Според досегашната евиденција, најмалку првоодделенци има во основните училишта во руралните средини, но и во централни училишта во градот. На ...

На првиот ден од почетокот на новата учебна 2025/2026 година, градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами се пофали дека после подолг период, годинава нема намалување на новозапишани ученици во тетовските основни и средни училишта. Минатата година имаше запишано 100 првачиња помалку, а намалување на запишани ученици имаше и во средните училишта. „Во прво одделение во оваа учебна година запишани се вкупно 937 ученици, од кои 778 на албански ...

На почетокот на новата учебна година, во училишните клупи во охридските основни школи седнуваат 433 првоодделенци, што е за 20 помалку од лани. Трендот на намалување трае со години. Според статистиката, најголемата бројка на запишани првачиња во Охрид е забележана во учебната 2022/23, кога образовниот процес го започнаа 523 првачиња. Низ годините наназад податоците говорат дека во 2021/22 се запишале 504 првачиња, во 2020/21 480, додека во ...

Вкупно 904 ученици во прво оддление се запишани во новата учебна 2025/26 година во 16 основни училишта во Куманово, што е за шеесетина помалку во однос на минатата година. Раководителот на Секторот за образование во Општина Куманово, Александар Јовановиќ, вели дека бројката не е конечна, бидејќи секоја година првачиња се запишуваат и во септември откако ќе се вратат семејствата од сезонска работа во соседните земји. Главно, станува збор за ...

Уставниот суд оформи предмет и ќе расправа и гласа по Барањето за заштита од дискриминација по основ на социјална припадност, поднесено од професионален војник во АРМ, кому како и стотици актуелни и поранешни колеги, не му следува трајно вработување во Армијата како на старешините, цивилите, административците и останатите вработени. Подносител на барањето е Aлександар Насковски, кој му кажува на Уставниот суд дека како професионален војник ...

Авион со кој летала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен останал без ГПС навигација и Брисел се сомнева дека Русија стои зад овој напад. „Можеме да потврдиме дека имало блокирање на ГПС сигналот, но авионот безбедно слета“, изјави Аријана Подеста, заменичката на портпаролот на ЕК. Инцидентот се случи за време на турнејата на Фон дер Лајен во Летонија, Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија. Таа вчера ...

Професионалните војници на АРМ со кои влеговме во НАТО, по навршување на 45 години го губат работното место, бидејќи се вработени привремено и не може да им се трансформира договорот за постојано работно време во Армијата. Тие се единствената категорија вработени во Армијата кои немаат можност за склучување на договор за вработување на неопределено време, т.е. без можност на трансформација на работниот однос и се ставени во понеповолна ...

Украина се сомнева дека Русија е вмешана во убиството на бившиот спикер на парламентот Андриј Парубиј, изјави шефот на полицијата Иван Вихивски. Парубиј беше застрелан во саботата во Лвив и Володимир Зеленски денеска кажа дека е уапсен еден осомничен за убиството. „Знаеме дека ова злосторство не е случајно. Има вмешаност на Русија. Сите одговорни ќе одговараат пред законот“, кажа Вихивски. Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко изјави ...

Со почетокот на новата 2025/2026 година, Средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип од денеска прераснува во Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука, при што ќе го задржи името, како и постојните стручни насоки и профили што досега ги имаше. Државното училиште ќе биде отворено за сите заинтересирани кандидати од Штип и од другите градови од каде ќе има интерес за запишување. Досега, па и за ...

Владимир Путин изјави дека мора да се реши прашањето на проширувањето на НАТО кон исток за да има одржлив мир во Украина. „Западот се обиде да ја донесе Украина во својата орбита и потоа да ја привлече во НАТО. За да биде украинското решение одржливо и долгорочно, мора да се отстранат основните причини за кризата, кои повеќепати ги споменав претходно. Мора да се обнови праведна рамнотежа во безбедносната сфера“, кажа Путин на самитот на ...

Кинескиот претседател Шји Џинпинг ги повика лидерите на регионалниот самит во Тијанџин да го искористат својот мега-пазар, додека рускиот претседател Владимир Путин ги поддржа амбициите на Шји за формирање нов глобален безбедносен и економски поредок, што претставува предизвик за САД. „Шангајската организација за соработка постави модел за нов вид меѓународни односи. Треба да се залагаме за еднаква и уредна мултиполаризација на светот и за ...

Над 600 луѓе загинале, а стотици се повредени откако земјотрес со јачина од шест степени според Рихтерова скала го погоди источен Авганистан, близу границата со Пакистан. Властите кажаа дека во тек е спасувачка операција за извлекување на преживеани од урнатините и се очекува бројот на загинати да расте. Епицентарот на земјотресот бил 27 километри североисточно од трговскиот град Џалалабад и се случил на длабочина од осум километри, според ...

Во основните и средните училишта во Велес учебната година ќе започне со паралелки со помал број на ученици од законски предвидениот минимум, откако таква одлука едногласно донесоа советниците во Советот на Општина Велес. За оваа одлука претходно била добиена и писмена согласност од Министерството за образование и наука, кое ја искористило законската можност да дозволи формирање на паралелки со помалку од 20 ученици. Во седумте основни ...

По повод 40-годишнината од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, денеска во скопската населба Дебар Маало беше откриен мурал посветен на серијата. Со овој настан официјално започна одбележувањето на јубилејот, кое ќе вклучува и нови содржини наменети за најмладата публика. Режисерот на серијата, Слободан Унковски, изјави дека „Бушава азбука“ е повеќе од емисија и претставува културно наследство кое може постојано да се ...

Општина Битола ќе изработи нова спомен-плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми на македонскиот литературен јазик откако по синоќешното откривање на споменикот на Александар Турунџев имаше реакции во јавноста дека на натписот на плочата е користен фонт со бугарски букви. На плочата испишани се стихови од песната за војводата „Црно му било пишано“ со ваков фонт: „Го изведоа на Ат-пазар, му ја кажаја бесилката, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
9.77
43%
1029
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
52%
1031
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.96
52%
1033
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
59%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
8.75
53%
1027
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
62%
1035
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
54%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Калај

50.64

Цинк

3.24

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85